Стадион Деле Алпи или само Деле Алпи бил фудбалски стадион во Торино, Италија. На него од 1990 до 2006 година настапувале двата клуба од градот, Јувентус и ФК Торино. Во превод на македонски името на стадионот би значело, Стадион на Алпите, а името го добил поради тоа што самиот град Торино има поглед кон Алпите.

Стадион Деле Алпи
Натпревар на старионот
Место Торино
ИталијаИталија
Изграден 1988
Отворен 1990
Затворен 2006
Срушен 2009
Сопственик градот Торино
Игра Торино Торино (1990-2006)
Јувентус Јувентус (1990-2006)
Гледачи 69.000

Во 2006 година стадионот бил и официјално затворен, а во 2009 година бил целосно срушен и на негово место е изграден нов стадион, Јувентус Стадион, кој бил завршен во 2011 година. Истата година кога бил затворен Деле Алпи, Јувентус и Торино се селат на Олимпико кој во 2006 бил преуреден поради Зимските олимписки игри, кој се одржале токму тука во Торино.

Во 1990 година Деле Алпи бил за првпат отворен пред почетокот на Светското првенство во фудбал 1990 година поради кое и бил изграден овој стадион. Првично, сместивоста на стадионот бил 69.041, но поради барањата на ФИФА за безбедност, сместивоста била намалена на 67.229 места.

Јавноста широко ја критикувала лошата видливост од трибините на самиот терен. Публиката на трибините била незадоволна од големата оддалеченост до теренот како и од атлетската патека, која го опкружувала стадионот. Тоа се одразило на лошата посетеност на натпреварите. Просечната посетеност на натпреварите на Јувентус во сезоната 2005/2006 изнесувала само 25,880 гледачи по натпревар. Ништо подобра не била посетеноста на навивачите на Торино кој исто така го користел овој стадион како домашен терен за своите натпревари. Како екстремен пример, на натпреварот за Италијанскиот куп во сезоната 2001/2002 помеѓу Јувентус и Сампдорија биле присутни само 237 гледачи! После многу студиии за евентуални исправки, сепак донесена е одлука да се изгради нов стадион, кој би бил попристапен за сите и кој на навивачите би им пружил подобро чувство за следење на натпреварите. Локацијата е доделена на концесија на компанијата Exor S.p.A. која е сопственик на ФИАТ како и на Јувентус

Со затворањето на Деле Алпи двата торински тима Торино и Јувентус продолжуваат да ги играат своите натпревари на Стадионот Олимпико. По изградбата на новиот Јувентус Стадион во 2011 година, Јувентус станал првиот клуб во Италија кој има свој стадион во целосна сопственост, за разлика од останатите клубови, кои играат на стадионите кои ги поседуваат градовите.

Надворешни врски

уреди