Серија А 2017-2018
Серија А 2017-2018 била 116-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 86 сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 19 август 2017, а завршила на 20 мај 2018 година.
Серија А 2017-2018 | |
---|---|
Прваци | Јувентус 34. титула |
Испаднале | |
Лига на шампиони | |
Лига Европа | |
Одиграни натпрвари | 380 |
Најдобар стелец | Чиро Имобиле Мауро Икарди (29 гола)[1] |
Најголема победа дома | 7-0 Јувентус - Сасуоло (4 февруари 2018)[2] |
Најголема победа во гости | 0-5 Верона - Фјорентина (10 септември 2017)[3] Каљари-Наполи (26 февруари 2018)[2] Сампдорија-Интер (18 март 2018)[4] Верона-Аталанта (18 март 2018)[4] |
Натпревар со најмногу голови | 2-6 Удинезе-Јувентус (22 октомври 2017) 6-2 Лацио-Беневенто (31 март 2018)[5] |
Најголема серија на победи | 12 натпревари[6] Јувентус |
Најголема серија без пораз | 18 натпревари[7] Јувентус |
Најголема серија без победа | 18 натпревари[8] Беневенто |
Најголема серија на порази | 14 натпревари[9] Беневенто |
Најголема посетеност | 78,328 Интер - Милан 3-2 (15 октомври 2017)[10] |
Најмала посетеност | 7,000 Кјево - Болоња 2-3 (22 декември 2017)[10] |
Вкупна посетеност | 9,032,846[11] |
Просечна посетеност | 24,545[11] |
← 2016–17 2018–19 → |
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2016-2017. Спал, Верона и Беневенто биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 13 мај 2018, Јувентус ја одбранил титулата на едно коло пред крајот после ремито 0-0 на гостувањето во Рим кај Рома. Најголем конкурент на Јувентус за титулата во оваа сезона бил Наполи кој завршил на второто место со 4 бода помалку од шампионот. Екипите на Рома и Интер ги освоиле третото и четвртото место и заедно со Јувентус и Наполи играле во групната фаза на Лигата на шампионите 2018-2019.
Петтопласираниот Лацио, шестопласираниот Милан и седмопласираната Аталанта избориле учество во Лигата на Европа 2018-2019.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Кротоне, Хелас Верона и Беневенто.
Најдобри стрелеци за сезоната биле Чиро Имобиле од Лацио и Мауро Икарди од Интер со 29 постигнати гола.
Општо
уредиТрите нови екипи кои избориле промоција во Серија А биле СПАЛ, Верона и Беневенто.[12] СПАЛ се вратил во Серија А за првпат по 49 години откако последно таму играле во сезоната 1967-1968,[13] Верона се вратила по само една сезона пауза откако испаднале во сезоната 2015-2016, додека Беневенто кој им се приклучил преку плејофот бил дебитант во највисоката дивизија на италијанскиот фудбал.[14]
Од гледна точка на правилата се истакнува воведувањето на VAR технологијата (откако била тестирана во текот на претходната сезона) и укинувањето на дополнителните помошници судии зад головите.[15]
Конечно, почнувајќи од оваа сезона, како резултат на промената на правилата на натпреварувањето, италијанското првенство ќе дава 4 екипи кој директно ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите.[16] Последен пат кога 4 италијански екипи биле во групите на Лигата на шампионите (во тој случај, 3 биле директно квалификувани плус 1 преку плеј-оф квалификациската рунда) било изданието 2009-2010, издание кое подоцна го освоил Интер (моментално последен успех на еден италијански клуб во најсилното европско натпреварување). Исто така од оваа сезона шесто или седмо пласираниот тим (седмиот, само ако победникот на Купот на Италија веќе ќе се квалификувал за некое европско натпреварување преку првенството) ќе играат во Лига Европа од втората преелиминарна рунда а не од третата, како што беше случај во тековната сезона.[17]
Калчомеркато
уредиЛетна сесија
уредиВо пресрет на новата сезона во првенството, најактивни екипи на пазарот биле Јувентус на Алегри и Милан на Монтела: бјанконерите изненадувачки го загубиле Бонучи кој заминал во соперничкиот табор на росонерите, кои, од своја страна, се поздравиле со Де Шиљо кој му се приклучил на Јувентус.[18][19] Редовите на шесткратните италијански шампиони во последните шест години, исто така, ги засилиле Бернардески,[20] и Даглас Коста доведени соодветно од Фјорентина и Бајерн Минхен.[21] Исто така, голем број трансфери на пазарот направил Милан, мотивирани од враќањето во Европа и новиот кинески сопственик подготвен да инвестира,[22] во дополнение на гореспоменатиот Бонучи во клубот меѓу другите стигнале и Кесие, Чалханоглу, Биља, Андре Силва и Калиниќ.[23]
Останатите екипи кои исто така имале за цел да се квалификуваат во најсилното европско натпреварување имале различни стратегии на пазарот, Наполи на Сари избрал да го зачува составот од претходната сезона[24] додека Интер и Рома започнале нови проекти со нови тренери на својте клупи: доскорашниот тренер на џалоросите Лучано Спалети пристигнал на клупата на нероаѕурите[25] додека клубот од главниот град го назначил Еузебио Ди Франческо, кој дошол во клубот по неколку добри сезони како тренер на Сасуоло.[26] Двете екипи се обиделе да го засилат тимот што им бил достапен на новите тренери, па затоа во Интер пристигнале Шкриниар од Сампдорија и поранешните фудбалери на Фјорентина Борха Валеро и Весино,[27] додека во Рома пристигнале Коларов, Гоналон и Шик, и покрај тоа што некои важни играчи претходно си заминале како што се Ридигер, Паредес и Салах.[28] Наместо нив, Лацио на Симоне Инѕаги морал да се справи со значителни продажби, како што биле оние на гореспоменатиот Биља и Кеита, кои ги замениле со Лукас Леива и Нани.
Зимска сесија
уредиЗимската сесија на трансфер пазарот не евидентирала големи операции: Јувентус не довел никој па единствената нивна операција била излезна, преќајќи го Пјаца на заем во Шалке 04; истото важи и за Наполи, кој им ги позајмил Максимовиќ и Џакерини, соодветно на Спартак Москва и Кјево, но не успеале да реализираат купување на друг напаѓач што било желба на нивниот тренер.[29] Меѓу најактивните екипи во зимската сесија бил Интер, кој се засилил со пристигнувањето на Лисандро Лопес од Бенфика[30] и Рафиња од Барселона,[31] додека во исто време ги продале Нагатомо на Галатасарај и Жоао Марио на Вест Хем Јунајтед; спртоивно на нив, Милан не извршил никаков вид на значителна операција на пазарот, ниту влезна ниту излезна. Рома го загубила Емерсон кој заминал во Челси (го замениле со Џонатан Силва), но пред сè успеале да издржат на притисокот на истиот лондонски тим за да го задржат напаѓачот Џеко,[32] додека единствениот трансфер на Лацио бил Касерес кој дошол од Верона. Меѓу останатите екипи, вреди да се истакне Сасуоло, кој се засилил со доаѓањето на напаѓачот Бабакар од Фјорентина, во замена за Фалчинели, кој и се приклучил на виола.
Настани
уредиПрв дел од сезоната (Андата)
уредиПрвиот месец од сезоната август не донел некој поголеми изненадувања, бидејќи екипите од "големата тројка" (Интер, Милан и Јувентус) веднаш го окупирале врвот на табелата со максимален број на бодови откако победиле во првите два натпревари, исто како и Сампдорија и Наполи,[34][35][36] но невообичаена ситуација имало на дното на табелата каде покрај новакот Беневенто се нашле и екипи од кој се очекуваше многу повеќе како Фјорентина, Аталанта, Удинезе и Каљари (сите без бодови по две кола).[37] Веќе септемвриската слика е многу попрецизна.[38] Поразите од Лацио, Сампдорија и Рома го оддалечиле Милан од врвот,[39] a тој останал окупиран од Наполи и Јувентус, додека Интер бил веднаш зад нив.[40]
Во седмото коло од сезоната, искористувајќи го првиот кикс на актуелните италијански шампиони (нерешено 2-2 против Аталанта), наполитанците го преземале водството во првенството, останувајќи осамени на врвот со два бода предност.[41][42] Во месеците октомври и ноември Наполи сè уште без пораз водел на табелата; а во потрага по нив биле Интер, Јувентус, Лацио и Рома, додека Милан на Винченцо Монтела (поразен во сите директни натпревари со првите пет) сè повеќе заостанувал зад наведените екипи. На другиот крај на табелата, на самото дно, ситуацијата на новопромовираниот Беневенто била многу тешка, поставувајќи негативен рекорд од 14 последователни порази од почетокот на сезоната.
Во текот на месец декември се регистрирани две промени на врвот на табелата; Наполи е за првпат поразен во ова првенство со 1-0 на домашен натпревар од Јувентус (со голот на некогашниот играч на Наполи, Игуаин), и во истото тоа коло е престигнат од Интер, кој пак е престигнат од Наполи и Јувентус две недели подоцна откако тие го регистрирале својот прв сезонски пораз со 1-3 на домашен терен од Удинезе.[43][44] На дното на табелата, во меѓувреме, Беневенто го пронашол својата прв историски бод во Серија А во ремито 2-2 против Милан (кој сега бил воден од страна на Џенаро Гатузо, по отпуштањето на Монтела).[45] По завршувањето на последното коло од првиот дел на првенството, Наполи и понатаму бил водач на табелата со бод предност во однос на Јувентус, додека Интер се чини дека го загубил тлото кога е во прашање Битката за врвот.
Втор дел од сезоната (Риторно)
уредиНа почетокот од вториот круг била потврдена сликата од крајот на годината: во битка за скудетото се издвоиле Наполи и Јувентус, при што партенопеите водат на пласман и ги принудуваат бјанконерите да ги следат, додека за преостанатите места кој водат во Лигата на шампионите за следната сезона во борба биле Интер, Рома и Лацио. На дното, покрај Беневенто кој сè повеќе и повеќе се оддалечувал од сигурната зона која носи опстанок и сè повеќе изгледал закован на дното на табелата (иако во меѓувреме успеале да дојдат до првите долгоочекувани победи во лигата против Кјево и Сампдорија), регистрирана е како и обично голема борба, меѓу 7 тима кој во разлика од само 6 бода. Месецот февруари не понудил големи пресврти; освен што може да се евидентира малото одлепување на Наполи од Јувентус, кој го искористил одложувањето на натпреварот Јувентус-Аталанта да дојде до предност од +4,[46] и враќањето на Милан, кој под водството на Гатузо се чини дека повторно ја пронашол играта и резултатите, скратувајќи го јазот до екипите кој се борат за место во Лигаата на шампионите[47](како и до Сампдорија, која била меѓу откровенијата на сезоната). Сасуоло и Кротоне во овој дел од сезоната се соочуваат со потешкотии, кои ги тераат загрижувачки да гледаат код пад во зоната за испаѓање (окупирана во тој момент од новаците СПАЛ, Верона и Беневенто).
27-мото коло од сезоната е нарушено со изненадната смрт на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина, неколку часа пред натпреварот против Удинезе: Лигата ги одложи сите седум натпревари кој биле закажани за тој ден, вклучувајќи го и дербито на Милано, кое исто така било закажано за тој ден (другите три натпревари биле одиграни во сабота, ден пред смртта на Астори).[48][49]
Во следниот коло забележано е престигнувањето на врвот на табелата: Наполи одиграл нерешено со Интер[50] и, исто така, поради поразот дома од Рома една недела претходно, му го препуштаат првото место на актуелниот шампион Јувентус.[51] Три дена подоцна, бјанконерите победиле во одложениот натпревар против Аталанта и стигнале до +4.[52] Оваа дистанца помеѓу првите два тима на табелата останала актина сè до нивниот меѓусебен натпревар во 34-тото коло, и покрај некои обиди на Јувентус за зголемување на предноста: во Торино сепак победуваат небесно сините (со 1-0 со голот на Кулибали во 90-тата минута), и ја скратил предноста на противникот на -1.[53] По истото ова коло, Беневенто била првата екипа што и математички испаднала во Серија Б.[54] Сепак, веќе во следното коло, Јувентус се вратил на +4, победувајќи го Интер на Сан Сиро во Дербито д'Италија и искористувајќи го катастрофалниот пораз на Наполи на гостувањето кај Фјорентина ден подоцна.[55][56] Името на втората екипа која испаднала било познато по 36-тото коло, кога Верона загубила со 4-1 од Милан и му се приклучила на Беневенто како уште една екипа која се вратила во Серија Б после само една сезона во највисоката италијанска лига.[57]
Сликата околу конечниот поредок станала подетална во 37-мото коло, кога поразот на Интер од Сасуоло и овозможил на Рома и математички да избори место во Лигата на шампионите.[59] Во неделата попладне, Милан го осигурал своето место во Лигата на Европа благодарение на ремито 1-1 со еден од директните конкуренти, екипата на Аталанта.[60] двојната вечерна програма, го донела и името на шампионот за оваа сезона, тоа бил Јувентус кој одиграл нерешено 0-0 на гостувањето кај Рома, што му било доволно да го осигура историското седмо скудето едноподруго во последните 7 години или нивно 34-то во клупската историја;[61] истата вечер згаснале надежите на двете екипи кој играле натпревар во Џенова - Сампдорија и Наполи, Наполи победил со 2-0 но таа победа не им донела ништо затоа што истата вечер ги загубиле шансите за скудетото (веќе ја имале осигурано втората позиција на табелата), додека поразот за Сампдорија значел и дефинитивен крај на шансите за изборување на квалификациите за Лигата на Европа.[60] Сценаријата за тоа кој ќе го освои четвртото место и последната екипа која ќе испадне од лигата останале отворени до последното коло, поради ремито помеѓу Кротоне и Лацио: бјанкочелестите ја зголемиле својата предност во однос на Интер на 3 бода во пресрет на нивниот директен судир закажан за последното коло, додека за питагорејците патот за спасување втора година по ред во последното коло останал отворен.[62]
Испаѓањето на Кротоне во претходното коло било само одложено, бидејќи поразот од Наполи (кој воспоставил свој сопствен клупски рекорд по бројот на освоени бодови во една лига, а за првпат во историјата на лигата еден клуб кој достигнал до 91 бод завршил како втор во пласманот) во последната рунда ги осудува на испаѓање во Серија Б, по две сезони во елитната италијанска конкуренција.[63] Нивното испаѓање значело спас и опстанок во лигата за Удинезе, Кјево, СПАЛ и Каљари;[64] сардинијците исто така сами си ја завршиле работата победувајќи ја Аталанта, која завршила на седмото место: поразот на Фјорентина од Милан, всушност, ја исклучил виола од Европа, во корист на токму на Аталанта, која ќе мора да започне со натпреварувањето од втората рунда на квалификации.[65] Дилемата за последното слободно место кое води во Лигата на шампионите била решена во корист на Интер, кој го победи Лацио со 3-2, и го престигнал на табелата, поради фактот што бил подобар во меѓусебните натпревари. Така, бјанкочелестите завршиле во групната фаза од Лигата на Европа, заедно со Милан.[66]
Рангирањето на најдобрите стрелци е завршено со поделба на првото место, помеѓу најдобриот стрелец на бјанкочелестите и нероаѕурите: Имобиле и Икарди, секој од нив постигнал по 29 голови.[67] За двајцата ова е вторпат во кариерата да бидат најдобри стрелци во италијанското првенство: аргентинецот исто така ја освоил оваа награда пред 3 години, и тогаш завршувајќи со еднаков број голови со друг играч (во тој случај Тони од Верона, со по 22 гола), додека Имобиле веќе бил најдобар стрелец пред 4 години.[67]
За тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ова било петто лично скудето во кариерата (4 со Јувентус и 1 со Милан), со што тој се изедначил со Фабио Капело и Марчело Липи по бројот на освоени титули во италијанското првенство останувајќи единствено само зад Џовани Трапатони. Исто така тој станал само вториот тренер (по Карло Каркано) кој успеал да освои 4 шампионски титули едноподруго со кој било клуб.
Екипи
уредиЕкипи по региони
уредиБрој на екипи | Регион | Екипи |
---|---|---|
3 | Емилија-Ромања | Болоња, Сасуоло и СПАЛ |
Ломбардија | Аталанта, Интер и Милан | |
2 | Венето | Кјево и Хелас Верона |
Кампанија | Наполи и Беневенто | |
Лацио | Лацио и Рома | |
Лигурија | Џенова и Сампдорија | |
Пиемонт | Јувентус и Торино | |
1 | Калабрија | Кротоне |
Сардинија | Каљари | |
Тоскана | Фјорентина | |
Фурланија-Јулиска Краина | Удинезе |
Стадионите на екипите и нивните локации
уредиЛичности и спонзори
уредиЕкипа | Тренер | Капитен | Опрема | Спонзор на дресот |
---|---|---|---|---|
Аталанта | Џан Пјеро Гасперини | Алехандро Гомес | Хома | TWS |
Беневенто | Роберто Де Зерби | Фабио Лучони | FG Sport | La Molisana |
Болоња | Роберто Донадони | Антонио Миранте | Макрон | Faac |
Верона | Фабио Пекија | Ромуло | Најк | Metano Nord |
Интер | Лучано Спалети | Мауро Икарди | Најк | Pirelli |
Јувентус | Масимилијано Алегри | Џанлујџи Буфон | Адидас | Jeep |
Каљари | Диего Лопес | Даниеле Десена | Макрон | Ichnusa |
Кјево | Лоренцо Д'Ана | Серџо Пелисие | Џивова | Paluani |
Кротоне | Валтер Ѕенга | Алекс Кордаз | Zeus Sport | Lewer |
Лацио | Симоне Инѕаги | Сенад Лулиќ | Макрон | Seleco |
Милан | Џенаро Гатузо | Леонардо Бонучи | Адидас | Fly Emirates |
Наполи | Маурицио Сари | Марек Хамшик | Капа | Lete |
Рома | Еузебио Ди Франческо | Даниеле Де Роси | Најк | Qatar Airways |
Сампдорија | Марко Џампаоло | Васко Реџини | Хома | Invent Energy |
Сасуоло | Џузепе Јакини | Франческо Мањанели | Капа | Мапеи |
СПАЛ | Леонардо Семпличи | Мирко Антенучи | Макрон | Vetroresina |
Торино | Валтер Маѕари | Андреја Белоти | Капа | Сузуки |
Удинезе | Игор Тудор | Данило | HS Sport | Дачија |
Фјорентина | Стефано Пиоли | Милан Бадељ | Le Coq Sportif | Folletto |
Џенова | Давиде Балардини | Матија Перин | Лото | Eviva Energia |
Тренерски промени
уредиЕкипа | Тренер кој заминал | Причина | Дата на заминување | Позиција | Тренер кој го заменил | Дата на назначување |
---|---|---|---|---|---|---|
Интер | Стефано Веки | Крај на привр. период | 28 мај 2017 | Пред-сезона | Лучано Спалети | 9 јуни 2017 [68] |
Рома | Лучано Спалети | Спогодбено | 30 мај 2017[69] | Еузебио Ди Франческо | 13 јуни 2017[70] | |
Фјорентина | Пауло Соуса | Му истекол договорот | 6 јуни 2017 | Стефано Пиоли | 6 јуни 2017 [71] | |
Сасуоло | Еузебио Ди Франческо | Заминал во Рома | 13 јуни 2017 | Кристијан Буки | 20 јуни 2017[72] | |
Каљари | Масимо Растели | Отпуштен | 17 октомври 2017[73] | 14-ти | Диего Лопес | 18 октомври 2017[74] |
Беневенто | Марко Барони | 23 октомври 2017 | 20-ти | Роберто Де Зерби | 23 октомври 2017[75] | |
Џенова | Иван Јуриќ | 5 ноември 2017[76] | 18-ти | Давиде Балардини | 6 ноември 2017[77] | |
Удинезе | Лујџи Дел Нери | 21 ноември 2017[78] | 14-ти | Масимо Одо | 21 ноември 2017[79] | |
Сасуоло | Кристијан Буки | 27 ноември 2017[80] | 16-ти | Џузепе Јакини | 27 ноември 2017[81] | |
Милан | Винченцо Монтела | 27 ноември 2017[82] | 7-ти | Џенаро Гатузо | 27 ноември 2017[83] | |
Кротоне | Давиде Никола | Оставка | 6 декември 2017[84] | 16-ти | Валтер Ѕенга | 8 декември 2017[85] |
Торино | Синиша Михајловиќ | Отпуштен | 4 јануари 2018[86] | 10-ти | Валтер Мацари | 4 јануари 2018[87] |
Удинезе | Масимо Одо | 24 април 2018[88] | 15-ти | Игор Тудор | 24 април 2018[89] | |
Кјево | Роландо Маран | 29 април 2018[90] | 17-ти | Лоренцо Д'Ана | 29 април 2018 |
Завршна табела
уредиПоследно ажурирање: 22 мај 2018.[91]
Поз. | Екипа | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Јувентус | 95 | 38 | 30 | 5 | 3 | 86 | 24 | +62 | |
2. | Наполи | 91 | 38 | 28 | 7 | 3 | 77 | 29 | +48 | |
3. | Рома | 77 | 38 | 23 | 8 | 7 | 61 | 28 | +33 | |
4. | Интер | 72 | 38 | 20 | 12 | 6 | 66 | 30 | +36 | |
5. | Лацио | 72 | 38 | 21 | 9 | 8 | 89 | 49 | +40 | |
6. | Милан | 64 | 38 | 18 | 10 | 10 | 56 | 42 | +14 | |
[92] | 7. | Аталанта | 60 | 38 | 16 | 12 | 10 | 57 | 39 | +18 |
8. | Фјорентина | 57 | 38 | 16 | 9 | 13 | 54 | 46 | +8 | |
9. | Торино | 54 | 38 | 13 | 15 | 10 | 54 | 46 | +8 | |
10. | Сампдорија | 54 | 38 | 16 | 6 | 16 | 56 | 60 | −4 | |
11. | Сасуоло | 43 | 38 | 11 | 10 | 17 | 29 | 59 | −30 | |
12. | Џенова | 41 | 38 | 11 | 8 | 19 | 33 | 43 | −10 | |
13. | Кјево | 40 | 38 | 10 | 10 | 18 | 36 | 59 | −23 | |
14. | Удинезе | 40 | 38 | 12 | 4 | 22 | 48 | 63 | −15 | |
15. | Болоња | 39 | 38 | 11 | 6 | 21 | 40 | 52 | −12 | |
16. | Каљари | 39 | 38 | 11 | 6 | 21 | 33 | 61 | −28 | |
17. | СПАЛ | 38 | 38 | 8 | 14 | 16 | 39 | 59 | −20 | |
18. | Кротоне | 35 | 38 | 9 | 8 | 21 | 40 | 66 | −26 | |
19. | Верона | 25 | 38 | 7 | 4 | 27 | 30 | 78 | −48 | |
20. | Беневенто | 21 | 38 | 6 | 3 | 29 | 33 | 84 | −51 |
Легенда:
|
Нотес:
|
Пласман
уреди- Јувентус Шампион на Италија 2017-2018 (34-та титула) и освојувач на Купот на Италија 2017-2018
- Јувентус, Наполи, Рома и Интер се квалификувале за групната фаза на Лигата на шампионите 2018-2019.
- Лацио и Милан се квалификувале за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2018-2019; Аталанта се квалификувала за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2018-2019.
- Кротоне, Верона и Беневенто испаднале во Серија Б 2018-2019.
Шампионскиот тим
уредиПочетна постава 4-3-3 формација | |
---|---|
1 | Џанлујџи Буфон (21 настап) |
26 | Стефан Лихтштајнер (27) |
4 | Меди Бенатија (20) |
3 | Џорџо Кјелини (26) |
12 | Алекс Сандро (26) |
6 | Сами Хедира (26) |
5 | Миралем Пјаниќ (31) |
14 | Блез Матуиди (32) |
10 | Пауло Дибала (33) |
11 | Даглас Коста (31) |
9 | Гонсало Игуаин (35) |
- Тренер: Масимилијано Алегри
Резерви: Марио Манџукиќ (32), Андреја Барцалји (26), Даниеле Ругани (22), Федерико Бернардески (22), Хуан Квадрадо (21), Родриго Бентанкур (20), Квадво Асамоа (19), Војќех Шченсни (17), Клаудио Маркизио (15), Матија Де Шиљо (12), Стефано Стураро (12), Бенедикт Хеведес (3), Карло Пинсољо (1).
Резултати
уредиТабеларен приказ
уредиПоследно ажуриање: 28 мај 2018.
Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.
АТА | БЕН | БОЛ | КАЉ | КЈЕ | КРО | ФЈО | ЏЕН | ИНТ | ЈУВ | ЛАЦ | МИЛ | НАП | РОМ | САМ | САС | СПА | ТОР | УДИ | ВЕР | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аталанта | –––– | 1-0 | 1-0 | 1-2 | 1-0 | 5-1 | 1-1 | 3-1 | 0-0 | 2-2 | 3-3 | 1-1 | 0-1 | 0-1 | 1-2 | 2-1 | 1-1 | 2-1 | 2-0 | 3-0 |
Беневенто | 0-3 | –––– | 0-1 | 1-2 | 1-0 | 3-2 | 0-3 | 1-0 | 1-2 | 2-4 | 1-5 | 2-2 | 0-2 | 0-4 | 3-2 | 1-2 | 1-2 | 0-1 | 3-3 | 3-0 |
Болоња | 0-1 | 3-0 | –––– | 1-1 | 1-2 | 2-3 | 1-2 | 2-0 | 1-1 | 0-3 | 1-2 | 1-2 | 0-3 | 1-1 | 3-0 | 2-1 | 2-1 | 1-1 | 1-2 | 2-0 |
Каљари | 1-0 | 2-1 | 0-0 | –––– | 0-2 | 1-0 | 0-1 | 2-3 | 1-3 | 0-1 | 2-2 | 1-2 | 0-5 | 0-1 | 2-2 | 0-1 | 2-0 | 0-4 | 2-1 | 2-1 |
Кјево | 1-1 | 1-0 | 2-3 | 2-1 | –––– | 2-1 | 2-1 | 0-1 | 1-2 | 0-2 | 1-2 | 1-4 | 0-0 | 0-0 | 2-1 | 1-1 | 2-1 | 0-0 | 1-1 | 3-2 |
Кротоне | 1-1 | 2-0 | 1-0 | 1-1 | 1-0 | –––– | 2-1 | 0-1 | 0-2 | 1-1 | 2-2 | 0-3 | 0-1 | 0-2 | 4-1 | 4-1 | 2-3 | 2-2 | 0-3 | 0-0 |
Фјорентина | 1-1 | 1-0 | 2-1 | 0-1 | 1-0 | 2-0 | –––– | 0-0 | 1-1 | 0-2 | 3-4 | 1-1 | 3-0 | 2-4 | 1-2 | 3-0 | 0-0 | 3-0 | 2-1 | 1-4 |
Џенова | 1-2 | 1-0 | 0-1 | 2-1 | 1-1 | 1-0 | 2-3 | –––– | 2-0 | 2-4 | 2-3 | 0-1 | 2-3 | 1-1 | 0-2 | 1-0 | 1-1 | 1-2 | 0-1 | 3-1 |
Интер | 2-0 | 2-0 | 2-1 | 4-0 | 5-0 | 1-1 | 3-0 | 1-0 | –––– | 2-3 | 0-0 | 3-2 | 0-0 | 1-1 | 3-2 | 1-2 | 2-0 | 1-1 | 1-3 | 3-0 |
Јувентус | 2-0 | 2-1 | 3-1 | 3-0 | 3-0 | 3-0 | 1-0 | 1-0 | 0-0 | –––– | 1-2 | 3-1 | 0-1 | 1-0 | 3-0 | 7-0 | 4-1 | 4-0 | 2-0 | 2-1 |
Лацио | 1-1 | 6-2 | 1-1 | 3-0 | 5-1 | 4-0 | 1-1 | 1-2 | 2-3 | 0-1 | –––– | 4-1 | 1-4 | 0-0 | 4-0 | 6-1 | 0-0 | 1-3 | 3-0 | 2-0 |
Милан | 0-2 | 0-1 | 2-1 | 2-1 | 3-2 | 1-0 | 5-1 | 0-0 | 0-0 | 0-2 | 2-1 | –––– | 0-0 | 0-2 | 1-0 | 1-1 | 2-0 | 0-0 | 2-1 | 4-1 |
Наполи | 3-1 | 6-0 | 3-1 | 3-0 | 2-1 | 2-1 | 0-0 | 1-0 | 0-0 | 0-1 | 4-1 | 2-1 | –––– | 2-4 | 3-2 | 3-1 | 1-0 | 2-2 | 4-2 | 2-0 |
Рома | 1-2 | 5-2 | 1-0 | 1-0 | 4-1 | 1-0 | 0-2 | 2-1 | 1-3 | 0-0 | 2-1 | 0-2 | 0-1 | –––– | 0-1 | 1-1 | 3-1 | 3-0 | 3-1 | 3-0 |
Сампдорија | 3-1 | 2-1 | 1-0 | 4-1 | 4-1 | 5-0 | 3-1 | 0-0 | 0-5 | 3-2 | 1-2 | 2-0 | 0-2 | 1-1 | –––– | 0-1 | 2-0 | 1-1 | 2-1 | 2-0 |
Сасуоло | 0-3 | 2-2 | 0-1 | 0-0 | 0-0 | 2-1 | 1-0 | 0-0 | 1-0 | 1-3 | 0-3 | 0-2 | 1-1 | 0-1 | 1-0 | –––– | 1-1 | 1-1 | 0-1 | 0-2 |
СПАЛ | 1-1 | 2-0 | 1-0 | 0-2 | 0-0 | 1-1 | 1-1 | 1-0 | 1-1 | 0-0 | 2-5 | 0-4 | 2-3 | 0-3 | 3-1 | 0-1 | –––– | 2-2 | 3-2 | 2-2 |
Торино | 1-1 | 3-0 | 3-0 | 2-1 | 1-1 | 4-1 | 1-2 | 0-0 | 1-0 | 0-1 | 0-1 | 1-1 | 1-3 | 0-1 | 2-2 | 3-0 | 2-1 | –––– | 2-0 | 2-2 |
Удинезе | 2-1 | 2-0 | 1-0 | 0-1 | 1-2 | 1-2 | 0-2 | 1-0 | 0-4 | 2-6 | 1-2 | 1-1 | 0-1 | 0-2 | 4-0 | 1-2 | 1-1 | 2-3 | –––– | 4-0 |
Верона | 0-5 | 1-0 | 2-3 | 1-0 | 1-0 | 0-3 | 0-5 | 0-1 | 1-2 | 1-3 | 0-3 | 3-0 | 1-3 | 0-1 | 0-0 | 0-1 | 1-3 | 2-1 | 0-1 | –––– |
Календар
уредиИзвлекувањето на календарот се одржало на 26 јули 2017 година.[93][94]
|
Статистика
уредиЕкипна
уредиЛидери на табелата
уреди- Од 7-мо до 14-то коло: Наполи
- Од 15-то до 16-то коло: Интер
- Од 17-то до 27-мо коло: Наполи
- Од 28-мо до 38-мо коло: Јувентус
Создавање на пласманот
уреди1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª | 35ª | 36ª | 37ª | 38ª | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аталанта | 0 | 0 | 3 | 4 | 7 | 8 | 9 | 9 | 12 | 15 | 15 | 16 | 16 | 19 | 20 | 23 | 24 | 27 | 27 | 30 | 30 | 33 | 36 | 37 | 38 | 38 | 38 | 41 | 44 | 47 | 48 | 49 | 52 | 55 | 58 | 59 | 60 | 60 |
Беневенто | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 10 | 10 | 13 | 13 | 13 | 13 | 13 | 14 | 14 | 17 | 18 | 18 | 21 | 21 |
Болоња | 1 | 4 | 4 | 4 | 5 | 8 | 11 | 14 | 14 | 14 | 14 | 14 | 17 | 20 | 21 | 21 | 21 | 24 | 24 | 24 | 27 | 27 | 27 | 27 | 30 | 33 | 33 | 33 | 34 | 35 | 35 | 38 | 38 | 39 | 39 | 39 | 39 | 39 |
Каљари | 0 | 0 | 3 | 6 | 6 | 6 | 6 | 6 | 6 | 9 | 9 | 12 | 15 | 15 | 16 | 17 | 17 | 17 | 20 | 20 | 20 | 21 | 24 | 25 | 25 | 25 | 25 | 26 | 29 | 29 | 29 | 32 | 32 | 33 | 33 | 33 | 36 | 39 |
Кјево | 3 | 3 | 3 | 4 | 5 | 8 | 11 | 12 | 15 | 15 | 15 | 16 | 17 | 20 | 20 | 21 | 21 | 21 | 21 | 22 | 22 | 22 | 22 | 22 | 25 | 25 | 26 | 26 | 26 | 29 | 29 | 30 | 31 | 31 | 31 | 34 | 37 | 40 |
Кротоне | 0 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | 5 | 6 | 6 | 6 | 9 | 12 | 12 | 12 | 12 | 12 | 15 | 15 | 15 | 15 | 18 | 19 | 20 | 21 | 21 | 21 | 21 | 24 | 24 | 24 | 27 | 27 | 28 | 31 | 34 | 34 | 35 | 35 |
Фјорентина | 0 | 0 | 3 | 6 | 6 | 7 | 7 | 10 | 13 | 16 | 16 | 16 | 17 | 18 | 21 | 22 | 23 | 26 | 27 | 28 | 28 | 28 | 31 | 31 | 32 | 35 | 38 | 41 | 44 | 47 | 50 | 51 | 51 | 51 | 54 | 57 | 57 | 57 |
Џенова | 1 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 2 | 5 | 6 | 6 | 6 | 6 | 9 | 10 | 13 | 13 | 14 | 17 | 18 | 21 | 21 | 21 | 24 | 27 | 30 | 30 | 33 | 33 | 33 | 34 | 35 | 38 | 38 | 41 | 41 | 41 | 41 | 41 |
Интер | 3 | 6 | 9 | 12 | 13 | 16 | 19 | 22 | 23 | 26 | 29 | 30 | 33 | 36 | 39 | 40 | 40 | 40 | 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 48 | 48 | 51 | 52 | 53 | 56 | 59 | 59 | 60 | 63 | 66 | 66 | 69 | 69 | 72 |
Јувентус | 3 | 6 | 9 | 12 | 15 | 18 | 19 | 19 | 22 | 25 | 28 | 31 | 31 | 34 | 37 | 38 | 41 | 44 | 47 | 50 | 53 | 56 | 59 | 62 | 65 | 68 | 71 | 74 | 75 | 78 | 81 | 84 | 85 | 85 | 88 | 91 | 92 | 95 |
Лацио | 1 | 4 | 7 | 10 | 10 | 13 | 16 | 19 | 22 | 25 | 28 | 31 | 31 | 32 | 35 | 35 | 36 | 39 | 40 | 43 | 46 | 46 | 46 | 46 | 49 | 52 | 52 | 53 | 54 | 57 | 60 | 61 | 64 | 67 | 70 | 71 | 72 | 72 |
Милан | 3 | 6 | 6 | 9 | 12 | 12 | 12 | 12 | 13 | 16 | 16 | 19 | 19 | 20 | 21 | 24 | 24 | 24 | 25 | 28 | 31 | 34 | 35 | 38 | 41 | 44 | 45 | 48 | 51 | 51 | 52 | 53 | 54 | 54 | 57 | 60 | 61 | 64 |
Наполи | 3 | 6 | 9 | 12 | 15 | 18 | 21 | 24 | 25 | 28 | 31 | 32 | 35 | 38 | 38 | 39 | 42 | 45 | 48 | 51 | 54 | 57 | 60 | 63 | 66 | 69 | 69 | 70 | 73 | 74 | 77 | 78 | 81 | 84 | 84 | 85 | 88 | 91 |
Рома | 3 | 3 | 4 | 7 | 10 | 13 | 16 | 16 | 19 | 22 | 25 | 28 | 31 | 32 | 35 | 36 | 39 | 39 | 40 | 40 | 41 | 41 | 44 | 47 | 50 | 50 | 53 | 56 | 59 | 60 | 60 | 61 | 64 | 67 | 70 | 73 | 74 | 77 |
Сампдорија | 3 | 6 | 7 | 8 | 9 | 12 | 12 | 15 | 18 | 18 | 21 | 24 | 27 | 27 | 27 | 28 | 28 | 28 | 31 | 31 | 34 | 37 | 38 | 41 | 41 | 44 | 47 | 47 | 47 | 47 | 48 | 48 | 51 | 51 | 54 | 54 | 54 | 54 |
Сасуоло | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 | 4 | 4 | 5 | 8 | 8 | 8 | 8 | 11 | 11 | 11 | 14 | 17 | 20 | 21 | 21 | 22 | 22 | 22 | 23 | 23 | 23 | 24 | 25 | 28 | 29 | 30 | 31 | 34 | 37 | 37 | 40 | 43 | 43 |
СПАЛ | 1 | 4 | 4 | 4 | 4 | 4 | 5 | 5 | 5 | 5 | 8 | 9 | 10 | 10 | 10 | 11 | 14 | 15 | 15 | 15 | 16 | 17 | 17 | 17 | 17 | 20 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 29 | 32 | 35 | 35 | 38 |
Торино | 1 | 4 | 7 | 8 | 11 | 11 | 12 | 13 | 13 | 13 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 23 | 23 | 24 | 25 | 28 | 29 | 32 | 33 | 36 | 36 | 36 | 39 | 39 | 39 | 42 | 45 | 46 | 47 | 47 | 47 | 48 | 51 | 54 |
Удинезе | 0 | 0 | 3 | 3 | 3 | 3 | 6 | 6 | 6 | 9 | 12 | 12 | 12 | 12 | 15 | 18 | 21 | 24 | 27 | 28 | 29 | 32 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 33 | 34 | 34 | 37 | 40 |
Верона | 0 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 3 | 6 | 6 | 6 | 6 | 6 | 6 | 9 | 9 | 10 | 13 | 13 | 13 | 13 | 13 | 16 | 16 | 16 | 16 | 19 | 19 | 22 | 22 | 22 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 | 25 |
Освоени бодови во сооднос
уредиСооднос андата-риторноуреди
|
Сооднос дома-гостиуреди
|
Поединечна
уредиСписок на стрелци
уреди
|
Хет-трикови
уреди
4 Играчот постигнал 4 гола |
Играчи со најмногу асистенции
уредиПоз. | Играч | Клуб | Асистенции |
---|---|---|---|
1 | Луис Алберто | Лацио | 14 |
2 | Даглас Коста | Јувентус | 12 |
3 | Лоренцо Инсиње | Наполи | 11 |
4 | Хосе Калјехон | Наполи | 10 |
Алехандро Гомес | Аталанта | ||
Адем Љајиќ | Торино | ||
Симоне Верди | Болоња | ||
8 | Марцело Брозовиќ | Интер | 9 |
Чиро Имобиле | Лацио | ||
Раџа Наинголан | Рома | ||
Иван Перишиќ | Интер |
Најмногу суви мрежи
уредиПоз. | Играч | Клуб | Суви мрежи |
---|---|---|---|
1 | Пепе Реина | Наполи | 18 |
2 | Алисон | Рома | 17 |
Самир Хандановиќ | Интер | ||
4 | Марко Спортиело | Фјорентина | 14 |
5 | Џанлујџи Донарума | Милан | 12 |
Матија Перин | Џенова | ||
Џанлујџи Буфон | Јувентус | ||
7 | Томас Стракоша | Лацио | 11 |
Војќех Шченсни | Јувентус | ||
10 | Салваторе Сиригу | Торино | 10 |
Андреја Консиљи | Сасуоло |
Факти и бројки
уреди- Прв гол: Марио Манџукиќ, Јувентус-Каљари 3-0 (12-та минута)
- Последен гол: Матијас Весино, Лацио-Интер 2-3 (81-ва минута)
- Екипа со најмногу победи: Јувентус (30)
- Екипа со најмалку порази: Јувентус и Наполи (3)
- Екипа со најдобар напад: Лацио (89 постигнати голови)
- Екипа со најдобра одбрана: Јувентус (24 примени голови)
- Екипа со најлош напад: Сасуоло (29 постигнати голови)
- Екипа со најлоша одбрана: Беневенто (84 примени голови)
- Екипа со најдобра гол-разлика: Јувентус (+62)
- Екипа со најмногу нерешени: Торино (15)
- Екипа со најмалку нерешени: Беневенто (3)
- Екипа со најмногу порази: Беневенто (29)
- Екипа со најмалку победи: Беневенто (6)
- Екипа со најголема серија на победи: Јувентус (12, 17-28 коло)
- Екипа со најголема серија на порази: Беневенто (14, 1-14 коло)
- Натпревар со најмногу голови: Удинезе-Јувентус 2-6, Лацио-Беневенто 6-2 (8)
- Натпревар со најголема разлика во голови: Јувентус-Сасуоло 7-0 (7)
- Натпревар со најмногу жолти картони: Милан-Болоња (11)
- Натпревар со најмногу црвени картони: Рома-Аталанта и Фјорентина-Интер (3)
- Коло со најмногу голови: 35-то (41)
- Коло со најмалку голови: 32-ро (13)
- Коло со најголем број на црвени картони: 22-ро (6)
Поврзанотака
уредиНаводи
уреди- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. ESPN FC. Посетено на 22 April 2018.
- ↑ 2,0 2,1 „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2018-02-26.
- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2017-09-11.
- ↑ 4,0 4,1 „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2018-03-18.
- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2018-03-31.
- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2018-03-14.
- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2018-04-07.
- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2017-12-23.
- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2017-12-18.
- ↑ 10,0 10,1 „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.us. Посетено на 2017-12-28.
- ↑ 11,0 11,1 „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. www.espnfc.com. Посетено на 2018-05-18.
- ↑ „Ecco la nuova Serie A con Benevento, Spal e Verona“. 8 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-28. Посетено на 2018-05-25.
- ↑ „SERIE B: LA SPAL PERDE MA TORNA IN SERIE A DOPO 49 ANNI!“.
- ↑ „Serie A: Benvenuto, Benevento! - Football Italia“. www.football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2020-07-02. Посетено на 2018-05-25.
- ↑ „Serie A, dalla prossima stagione Var e abolizione arbitri di porta“. 10 јуни 2017.
- ↑ „Ranking UEFA: 4 italiane in Champions dalla stagione 2018-19“. 22 март 2017.
- ↑ „Dal 2018/2019 nuovo format per Champions e Europa League. Per l'Italia previste 7 squadre partecipanti“. 15 февруари 2017. Архивирано од изворникот на 2018-03-07. Посетено на 2018-05-25.
- ↑ Luca Bianchin (14 јули 2017). „Mercato, Bonucci al Milan: capitano e maglia numero 19“.
- ↑ „Juve, è fatta per De Sciglio e Szczesny“. 17 јули 2017.
- ↑ „Juve, Bernardeschi: "La 10? Me la devo meritare"“. 28 јули 2017.
- ↑ Fabiana Della Valle (1 август 2017). „Juve, Douglas Costa: "Qui per vincere la Champions. Aggiungerò creatività"“.
- ↑ Stefano Scacchi (13 јули 2017). „Milan, mercato da nababbi: tra Bonucci e Biglia oltre i 200 milioni“.
- ↑ Filippo Bonsignore (14 јули 2017). „Milan da record: con Bonucci sono 10 acquisti: investimenti per oltre 200 milioni“.
- ↑ Marco Azzi (18 јули 2017). „Napoli, ritiro di tre settimane alla vecchia maniera e confermati in blocco quasi tutti i titolari“.
- ↑ Tiziana Cairati (9 јуни 2017). „Inter, ufficiale: Spalletti è il nuovo allenatore“.
- ↑ Matteo Pinci (13 јуни 2017). „Roma, ufficiale: panchina a Di Francesco, contratto fino al 2019“.
- ↑ Mirko Graziano (17 август 2017). „Inter, la grande corsa a centrocampo: quattro uomini per tre maglie“.
- ↑ „Cessioni Roma, giallorossi primi in Europa per incassi: 105 milioni di euro“. 10 јули 2017.
- ↑ „Napoli, dopo Verdi sfuma anche Politano. Il Sassuolo: Nessuna intenzione di cederlo“. 18 јануари 2018.
- ↑ „Inter, Lisandro Lopez ufficiale: arriva in prestito con diritto di riscatto“. 15 јануари 2018.
- ↑ „Inter, Rafinha ufficiale: "Voglio aiutare la squadra ad andare in Champions"“. 22 јануари 2018.[мртва врска]
- ↑ Chiara Zucchelli (29 јануари 2018). „Roma, Emerson al Chelsea. Dzeko resta in giallorosso“.
- ↑ „Хамшик го надмина Марадона и донесе победа на Наполи, Интер во резултатска криза (Видео)“. derbi.mk. 23 декември 2017.[мртва врска]
- ↑ Andrea Sorrentino (21 август 2017). „La nuova frizzante Inter dello stratega Spalletti il primo esame è superato“. la Repubblica. стр. 36.
- ↑ Fabrizio Bocca (27 август 2017). „La vendetta di Spalletti Icardi trascina l'Inter dopo tre pali della Roma“. la Repubblica. стр. 32.
- ↑ Emanuele Gamba (27 август 2017). „Lo show di Dybala vale il biglietto“. la Repubblica. стр. 32.
- ↑ Pierluigi Melillo (21 август 2017). „Ciciretti, gran gol ma Quagliarella con una doppietta gela il Benevento“. la Repubblica. стр. 7.
- ↑ Maurizio Crosetti (9 септември 2017). „Tutto il peso del Mondiale nel campionato dei forzati le stelle sono già in riserva“. la Repubblica. стр. 56.
- ↑ Enrico Currò (11 септември 2017). „Lento cantiere Milan la Lazio capovolge il potere dei soldi“. la Repubblica. стр. 34.
- ↑ Marco Azzi (23 септември 2017). „Spal-Napoli 2-3. Ghoulam regala agli azzurri un successo da record“.
- ↑ Marco Azzi (1 октомври 2017). „Napoli-Cagliari 3-0, azzurri da record: settima vittoria di fila e vetta solitaria“.
- ↑ Antonio Farinola (1 октомври 2017). „Atalanta-Juventus 2-2: tra Var e rigore fallito, i bianconeri frenano a Bergamo“.
- ↑ Fabiana Della Valle (1 декември 2017). „Napoli-Juventus 0-1: decide Higuain su assist di Dybala. Allegri a -1 da Sarri“.
- ↑ Matteo Brega (16 декември 2017). „Inter-Udinese 1-3, Lasagna, De Paul e Barak fermano Spalletti“.
- ↑ Luca Bianchin (3 декември 2017). „Benevento-Milan 2-2: il portiere Brignoli segna al 95', primo punto in A“.
- ↑ Jacopo Manfredi (26 февруари 2018). „Cagliari-Napoli 0-5, gli azzurri volano a +4 sulla Juve“.
- ↑ Giacomo Luchini (18 февруари 2018). „Milan-Sampdoria 1-0: decide Bonaventura, prosegue la risalita dei rossoneri“.
- ↑ Marco Letizia. „Morto Astori, capitano della Fiorentina. Della Valle: «Sono sconvolto»“. Посетено на 4 март 2018.[мртва врска]
- ↑ „Rinvio Serie A, ipotesi derby il 9 maggio. Le altre il 14 март?“. Посетено на 4 март 2018.[мртва врска]
- ↑ Valerio Clari (11 март 2018). „Inter-Napoli 0-0: Sarri perde la vetta, adesso comanda la Juve“.
- ↑ Valerio Clari (12 март 2018). „Sarri-Inter: zero gol in 180'. Juve, adesso la fuga scudetto?“.
- ↑ Fabiana Della Valle (14 март 2018). „Juventus-Atalanta 2-0: gol di Higuain e Matuidi, espulso Mancini nel finale“.
- ↑ Jacopo Gerna (22 април 2018). „Juventus-Napoli 0-1, Koulibaly gol al 90': Sarri a -1, per lo scudetto è tutto aperto“.
- ↑ „Il Benevento è ufficialmente retrocesso in Serie B“. 22 април 2018.
- ↑ Valerio Clari (28 април 2018). „Inter-Juventus 2-3: Higuain la ribalta nel finale“.
- ↑ Marco Azzi (30 април 2018). „Azzurri travolti scudetto addio Koulibaly espulso Simeone scatenato“. la Repubblica. стр. 9.
- ↑ Alessandra Gozzini (5 мај 2018). „Milan-Verona 4-1: Calhanoglu, Cutrone, Abate, Lee e Borini in gol. L'Hellas retrocede in B“.
- ↑ Јакопо Аѕолини (9 мај 2018). „Inarrestabile Douglas Costa“.
- ↑ „La Roma è in Champions: "Grazie Sassuolo"“. 12 мај 2018.
- ↑ 60,0 60,1 „Europa League: Milan in coppa, l'Atalanta quasi. Gli scenari“. 13 мај 2018.
- ↑ Davide Stoppini (13 мај 2018). „Roma-Juventus 0-0: bianconeri nella leggenda, settimo scudetto consecutivo“.
- ↑ Francesco Carci (13 мај 2018). „Crotone-Lazio 2-2: Milinkovic gela lo Scida, tutto rinviato all'ultima giornata“.
- ↑ Marco Azzi (20 мај 2018). „Napoli-Crotone 2-1: Milik e Callejon mandano in B Zenga“.
- ↑ Matteo Pierelli (20 мај 2018). „Il Chievo resta in Serie A. Inglese saluta Verona con un gol“.
- ↑ „Cagliari batte Atalanta 1-0 Ceppitelli in gol: è salvezza“. 20 мај 2018.
- ↑ Vladimiro Cotugno (20 мај 2018). „Lazio-Inter 2-3: Vecino regala la Champions a Spalletti“.
- ↑ 67,0 67,1 „Marcatori Serie A: Immobile e Icardi capocannonieri a 29 reti“. 20 мај 2018.
- ↑ „LUCIANO SPALLETTI È IL NUOVO ALLENATORE DELL'INTER“. 9 June 2017. Архивирано од изворникот на 2019-06-29. Посетено на 9 June 2017.
- ↑ „Luciano Spalletti leaves post as Roma manager after record-breaking season“. The Guardian. 30 May 2017. Посетено на 30 May 2017.
- ↑ „Sassuolo and Roma close to final agreement for coach“. 12 June 2017. Посетено на 12 June 2017.
- ↑ „Stefano Pioli named as new Fiorentina coach“. ACF Fiorentina. 6 June 2017. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 6 June 2017.
- ↑ „Official: Bucchi new Sassuolo Coach - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Rastelli fired by Cagliari - Football Italia“. www.football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2020-11-21. Посетено на 2018-05-22.
- ↑ „Official: Lopez returns to Cagliari - Football Italia“. www.football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2020-04-25. Посетено на 2018-05-22.
- ↑ „Official: Benevento appoint De Zerbi - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Genoa sack Juric - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Genoa appoint Ballardini - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Udinese sack Del Neri - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Oddo takes over at Udinese“. Football Italia. 21 November 2017. Посетено на 21 November 2017.
- ↑ „Official: Sassuolo dismiss Bucchi“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Sassuolo appoint Iachini“. www.football-italia.net.
- ↑ „AC Milan sack manager Vincenzo Montella and replace him with Gennaro Gattuso“. www.mirror.co.uk.
- ↑ A.C. Milan (27 ноември 2017). "OFFICIAL STATEMENT: VINCENZO MONTELLA". Соопштение за печат.
- ↑ „Official: Nicola resigns at Crotone - Football Italia“. www.football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2020-11-21. Посетено на 2018-05-22.
- ↑ „Official: Crotone appoint Zenga“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Torino sack Mihajlovic - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Torino appoint Mazzarri“. Football Italia. 4 January 2018.
- ↑ „Official: Udinese sack Oddo - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Udinese appoint Tudor - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Official: Chievo sack Maran - Football Italia“. www.football-italia.net.
- ↑ „Табела на Серија А ТИМ“. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 2018-05-22.
- ↑ Ќе учествуваат во УЕФА Лига Европа 2018-2019 благодарение на победата во Куп на Италија 2017-2018 на екипа која веќе се квалификувала за УЕФА Лигата на шампионите (Јувентус) преку првенството.
- ↑ „Lega serie A, il sorteggio dei calendari. Dalle 18,45 diretta video su gazzetta.it“. 25 јули 2017.
- ↑ „Nasce la nuova serie A: Juve-Cagliari alla prima, alla seconda c'è Roma-Inter“. 26 јули 2017.
- ↑ 95,0 95,1 Натпреварот првично бил закажан за 9 септември, но бил одложен поради лошите временски услови.