С.С. Лацио (италијански: Società Sportiva Lazio SpA) е италијански фудбалски клуб од Рим. Играат со светло-сини дресови, бели шорцеви и чорапи. Името Лацио е избрано откако основачите на клубот одлучиле дека со него сакаат да претставаат поголем дел градот во кој го стационирале истиот - Лацио е името на областа во која самиот град Рим е сместен. Небесно-сините и белите тимски бои се инспирирани од грчкото знаме, или подобро од земјата што е лулка на Олимписката традиција; орелот е придодаден како потврда на почитта на неговите основачи кон симболот на Римското Царство. С.С. Лацио е најстариот и најтрофејниот тим што се наоѓа во главниот италијански град.
Лацио
Целосно име
Сочета Спортива Лацио С.п.А.
Прекар
Бјанкочелести (Бело и светлосини) Le Aquile (Орли)
Основан
9 јануари 1900; пред 124 години (1900-01-09), како Сочета Подистика Лацио