Портал:Фудбал
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ФУДБАЛ
Фудбал е игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрести. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Двојна круна е термин во фудбалот, кој се однесува на освојувањето на првата лига и главниот куп на една нација во истата сезона. Исто така може да се употреби и за означување на две победи (дома и на гости) против истиот тим во една лигашка сезона.
Во англискиот фудбал, Двојната Круна традиционално означува освојување на првата лига (во моментов ФА Премиер Лига претходно Англиска Прва Дивизија) и ФА Купот во истата сезона. Иако и освојувањето на другите поголеми трофеи во една сезона во комбинација со Лигата се нарекуваат Двојни или Тројни Круни.
Една репрезентација не може да го освои светското првенство во фудбал и континенталното првенство во една година бидејќи не се работи за годишни настани, но ако една репрезентација ги држи двете титули истовремено тогаш се вели дека „освоила Двојна Круна“. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека на првото светско првонство во фудбал, одржано 1930 во Уругвај учествувале фудбалските репрезентации на само 13 земји?
- ... дека во седумдесеттите, 5 фудбалски клубови биле шампиони во Лигата на шампионите?
- ... дека на Летните олимписки игри - 2004 одржани во Атина фудбалската репрезентација на Аргентина го освои златниот медал во фудбал, победувајќи на сите натпревари, а притоа без да прими гол?
Избрана слика
Избран стадион
Емирати (англиски: Emirates Stadium) е фудбалски стадион во Лондон. Сопственик на стадионот и тим кој што игра на него е Арсенал. Стадионот има капацитет од 60.355 седишта со што е трет по големина фудбалски стадион во Англија по Вембли и Олд Трафорд, а трет по големина стадион за универзална употреба во Лондон по Вембли и Твикенхам. Стадионот беше изграден во јули 2006, а за негова изградба беа потрошени 430 милиони фунти, но сите пари не се потрошени само за неговата изградба. Дел од буџетот беше потребен за обезбедување на локацијата. Прочитајте повеќе
Избрана биографија
Марио Манџукиќ (р. 1986) — хрватски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на хрватската репрезентација. Покрај тоа што е познат како плодоносен стрелец, тој е познат и по неговиот извонреден придонес во одбраната и неговата моќ во воздушните двобои.
Манџукиќ ја започнал својата кариера во Марсонија од родниот Славонски Брод, од каде што се преселил во два загрепски клуба: најпрво во НК Загреб, а потоа и во Динамо Загреб во 2007 година. Како член на Динамо Загреб бил најдобар стрелец во Прва ХНЛ во сезоната 2008-2009. Благодарение на неговите голгетерски способности, во 2010 година направил трансфер во редовите на Волфсбург. По одличното учество на Евро 2012, на коешто со три погодоци бил на делба на првото место на листата на стрелците, Манџукиќ потпишал за Бајерн Минхен. Во неговата прва сезона во клубот, тој освоил три трофеи: Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите; притоа, тој станал првиот Хрват кој постигнал погодок во финале на Лигата на шампионите. Во 2014 година, Манџукиќ го напуштил Бајерн Минхен и потпишал за Атлетико Мадрид, а една сезона подоцна преминал во редовите на Јувентус за 19 милиони евра. Прочитајте повеќе