Базел
Базел (на германски: Basel) — град во Швајцарија кој според бројот на населението од 166.000 жители е рангиран на третото место во земјата.[1] Сместен е на точката каде швајцарската, француската и германската граница се среќаваат, па како резултат на тоа Базел има и населби во Франција и Германија. Со 830, 000 население во три држави урбана област, од 2004 година, Базел е втората по големина урбана област во Швајцарија.[2]
Градот е сместен во северозападна Швајцарија на реката Рајна и функционира како развиен индустриски центар за хемиска и фармацевтска индустрија. Градот го има најстариот универзитет на швајцарската конфедерација кој датира од 1460 година. Во градот главно населението зборува на германски јазик. Локалната варијанта на швајцарскиот германски се вика базелско-германски дијалект.
Базел е еден од најзначајните културни центри на Швајцарија. Градот располага со голем број на театри, музеи, вклучувајќи го Музејот на фините уметности каде што ја има најстарата уметничка колекција достапна за народот. Исто така театарот во Базел, во 1999 година бил избран за најдобар театар по претставите изведувани на германски јазик, а во 2009 и 2010 година за „Опера на годината“ од страна на германскиот оперски магазин „Опернвелт“.[3]
Базел како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Базелските ѕвона“ (француски: Les cloches de Bâle) - роман на францускиот писател Луј Арагон.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Basel Population, July 2010“. Архивирано од изворникот на 2012-11-20. Посетено на 2011-06-08.
- ↑ „Eurodistrict Basel: Agglomeration“. Eurodistrictbasel.eu. Посетено на 2010-03-08.
- ↑ Basel: culture pure basel-virtuell.ch. Посетено на 2010-03-24
- ↑ Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 98.
Надворешни врски
уреди„Базел“ на Ризницата ? |
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Basel“. |