Дидје Дрогба

котивоарски фудбалер

Тебили Дидје Ив Дроба (француски: Tébily Didier Yves Drogba; р. 11 март 1978) — пензиониран фудбалер од Брегот на Слоновата Коска кој играл на позиција како централен напаѓач. Тој е најдобар стрелец на сите времиња за националниот фудбалскиот тим од Брегот на Слоновата Коска, со постигнати 65 гола на 104 натпревари.[1]

Брегот на Слоновата Коска Дидје Дрогба
Лични податоци
Роден на 11 март 1978(1978-03-11)(46 г.)
Роден во Абиџан, Брег на Слоновата Коска
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Челси Челси
Број 11
Младинска кариера
Динамо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2002 Ле Ман 64 (12)
2002-2003 Генган 45 (20)
2003–2004 Марсеј 35 (19)
2004-2012 Челси 226 (100)
2012-2013 Шангај Шенуа 11 (8)
2013-2014 Галатасарај 37 (15)
2014-2015 Челси 28 (4)
2015-2016 Монтреал Импакт 33 (21)
2017-2018 Финикс Рајсингс 22 (4)
Репрезентација
2004- Брегот на Слоновата Коска Брег на Слон. Коска 105 (65)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

По играњето во тимови за младинци, Дрогба го направил своето прво професионално деби на 18 години за второлигашкиот клуб „Ле Ман“. Доцна сфати, го потпиша првиот професионален договор на 21 година; не беше до 2002-03 сезона кога сфати за неговиот потенцијал, постигнувајќи 17 гола на 34 настапи во прва лига за Генган. Следниот февруари, во септември, за време на истата сезона го направи неговиот прв меѓународен настап за Брегот на Слоновата Коска и го постигна првиот интернационален гол. Во 2003 отиде во Олимпик Марсеј за 3,3 милиони фунти. Неговиот успех за постигнување голови продолжи во Олимпик Марсеј, завршувајќи како трет најдобар стрелец во Лига 1 со 19 гола и помогна клубот да го достигне финалето во 2004 на УЕФА Купот.

Дрогба се пресели во „Челси“ следната сезона за рекордни 24 милиони фунти, правејќи го најскапиот фудбалер во историјата на Брегот на Слоновата Коска. Дополнитело, тој постигна решавачки голови во финалето од фудбалскиот Лига Куп 2005 и во ФА Супер Купот 2005 и помогна за клубот да ја освое првата титула досега во Премиер Лигата. Дрогба стана славен како еден од најдобрите стрелци во светот во 2006, kako ја освои титулата во лигата повторно со Челзи и беше капитен на националниот тип за првпат. На Светското Првенство во 2006 тој го постигна првиот гол за Брегот на Слоновата Коска на напреварот и беше избран во 2006 за Фудбалер на Годината во Африка. Наредната сезона 2006-07 заврши како најдобар стрелец во Премиер Лигата со 20 гола. Исто така постигна голови за победа во финалето 2007 на Фудбалскиот Лига Куп и во ФА Куп финалиња. Тој го освои ФА Купот по вторпат во 2009, постигнувајќи израмнувачки гол во финалето. Во 2009-10 сезона, Дрогба ја докажа важната улога во Челзи освојувајќи ја лигата по вторпат, за првпат во историјата на клубот. Ја освои неговата втора Златна Копачка со 29 гола и го постигна единствениот гола за победа на Челзи против Портсмунт во Финалето на ФА Купот 2010. Овај гол го прави единствениот играч кој има постигнато на шест Англиски Куп финалиња.

Дрогба е признат за играње на важна улога во носење мир на неговата земја. По пласирањето на Брегот на Слоновата Коска за Светското Првенство 2006, Дрогба направи очајна молба за борците, барајќи да ги спуштат нивните оружја, молба која беше одговорена со прекин на оган после пет години на граѓанска војна. Подоцна Дрогба помогна за пласирањето на Африканскиот Куп на Нации до бунтовното упориште на Боуаќе; чекор кој помогна за потврдување на мировниот процес. Во септември 2011, се приклучи на Вистина, Помирување и Комисијата за Дијалог како претставник да го врати мирот на неговата домашна нација. Неговата инволвираност во процесот за мир го стави Дрогба да биде именуван како еден стотте највлијателни луѓе во светот за 2010 од страна на магазинот Тајм.

Животопис уреди

Дидје Дрогба беше роден во Абидџан, Брегот на Слоновата Коска, на пет годишна возраст од страна на родителите беше пратен во Франција да живее со неговиот чичко, Михаел Гоба, професионален фудбалер. Меѓутоа, Дрогба почна да станува носталгичен за дома и се врати во Абидџан, после три години. Неговата мајка го викаше Тито” , по претседателот на Југославија Јосип Броз Тито, на кому таа многу му се восхитуваше. Тој играше фудбал секој ден во парк во градот, но негово враќање во Брегот на Слоновата Коска беше кратко: двајцата негови родители ги изгубија нивните работни места и тој пак се врати да живее со неговиот чичко. Во 1991, исто така и неговите родители отидоа во Франција; прво во Ванес и потоа се населија во 1993 во Антони предградие на Париз, Тогаш 15 годишниот Дрогба се врати да живее со нив и неговите браќа и сестри. Тогаш и започна да игра почесто за фудбалскиот тим, приклучувајќи се на локална страна за млади. Дрогба ја започна неговата кариера како младинец во полупрофесионалниот клуб Левалоис, стекнувајќи репутација за продуктивен напаѓач во тимот за младинци и импресионирајќи го тренерот со професионалното однесување. Неговата добра игра му донесе место во тимот за сениори, но иако постигнувајќи гол на неговото деби, 18-годишниот од Брегот на Слоновата Коска не успеа да го импресионира тренерот на првиот тим Џејќес Лончар.

Клупска кариера уреди

Ле Ман (1997-2002) уреди

Кога Дрогба заврши школо замени градови да студира сметководство на факултет и мораше да менува клубови, стажирајќи во клубот Ле Манс Втора Лига. Како и да е, првите две години беа проследени со повреди и тој се бореше физички да се справи со тренирањето и распоредот за натпревар. Поранешниот тренер на Ле Манс Марк Вестерлопе подоцна искоментира дека „Му требаa четири години на Дрогба да биде спремен за тренинг секој ден и играње секоја недела”. Дополнително, комплицираниот живот на фамилијата на Дрогба значеше дека никогаш немаше посетувано фудбалска академија и одма започна да тренира фудбал секојдневно како потполна израсната личност До 21 година, Дрогба сфати дека мораше да се оформи како играч што побргу или би имал мала шанса да стане професионален фудбалер. Го имаше првото деби за тимот Ле Манс набрзо поради тоа и го потпиша неговиот прв професионален договор во 1999. Приватниот живот на Дрогба исто така стануваше посериозен како тој и неговата жена од Мали го имаа првото дете, Исак. Тој имаше нови одговорноси, подоцна кажувајќи:” Раѓањето на Исак беше пресвртница во мојот живот, ме направи да бидам посилен”. Неговата прва сезона, во која тој постигна седум гола во триесет натпревара предвидвидуваше добро за иднината, но за време на наредната сезона не ги доживеа очекувањата. Дрогба го изгуби своето место со Даниел Казан поради повреда, тогаш по неговото враќање тој не успеа да постигне гол низ целата сезона, меѓутоа тој се врати во форма следната сезона, имајќи 21 настап и постигнувајќи пет пати.

Генгамп (2002-03) уреди

Половина низ 2001-02 сезона прволигашкиот клуб Генган со зацврцнато интересирање со месеци, му понуди на Дрогба понуда за трансфер со сума од 80,000 фунти и тој го напушти Ле Манс. Втората половина од 2001-02 сезона, Дрогба направи единаест настапи и постигна три гола за Генган. Додека неговите придобивки помогнаа на клубот да избегне испаѓање од лигата, персоналот од тренери останаа неубедени од нивниот нов млад напаѓач. Меѓутоа, наредната сезона тој го награди трпението на тренерите, постигнувајќи 17 гола во 34 настапи и помагајќи Генган да заврши седми, рекордно достигнување во лигата. Тој ги пофали своите соиграчи за импресивната сезона, посочувајќи ги придобивките од крилниот играч Флорент Малуда, долгогодишен пријател на Дрогба, како клучен фактор во неговита продуктивност за постигнување голови таа сезона. Неговиот цврст постигнувачки рекорд привлече интерест од поголемите клубови и кон крајот на таа сезона се пресели во прволигашкиот состав на Марсеј за сума од 3.3милјони фунти.

Марсеј (2003-2004) уреди

Менаџерот на Олимик Марсеј Ален Перен го зеде Дрогба од Генган, мислеше набрзо ќе биде заменет од Хосе Аниго. Дрогба го задржа неговото место во тимот, 19 гола и освојувајќи ја Националната Унија од Професионални Фудбалери(УНФП) награда за Играч на годината. Тој исто така постигна пет гола во таа сезона во УЕФА Лига на Шампиони и шест во УЕФА Купот. На крајот од сезоната беше купен од клубот на Челзи за рекордни 24 милиони фунти. Неговиот дрес од единствената сезона на ОМ е исто така врамен во базиликата на Марсеј, “Notre-Dame de la Garde”, кој тој го претстави на црквата пред финалето на УЕФА Купот 2004. Дрогба останува клупска легенда во Марсеј, иако играше само една сезона за клубот.

Челзи(2004-2012) уреди

Потпишувајќи на јули 2004 за 24 милјони фунти, Дрогба го постигна неговиот трет гол за клубот со удар со глава против Кристал Палас. Неговата сезона беше прекината кога истегна стомачен мускул против Ливерпул што го држеше надвор од акција преку два месеца. Челзи ја освои Премиер Лигата, второ топ пласирање во натпреварувањето во Англија втора лига и нивниот прв во 50 години и Лига Купот, со постигнување гол на Дрогба во продолжението за 3-2 во финалето за победа против Ливерпул на стадион Милениум, исто така и достигнување на полуфиналето на Лигата на Шампиони. Дрогба постигна 16 гола во 40 натпревари за Челзи во неговата прва сезона: десет во Премиер Лигата, пет во Лигата на Шампиони и еден во финалето на Лига Купот.

Дрогба ја започна 2005-06 сезона со постигнување на два гола за победа во Супер Купот против Арсенал. Неговата репутација беше ставена насред обвинувања, поради мамење за победа на Челзи против Манчестер Сити од 2-0. Повторените снимки покажуваат дека тој ја користел неговата рака за контрола на топката пред постигнувањето на вториот од неговите два гола. Ова се случи само недела после сличен инцидент против Фулам каде голот беше поништен. Во интервју после натпреварот со ББС, тој ја призна играта со рака над топката и како одговор на водителот во врска со неговите обвинувања за неговата тенденција да потоне, тој кажа:” Понекогаш јас тонам, понекогаш се издигам,”пред веднаш да го повлече неговиот коментар:” Јас не тонам, јас ја играм мојата игра”. Експертот од ББС отиде да му каже дека го има погрешно протолкувано прашањето поради бариери со јазикот.

Челзи ја задржа круната во лигата со два натпревари за играње, постанувајќи втор тим да го освои првото место во Англија последователно во ерата на Премиер Лига. Повторно Дрогба ја заврши сезоната со шеснаесет гола, дванаесет во лигата, два во Супер Купот, еден во Лигатата на Шампиони и еден во ФА купот.

Во 2012 година Дидје Дрогба го напушти тимот Челзи од Лондон.

2006–07 уреди

По заминувањето на Демјан Даф во Њукасал Јунајтед, Дрогба го замени бројот 15 што го носеше за Челзи од 2004 со бројот 11 дрес напуштен од Даф. Сезоната беше личен успех за Дрогба, бидејќи тој постигна 33 гола во сите натпревари (повеќе од резултатот воден во претходните две сезони заедно), вклучувајќи 20 во Премиер Лигата за освојување на Златната Копачка. Со постигнување на тоа, тој стана првиот играч на Челзи после Кери Диксон во 1984-85 кој има достигнато 30 гола во сезона. Неговиот рекорд од 33 гола: 20 во Премиер Лигата, шест во Лигата на Шампиони, три во ФА Купот и четири во Лига Купот.

Помеѓу снимките беа погодоци надвор од областа за пенал против Ливерпул. Евертон и Барселона, 93 минута израмнувачки погодок против Барселона на Камп Ноу и двата гола за победа на Челзи во финалето на Лига Купот против Арсенал. Тој исто така имаше два хет-трика; еден против Левски Софиа во Лигата на Шампиони, првиот хет-трик на Челзи во Европските натпреварувања од Гиналука Виали во Куп над Купот на Победници во 1997. Во последните натпревари таа сезона, постигна победнички гол против Манчестер Јунајтед на првото финале на ФА Купот на Вембли Стадион. Ова исто така значеше дека тој му се придружи на Норман Вајтсајд(Манчестер Јунајтед во 1983) и Марк Хјуз(Манчестер Јунајтед во 1994) како играч кој има постигнато голови во двете домашни финалиња истата година, сепак Дрогба беше првиот играч што заврши во победничкиот тим после постигнувајќи голови во двете финалиња.

Во јануари 2007, Дрогба беше крунисан за Играч на Годината од Брегот на Слоновата Коска, пред Кејдур Кеита, Аруна Диндан и Коло Туре. Во март за првпат беше именуван за Играч на Годината од Африка, пред Самуел Ето и соиграчот од Челзи, Михаел Есиен. Неговите настапи за време на сезоната го однесоа во ПФА Тим на Годината во Премиер Лигата и второласиран до Кристијано Роналдо во Наградите На ПФА Играч на Годината.

Дрогба се соочи со проблеми на теренот на крајот на сезоната и неговиот трансфер од Марсеј за Челзи во јули 2004 се најде на разгледување. Распрашувањето на Стивенс во 2007 искажа загриженост, поради недостатокот од соработка со агентите Пинас Зави и Бари Силкмен

2007–08 уреди

 
Дрогба на тренинг

Сезона 2007-08 започна лошо за Дрогба, бидејќи тој искажа сомнежи за заминувањето на менаџерот Жозе Мурињо. Тој наводно бил во солзи кога Мурињо му кажа дека го напушта клубот, и кажа “заминувањето на Мурињо унишни одредени блискости што ги имавме во клубот. Многу од нас имаа обичај превенствено да играат за менаџерот. Сега треба да ги заборавиме тие чувства и да најдеме друг извор на мотивација”. Следнава теза тврди, Дрогба кажа на Францускиот Магазин за Фудбал ”Јас сакам да го напуштам Челзи. Нешто е скршено со Челзи, штетата е голема во соблекувалната. Покрај тоа што има потпишано четиригодишен договор со клубот во 2006, Дрогба наводно посочил неколку омилени клуба во интервјуто, кажувајчи ја Барселона, Реал Мадрид, Милан или Интер како можни идни одредишта, тој подоцна призна тој жали за ова и беше 100% посветен на Челзи. Тој повторно ја стекна довребата од одборот и навивачите, постигнувајќи за 2-0 победа на Челзи против Миделсбро на 20 октомври 2007, против Шалке 04 во Лигата на Шампиони четири дена подоцна, два гола против Манчестер Сити приредувајќи изворедни настапи во сите.

Дрогба продолжи да постигнува голови, но претрпе повреда на тренинг теренот и одлучи да го оперира неговото колено. Не беше во можност да игра четири недели и пропушти клучни натпревари против Валенсија, Арсенал и Ливерпул. Дрогба се врати од повредата да игра во натпревар од третото коло на ФА Купот против КПР и ја носеше капитенската лента во последните 30 минути во кои беше на теренот, но тоа беше последниот натпревар за Сините пред меѓународната должност на Африканскиот куп на нации. По неговото враќање Дрогба постигна гол во финалето на Лига Купот 2008 што го направи водечки стрелец на сите времиња со четири постигнати во Финалињата на Лига Купот. Тој исто така стана првиот играч кој има постигнато на три финалиња во Лига Купот и првиот кој има постигнато гола во три последователни домашни финалиња од Англиските Купови. Тој ги постигна двата гола во клучната победа против Арсенал за 2-1 на 23 март 2008, што го израмни Челзи во бодови со водечкиот Манчестер Јунајтед


 
Дрогба и напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси во 2008.

На 26 април 2008 Дрогба со соочи со контроверзија после судар со одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед Немања Видич. На српскиот ценрафор мораше да се зашијат конци под неговата усна по губењето на заб во сударот. Имаше дискусија дали Дрогба имаше намера да го повреди својот соперник или немаше. Дебатата се повика на прашање од претходен инцидент на 26 ноември 2006 каде Дрогба му удри лакт на Видиќ. Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон изрази грижа за лактањето во Премиер Лигата. Покрај медиумските шпекулации, жолтиот картон на Дрогба за ударот се сметаше за соодветна казна од страна на ФА

Конроверзијата сè уште владееше кај играчот како и пртходно во полуфиналето на УЕФА Лига на Шампиони, удар со нога против Ливерпул, Дрогба беше обвинет за скокање по тренерот на Ливерпул Рафаел Бенитез. Бенитез тврдеше дека има составено четиригодишна документација од скокачката ѓаволштина на Дрогба, но Дрогба го возврати ударот на Бенитез во едно интервју.

На 30 април 2008, Дрогба постигна два гола во полуфиналето на УЕФА Лига на Шампиони против Ливерпул, што Челзи победи со 3-2 на Стенфорд Бридџ. Ова беше првпат како Челзи го има победено Ливерпул во полуфиналињата на Лигата на Шампиони, имаа изгубено на претходните две средби од Ливерпул. Ова исто така го доведе Челзи да стигне до финалето на Лигата на Шампиони. Дрогба стана најдобар стрелец на Челзи во Европските натрпеварувања, двата гола што ги постигна го има резлутатот од 17, победувајќи го рекордот на Питер Осгуд. Дрогба беше пратен на клупа во сто седумдесет и седмата минута во финалето од Лигата на Шампиони поради удирање шлаканица на одбранбениот играч Видич, постанувајќи втор играч кој бил пратен на клупа во финале на Европскиот Куп-после Јенс Леман во 2006 и прв за насилно однесување.Челзи изгуби на пенали од 6-5 после нерешената игра од 1-1 во екста време. Помошниот шеф на Челзи Хенк тен Гејт открива дека Дрогба требаше да го заземе петото кризно место во изведувањето на пенали. Капитенот на тимот Џон Тери го зазеде неговот место но промаши по лизгањето од местото на изведување на пеналот. На 30 април 2008, Дрогба постигна два гола во полуфиналето на УЕФА Лига на Шампиони против Ливерпул, што Челзи победи со 3-2 на Стенфорд Бридџ 2008–09

Од почетокот на сезоната Дрогба претрпе низа повреди и се бореше да се поврати во форма, пропуштените натпревари од август до ноември поради проблеми со коленото. Тој го постигна својот прв гол на сезоната во средина на ноември но имаше мала причина за славење: тој се здоби со дисциплинска мерка и забрана од три напревари поради фрлање паричка назад во трибините и Челзи доживеа пораз во Лига Купот против Барнли. Дрогба го постигна неговиот втор гол во сезоната во победа против ЦФР Клуж од 2-1 во УЕФА Лига на Шампиони, каде неговиот прв во сезоната од Премиер Лигата дојде во победта против Вест Бромвич Албион од 2-0 на крајот од декември 2008. Имајќи пропуштено многу натпревари низ повреди и сунспензии, Дрогба го изгуби првото место во тимот и менаџерот Сколари претпочиташе да игра со Николас Ањелка како осамен напаѓач наместо спојување на двајцата. Меѓутоа, тој реши да ја поврати својата позицијата во тимот и Челзи го задржаа играчот од Брегот на Слоновата Коска.

По привременото назначување на Гус Хидинк на почетокот на февруари по отпуштањето на Сколари, Дрогба имаше подмладување во нападот, враќајќи се во неговата форма богата со голови со 4 гола на 5 утакмици по превзмањето на новиот менаџер. Неговото повторно враќање во форма се виде со постигнување два гола против Болтон Вондерс и четири во натпреварите од Лигата на Шампиони, по еден на секоја нога во последните шеснаесет и четврт-финале во натпреварувањето против Јувентос и Ливерпул со овие голови му обезбеди премин на Челзи во полуфиналињата. Само четири дена после неговото јунаштво во Лигата на Шампиони, Дрогба постигна победнички гол на полуфиналниот натпревар од ФА Купот против Арсенал, по изворедната асистенција на Френк Лампард кој го најде Дрогба и тој внимателно го заобиколи голманот на Арсенал Лукаш Фабиански пред да забие во прзната мрежа. Дрогба исто така предизвика контроверзија по поразот на Челзи во полуфиналето од Лигата на Шампиони со Барселона. Чувствувајќи дека многу одлуки беа против Челзи, заменетиот Дрогба се соочи со судијата Том Хенинг Овербо после означувањето на крај. Тој доби жолт картон во процесот и беше снимен во живо од телевизиска камера извикувајќи”Toa ебена срамота” . На 17 јуни 2009, УЕФА последователно му издаде забрана од шест натпревари во Европа заедно со последните две натпреварувања. Забраната тогаш беше намалена на 1 натпревар по жалба на Челзи. Во финалето 2009 на ФА Купот тој го постигна првиот и израмнувачки гол каде ја зедоа победата од 2-1. Ова беше неговиот шести гол во поголемо финале на куп во Англија. Иако Дрогба претходно изрази желба за менување на клубови, тој реши да остане со Сините со новиот тренер Карло Анџелоти и потпиша нов договор

2009–10 уреди

Дрогба ја започна сезоната во добра форма за Челзи, изнудувајќи пенал во средбата во Супер Купот против Манчестер, пред тоа постигна два гола во победата против Хул Сити од 2-1. Дрогба имаше заслуга во пеналот за Челзи, кога беше фаулиран во областа, што Френк Лампарт соодветно го претвори во гол, за победа над Сандерлен од 3-1. Во третиот натпревар од сезоната против соперниците од Западен-Лондон Фулам, Дрогба го постигна третиот гол во сезоната. Дрогба го постигна неговиот четврт гол од сезоната, против Стоук Сити; Челзи заврши победувајќи од 2-1 со удар на Малуда на крајот од натпреварот. На 20 септември го додаде петтиот, дома против соперниците од Лондон Тотенхем.Тој го постигна стотиот гол за Челзи во поразот од 3-1 против Виган Атлетик. На 4 октомври, Дрогба беше поврорно важен во победата од 2-0 против соперниците за титулата Ливерпул. Тој беше асистент на двата гола, асистирајќи и на Николас Ањелка и Флорент Малуда. На 24 октомври 2009 постигна гол со глава против Блекбурн, кој му го донесе резултатот осум гола во единаесет настапи, постигнувајќи трет гол во исто толку натпревари. Дрогба продолжи со добрата форма, постигнувајќи гол со глава против Болтон Вондерерс за 4-0 прегазување во Карлинг Купот, Дрогба продолжи за да постигне добар гол за тимот во истата недела со друга победа од 4-0 против Болтон Вондерерс во Премиер Лигата.

По првите три пропуштени натпревари за Челзи во Лигата на Шампиони поради забрана, Дрогба го започна четвртиот натпревар против Шпанскиот Атлетико Мадрид. Тој постигна три гола во последните десет минути и натпреварот заврши 2-2. Потоа имаше добар самоестоен обид, каде тој совлада голем број на противнички играчи првиот обид беше спасен од голманот, но по одбивањето ја заби. На 29 ноември, Дрогба постигна од слободен против соперниците од Лондон Арсенал на Емирати Стадион, вториот слободен удар надвор од единаесет метри. Му го донесе резултатот за сезоната од 14 гола на 16 натпревари. Дрогба продолжи да имресионира со два гола во нерешениот натпревар со 3-3 против Евертон.

Помеѓу 3 и 30 јануари Дрогба имаше обврски на Африканскиот Куп на Нации и се врати на 2 февруари против Хул Сити каде постигна израмнувачки погодок во четириесеттата минута за 1-1 да ја заостри играта. На 24 март, Дрогба го постигна неговиот триесетти гол во сезоната, нагости во натпреварот против Портсмунтх

На 9 мај, Дрогба инспириран Челзи да ја освои Премиер Лигата со постигнување на хет-трик во победата од 8-0 против Виган Атлетик.Притоа, не само што го освои третиот победнички медал во Лигата, но исто така ја освои Златната Копачка во сезоната, победувајќи го Веј Руни за титулата кој остана на 26 гола. Двајцата играчи го имаа истиот број на гола(26) пред почетокот на нивните соодветни утакмици. Сепак, за време на натпреварот, Дрогба изгледаше јасно дека е лут на неговиот соиграч и редовен изведувач на пенали Френк Лампард, по негирањето на Лампард да му дозволи на Дрогба да го изведе пеналот што би му довел водство на Челси од 2-0 и можнос за освојување на златната копачка. Лампард го постигна пеналот, но Дрогба не славеше со неговите соиграчи. Подоцна во натпреварот Ешли Кол беше соборен во единаесетте метри каде Челзи веќе водеше со 5-0 и овој пат Лампард му дозволи на Дрогба да го изведе пеналот, кој го постигна за предност од два гола пред Руни

2010–11 уреди

 
Дрогба игра за Челзи против Њукасл Јунајтед, на 28 ноември 2010

Дрогба влезе како замена за Ањелка против Манчестер Јунајтед во Супер Лигата, но не можеше да го спаси од неподлегнување на загубата од 3-1. Сепак, ја започна сезоната во Премиер Лигата во добра форма, продолжувајќи од таму каде што застана на последните денови од претходната акција каде што постигна хет-трик против Вест Бром за победа од 6-0. На наредниот натпревар против Виган Атлетик на ДВ Стадиум, Дрогба направи три асистенции во другата победа од 6-0. Дрогба исто така играше на наредниот натпревар на домашен терен против Стоук Сити, каде ги играше сите 90 минути и го постигна неговиот четврти гол таа сезона во Премиер Лигата. Тој го постигна од пенал, по соборувањето на Николас Ањелка внатре во единаесете метри од страна на Томас Соренсен. На 7 ноември 2010, Дрогба го пропушти првото полувреме од празот на Челзи против Ливерпул со 2-0. Подоцна беше откриено дека боледувал од маларија, најмалку еден месец. Прво се пожалил дека не се чувствува добро пред 10 октомври 2010, меѓународна пауза, но болеста беше дијагностицирана на 8 ноември 2010. Дијагностицирајќи го проблемот, Челзи инсистираше дека тој целосно ќе задравел за неколку дена

2011–12 уреди

Додека играл против Норвич Сити на 27 август 2011, Дрогба доживеа потрес на мозокот во судар со голманот на Норвич Џон Руди. На 24 септември, по два пропуштени натпревари, Дрогба се врати во тимот на Челзи против Сванси Сити. Дрогба продолжи за постигнување на првиот гол во сезоната за победа од 4-1. На 24 октомври против Квин Парк Ренџерс Дрогба доби црвен картон, Челзи заврши со пораз од 1-0. Дрогба го одби новиот договор со Челзи и е подготвен да потише за оној кој наповеќе ќе понуди.

2014-15 уреди

Во сезоната 2014-2015, Дрогба повторно ја освоил шампионската титула со ФК „Челси“, настапувајќи на 14 натпревари на кои постигнал седум гола. По истекот на неговиот едногодишен договор со „Челси“, тој најавил продолжување на кариерата во лигата МЛС, во САД. Притоа, тој добил понуда од екипата на „Орландо“, но тој ја одбил понудата.[1]

Репрезентативна кариера уреди

Дрогба е интернационалец од Брегот на Слоновата Коска и помогна на тимот за првпат досега да се пласира на Светското Првенство, одржано во Германија 2006 година. На осми септември 2002 година го имаше првиот настап за репрезентацијата против Јужна Африка и го постигна првиот гол за победа на “Слоновите” на 11 февруари 2003 против Камерон.

Во февруари 2006, Дрогба беше капитен за Брегот на Слоновата Коска во нивното второ финале од Африканскиот Куп на Нации, постигнувајќи го еднистевниот гол во полуфиналниот натпревар со Нигерија и оставајќи го настрана рекорднотно и неизвесно изведување на пенали во четврт-финалето за 12-11. Сепак тие изгубија во финалето од Египед со 4-2 на пенали, после нерешениот резултат од 0-0, каде шутот на Дрогба од пенал беше сопрен од голманот на Египет, Есам Ел-Хадари.

Во Светското Првенство 2006, Брегот на Слоновата Коска беше извлечена во “групата на смртта” со Србија и Црна Гора, Холандија и Аргентина. На 11 јуни 2006, на првиот натпревар против Аргентина. На 24 септември Дрогба го постигна својот прв гол на Светското Првенство во историјата на неговата кариера, но неговиот тим изгуби. Брегот на Слоновата Коска беше елиминиран од Светското Првенство по поразот од 1-2 на натпреварот против Холандија, но успеаа да дојдат од 0-2 до 3-2 победа против Србија и Црна Гора во нивниот последен натпревар во групата, каде Дрогба гледаше од клупата поради суспензија.

Во Африканскиот Куп на Нации во 2008, Брегот на Слоновата Коска беше извлеч во група со Нигерија, Мали и Бенин. Дрогба постигна два гола на отворањето во групната фаза, за победа над Бенин од 4-1 и го постигна првиот гол за победа над Мали од 3-0. Во четврт-финалето, Дрогба се запиша повторно во списокот на стрелци во прегазувањето на Гвинеа од 5-0, со четири гола во последните дваесет минути. Полуфиналето беше реванш на финалето 2006 против Египед, но беше крај на патувањето на Дрогба и Брегот на Слоновата Коска, поради шампионите на 2006 година, губејќи со 4-1 и потоа немаа среќа во плејофот за третото место, губејќи со 4-2 од Гана.

Тој постигна 6 гола во 5 клалификациони натпревари и помогна за Брегот на Слоновата Коска да се пласира на ФИФА Светското Првенство 2010. На Африканскиот Куп на Нации 2010 Дрогба постигна гол во победата против Гана во групната фаза. Брегот на Слоновата Коска стигна до четврт -финалето но изгуби од Алгериа со 2-3.

Во март 2010, беше именуван за Фудбалер на Годината во Африка за 2009 година, награда кој ја освојува по вторпат во неговата кариера.

На четврти јуни 2010, Дрогба беше повреден на пријателски натпревар со Јапонија. Тој ја доби повредата во воздушен двобој од одбранбениот играч Тулио. Имаше фактура на лактната коска на десната рака и имаше операција наредниот ден со надеж дека ќе игра на финалињата. На 15 јуни 2010, Дрогба беше ослободен од ФИФА да игра за Брегот на Слоновата Коска во првиот натпревар од групата против Португалија, носејќи заштитна наливка на скршената рака. Натпреварот заврши нерешено без голови на Нелсон Мендела Беј Стадионот, Дрогба влезе во шеесет и петтата минута. На 20 јуни 2010, Дрогба стана првиот играч Африканските Нации кој има постигнато гол против Бразил во натпревар од Светското Првенство, постигнувајќи гол со глава во 78 минута, каде Брогот на Слоновата коска беше поразен со 1-3. На 25 јуни 2010, Брегот на Слоновата Коска испадна од првенството, покрај победата од 3-0 против Јужна Кореја во нивниот последен натпревар.

Титули уреди

Приватен Живот уреди

Дрогба е оженет за Диаките Лала, жена од Мали, кој ја сретнал во Париз и парот има три деца. Неговата жена е муслиманка, а Дрогба е Католик. Неговиот најстар син, Исак, беше роден во Франција 1999 година. Тој има два помлади браќа кои исто така се фудбалери: Џоел и Фреди Дрогба. Фреди, е 19 години, моментално е во составот за младинци во Дижон, прва лига во Франција.На 24 јануари 2007, Дрогба беше назначен за Амбасадор на Добра Волја од страна на Програмата на Обединетите Нации(УНДП). УНДП беа импресионирани од неговата претходно хуманитарна работа и веруваа неговиот пример ќе помогне да се зголеми свеста за проблемите во Африка. Хуманитарната работа на Дрогба продолжи, кон крајо на 2009 година, изјави дека ќе донира 3 милиони ГБП потпишувајќи од надоместот за неговата реклама на Пепси, за изградба на болницата во неговиот роден град Абиџан. Ова дело беше направено преку неодамнешно создадената фондација „Дидје Дрогба“. Челзи објавија дека исто така ќе донират сума за договорената зграда од проектот на Фондацијата. Дрогба одлучи да ја изгради болницата по неодамнешна посета на други главни болници во Брегот на Слоновата Коска, велејќи” Јас одлучив прв проект на Фондацијата би требало да биде изградба и финансирање на болница, давајќи и на луѓето основна здравствена заштита и шанса само да останат живи.” Во октомври 2010, Првиот аматерски клуб на Дрогба, Левалоис Спртинг Клуб, неговиот стадион именуван по напаѓачот. Францускиот клуб доби процент од 24 милиони фунти, сума платена од Челзи за Марсеј во 2004, што му овозможува четвртото ниво на клубот да го надгради објектот на неговите сегашни сјајни нивоа.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Дрогба ја одби понудата на Орландо“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.