Суперкуп на Италија 2013

Суперкупот на Италија за 2013 година беше 26-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Иаталија.

Суперкуп на Италија 2013
Суперкуп на Италија
Датум18 август 2013
СтадионСтадион Олимпико, Рим
СудијаЏанлука Роки
2012
2014

Јувентус се квалификувале за овој натпревар како шампиони на Италија (во сезоната 2012-13) по 29. пат, додека Лацио во овој натпревар влезе како освојувач на Купот на Италија за 2013 година.

Преглед на натпреварот

уреди

Натпреварот се одигра на Стадионот Олимпико, па практично фудбалерите на Лацио натпреварот го играа на својот стадион пред домашната публика. Натпреварот бил многу динамичен уште од самиот почеток, а првиот удар во рамките на голот е виден во 3. минута кога ударот на Ледезма со левата нога го погодил Видал и отишол право во рацете на Буфон. Во истата минута слободен удар на средината од теренот за Јувентус, Тевез го изведува и брзо ја додава топката до Вучиниќ, а Црногорецот шутира со левата нога но над голот на Маркети. Во почетокот на натпреварот Јувентус повеќе ја имал топката, но Лацио бил поконкретен и поопасен.

Во 19. минута фудбалерот од средината на теренот на Јувентус Клаудио Маркизио се повредил по еден двобој на средината со противничкиот дефанзивец Стефан Раду, па многу скоро го напуштил теренот, а место него во игра влегол Пол Погба. И по само две минути откако се појавил во игра Французинот го постигнува водечкиот погодок за италијанскиот шампион. Слободен удар од 25 метри по кој Пирло убаво го проиграл Лихтштајнер во шеснаесетникот, а по неговиот пас одбиената топка од Раду доаѓа точно до Погба кој со низок удар со левата нога го совладува Маркети.

Лацио заиграл нешто подобро по водството на Јувентус а првиот посериозен обид виден е во 34. минута. Раду се обидел со одличен шут од далечина, но Буфон го одбранил неговиот удар и ја избил топката во корнер. Популарните Бјанкочелести ја имале топката повеќе во свој посед во однос на периодот пред водечкиот гол за Јувентус, се обидувале да дојдат до вистинска шанса, но Јувентус тоа не им го дозволувал. И така сè до крајот на првото полувреме кое е завршено со минимално водство на Јувентус, 1-0.

И потоа одлчичен старт на второто полувреме за Јувентус. После еден корнер за Лацио следувал прекрасен контра-напад за Јувентус, по кој на крајот Лихтштајнер му асистира на Кјелини, а овој од неколку метри само ја спровел топката во мрежата за 2-0. Само минута подоцна доаѓа и третиот гол. Вучиниќ му додава на Лихтштајнер кој минува покрај комплетната одбрана на Лацио и мирно го совладува Маркети.

Меѓутоа тука не е крајот. По 52. и 54. минута Јувентус постигнува уште еден погодок, овој пат во 56. минута. Фантастична акција, по која Погба шутира со глава кон празниот гол но Маркети со прекрасна реакција успева да ја извади топката од пред самата гол-линија и доаѓа повторно до Погба кој несебично му асистира на Карлос Тевез, а Аргентинецот го постигнува четвртиот гол за Јувентус во натпреварот. Наскоро уште една шанса за Јувентус, Видал стигнал прв до топката пред излезениот Маркети но голманот на Лацио накрајот добро реагирал и го одбранил ударот.

Наскоро потоа паднало темпото на игра, но Лацио настојувал да постигне барем еден гол. Убава шанса имал Клозе но и неговиот удар го запрел Буфон. Потоа уште една шанса за Лацио, резервистот Едерсон биел од околу 11 метри но повторно брани Буфон. Јувентус до крајот на натпреварот успешно ги запирал нападите на Лацио кој биле јалови додека пак на другата страна и не напаѓал премногу.

На крајот Јувентус со 4-0 го победил Лацио, и така го освоил својот 6. наслов во Суперкупот на Италија.

Детаљи од натпреварот

уреди
18 август 2013
21:00 Средноевропско време
Јувентус 4 – 0 Лацио Стадион Олимпико, Рим
Гледачи: 57 000
Судија: Џанлука Роки
Погба   23'
Кјелини   52'
Лихтштајнер   54'
Тевес   56'
 
 
 
 
 
 
 
Јувентус
 
 
 
 
 
 
 
 
Лацио
ЈУВЕНТУС:
GK 1   Џанлуиџи Буфон (к)
RB 15   Андреја Барцаљи   43'   75'
CB 19   Леонардо Бонучи
LB 2   Џорџо Кјелини
MF 26   Стефан Лихтштајнер   82'
MF 23   Артуро Видал
MF 21   Андреја Пирло
MF 8   Клаудио Маркизио   20'
MF 22   Квадво Асамоа
CF 10   Карлос Тевес
CF 9   Мирко Вучиниќ
Резерви:
GK 30   Марко Сторари
DF 4   Мартин Касерес   75'
DF 5   Анџело Огбона   82'
MF 6   Пол Погба   20'
DF 11   Паоло де Чеље
FW 12   Себастијан Џовинко
FW 14   Фернандо Љоренте
MF 17   Лука Мароне
MF 20   Симоне Падоин
FW 27   Фабио Кваљарела
FW 32   Алесандро Матри
MF 33   Маурисио Исла
Тренер:
  Антонио Конте
 
ЛАЦИО:
GK 22   Федерико Маркети
RB 39   Луис Педро Каванда
CB 3   Андре Диас   59'
CB 20   Џузепе Бјава
LB 26   Стефан Раду   58'
DM 24   Кристијан Ледезма (к)   56'
RM 87   Антонио Кандрева
CM 8   Хернанес   31'   70'
CM 5   Лукас Биља
LM 19   Сенад Лулиќ
CF 11   Мирослав Клозе
Резерви:
GK 1   Албано Бизари
DF 2   Микаел Сијани
MF 4   Лука Креко
MF 10   Едерсон   56'
MF 15   Алваро Гонсалес
FW 18   Либор Козак
MF 23   Огени Онази   70'
FW 25   Антонио Роци
MF 27   Љорик Цана
DF 85   Диего Новарети
GK 95   Томас Стракоша
FW 99   Серџо Флокари   58'
Тренер:
  Владимир Петковиќ

Судии на мечот

Правила на мечот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Три максимум замени.

Екипа победник

уреди
  Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2015
6. титула
 

Надворешни врски

уреди