Фудбалски натпревари Германија - Италија

Фудбалските натпревари помеѓу Германија и Италија претставуваат фудбалски натпревари помеѓу фудбалската репрезентација на Германија и фудбалската репрезентација на Италија,[1][2][3][4][5] двете најуспешни фудбалски нации во Европа. Севкупно, двете репрезентации имаат освоено осум Светски првенства (секоја по четири) и оствариле вкупно 14 настапи во финалето на турнирот (осум за Германија и шест за Италија) - повеќе од сите други европски репрезентации комбинирано.

Германија - Италија
Екипи Германија
 Италија
Прв натпреварИталија 3–1 Германија
Пријателска
(1 јануари 1923)
Последен натпреварИталија 0-0 Германија
Пријателска
(15 ноември 2016)
Статистика
Вкупно натпревари35
Најмногу победиИталија (15)
Највисока победаГерманија 5–2 Италија
(26 ноември 1939)
Италија 4–1 Германија
(1 март 2006)
Германија 4–1 Италија
(29 март 2016)
Андреја Пирло (Италија) и Томас Милер (Германија) во натпревар меѓу двете репрезентации во полуфиналето на Европското првенство 2012.

Тие играле еден против друг пет пати на Светското првенство, а многу од овие натпревари се забележани како незаборавни во историјата на турнирот. Популарниот "Натпревар на векот", одигран во полуфиналето на Светското првенството 1970 помеѓу овие две држави во кој Италија победила со 4–3 по продолженија бил толку драматичен што бил одбележан со плакат на влезот на Стадионот Ацтека во Мексико Сити каде што се одиграл. Покрај мундијалите, Германија исто така има освоено три Европски првенства додека Италија го освоила еднаш. Двете репрезентации се соочиле едни против други четирипати на Европското првенство, а исходот е три ремија (едно завршило со германски успех по изведувањето на пенали) и една победа на Италија.

Иако Германија беше подобра од Италија на меѓународни натпревари, Италија е доминантна во досегашните меѓусебни двобои со "панцирите", совладувајќи ја 15 пати на 35 натпревари, со 12 нерешени и 8 победи на Германија.[6] Покрај тоа, Германија никогаш не ја победила Италија во официјален натпревар на голем турнир, сите победи на Германија над Италија се во пријателски натпревари, но сепак, Германија успеала да ја елиминира Италија на пенали по нерешените 1-1 по 120 минути игра во четвртфиналето на Европското првенство 2016.[7] Исто така, ремито на Европско првенство 1996 во групната фаза исто така ја елиминирало Италија од турнирот, иако Германија веќе била квалификувана за нокаут фазата.[8][9]

Историја на досегашните натпревари

уреди
Натпревари Германија - Италија
   
Вкупно натпревари 35 Вкупно натпревари
Победи 8 Порази
Нерешени 12 Нерешени
Порази 15 Победи
Дадени голови 40 Примени голови
Примени голови 51 Дадени голови
  Победа на Германија
  Победа на Италија
  Нерешено
# Дата Локација Домаќин Резултат Гостин Натпреварување Детали Наводи
1 1 јануари 1923   Милано Италија   3 – 1   Германија Пријателска
2 23 ноември 1924   Дисбург Германија   0 – 1   Италија Пријателска
3 28 април 1929   Торино Италија   1 – 2   Германија Пријателска
4 2 март 1930   Франкфурт Германија   0 – 2   Италија Пријателска
5 1 јануари 1933   Болоња Италија   3 – 1   Германија Пријателска
6 15 ноември 1936   Берлин Германија   2 – 2   Италија Пријателска
7 26 март 1939   Фиренца Италија   3 – 2   Германија Пријателска
8 26 ноември 1939   Берлин Германија   5 – 2   Италија Пријателска
9 5 мај 1940   Милано Италија   3 – 2   Германија Пријателска
10 30 март 1955   Штутгарт Западна Германија   1 – 2   Италија Пријателска
11 18 декември 1955   Рим Италија   2 – 1   Западна Германија Пријателска
12 31 мај 1962   Сантјаго Италија   0 – 0   Западна Германија СП 1962
13 13 март 1965   Хамбург Западна Германија   1 – 1   Италија Пријателска
14 17 јуни 1970   Мексико Италија   4 – 3 прод.   Западна Германија СП 1970
15 26 февруари 1974   Рим Италија   0 – 0   Западна Германија Пријателска
16 8 октомври 1977   Берлин Западна Германија   2 – 1   Италија Пријателска
17 14 јуни 1978   Буенос Аирес Италија   0 – 0   Западна Германија СП 1978
18 11 јули 1982   Мадрид Италија   3 – 1   Западна Германија СП 1982
19 22 мај 1984   Цирих Западна Германија   1 – 0   Италија Пријателска
20 5 февруари 1986   Авелино Италија   1 – 2   Западна Германија Пријателска
21 18 април 1987   Келн Западна Германија   0 – 0   Италија Пријателска
22 10 јуни 1988   Диселдорф Западна Германија   1 – 1   Италија ЕП 1988
23 25 март 1992   Торино Италија   1 – 0   Германија Пријателска
24 23 март 1994   Штутгарт Германија   2 – 1   Италија Пријателска
25 21 јуни 1985   Цирих Германија   2 – 0   Италија Пријателска
26 19 јуни 1996   Манчестер Германија   0 – 0   Италија ЕП 1996
27 20 август 2003   Штутгарт Германија   0 – 1   Италија Пријателска
28 1 март 2006   Фиренца Италија   4 – 1   Германија Пријателска
29 4 јули 2006   Дортмунд Германија   0 – 2 прод.   Италија СП 2006
30 9 февруари 2011   Дортмунд Германија   1 – 1   Италија Пријателска
31 28 јуни 2012   Варшава Германија   1 – 2   Италија ЕП 2012
32 15 ноември 2013   Милано Италија   1 – 1   Германија Пријателска
33 29 март 2016   Минхен Германија   4 – 1   Италија Пријателска
34 2 јули 2016   Бордо Германија   1 – 1 (пен.6-5)   Италија ЕП 2016
35 15 ноември 2016   Милано Италија   0 – 0   Германија Пријателска

Наводи

уреди
  1. "Tra noi e i panzer una rivalità speciale“ (италијански). ilgiornale.it. 15 November 2013.
  2. „Germania-Italia story: dal '70 al 2006 una rivalità che si rinnova nel tempo“ (италијански). calcio.fanpage.it. 26 June 2012.
  3. „L'Inter vince la Champions e riaccende l'eterna rivalità fra Italia e Germania“ (италијански). loccidentale.it. 23 May 2010. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 2019-10-12.
  4. „E' di nuovo Italia-Germania, dolci ricordi mondiali...“ (италијански). gazzetta.it. 24 June 2012.
  5. „Italy, Germany renew rivalry at Euro“. sportsnet.ca. 28 June 2012.
  6. Italy national football team: record v Germany
  7. „Germany finally defeat Italy to stride into semis“. UEFA.com. Посетено на 3 July 2016.
  8. [1] Euro 96 Germany vs. Italy match report.
  9. [2] Bundesliga Fanatic: CLASSIC EURO PERFORMANCES – GERMANY VS ITALY – 1996 – “ARRIVEDERCI ITALIA!”

Надворешни врски

уреди