Хелсингборг (шведски: Helsingborg) — еден од поголемите градови во Шведска. Се наоѓа во рамките на округот Сконе (Сканија) во јужниот дел на земјата, каде истовремено е и втор град по големина и значење. Хелсингборг истовремено е и седиште на ситоимената Општина Хелсингборг.

Хелсингборг
Helsingborg
Грб на Хелсингборг
Хелсингборг is located in Шведска
Хелсингборг
Хелсингборг
Координати: 56°03′N 12°43′E / 56.050° СГШ; 12.717° ИГД / 56.050; 12.717
Површина
 • Вкупна38,41 км2 (1,483 ми2)
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно97,122
 • Густина2.529/км2 (6,550/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.helsingborg.se

Хелсингборг е еден од поголемите градови во Шведска, кој истовремено не претставува и седиште на округ.

Природни услови

уреди
 
Панорама на Хелсингборг

Хелсингборг се наоѓа во јужниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, Хелсингборг е оддалечен само 550км југозападно. Од првиот поголем град, Малме, Хелсингборг се наоѓа 65км северно.

Релјеф: Хелсингборг се формирал на најјужното место на Оресундскиот премин, мореузот помеѓу Северно Море и Балтичко Море. Градското подрачје е претежно бреговите, а надморската височина се движи о 0 до 45м.

Клима: Климата во Хелсингборг е претежно континентална под големо влијание на морето и крајните разгранети делови од топлата Голфска струја. Затоа, зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води: Хелсингборг се гормирал на Ересундскиот премин, мореузот измеѓу Северно Море (поточно заливот Категат) и Балтичко Море. Градот оддалечен од данскиот град Хелсингер само 4км, до кои на секои 20 минути е можен превоз со брод.

Историја

уреди

Хелсингборг е сонован во 1086 година, но градското подрачје било населено уште во времето на праисторијата. Бидејќи, градот е основан во 11 век, тоа го прави еден од насјтарите градови во Скандинавија. Се претпоставува дека самото градско подрачје било населено веќе во 10 век.

Првите градби во Хелсингборг биле три цркви: Црква Св. Климент, Црква Св. Петар и Црква Св. Олај. Во 12 век изграден е градскиот замок и околу него е направена кружна кула, чии ѕидови имале длабочина од 4м. Во 14 век, чуѓето почнале да се населуваат на самиот брег. Тогаш е изградена и Црквата Св. Марија

 
Замокот Шернан

и градскиот дворец се претворил во тврдина, висока 35м, која и ден денес постои (рестаруирана од 1893-1894 година). Хелсингборг во ова време бил еден од значајните градови во Данска.

Во 1332 година шведскиот крал Магнус Ериксон го зазел Хелсингборг и го дал во залог за 34.000 марки сребро. ВО 17 век и XVIII век, градот претрпува сериозни оштетувања и поголем дел од населението пребегал во данско-шведските војни. Во 1658 година, Хелсингборг конечно припаднал на Шведска. Данците подоцна неколкупати се обидувале да го заземат градот, но без значаен узпех. Ова време е карактеризирано како време на војна, т.е. ширење на шведското влијание на економскта стагнација, па така Хелсингборг во 1770 година имал само 1.300 жители. Меѓутоа, во втората половина на XIX век Хелсингборг започнал да се опоравува.

Население

уреди

Хелсингборг денес е град со средна големина за шведските услови. Градот има околу 97.000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената Општина Хелсингборг има околу 131.000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението константно расте.

До средината на XX век Хелсингборг бил населен со исклучително етнички Швеѓани, а со подоцнежните доселувања во Шведска, населението на градот станало шарено. Денес Хелсингборг е вистински повеќе националистички град. Според проценките во градот живеат повеќе од 10.000 луѓе од просторите на поранешна Југославија, а посебно повеќе од територијата на Србија (околу 9.000 жители). Бројни се и Ирците и Полјаците.

Стопанство

уреди

Денес Хелсингборг е современ град со посебно развиена индустрија (машинска, ИТ, прецизна механика и сл.). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и турозмот.

Градот е доста важен сообраќаен центар во Скандинавија. Во него се наоѓа второто пристаниште по големина во Шведска. Превозот преку Ересундскиот мореуз исто така има значајна улога.

Збратимени градови

уреди
  Хелсингер, Данска
  Перну, Естонија
  Дубровник, Хрватска
  Александрија, Вирџинија, САД

Галерија

уреди

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди