ФК Тотенхем Хотспар

Фудбалски клуб Тотенхем Хотспар, познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Својте домашни натпревари клубот ги игра на Стадионот Тотенхем Хотспар, кој бил изграден на местото на стариот стадион Вајт Харт Лејн кој бил срушен во 2017 година.

Тотенхем Хотспар
Tottenham Hotspur.png
Целосно имеФудбалски клуб Тотенхем Хотспар
ПрекарСпарс и Петли
Основан1882 како Хотспар ФК
СтадионСтадион Вембли
Капацитет90.000
СопственикЕник Груп
ПретседателАнглија Даниел Леви
МенаџерПортугалија Жозе Мурињо
ЛигаПремиер лига
2018–19Премиер Лига, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Основан во 1882 година, Тотенхем го освоил ФА Купот за првпат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем бил првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освоил ФА и Лига купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година станал првиот британски клуб кој успеал да освои европски трофеј во клупска конкуренција организирана од УЕФА - освојувајќи го Купот на победниците на куповите.[1] Во 1967 година го освоиле ФА Купот по третпат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и бил прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што станал првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освоиле неколку трофеи: ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освоил ФА и Лига Купот. Кога тимот го освоил својот последен трофеј, Лига купот во 2008 година, тоа значело дека тие освоиле некој трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување изедначено само со Манчестер Јунајтед.

Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (превод: "Да се осмели е да се направи"), а нивниот амблем е петелот кој стои врз фудбалска топка. Клубот има долгогодишно ривалство со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.

ИграчиУреди

Моментален составУреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Иго Лорис  
4   ОД Тоби Алдервеирелд
5   ОД Јан Вертонген
6   ОД Давинсон Санчес
7   НП Сон Хеунг-мин
8   СР Хари Винкс
10   НП Хари Кејн
11   СР Ерик Ламела
13   ГМ Мишел Ворм
15   СР Ерик Дајер
17   СР Муса Сисоко
18   СР Џовани Ло Селсо
19   СР Рајан Сесењон
Бр. Позиција Играч
20   СР Деле Али
21   ОД Хуан Фојт
22   ГМ Пауло Гацанига
23   СР Стивен Бергвајн
24   ОД Серж Орије
27   СР Лукас Мура
28   СР Танги Ндомбеле
29   СР Оливер Скип
30   СР Жедсон Фернандес
33   ОД Бен Дејвис
39   ОД Џафет Танганга
52   НП Трој Парот

Играчи позајмени надворУреди

Бр. Позиција Играч
25   СР Џош Онома (во Астон Вила)
38   ОД Камерон Картер-Викерс (во Свонзи Сити)

МенаџериУреди

Менаџери и вршители на должностаУреди

  • (ВД) – Вршител на должноста
  • (ТПТ) – Тренери на првиот тим
 
Маурисио Почетино еден од најуспешните менаџери на клубот во поновата историја.

Раководство на ТимотУреди

Улога Име
Тренер   Маурисио Почетино
Помошен Тренер   Хесус Перез
Тренер на Првиот Тим   Мигел Д'Агостино
Фитнес Тренер на Првиот Тим   Нејтан Гардинер
Тренер на Голмани   Тони Хименез
Тренер на Напаѓачи   Лес Фердинанд
Главен Физиотерапефт   Џов Скот
Главен Скаут   Даниел Суса

ТитулиУреди

ДомашниУреди

ЕвропскиУреди

НаводиУреди

  1. "Tottenham legend Nicholson dies". BBC Sport. 23 October 2004. Посетено на 17 August 2010.

Надворешни врскиУреди