Суперкуп на Италија 2015

Суперкупот на Италија за 2015 година било 28-мото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Бидејќи Јувентус ги освоил двете натпреварувања Серија А 2014-2015 и Купот на Италија 2014-2015, противник во натпреварот му бил вицешампионот на Купот на Италија, екипата на Лацио.

Суперкуп на Италија 2015
Стадионот Шангај било местото каде се одржал натпреварот
ПрвенствоСуперкуп на Италија
Датум8 август 2015
СтадионСтадион Шангај, Шангај, Кина
СудијаЛука Банти
2014
2016

Натпреварот се одиграл на 8 август 2015 година на Стадионот Шангај во Шангај, Кина.

Преглед на натпреварот уреди

По пристигнувањето во Кина двата клуба имале поплаки во однос на квалитетот на стадионот, кој бил многу нерамен и со дупки на неколку места. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, дури изјавил дека Стадионот во Шангај му наликува на поле со комипири, а со тоа се сложил и неговиот колега од спротивната страна Стефано Пиоли.

Лошиот терен, силниот ветар кој дувал и тоа што за двата клуба ова бил прв официјален натпревар во новата сезоната биле само некој фактори поради кој во првото полувреме од натпреварот имало малку "вистински" фудбал и било поприлично здодевно и за заборав. Речиси ништо поконкретно не се случувало на теренот, само два удари кон голот, кој ги испратиле играчите на Јувентус Лихтштајнер и Погба, но и тие не биле непрецизни.

Второто полувреме донело подобар фудбал, а веќе на стартот Јувентус имал голема шанса преку Манџукиќ кој излегол сам пред голот на Лацио, но голманот Маркети го одбранил неговиот удар. Само неколку секунди подоцна одличен удар од далечина на Погба, Маркети бил совладан, но топката завршила само неколку сантиметри покрај голот.

И конечно во 69-тата минута паднал првиот гол, кога Јувентус дошол до водство од 1-0 преку Марио Манџукиќ кој ја искористил својата втора шанса во натпреварот стрлајќи прецизно со глава по одличниот центаршут на Стураро од десната страна. Само пет минути подоцна натпреварот бил решен кога замената Пауло Дибала, на асистенција на Погба, го направил резултатот 2-0 за Јувентус.

До крајот на натпреварот Лацио имал повеќе од играта и успеале да создадат неколку шанси за гол, но резултатот останал не променет. Ова била 7-мата титула за Јувентус во Суперкупот на Италија, со што поставиле нов рекорд во ова натпреварување со една титула повеќе од Милан кој има 6.

Детали од натпреварот уреди

8 август 2015
  Јувентус 2–0   Лацио Стадион Шангај, Шангај, Кина
Судија: Лука Банти
Манџукиќ   69'
Дибала   73'
Извештај
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Лацио

Состави уреди

  Јувентус (3-5-2)
GK 1   Џанлујџи Буфон (к)
RB 15   Андреја Барцаљи
CB 19   Леонардо Бонучи
LB 4   Мартин Касерес
RWB 26   Стефан Лихтштајнер
LWB 33   Патрис Евра
RM 27   Стефано Стураро   90'
CM 8   Клаудио Маркизио
LM 10   Пол Погба
CF 11   Кингсли Коман   61'
CF 17   Марио Манџукиќ   80'
Замени:
GK 25   Нето
GK 34   Рубињо
DF 2   Маурисио Исла
DF 24   Даниеле Ругани
DF 42   Џулио Пароди
MF 20   Симоне Падоин
MF 37   Роберто Переира   90'
MF 40   Матија Витале
MF 43   Андрес Тељо
FW 7   Симоне Ѕаѕа
FW 14   Фернандо Љоренте   80'
FW 21   Пауло Дибала   61'
Тренер:
  Масимилијано Алегри
  Лацио (4-3-2-1)
GK 22   Федерико Маркети
RB 26   Штефан Раду
CB 6   Сантјаго Џентилети
CB 3   Стефан Де Врај
LB 8   Душан Баста
RM 32   Данило Каталди   75'
CM 20   Лукас Биља (к)
LM 23   Огени Онази
AM 10   Фелипе Андерсон   87'
AM 87   Антонио Кандрева
CF 11   Мирослав Клозе   61'
Замени:
GK 55   Гвидо Гериери
GK 99   Етрит Бериша
DF 2   Весли Хедт
DF 4   Патрик
DF 29   Абдулај Конко
DF 33   Маурисио
MF 7   Равел Морисон   87'
MF 21   Сергеј Милинковиќ-Савиќ
MF 70   Крис Икономидис
FW 9   Филип Џорџевиќ   61'
FW 14   Кеита Балде Диао
FW 88   Рикардо Кишна   75'
Тренер:
  Стефано Пиоли

Екипа победник уреди

 
Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2015
7. титула
 

Надворешни врски уреди