Суперкуп на Италија 2012

Суперкупот на Италија 2012 беше 25-тото издание на Суперкупот во оваа земја, фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Италијанскиот куп.

Суперкуп на Италија 2012
по продолженија
Датум11 август 2012
СтадионНационален Стадион во Пекинг, Пекинг, Кина
Играч на
натпреварот
Мирко Вучиниќ (Јувентус)
СудијаПаоло Мацолени
2011
2013

Јувентус се квалификуваа откако ја освоја титулата во Серија А во сезонта 2011-2012, додека Наполи во овој натпревар влезе како освојувач на Купот на Италија во 2012 година.

Преглед на натпреварот уреди

Натпреварот се одигра на Националниот стадион во Пекинг, а главен судија на мечот беше Паоло Мацолени. Натпреварот беше многу динамичен и интерсен. Прв во водство дојде Наполи кога по одличната топка на нашиот репрезентативец Горан Пандев, Единсон Кавани реализира противнапад за водство од 1-0. Во 37-мата минута Јувентус возврати и израмни на 1-1 по прекрасниот волеј-удар на Квадво Асамоа на асистенција на Артуро Видал. Пред крајот на првото полувреме Наполи се враќа во водство и сега води со 2-1 откако Пандев ја прочита намерата на Бонучи, му ја одзема топката и го лобуваше Буфон. Во второто полувреме долго стоеше овој резултат, сè до моментот кога Кампањаро не го фаулираше Вучиниќ во својот шесттнаесетник. Пеналот го изведе Видал и израмни на 2-2 во 74-тата минута. Во финишот од мечот започнува да се чувствува тензијата па така двајца играчи на Наполи го завршуваат натпреварот предвреме. Исклучени од игра беа:Пандев (поради приговор) и Зуњига (поради втор жолт картон). Набрзо по нив во соблекувалната на Наполи замина и тренерот на екипата Валтер Маѕари кој влезе во вербална расправа со судиите. По 90-те минути натпреварот завшува 2-2, што значи дека следат продолженија.

Бројчената предност на теренот Јуве ја користи веќе во првото продолжение кога по центрираната топка на Пирло, Маџо си постигна автогол и го носи Јувентус во прво водство на натпреварот. Само четири минути подоцна Мирко Вучиниќ ги постави конечните 4-2 со погодок во 101-вата минута од натпреварот на асистенција на Клаудио Маркизио.

По завршувањето на мечот екипата на Наполи одлучи да не остане на церемонијата на доделувањето на трофеите, во знак на незадоволството на клубот од арбитражата на главнио судија Мацолени.

Детаљи од мечот уреди

11 август 2012
20:00 во 14 часот по мак. време
Јувентус 4 – 2 по продолженија Наполи Национален Стадион во Пекинг, пекинг
Судија: Паоло Мацолени
Асамоа   37'
Видал   74'
Маџо   97' (аг.)
Вучиниќ   101'
Кавани   27'
Пандев   41'
 
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус
 
 
 
 
 
 
 
Наполи
ЈУВЕНТУС:
GK 1   Џанлуиџи Буфон (к)
RB 15   Андреја Барцаљи
CB 19   Леонардо Бонучи   112'
LB 2   Лусио
DM 23   Артуро Видал
DM 8   Клаудио Маркизио
RW 26   Стефан Лихтштајнер   78'   89'
LW 22   Квадво Асамоа
SS 21   Андреја Пирло
CF 32   Алесандро Матри   46'
CF 12   Себастијан Џовинко   90+3'   116'
Резерви:
GK 30   Марко Сторари
DF 11   Паоло де Чеље
MF 20   Симоне Падоин   89'
MF 24   Емануеле Џакерини   116'
MF 39   Лука Мароне
FW 9   Мирко Вучиниќ   46'
FW 27   Фабио Кваљарела
Тренер:
  Масимо Карера
 
НАПОЛИ:
GK 1   Морган Де Санктис
RB 14   Уго Кампањаро
CB 28   Паоло Канаваро (к)   52'   62'
LB 5   Мигел Бритос   32'
DM 85   Валон Бехрами   53'
DM 17   Марк Хамшик   67'
AM 88   Гокан Инлер   106'
RW 11   Кристијан Маџо
LW 18   Хуан Камило Зуњига     78', 90+3'
SS 19   Горан Пандев   85'
CF 7   Едисон Кавани   64'
Резерви:
GK 22   Антонио Росати
DF 6   Салваторе Ароника
DF 8   Андреа Досена   106'
DF 21   Федерико Фернандес   62'
MF 23   Валтер Гаргано   67'
FW 9   Едуардо Варгас
FW 24   Лоренцо Инсиње
Тренер:
  Валтер Маѕари   90+3'

Судии на мечот

  • Асистенти судии:
    • Ренато Фаверани
    • Андреа Стефани
  • Четврти судија: Мауро Бергонци

Правила на мечот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Седум повикани резерви
  • Три максимум замени.