Натал (на португалски Natal со значење „Божик“) — град во североисточниот дел на Бразил на брегот на Атлантскиот Окена. Главен град и најголем град на државата Северно Рио Гранде, сместена во североисточниот дел на Бразил. Според извештајот на ИВГЕ за јули 2014 година, градот имал вкупно 862.044 жители, додека големиот Натал имал 1.455.505 жители.

Натал
Општина
Општина Натал
Од горе надолу: Мостот Њутн Наваро и реката Потенжи, делумен поглед на населението Сантош Реиш; Morro do Careca; градската катедрала; Тврдина Дос Реиш Магос; Portico of the Reis Magos; Chile street and night view of Ponta Negra Beach and the namesake neighborhood.
Од горе надолу: Мостот Њутн Наваро и реката Потенжи, делумен поглед на населението Сантош Реиш; Morro do Careca; градската катедрала; Тврдина Дос Реиш Магос; Portico of the Reis Magos; Chile street and night view of Ponta Negra Beach and the namesake neighborhood.
Знаме на НаталАмблем на Натал
Амблем
Прекар(и): "A Noiva do Sol" ("Сончева Невеста"), "Cidade do Sol" ("Град на Сонце") and "Cidade das Dunas" ("Град на дините")
Местоположба на Натал
Country Бразил
RegionNortheast
State Rio Grande do Norte
FoundedDecember 25, 1599
Управа
 • MayorCarlos Eduardo Alves
Површина
 • Општина167,264 км2 (64,581 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2010 census)
 • Општина803.739 (15th)
 • Густина4,808,20/км2 (12,4.532/ми2)
 • Метро1,485,505
Час. појасUTC-3
Postal Code59000-000
Повик. бр.(+55) 84
Мреж. местоnatal.rn.gov.br

Изградбата на Виа Костера (крајбрежен автопат), 10 километри долга авенија долж брегот и дините, беше вистинската почетна точка за почетокот на туристичката активност во државата во 1980-тите. Главните хотели се концентрирани по Виа Костера. Натал има неколку туристички атракции и е познат по својата природна убавина (како што се кристалните води на Маракаџу и најголемото кашуово дрво во светот), неговите историски споменици и градби (на пример, Тврдина Дос Реиш Магос, Театарот Алберто Марањо и мостот Њутн Наваро), своите плажи (како што се Понта Негра, Пипа и Генипабу), како и за неговиот карневал вон сезона, Карнатал. Градот, исто така, може да се пофали со втор по големина урбан парк во Бразил, Државниот парк Натал Дунас.

Тоа е најблискиот сојузен главен град на Бразил до Африка и Европа. Меѓународниот аеродром во Големиот Натал го поврзува Натал со многу бразилски градови и, исто така, на него слетуваат некои меѓународни летови. Градот беше еден од градовите домаќини на Светското првенство на ФИФА 2014 година.