Марио Геце
Марио Геце (роден на 3 јуни 1992 година) — германски фудбалер кој игра како полушпиц за тимот на Борусија Дортмунд во германската Бундеслига. Негова примарна позиција е полушпиц, но игра и како десно крило. Геце се смета како ѕвезда во надоаѓање и како потенцијален играч од светска класа поради неговата брзина, техничка вештина, плејмејкерски способности и креативност. Техничкиот директор на Германската Фудбалска Асоцијација, Матиас Замер, го нараче Геце “еден од најдобрите таленти што некогаш сме ги имале”.
Марио Геце | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 3 јуни 1992 | ||
Роден во | Меминген, Германија | ||
Висина | м | 1,76||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Борусија Дортмунд | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Борусија Дортмунд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2013 | Борусија Дортмунд | 83 | (22) |
2013-2016 | Бајерн Минхен | 73 | (22) |
2016- | Борусија Дортмунд | 42 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2010- | Германија | 63 | (17) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2012 ** Ажурирано на: 6 јануари 2012 |
Клупска кариера
уредиГеце е производ на младинската академија на Дортмунд, пристигнувајќи во тимот на возраст од осум години. Марио го направи своето деби во Бундеслигата на 21 ноември 2009 година во ремито 0-0 против Мајнц, влегувајќи како замена за Јакуб Блажиковски во 88-та минута. За време на зимскиот одмор во Бундеслигата во сезоната 2009-10, менаџерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп го промовираше Марио Геце во првиот тим.
Геце ја искористи својата шанса и беше важен играч за тимот на Дортмунд во Бундеслигата, победничкиот тим во сезоната 2010-11.
Геце постигна гол на првиот натпревар на Борусија Дортмунд во сезоната 2011-12 во победата од 3-1 против Хамбургер. Во јануари 2012 година, на Геце му беше дијагностицирана повреда на колкот. ‘Рскавицата во колкот на Геце се воспали под стрес.
На 27 март 2012 година, Геце потпиша нов договор со Борусија Дортмунд, што ќе го задржи во клубот до 2016 година. Геце прозборе околу неговото продолжување на договорот велејќи: “Секој знае како убаво се чувствувам во Дортмунд. Клубот е далеку од завршување со неговиот досегашен препород, и јас би сакал да бидам дел од овој развој”.
Во април 2012 година, Геце влезе во тимот за првпат од неговата повреда, но беше неискористена замена во натпреварот против соперникот Шалке. Геце го одигра својот прв натпревар по неговата повреда на колкот, кога тој влезе како замена против Борусија Менхенгладбах. Геце потоа постигна гол во победата од 5-2 на Борусија Дортмунд над Кајзерслаутерн.
Меѓународна кариера
уредиПо играњето во неколку младински тимови, Марио Геце беше повикан за неговиот прв натпревар во репрезентацијата на Германија во натпревар против Шведска на 17 ноември 2010 година. Марио тој ден го направи своето деби, влегувајќи во 78-та минута во ремито без голови, заменувајќи го неговиот тимски колега, Кевин Гроскројц и со тоа станувајќи најмладиот германски репрезентативец уште од времето на Уве Силер. Геце и Андре Шурле кои дојдоа истовремено се првите два германски фудбалери што се родени во обединета Германија. Марио го направи својот втор настап за репрезентацијата во пријателски натпревар против Италија на 9 февруари 2011 година. Првиот гол на Геце за Германија беше против Бразил на 10 август 2011 година, со 19 години и 68 дена стана најмладиот стрелец за репрезентацијата на Германија во пост-воениот период заедно со Клаус Штирмер, кој постигна гол на своето деби против Франција на 16 октомври 1954 година.
Приватен живот
уредиНеговиот татко, Јирген Геце е познат професор на универзитетот за технологија во Дортмунд. Неговиот брат, Фабијан Геце во моментов игра за вториот тим на Бохум, напуштајќи го младинскиот систем на Дортмунд во 2010година.
Статистика во кариерата
уредиКлупска кариера
уредиКлупски достигнувања | Првенство | Куп | Континентално | Останато | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Клуб | Првенство | Сезона | Настапи | Гола | Настапи | Гола | Настапи | Гола | Настапи | Гола | Настапи | Гола |
Германија | Првенство | Куп | Европа | Останато | Вкупно | |||||||
Борусија Дортмунд | Бундеслига | 2009–10 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 5 | 0 | |
2010–11 | 33 | 6 | 2 | 0 | 6 | 2 | — | 41 | 8 | |||
2011–12 | 16 | 6 | 2 | 1 | 6 | 0 | 1 | 0 | 25 | 7 | ||
Статистика во кариерата | 54 | 12 | 4 | 1 | 12 | 2 | 1 | 0 | 71 | 15 |
Меѓународни голови
уредиGoal | Датум | Стадион | Противник | Постигнал | Резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 10 август 2011 | Мерцедес-Бенц Арена, Штутгарт, Германија | Бразил | 2–0 | 3–2 | Пријателска |
2. | 2 септември 2011 | Велтинс-Арена, Гелзенкирхен, Германија | Австрија | 6–2 | 6–2 | Квалификации за УЕФА Еуро 2012 |
Титули
уредиБорусија Дортмунд
уреди- Бундеслига (2) : 2010–11, 2011–12
- Куп на Германија (1) : 2011–12.
Баерн Минхен
уреди- Бундеслига (1) : 2013–14
- Куп на Германија (1) : 2013-14.
Германија
уреди- Европско првенство до 17 години (1): 2009
- Светско првенство (1): 2014
Поединечни
уреди- Фриц-Валтер златен медал во 2009 година (категорија до 17 години)
- Фриц-Валтер златен медал во 2010 година (категорија до 18 години)
- Член на тимот на годината Германска Бундеслига сезона 2010-11
- Награда златно момче: 2011
Надворешни врски
уреди- Матична страница (германски)