ФК Париз Сен Жермен
ФК Париз Сен-Жермен, (на француски Le Paris Saint-Germain, се чита: Ле Пари Сен Жермен) е француски фудбалски клуб од Париз, кој моментално се натпреварува во првата Лига 1, првото ниво на францускиот фудбал. Својте домашни натпревари, клубот ги игра на стадионот Паркот на принцовите, кој е со капацитет од 48.713 места[1] и е дом на Париз Сен Жермен од 1974 година.[2]
Париз Сен Жермен | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Париз Сен Жермен Фудбал Клуб | |||
Држава | Франција | |||
Прекар | Les Parisiens (Парижани) Les Rouge et Bleu (Црвено - сини) | |||
Основан | 12 август 1970 | |||
Стадион | Паркот на принцовите | |||
Капацитет | 47,929 | |||
Сопственик | Катар Спортс Инвестментс | |||
Претседател | Насер Ал-Хелаифи | |||
Менаџер | Луис Енрике | |||
Лига | Лига 1 | |||
2021-2022 | Лига 1, 1-ви (шампиони) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
Титули | 43 Лига 1 : 12 | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1970 година.[3] До денес ПСЖ е најуспешниот француски клуб во фудбалската историјата со 43 освоени трофеи. На домашната сцена, Парижаните освоиле девет титули од Лига 1, рекордни единаесет Купови на Франција, рекордни седум Лига купови на земјата, рекордни седум трофеи во Суперкупот на Франција и една титула во Лига 2. Во меѓународниот клупски фудбал, тие имаат освоено еден Куп на победниците на куповите и еден Интертото куп, а биле и финалисти во Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.[4].Основан во 1970 година, клубот е најзначаен за својот професионален тим за фудбал, кој игра на највисоко ниво во француското фудбалско првенство во, Лига 1. ПСЖ е исто така единствениот клуб што никогаш не испаднал од Лига 1, и е еден од само двата француски клуба кои освоиле голема европска титула,[5] а исто така претставува најпопуларен француски клуб.[6]
Боите на домашниот дрес на ПСЖ се црвена, сина и бела, а амблемот на клубот е составен од истите овие бои со Ајфеловата кула во средина. Париз Сен Жермен има долгогодишно соперништво со екипата на Олимпик Марсеј, со која играат дерби во францускиот фудбал, познато како Ле Класик.[7]
Во 2011 година, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, станал сопственик на клубот преку државната акционерска организација Катар Спортс Инвестментс (QSi).[8] Преземањето го направило ПСЖ најбогатиот клуб во Франција и еден од најбогатите во светот.[9]
Историја
уредиПариз Сен-Жермен бил основан на 12 август 1970 година по спојувањето на ФК Париз - кој бил основан една година порано за да ја пополни празнината за немање топ-клуб во главниот град - и Стад Сен Жермен, основан во 1904 година во Сен Жермен-ен-Леј, роден град на Луј XIV.[3] Клубот направил моментален напредок, изборувајќи промоција во Лига 1, освојувајќи ја титулата во Лига 2 во нивната прва сезона.[2][10] Нивниот моментум сепак бил прекинат, кога клубот се разделил во 1972 година.[2] Така, ФК Париз останал во Лига 1, додека ПСЖ бил административно исфрлен во Дивизија 3.[11][12] Сепак одмаздата на ПСЖ дошла во 1974 година, кога тие се вратиле во Лига 1, а истата сезона ФК Париз испаднал една лига подолу.[13] Истата година клубот се преселил на Паркот на принцовите.[2][3]
Клупските витрини за трофеи ги поздравиле првите одличја кога бил освоен Купот на Франција во 1982 и 1983 година, во текот на една деценија обележана од играчи како Сафет Сушиќ, Луис Фернандес и Доминик Рошто.[2][3] ПСЖ ја освоил и првата првенствена титула во 1986 година, само за да доживе тежок пад во следните сезони.[5][14] Но, преземањето од страна на телевизискиот гигант Канал + го ревитализирала клубот и ПСЖ влегол во нивната златна ера.[5][15] Предводени од Давид Жинола, Жорж Веа и Раи, клубот освоил 9 трофеи во текот на 1990-тите.[3][14] Најзначајно, сепак било тоа што Парижаните ја освоиле својата втора првенствена титула во 1994 година, а потоа и првиот европски трофеј со освојувањето на Купот на победниците на куповите во 1996 година.[2][14]
На почетокот на 21 век, во клубот играле нови ѕвезди. Но, и покрај магијата на Роналдињо и головите на Паулета, ПСЖ се борел да ги премести височините.[3] Уште пет нови трофеи пристигнале во витрините на клубот во овој период: три во Купот на Франција, еден во Лига купот на Франција и еден во Интертото купот, но клубот станал попознат по тоа што паѓал од една во друга криза.[14][16] Поради тоа, Париз Сен Жермен поминал две сезони борејќи се за опстанок, во кои испаѓањето било многу тесно избегнато.[15]
Сето тоа се променило во 2011 година со доаѓањето на новите сопственици, Катар Спортс Инвестментс (QSi) и претседателот Насер Ал-Хелаифи.[3] Тие воспоставиле исклучително амбициозен проект со цел да го направат ПСЖ клуб од самиот врв на европскиот фудбал.[3] Веднаш по доаѓањето на новите катарски сопственици, како на трака во клубот започнале да "слетуваат" големи имиња како Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, Единсон Кавани, Нејмар[17] и Килијан Мбапе со што клубот станал доминантен во францускиот фудбал, освојувајќи седум од последните осум титули во Лига 1.[16][18][19] Клубот исто така, станал редовен учесник во Лигата на шампионите, каде најголемиот успех го оствариле во сезоната 2019-2020 кога стигнале до финалето во кое загубиле од Бајерн Минхен со 0-1.[20]
Хронологија
уредиХронологија на ФК Париз Сен Жермен | ||||
---|---|---|---|---|
|
Бои, дресови и амблеми
уредиБои
уредиБоите на Париз Сен Жермен се сина, црвена и бела.
Дресови
уредиОд почетокот до спојувањето со ФК Париз, Стад Сен Жермен носеле целосно бели дресови.[21] Во 1970 година, новооснованиот Париз Сен Жермен избрал да ги надополни вообичаените бели шорцеви со црвени дресови и сини чорапи, што се боите на Париз.[22] Три години подоцна, дизајнерот Даниел Ештер, новиот сопственик на клубот, создал нов домашен дрес предодреден да стане иконски: тој бил со сина боја со црвена вертикална лента во средината врамена со две бели линии од страните.[23][24] Овој дизајн бил инспириран од една страна од дресот на Ајакс (Ештер всушност бил обожавател на Јохан Кројф), од друга страна на типичниот лајфстајл на Форд мустанг, кој се одликувал со присуство на контрастна надолжна лента на хаубата на моторот.[25]
Во осумдесеттите години, наследникот Френсис Борели дополнително го изменил дресот, која стана бела со црвена и сина линија лево. По продажбата на пакетот акции на групата Канал +, шемата дизајнирана од Ештер била обновена, која потоа претрпела неколку измени: во 2000-2001 година била отстранета белата рамка, додека од следната година се префрлиле на сè повеќе темносина, како и понекогаш на децентрализирана примена на црвената лента.[26] Од 2009 година па наваму, имало различни експерименти, кои иако скоро никогаш не ја промашиле шемата „сино со црвена лента“ (синиот дрес со црвени „риги“ од сезоната 2009-2010 и црвената дрес од сезоната 2010-2011), тие одбиле креативни и сложени решенија.
На 21 ноември 2015, во спомен на жртвите на терористичките напади во Париз, на дресот што го носеле играчите на ПСЖ на првенствениот натпревар во Лорјан и на двата последователни натпревари, од кои едниот во Лигата на шампионите пишувало JE SUIS PARIS; по трите натпревари дресовите биле продадени, а приходите донирани во добротворни организации.[27]
Амблеми
уредиНиз историјата Париз Сен Жермен имал неколку амблеми. На оригиналниот амблем на се наоѓала сина фудбалска топка со структура на шестаголник, со бела „лепенка“ во која имало црвен брод (позајмен од граѓанскиот амблем во Париз), сето тоа се наоѓало над името на клубот кое било испишано со црвени букви. Во 1972 година се појавило ново лого, во центарот на кое претставена со црвена боја се појавува Ајфеловата кула, нацртано со бели линии, додека под неа се наоѓала кралската лулка на Сен Жермен ан Ле (алегорија за раѓањето на францускиот крал Луј XIV). Автор на овој идентитет бил дизајнерот-покровител Даниел Ештер. Во периодите 1982-1986 и 1987-1990, дизајнот на Паркот на принципови бил додаден во долниот дел од логото.
Во сезоната 1986-1987 накратко бил користен поедноставен симбол: бел круг со два црвени и сини елементи што ги имплицираат на Ајфеловата кула и сликата на нозете на фудбалерот; следувала реставрацијата на логото на Ештер. Откако групата Канал + ја преземала сопственоста, во деведесеттите години, бил воведен нов амблем дизајниран од уметничкиот директор Етјен Робиал; Ајфеловата кула и кралската лулка исчезнуваат, заменети се со едноставни букви со името на клубот испишани со црвени и сини правоаголници.
Меѓутоа, веќе на крајот на дваесеттиот век, менаџерите одлучиле да ги повторат своите чекори, иако со некои измени: на рабовите на амблемот дизајниран од Ештер бил додаден бел круг со транскрипција на името на клубот и годината на основањето. Во 2013 година, новите сопственици од Катар Спорт Инвестментс дополнително го модифицирале логото на клубот, давајќи му посветла сина нијанса, истакнувајќи го зборот Париз и преместувајќи го името Сен Жермен на местото на годината на основање. Во центарот останува стилизираната Ајфелова кула, под која се наоѓа цвет на крин, симбол на градот Сен Жермен и на француската монархија, обоен во златна боја; од друга страна, лулката на Луј XIV исчезнува од амблемот.
-
1970-1972 -
1972-1982 и 1990-1992 -
1982-1986 и 1987-1990 -
1986-1987 -
1992-1996 -
1995-2002 -
2002-2010 и 2011-2013 -
2010-2011 -
Од 2013
Стадион
уредиСвојте домашни натпревари Париз Сен Жермен ги игра на стадионот Паркот на принцовите, кој има капацитет од 47,929 седечки места. Својот прв натпревар на овој стадион клубот го одиграл на 10 ноември 1973 година, против Ред Стар во Лига 2. Првиот натпревар во Лига 1 на овој стадион бил одигран помеѓу ФК Париз и Сошо. ПСЖ се преселил на овој терен по враќањето во Лига 1 во 1974 година, иронично истата година кога ФК Париз испаднал. До тој момент, тој бил дом на ФК Париз.[11][28]
За време на нивните рани години, ПСЖ играл на неколку различни терени, вклучително и на главниот стадион во спортскиот комплекс Стад Мунисипал Жорж Лефер, потоа Стад Жан-Бун, Стад де Париз, па дури и на Паркот на принцовите неколкупати и покрај тоа што на него играл ФК Париз.[29][30]
Играчи
уредиМоментален состав
уреди
|
|
Капитени, рекордери и познати играчи
уредиКапитенот на француската фудбалска репрезентација, Жан Џоркаеф му се придружил на Париз Сен Жермен во 1970-тата година и така станал првиот професионален играч и прв капитен на клубот. Моментален капитен на клубот е бразилецот Маркињос кој го заменил сонародникот Тијаго Силва. Официјалната интернет страница на клубот PSG.fr го избрала португалецот Паулета за најдобар играч во клупската историја.[31] Тој воедно бил и најдобриот стрелец на клубот со 109 постигнати погодоци, сè додека неговиот рекорд не бил соборен од Златан Ибрахимовиќ во 2015 година. Паулета за пет години постигнал 109 погодоци во 211 натпревар, додека на швеѓанецот му биле потребни 137 натпревари да го собори рекордот и застанал на 156 гола.[32] Подоцна двајцата биле престигнати од уругваецот Единсон Кавани, кој денес е најдобар стрелец во историјата на клубот со точни 200 голови во дресот на ПСЖ.
Париз Сен Жермен му должи за својте успеси и на Сафет Сушиќ. Југословенскиот репрезентативец постигнал 85 гола и остварил рекордна 61 асистенција. Францускиот магазин France Football го избрал токму Сушиќ за најдобар играч во клупската историја.[33] Жан-Марк Пилорже е играч со бнајмногу настапи за клубот (435). Џорџ Веа пак е најдобар стрелец на клубот во историјата кога се во прашање европските натпреварувања (16 голови). Тој исто така е првиот (и досега единствениот) играч на ПСЖ кој ја освоил Златната топка и бил прогласен за најдобар играч од страна на ФИФА. Нејмар и Килијан Мбапе се најскапите трансакции во историјата на клубот. Нејмар бил платен 222 милиона евра што не е само рекорд на ПСЖ, туку и најскап трансфер во историјата на фудбалот.[34] Роналдињо долго бил најдобро продаден играч, кога преминал од ПСЖ во Барселона за 32 милиона евра.[35] Тој бил престигнат од сонародникот Давид Луис, кој за 38,5 милиони евра бил продаден на Челси.
Капитени
уредиПодолу е даден хронолошкиот список на капитените на ПСЖ.[36]
- Жан Џоркаеф (1970-1972)
- Камил Шоки (1972-1973)
- Жан-Пјер Дољани (1973-1975)
- Умберто Коељо (1975-1976)
- Мустафа Дахлеб (1976-1978)
- Доминик Батенај (1978-1985)
- Луис Фернандес (1985-1986)
- Жан-Марк Пилорже (1986-1987)
- Фабрис Пулен (1987-1988)
- Умар Сене (1988-1990)
- Сафет Сушиќ (1990-1991)
- Бруно Жермен (1991-1992)
- Пол Ле Гвен (1992-1994)
- Давид Жинола (1994)
- Ален Рош (1994-1995)
- Бернар Лама (1995-1997)
- Раи (1997-1998)
- Марко Симоне (1998-1999)
- Али Бенарбија (1999-2000)
- Ерик Рабесандратана (2000)
- Фредерик Деу (2000-2002, 2003-2004)
- Маурисио Почетино (2002-2003)
- Жозе-Карл Пјер-Фанфан (2004-2005)
- Паулета (2005-2008)
- Клод Макелеле (2008-2011)
- Мамаду Сако (2011-2012)
- Кристоф Жале (2012)
- Тијаго Силва (2012-2020)
- Маркињос (2020-денес)
Рекордери
уреди
Најмногу настапиуреди
|
Најдобри стрелциуреди
|
Список на познати играчи
уреди
|
|
|
|
Управа и стручни кадри
уредиУправен одбор
уредиПозиција | Име |
---|---|
Сопственик | Тамим бин Хамад Ал Тани |
Мнозински акционер | Катар Спортс Инвестментс |
Претседател | Насер Ал-Хелаифи |
Заменик Генерален директор | Жан-Клод Блан |
Генерален секретар | Викторијано Мелеро |
Спортски директор | Леонардо |
Асистент спортски директор | Анџело Кастелаци |
Тренерски штаб
уредиПозиција | Име |
---|---|
Тренер | Томас Тухел |
Помошник тренер | Арно Михелс Зумана Камара Жолт Лев |
Тренер на голманите | Џанлука Спинели |
Тренер за физичка подготовка | Рајнер Шреј |
Фитнес тренер | Никола Мајер |
Видео анализатор | Бењамин Вебер |
Тренери
уреди
|
|
|
|
Титули
уредиДомашни
уреди- Лига 1
- Шампион (9) : 1985-1986, 1993-1994, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2017–2018, 2018–2019, 2019–2020
- Вицешампион (8) : 1988-1989, 1992-1993 [39], 1995-1996, 1996-1997, 1999-2000, 2003-2004, 2011-2012, 2016-2017.
- Лига 2
- Шампион (1) : 1970-1971.
- Вицешампион (1) : 1973-1974.
- Куп на Франција
- Победник (13) рекорд : 1981-1982, 1982-1983, 1992-1993, 1994-1995, 1997-1998, 2003-2004, 2005-2006, 2009-2010, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017–2018, 2019–2020.
- Финалист (5) : 1984-1985, 2002-2003, 2007-2008, 2010-2011, 2018–2019.
- Лига куп на Франција
- Победник (9) рекорд : 1994-1995, 1997-1998, 2007-2008, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017–2018, 2019–2020
- Финалист (1) : 1999-2000.
- Суперкуп на Франција
Меѓународни
уреди- Куп на победници на купови
- Победник (1) : 1995-1996.
- Финалист (1) : 1996-1997.
- Интертото куп
- Победник (1) : 2001.
останати пласмани
- УЕФА Лига на шампиони
- Финалист (1) : 2019-2020.
- Суперкуп на Европа
- Финалист (1) : 1996.
Наводи
уреди- ↑ „Parc des Princes“. PSG.fr. Архивирано од изворникот на 19 август 2017. Посетено на 19 јули 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Paris Saint-Germain FC“. UEFA.com. 19 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 3 септември 2014. Посетено на 18 јуни 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 „Histoire“. PSG.fr. Архивирано од изворникот на 19 август 2017. Посетено на 17 јули 2017.
- ↑ „PARIS SAINT-GERMAIN“. LFP.fr. Архивирано од изворникот на 26 јуни 2014. Посетено на 2 август 2014.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Paris city guide“. UEFA.com. Архивирано од изворникот на 9 јули 2016. Посетено на 4 јули 2016.
- ↑ „C'est une première : les Français préfèrent le PSG à l'OM“. Eurosport. 4 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 18 април 2017. Посетено на 17 април 2017.
- ↑ „France's passion play“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 22 април 2014. Посетено на 25 февруари 2013.
- ↑ „Le Qatar sans limite“. Le Parisien. 7 март 2012. Архивирано од изворникот на 6 декември 2016. Посетено на 7 март 2012.
- ↑ „Paris Saint-Germain, having conquered France, are still working on Qatar“. The National. 30 декември 2015. Архивирано од изворникот на 18 април 2017. Посетено на 17 април 2017.
- ↑ „La création du PSG de 1970 à 1973“. Paris United. 12 November 2018. Архивирано од изворникот на 2019-03-07. Посетено на 7 March 2019.
- ↑ 11,0 11,1 „Histoire du Paris Saint Germain“. PSG70. Посетено на 2 April 2019.
- ↑ „Le jour où le PSG a investi le Parc“. SoFoot. 13 August 2015. Посетено на 3 April 2019.
- ↑ „Things You Should Know About Paris Saint-Germain FC“. Culture Trip. 14 December 2016. Посетено на 28 December 2019.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 „A brief history of PSG“. ESPN FC. 17 август 2012. Архивирано од изворникот 12 ноември 2015. Посетено на 18 јуни 2014.
- ↑ 15,0 15,1 „PSG firmly in the pantheon“. FIFA.com. 17 October 2008. Архивирано од изворникот на 2021-03-07. Посетено на 18 June 2014.
- ↑ 16,0 16,1 „Le Palmarès du PSG“. Histoire du PSG. Посетено на 6 February 2020.
- ↑ „PSG convinced Neymar signing opens the way to Champions League glory“. The Guardian. 3 August 2017. Посетено на 22 September 2017.
- ↑ „Paris Saint-Germain's Qatari owners have spent $1.17 billion on players“. CNBC.com. 18 September 2018. Посетено на 7 March 2019.
- ↑ „PSG Have Spent €1.17Billion On Players And Still Haven't Got Past Champions League QF's“. SPORTbible. 7 March 2019. Архивирано од изворникот на 2019-03-26. Посетено на 25 March 2019.
- ↑ „Champions League final: Bayern Munich beats Neymar, Paris Saint-Germain 1-0 (video)“. Yahoo Sports. 23 August 2020. Посетено на 30 August 2020.
- ↑ Les guides de L'Équipe, Football 1969, pag. 129.
- ↑ „Paris Saint-Germain, la capitale scintille en rouge et bleu“ (француски).
- ↑ Daniel Riolo (2007). Hugo Sport (уред.). „L'Histoire du Paris Saint-Germain“ (француски). стр. 217. ISBN 2-7556-0201-5.
- ↑ Hugo Sport, уред. (2008). „La grande histoire du maillot parisien“ (француски). стр. 641. ISBN 978-2-7556-0328-6. Занемарен непознатиот параметар
|authore=
(help) - ↑ „Torna la banda Hechter sulle maglie 2020-2021 per i 50 anni del PSG“ (француски).
- ↑ „Historique des Maillots“ (француски).
- ↑ „PSG : la très difficile commercialisation du maillot « Je suis Paris »“ (француски).
- ↑ „A brief history: Paris FC“. thefootballcult – Medium. 16 January 2018. Посетено на 2 April 2019.
- ↑ „1973 – 1978 : Paris se replace sur la scène française“. Paris United. 19 November 2018. Архивирано од изворникот на 2019-03-08. Посетено на 7 March 2019.
- ↑ „Le PSG et Manchester City, les faux jumeaux“. Le Monde. 5 April 2016. Посетено на 2 April 2019.
- ↑ „L'équipe des 40 ans (4/4)“. PSG.fr. Архивирано од изворникот на 2017-01-18. Посетено на 6 November 2010.
- ↑ (англиски) „Zlatan Ibrahimovic nets two penalties to become PSG's all-time top scorer“. espnfc.com. 4 ноември 2015. Посетено на 27 јуни 2016.
- ↑ „Susic, joueur de l'Histoire du PSG“. France Football. 2 February 2010. Архивирано од изворникот на 2010-02-05. Посетено на 4 June 2010.
- ↑ Lovett, Samuel. „PSG sign Neymar from Barcelona in £200m world-record deal“. The Independent. Посетено на 4 August 2017.
- ↑ „Ronaldinho joins Barcelona“. BBC Sport. 20 July 2003. Посетено на 30 September 2010.
- ↑ „Diaporama: Les principaux capitaines du PSG“ (француски). L'Equipe. Архивирано од изворникот на 17 јануари 2013. Посетено на 3 јуни 2013.
- ↑ Matuidi égale Bathenay et Fernandez Архивирано на 11 февруари 2017 г., psg.fr, 4 février 2017.
- ↑ Edinson Cavani devant Pauleta ! Архивирано на 2 февруари 2017 г., psg.fr, 29 janvier 2017
- ↑ Сезоната ја обележал корупцискиот скандал за кој била обвинета екипата на Олимпик Марсеј, по што титулата им била одземена, а Canal+ (тогашниот сопственик на клубот) одбил да ја прифати титулата на ПСЖ, како второпласиран зад Марсеј, затоа што каналот не сакал да се замери со својте покрајински претплатници.
Надворешни врски
уреди„ФК Париз Сен Жермен“ на Ризницата ? |