Ливорно
Ливорно (итал. Livorno) е град на Лигурското Море[2] и е најголемото пристаниште во Тоскана, Италија.[3] Ливорно е административен центар на истоимената покраина, со население од 158.493 жители во декември 2017 година.
Ливорно Легорн | |||
---|---|---|---|
Град во Италија | |||
Комуне ди Ливорно | |||
Поглед на Ливорно | |||
| |||
Држава | Италија | ||
Регион | Тоскана | ||
Покраина | Ливорно (LI) | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Лука Салвети | ||
Површина | |||
• Вкупна | 104,8 км2 (405 ми2) | ||
Надм. вис. | 3 м | ||
Население (1 јануари 2020)[1] | |||
• Вкупно | 157.017 | ||
• Густина | 150/км2 (390/ми2) | ||
Час. појас | Средноевропско (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | Летно средноевропско (UTC+2) | ||
Поштенски број | 57100 | ||
Повикувачки број | 0586 | ||
Светец-заштитник | Св. Јулија Корзиканска | ||
Датум на светецот | 22 мај | ||
Мреж. место | Матична страница |
Историја
уредиСреден век
уредиЛиворно (под името Ливорна) за првпат се споменува во 1017 година како рибарско село со неколку куќи. Грофицата Матилда од Тоскана во 1103 година овде изградила кула а веднаш потоа земјата им ја подарила на свештениците од Пиза. Република Пиза ја поседувала Ливорна од 1103 година и изградила четириаголна тврдина наречена Quadratura dei Pisani („Четврт на Пизаните“) за да го брани пристаништето.[4] Порто Писано бил уништен по поразот на пизанската флота во битката кај Мелорија во 1284 година.[5] Во 1399 година, Пиза ја продала Ливорна на Миланските Висконти во 1405 година бил продаден на Република Џенова; а на 28 август 1421 година бил купен од Република Фиренца.[4] Името „Легорн“ потекнува од џеновското име Лигорна.[6]
Медичијански период (1500-1650)
уредиЛиворно својата трансформација во град и своето сегашно значење им ја должи на владетелите на семејството Медичи, владејачката династија во Фиренца. Помеѓу 1518 и 1534 година била изградена Старата тврдина (Фортеца Векија) и било стимулирано доброволно преселување на населението во Ливорно, но Ливорно сепак останал прилично безначајна крајбрежна тврдина.[7] Во 1551 година, Ливорно имал 1562 жители.[4]
Во доцните 1580-ти, Фердинандо I де Медичи, Големиот војвода од Тоскана, го прогласил Ливорно за слободно пристаниште (порто франко), што значело дека стоката на ова пристаниште нема да подлежи на царински давачки. Во 1593 година, администрацијата на војводата го основала Леги Ливорнин за да ја регулира трговијата.[4]
Ливорно станал просветлен европски град и едно од најважните пристаништа на целиот средоземен слив. Многу луѓе од ширум Европа се преселиле во Ливорно. Меѓу нив имало христијански протестантски реформатори кои ги поддржувале водачите како Мартин Лутер, Џон Калвин и други. Пристигнале французи, холанѓани, англичани, и Грци . Во меѓувреме, Евреите продолжиле да тргуваат според претходниот договор со Големиот војвода. На 19 март 1606 година, Фердинандо I де Медичи го прогласил Ливорно за град.
По 17 век
уредиЗа време на италијанските походи во Француските револуционерни војни кон крајот на осумнаесеттиот век, трупите на Наполеон го окупирале Ливорно заедно со цела Тоскана. По Виенскиот конгрес, потпаднал под австриска власт.
Во 1861 година, Италија по обединувањето на Италија Ливорно и Тоскана станале дел од новото Кралство Италија и како дел од Кралството градот го изгубил статусот на слободно пристаниште и трговската важност на градот започнала да опаѓа.
Градот бил сериозно оштетен за време на Втората светска војна . Многу историски места и згради биле уништени од бомбите на сојузниците, меѓу кои и катедралата и синагогата во Ливорно.
Граѓаните на Ливорно во последните децении станале добро познати по својата лево ориентирана политика. Италијанската комунистичка партија била основана во Ливорно во 1921 година.
Знаменитости
уредиФердинандо II де Медичи, во 1629 година, го проширил градот кон север во областа меѓу Фортеца Векија и Фортеца Нуова, за да има простор за поморските и трговските активности. Новиот рион (област), наречен Venezia Nuova , бил изграден во област близу морето, била испресечена со канали и поврзана со градот со мостови.[8]
Chiesa di Sant'Anna - црква посветена на Света Ана, била изградена во 1631 година на местото од Архиерејското братство на друштвото на Христовото раѓање.[9]
Споменикот на четири Маври е посветен на Фердинандо I де Медичи, великиот војвода од Тоскана, и е еден од најпопуларните споменици во Ливорно. Споменикот бил завршен во 1599 година,[10] и пристигнал од Карара во Ливорно по морски пат во 1601 година.[11]
Во 1994 година бил отворен музеј посветен на сликарот Џовани Фатори, и е сместен во вилата Мимбели, градба од 18 век опкружена со огромен парк.[12] Приземјето и првиот кат на музејот се украсени со украси, мебел и драперии од стилот на 18 век со фрески од Анибале Гати.[13]
Економија
уредиПристаништето во Ливорно
уредиГрадот и неговото пристаниште се важна дестинација за патници и туристи.
Спорт
уредиМеѓу спортистите од светски ранг од Ливорно се Фабрицио Мори, светски шампион на 400 метри со пречки од 1999 година и Алдо Монтано, кој освоил златен олимписки медал во мечување.
Галерија
уреди-
Фосо Реале
-
Поглед на западниот дел на Ливорно
-
Стара тврдина
-
Нова тврдина
-
Дуомо од Ливорно
-
Замокот Бокале
-
Monumento dei Quattro Mori
-
Пјаца дела Република
-
Театарот Голдони
-
Синагогата во Ливорно
-
Тераца Маскањи
-
Гратачиело
-
Ликер Галијано од Ливорно
Поврзано
уредиНаводи
уредиБелешки
уреди- ↑ „Popolazione residente al 1 Gennaio 2020“. Istat. Архивирано од изворникот на 2020-07-18. Посетено на 11 March 2021.
- ↑ „Mar Ligure“. Marina Militare. Посетено на 16 May 2019.
- ↑ de Blij, H. J.; O. Muller, Peter; Nijman, Jan (2010). „Regions of the Realm“. The World Today: Concepts and Regions in Geography. John Wiley & Sons. стр. 63. ISBN 9780470646380.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „LIVORNO in "Enciclopedia Italiana"“. www.treccani.it. Посетено на 30 March 2018.
- ↑ Vaccari et al, p. 28
- ↑ Si veda in proposito G. Ciccone, Livorno: il mistero del nome, in "Il Pentagono", n. 11, novembre 2009.
- ↑ Vaccari et al, p. 48
- ↑ „Il quartiere della Venezia Nuova“. Comune Notizie online. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 4 August 2018.
- ↑ Dario Matteoni, Le città nella storia d’Italia Livorno, p.64, Edizioni Laterza e Belforte Editore Livorno
- ↑ „I Quattro Mori“. Comune Notizie online. Архивирано од изворникот на 2015-07-26. Посетено на 4 August 2018.
- ↑ Go, Toscana. „Monumento ai 4 mori“. www.toscanago.com. Архивирано од изворникот на 2018-03-31. Посетено на 30 March 2018.
- ↑ OriginalITALY. „Il Museo Civico Giovanni Fattori di Livorno :: Gli editoriali di OriginalITALY - OriginalITALY.it - Il meglio in Italia“. www.originalitaly.it. Посетено на 30 March 2018.
- ↑ „Museo Fattori - Tuscan Art in Livorno's 19th-century Villa Mimbelli - Livorno Now“. www.livornonow.com. 15 February 2012. Архивирано од изворникот на 2018-04-05. Посетено на 30 March 2018.
Грешка во наводот: Ознаката <ref>
со име „Cham20“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..
<ref>
со име „collins-concise“ определена во <references>
не се користи во претходен текст..Извори
уреди- Vaccari, Olimpia; Frattarelli Fischer, Lucia; Mangio, Carlo; Panessa, Giangiacomo; Bettini, Maurizio (2006). Storia Illustrata di Livorno. Storie Illustrate (италијански). Pisa: Pacini Editore. стр. 1–272. ISBN 88-7781-713-5.
Надворешни врски
уреди- Општинска веб-страница (in Italian)
- Веб-страница на пристаништето Ливорно
- Фотографска карта на градот Ливорно Архивирано на 9 јуни 2013 г. (in English)
- Фердинандо I Де Медичи, Документ со кој се повикуваат еврејските трговци да се населат во Ливорно и Пиза, на италијански, Ракопис на Велум, Фиренца, Италија, 10 јуни 1593 година (фак-симил) Архивирано на 17 мај 2021 г.
- Видео турнеја во Ливорно
- Ливорно бродска обиколка по Медицинските канали Архивирано на 4 март 2021 г.