Социета Спортива Калчо Наполи, едноставно наречен и ФК Наполи или само Наполииталијански професионален фудбалски клуб со седиште во Неапол, Кампанија кој бил првично основан во 1904 година.[1] Клубот поминал поголем дел од нивната историја во највисокото ниво на италијанскиот фудбал,[1] па и во моментов се натпреваруваат во Серија А.

Наполи
Целосно имеСосиета Спортива Калчо Наполи С.п.А.
ПрекарНаполитанци и Сини
Основан1926
ЛокацијаНеапол, Италија
СтадионСтадион „Диего Армандо Марадона“
Капацитет60,240
СопственикИталија Аурелио Де Лаурентис
ПретседателИталија Аурелио Де Лаурентис
ТренерИталија Лучано Спалети
ЛигаСерија А Серија А
2023–24Серија А, 10. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Наполи, кој традиционално настапува во сини дресови и бели шорцеви, ја освоил Серија А двапати, првпат во сезоната 1986-1987, а потоа повторно и во сезооната 1989-90.[1] Покрај тоа, тие се трикратен победник на Купот на Италија. На европската сцена, Наполи го освоил Купот на УЕФА, триумф кој го постигнале во текот на сезоната 1988-89 и Интертото купот, кој е нивниот прв трофеј по повторно влегување во Серија А. Историски гледано, Наполи е деветтиот најуспешен клуб во италијанскиот фудбал и најуспешниот клуб во јужна Италија.[2]

Од првото појавување во 1904 година, клубот променил неколку имиња, од кои едното се случило по спојувањето со клубот Интернационале Наполи. Последната промена била во 2004, кога клубот доживеал банкрот, но повторно бил основан од страна на филмскиот продуцент Аурелио Де Лаурентис како Napoli Soccer. Почетокот на 2006 година, Де Лаурентис ја откупил целата нивната историја и клубот го вратил своето старо име Социета Спортива Калчо Наполи.

Историја

уреди

Основање и почетоци

уреди
 
Сер Томас Липтон, бил основач на Липтон купот.

Клубот бил основан како Неапол Фуд-Бал & Крикет Клуб 1904 година. Основан бил од страна на англискиот морнар Вилијам Потс и неговиот соработник М. Бејон. Наполитанците, Конфорти, Катерина и Салси Амадео исто така биле вклучени во создавањето на клубот.[3] Првичната верзија на дресовите се состоела од небесно сини дресови со темномодри пруги, и црни гаќици.[4]. Во 1906 година управата на клубот сметале дека неговото име е предолго па го скратиле во Неапол Фуд-Бал Клуб.

Во раните години италијанското фудбалско првенство било ограничено така што во него можат да учествуваат само клубови од северот, додека јужните клубови се натпреварувале против морнарите или играле во купови како што бил Липтон купот. Во купот се натпреварувале Наполи и Палермо, а Наполи освоил три финалиња. Во 1912 година заради надворешни непредвидени ситуации клубот се разделил на два дела еден бил Неапол Фуд-Бал Клуб , а вториот Интернационале Наполи, во тоа време и двата клуба ги забележиле својте први настапи во исталијанското првенство, во сезоната 1912-13. Иако и двете страни биле одушевени со натпреварувањето во Campania section, тие не биле успешни како и надвор од неа неколку години по Првата светска војна. Тогаш одлучиле да се обединат под името Фуд-Бал Клуб Интернационале-Наполи, уште познат и како ФБК Интернеапол.[5]

АК Наполи

уреди
 
Атила Салустро во средина со својте соиграчи, 1927.

Под претседателството на Џорџо Аскарели, клубот го променил името во АК Наполи, на 23 август 1926. По лошиот почеток, Наполи започнал да се подобрува благодарение на одличниот напаѓач роден во Парагвај Атила Салустро, кој бил првиот вистински херој на навивачите.[6] Салустро исто така станал најдобар стрелец на Наполи на сите времиња, и опстојува таму и денес.

Наполи влегол во Серија А за време на раководството на англискиот тренер Вилијам Гарбт[7], а во наредните шест години клубот постојано завршувал при врвот на табелата. Во сезоните 1932-33 и 1933-34, Наполи завршува меѓу трите најдобри клубови, а покрај тоа во тимот довеле уште неколку одлични играчи како што биле Антонио Војак (роден хрват), Арналдо Сентименти и Карло Бускаља.[8] Кога започнала Втората светска војна, Наполи започнал да пропаѓа, но успеале да избегнат испаѓање од лигата во сезоната 1939-40, благодарение на подобрата гол разлика во однос на Лигурија.

Наполи ја загубил тешката борба за опстанок која ја водел сите овие години, во 1942 кога испаднале во Серија Б. Таа иста година клубот се сели од Стадион Џорџо Аскарели на Стадион Артуро Колана и останале да играат на него целата сезона во Серија Б до крајот на војната. Како продолжило да се игра и понатаму, Наполи изборил право да игра во Серија А, но испаднале веќе после две години.[1] На клубот му била потребна отскочна даска како би се вратиле во врвот на италијанскиот фудбал на почетокот на 1950-тите.[9] И покрај тоа што лутал низ лигата со високи и ниски места на табелата во тој период вклучувајќи ги и промоциите и испаѓањата, Наполи имал успех во купот кога го победиле Спал за освојување на Купот на Италија 1962, дсо головите на Корели и Ронцон.[10]

Наполи во успон; средните 60-ти

уреди

Клубот го менува своето име во Социета Спортива Калчо Наполи на 25 јуни 1964.[1] Во сезоната 1964-65 Наполи почнал да бележи добри резултати и обезбеува промоција во Серија А. Под водство на поранешниот играч Бруно Песаола го освоиле трофејот на Купот Алпа, и во својата повратничка сезона во Серија А го освоиле третото место.[1] Во сезоната 1967-68, титулата за влакно му бега на Наполи, па на крајот морале да се задоволат со второто место зад Милан. Тогаш во нивниот тим играле некој најпопуларни играчи на сите времиња како: Дино Ѕоф, Хосе Алфатини, Омар Сивори и локалното момче Антонио Јулијано.[8] Јулијано поставил досега несоборен рекорд по брјот на настапи за Наполи.[8]

Добрата игра на Наполи, и во текот на 70-тите, ги донела до третото место во сезоните 1970-1971 и 1973-74 година. Под водството на уште еден поранешен играч, Луис Виничио, Наполи обезбедил настап во Купот на УЕФА; во сезоната 1974-75, кога стигнале до третото коло каде се елиминирани од Порто со резултат 2-0. Истата сезона, Наполи освојува уште едно второ место во Серија А, со само два бода заостаток зад тогашниот шампион Јувентус. Солидната игра на неколкуте локални момчиња, како Џузепе Брусколоти, Антонио Јулијано и Салваторе Еспосито довела до значаен успон во тоа време, како и балгодарение на головите на Џузепе Саволди.[8]

Откако го прегазиле Саутхемптон со 4-1, и така го освоиле Англо-Италијанскиот куп[11], Наполи се пласирал во Купот на победниците на куповите во сезоната 1976-77, каде стигнале до полуфиналето. Исто така тогаш клубот го освоил својот втор наслов во Coppa Italia во сезоната 1975-76. На патот до финалето тие ги елиминирале Милан и Фјорентина, а во финалето со убедливи 4-0 ја добиле Верона.[1] Во однос на италијанската лига, Наполи секогаш би, меѓу првите шест во периодот на доцните 70-ти. Исто така во почетокот на 1980-тите, поточно во првите две сезони биле во врвот, кога во сеоната 1980-81 завршиле на трето место, меѓутоа во сезоната 1983-84 биле вклучени во борбата за опстанок.

Ерата на Марадона и најголемите успеси на клубот

уреди
 
Тимот на Наполи од сезоната 1986-87

Наполи го шокирал фудбалскиот свет, кога во својте редови го довел Диего Марадона од Барселона за 6,9 милиони £ во летото 1984. Екипата постепено повторно се градела, со играчи како Чиро Ферара, Салваторе Бањи и Фернандо Де Наполи.[8] Овој тим бил подготвен да добие секого, и тоа го докажале во сезоната 1985-86 кога го освоиле третото место во Серија А, но тоа не ги задоволило. Во сезоната 1986-87, Наполи освоил сè што можело да се освои и тоа била најдобра сезона на клубот во историјата; ја освоил домашната двојна круна, Серија А, а потоа во финалето на Coppa Italia ја растуриле Аталанта со 4-0.[1] Бидејќи до тогаш ниту една екипа од јужна Италија не е освоила првенство, Наполитанците се свртеле кон Диего Марадона во смисла на културна, социјална и верска граница и тој за нив станал икона на фудбалот.

Меѓутоа, клубот бил неуспешен во Европскиот куп на шампиони во следната сезона и завршиле на второ место во Серија А. Обезбедувајќи учество во Купот на УЕФА, во сезоната 1988-89, Наполи го освоил својот прв европски наслов.[1] Јувентус и Бајерн Минхен биле поразен на патот кон финалето, каде Наполи го победил ВФБ Штутгарт со вкупен резултат 5-4 во два меча, со два гола на Карече и еден на Диего Марадона, Чиро Ферара и Алемао.[12]

Наполи го освоил својот втор наслов во Серија А во сезоната 1989-90, откако во траката за скудетото го победиле Милан со два бода предност.[1]

На Светското првенство 1990 во Италија, Аргентина во полуфиналето играла со Италија. Откако натпреварот завршил нерешено, се шутирале пенали, а победничкиот пенал за пласман на Аргентина во финалето го постигнал токму Марадона. Веднаш потоа, Италијанскиот фудбалски сојуз наредил допинг контрола, на која Марадона паднал и добил забрана за играње од 15 месеци.

Без Марадона, Наполи успеал да го освои само италијанскиот суперкуп, со победа против Јувентус, но тоа бил нивниот последен трофеј за долго време.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Алекс Мерет
3   ОД Ким Мин Дже
4   ОД Диего Деме
5   СР Жуан Жезус
7   НП Елиф Елмаз
8   СР Фабијан Руис
9   НП Виктор Осимен
11   НП Адам Уна
13   ОД Амир Рахмани
17   СР Матијас Оливеира
19   ОД Бартош Берешински
20   СР Пјотр Желињски
Бр. Позиција Играч
21   НП Матео Политано
22   ОД Џовани Ди Лоренцо
23   НП Алесио Зербин }
31   ОД Карим Зедадка
68   СР Станислав Лоботка
77   НП Хвича Кварацхелија

Титули

уреди

Домашни

уреди

второпласирани: 1967-68; 1974-75; 1987-88; 1988-89; 2012-13.

финалисти : 1971-72; 1977-78; 1988-89; 1996-97.

финалисти : 2012.

второпласирани : 1961-62; 1964-65; 1999-00; 2006-07.

финалисти : 1910; 1912; 1913.

Европски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 „Историја“. Архивирано од изворникот на 2007-08-09. Посетено на 2013-05-30.
  2. / italalltimeall.html Распоред на италијанските клубови[мртва врска]
  3. „Napoli Football Club“. Архивирано од изворникот на 2019-09-25. Посетено на 2013-05-30.
  4. Историја - Период од 1904 - 1926
  5. „Наполи“. Архивирано од изворникот на 2009-07-12. Посетено на 2013-05-30.
  6. „Првиот идол на Наполитанците. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2013-05-30.
  7. „Почетокот на 30-тите“. Архивирано од изворникот на 2007-05-04. Посетено на 2013-05-30.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 „Играчи на Наполи-статистика“. Архивирано од изворникот на 2016-12-31. Посетено на 2013-05-30.
  9. „Историја на Наполи- од (1904-1960)“. Архивирано од изворникот на 2005-03-07. Посетено на 2005-03-07.
  10. Историја на Coppa Italia
  11. Победници на Англо-Италијанскиот куп
  12. Победници на Купот на УЕФА

Надворешни врски

уреди