ФК Кротоне е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Кротоне, Калабрија. Во моментов се натпреварува во најсилната лига по ранг во Италија, Серија А.

Кротоне
Целосно имеФудбал клуб Кротоне СРЛ
Основан1910
СтадионСтадион Ецио Шида
Кротоне, Италија
Капацитет9,631
ПретседателИталија Рафаеле Врена
ТренерИталија Давиде Никола
ЛигаСерија Б Серија Б
2017–18Серија A, 18-ти Fall испаѓање
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1910 година, под името Социета Спортива Кротоне. Инаку, моменталната сезоната 2016-2017 е прва историска за Кротоне во Серија А. Претходно клубот се натпреварувал во Серија Б 12 сезони, како и во пониските лиги во Италија во кои ги има поминато највеќето години од своето постоење.

Боите на клубот се темносина и црвена. Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида.

Стадион

уреди

Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида, именуван по истоимениот фудбалер на Кротоне кој починал прерано за време на едно гостување на клубот.[1] Овој фудбалски стадион е дом на клубот од неговата инаугурација во 1946 година и моментално е со капацитет од 16,640 седечки места.[2] Досега стадионот двапати бил реновиран првпат во 2000 година, а потоа и во 2016 година непосредно по промоцијата на клубот во Серија А.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди

Сезона 2016-2017

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Алекс Кордаз
3   ОД Клаитон
5   ГМ Марко Феста
6   СР Маркус Роден
7   НП Рафаеле Паладино
8   ОД Лоренцо Крисетиџ
9   НП Андреа Налини
10   НП Пјетро Де Џорџо (К)
11   НП Диего Фалчинели
12   СР Адријан Стојан
13   ОД Џанмарко Ферари
14   СР Еди Гнахоре
15   СР Џамел Месба
17   ОД Федерико Чекерини
18   СР Андреа Барберис
Бр. Позиција Играч
20   СР Аниело Салцано
22   СР Алеандро Роси
23   ОД Ное Дусен
24   СР Александар Тонев
28   СР Леонардо Капеци
29   НП Марчело Трота
30   ОД Лука Бруно
31   ОД Марио Сампириси
33   ГМ Аниело Вишово
77   ОД Николо Фаци
87   ОД Бруно Мартела
93   ОД Џузепе Ѕампано
95   ГМ Валентин Којокару
98   ОД Мануел Николети
99   НП Сими

Рекордери

уреди

Статистиката е ажурирана на 29 ноември 2016

Играчи со најмногу одиграни натпревари за Кротоне
Место Име на играчот Натпревари
1   Антонио Галардо 401
2   Алфредо Кардинале 207
3   Пјетро Де Џорџо 201
4   Франческо Роси 200
5   Роберто Голфарини 196
6   Дино Паолини 183
7   Сандро Поркија 172
8   Доменико Џампа 168
9   Џузепе Абруцезе 157
10   Иван Франча 154

Играчи со најмногу постигнати голови за Сасуоло
Место Име на играчот Голови
1   Андреа Дефлорио 54
2   Џузепе Тортора 38
3   Камило Чано 30
4   Каетано Проспери Калил 28
5   Денилсон Габионета 27
6   Алесандро Амбрози 24
7   Сандро Порија 23
8   Паоло Пирас 22
9   Абделкадер Гезал 22
10   Едоардо Артистико 21

 
Антонио Галардо рекордерот по бројот на настапи во дресот на Кротоне.

Македонски фудбалери

уреди

Стефан Ристовски исто така е првиот фудбалер кој заиграл за некоја сениорска репрезентација како играч на Кротоне, кога на 10 август 2011 тој го направил своето деби за македонската репрезентација во пријателскиот натпревар против Азербејџан.

Познати тренери

уреди

Соперништва

уреди

Најголеми соперници

Најголеми соперништва фудбалерите и навивачите на Кротоне имаат со калабриските екипи Катанѕаро[4][5], Реџина[4][5] и Вигор Ламеција.[4][5]

Статистика

уреди

Учество во првенства

уреди
Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Серија А 1 2016-2017 1
Серија Б 12 2000-2001 2015-2016 12
Серија Ц 25 1945-1946 1977-1978 31
Серија Ц1 5 1998-1999 2007-2008
Лега Про Прима Дивизионе 1 2008-2009
IV Серија 5 1952-1953 1956-1957 14
Интеррегионално првенство 1 1958-1959
Серија Д 1 1963-1964
Серија Ц2 7 1978-1979 1997-1998
Интеррегионално првенство - 2 Кат. 1 1957-1958 8
Интеррегионално првенство 5 1981-1982 1986-1987
Државно првенство Дилетанти 2 1995-1996 1996-1997

Наводи

уреди
  1. Stadio Ezio Scida Архивирано на 28 ноември 2012 г. fccrotone.it
  2. osservatoriosport.interno.gov.it, уред. (јули 2015). „Stadi di calcio - elenco degli impianti di calcio delle serie professionistiche italiane“ (PDF). Посетено на 22 јули 2015.
  3. Marco Razzini (30 април 2016). „Magico Crotone: la prima volta in Serie A, Juric: "Che emozione!". La Gazzetta dello Sport. Посетено на 30 ноември 2016.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 4,2 Tifonet
  5. 5,0 5,1 5,2 „Tifoserie Calabresi“. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 2016-11-29.

Надворешни врски

уреди