ФК Јувентус сезона 2014-2015

Сезоната 2014-15 за фудбалскиот клуб Јувентус била 117 од неговото основање и осма последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.

Јувентус
сезона 2014–2015
СопственикИталија Андреа Ањели
ТренерИталија Масимилијано Алегри
Серија АСкудето 1-ви
(31. титула)
Суперкуп на Италијавицешампиони
Куп на ИталијаКуп на Италија шампиони
(10. титула)
Лига на шампионивицешампиони
Најдобар стрелецЛига:
Аргентина Карлос Тевес (20)
Вкупно:
Аргентина Карлос Тевес (29)
Домаќин
Гост
Трети

Преглед на сезоната

уреди
 
Масимилијано Алегри бил назначен за тренер на Јувентус во јули 2014 и веќе во својата прва сезона во клубот успеал да ги освои Скудетото и Купот на Италија. Со тоа станал седмиот тренер кој ја освоил Серија А со два различна клуба.

Почетокот на сезоната бил прилично турбулентен за бјанконерите. Кулминацијата на неколкуте тешки недели во летниот камп за тренинг, била достигната кога тренерот Антонио Конте - еден од главните архитекти на успехот во последните три години, сè повеќе и повеќе влегол во судир со раководството[1] - пред конечно да го раскине договорот на 15 јули 2014,[2] а набргу потоа, станал селектор на италијанската репрезентација. Како негова замена на клупата на Јувентус дошол Масимилијано Алегри,[3] име кое во Торино било потценето од страна на експертите,[4] од противниците,[5][6] а највеќе од навивачите,[7][8] но ништо од тоа не го спречило да биде ѕвездата на успешната деби сезона со Старата дама.[9][10][11]

Што се однесува до составот, најголеми промени биле направени во нападот; клубот го напуштиле, Вучиниќ, Кваљарела и Освалдо, и биле заменети со младите таленти Коман и Мората кој биле доведени, од Париз Сен Жермен односно Реал Мадрид; шпанецот Мората, одиграл одлична сезона и успеал да заработи место во почетниот тим како партнер на Тевез во вториот дел од сезоната, за сметка на својот сонародник Љоренте кој се преселил на клупата.[12][13] Останатите промени во составот на Јувентус кој се случиле во летниот трансфер период се следниве; од Торино си заминале одбранбените играчи Пелузо, Исла и Де Чеље (последниот, заминал само за првиот дел од сезоната), додека како нови засилување дошле францускиот лев бек Евра од Манчестер Јунајтед, и играчите од средината на теренот Ромуло и Переира од Верона и Удинезе; исто така, во својот матичен клуб се вратил Мароне по една година помината во Сасуоло, додека младиот играч за врска Матиело бил унапреден во првиот тим. Во зимскиот трансферен прозорец, споменатиот Матиело бил позајмен на Кјево, а Џовинко со слободен трансфер се преселил во Торонто, а како негова замена во Јувентус се вратил искусниот напаѓач Матри, а заедно со него бил доведен и младинскиот репрезентативец на Италија, Стураро (двајцата дошле од Џенова). Во поглед на тактиката, Алегри најпрво избрал да продолжи да се фокусира на веќе докажаната 3-5-2, формација која го обележала освојувањето на последните три титули во лигата и била брендирана од страна на Конте, меѓутоа во срцето на сезоната Алегри одлучил да ја промени во 4-3-1-2 со што Јувентус добил повеќе на напаѓачка моќ,[14][15][16] и во која, улогата на играч зад напаѓачите била покриена од страна на играчите кој претходно играле во внатрешната тројка од средниот ред во 3-5-2, Видал или новото засилување Переира.[17]

Во првенството почетокот бил сличен по должината на линиите од претходната сезона, двобој за врвот со Рома. Бјанконерите и Џалоросите останале на врвот заедно со еднаков број на бодови сè до директниот двобој во Торино на 5 октомври 2014, во кој домаќините победиле со 3-2, со што се успеале да се издвојат како осамени водачи на врвот на табелата,[18] меѓутоа екипата од главниот град нема да се предаде и во продолжение од првенството ќе остане во контакт со Јуве, всушност, веќе во средината на првиот дел од сезоната било јасно дека тандемот на чело на табелата се единствените два клуба со аспирации за титулата, бидејќи јазот меѓу нив и останатите тимови бил многу голем. Со победата од 3-1 над Наполи во гости, прва за Јувентус на овој стадион после четиринаесет години,[19] 11 јануари 2015 Јувентус освоил еден симболичен наслов за зимски шампион,[20] меѓутоа многу поважно од тоа бил реваншот за загубениот Суперкуп на 22 декември 2014 во Доха, кога Наполитанците оствариле победа по изведувањето на пенали.[21] Во овој прв дел од сезоната за одбележување е уште ремито 1-1 против Сампдорија на Стадион Јувентус, на 14 декември, со што и било ставено крај на серијата од 25 победи по ред на домашен терен:[22] низа која започнала со победата над Лацио со 4-1 на 31 август 2013, со што бил скршен претходниот рекорд (21) поставен пред шеесет и шест години од страна на Гранде Торино кон крајот на четириесеттите години. Четири дена подоцна, со победата од 3-1 на гостувањето кај Каљари, тимот ја завршил календарската година со 95 бода од 37 натпревари, надминувајќи го стариот рекорд за освоени бодови во календарска година (92 од 37) на Интер во 2007.[23]

Порано, на европската сцена, Јувентус ја започнал својата кампања во Лигата на Шампионите директно во фазата по групи, каде биле дел од една урамнотежена група која вклучувала само национални шампиони: шпанскиот првак Атлетико Мадрид, исто така финалисти во последното издание на ова натпреварување, грчикот Олимпијакос и шведскиот Малме. Со три победи, едно реми и два порази, Бјанконерите изборија пласман до нокаут фазата како второпласирани во групата, зад јорганџиите.[24]

 
Патрис Евра во двобој со Лионел Меси од Барселона на Олимпискиот стадион во Берлин, во финалето на Лигата на шампионите.

Со почетокот на новата година, се случува токму спротивното од првиот дел од сезоната во Серија А, наместо изедначена битка за титулата, Јуве сè повеќе ја зголемувал предноста во однос на најблиските гонители, претходно споменатите Рома, Наполи и одличниот во вториот дел од сезоната Лацио кој со серија добри резултати во еден период избил на второто место на табелата. Од недела во недела бодовната разлика меѓу Старата дама и конкурентите од престолнината растела - за во април да достигне до +15 годови[25] -, со што набргу станало јасно кој ќе го освои насловот, четврто скудето по ред - победничка низа која во Јувентус, не е видена уште од времето на златните педесетти години-, математички скудетото било осигурано на 2 мај, со победата од 1-0 над Сампдорија во Џенова благодарение на голот на Видал;[26] екипата од Пиемонт, никогаш претходно не го освоила првенството, од кога за победа се добиваат 3 бода, на четири натпревари до крајот на кампањата.[27] Исто така, Јувентус станал првиот клуб во историјата на италијанскиот фудбал, кој успеал да освои четири скудета по ред во два различни периоди.[28]

Откако насловот во лигата бил веќе осигуран, во месец мај, Јувентус бил единствениот тим на континентот, заедно со Барселона, кој сè уште се натпреварувал на три фронта, благодарение на позитивните резултати остварени во куповите. Со почетокот на нокаут фазата на Лигата на шампионите, зебрите, всушност, биле подобри од германскиот претставник Борусија Дортмунд во осминафиналето, со две победи (2-1 во Торино и 3-0 во Германија)[29] во четврт-финалето биле подобри Монако (1-0 дома и 0-0 во кнежевството),[30] а потоа во полуфиналето наишле на Реал Мадрид, но ниту бранителите на трофејот не успеале да ги сопрат момците на Алегри кој се пласирале во финалето со вкупен резултат 3-2 (2-1 на Стадион Јувентус и 1-1 на Бернабеу)[31] - прво финале после дванаесет години -; на 6 јуни, на Олимпискиот стадион во Берлин, тимот не успеал да дојде до трофејот, бидејќи биле поразени со 1-3 од Барселона.

Торинезите "гурале" добро, дури и во Купот на Италија, каде што, по точно дваесет години, повторно го освојуваат трофејот. Тие го започнале натпреварувањето во осминафиналето, како еден од најдобро рангиранте клубови од минатата сезона, а на почетокот ја елиминарале Верона, супериорно со голеада во нивната мрежа,[32] и, со повеќе тешкотии, Парма која се борела одлично и покрај големите проблеми на корпоративно и финансиско ниво.[33] Во полуфиналниот двомеч против Фјорентина, Јувентус направил фантастично враќање со победа од 3-0 во вториот натпревар во Фиренца, надоместувајќи го дефицитот од 1-2 од првиот натпревар во Торино;[34] за првпат во историјата Јувентус успеал да се помине понатаму во една рунда од Купот на Италија после пораз во првиот натпревар, пласирајќи се во свето петнаесетто финале на турнирот.[35] Во завршниот натпревар одигран на 20 мај, на Стадионот Олимпико во Рим, единаесеттмината на Алегри го победиле Лацио со 2-1 по продолженија, со одлучувачкиот гол на Матри: за екипата од Пиемонт тоа било десеттиот успех во ова натпреварување - станувајќи првиот клуб кој симболично ја освоил сребрена ѕвезда- и на третата двојна круна во нивната национална историја[36] после сезоните 1959-60 и 1994-95.

Дресови

уреди

Спортска опрема: Најк
Главен спонзор: Jeep

 
 
 
 
 
 
 
 
 
Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
Гостински
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Резервен
 
 
 
 
 
 
 
Прв голмански
 
 
 
 
 
 
 
Втор голмански
 
 
 
 
 
 
 
Трет голмански
 
 
 
 
 
 
 
Четврти голмански
 
 
 
 
 
 
 
Петти голмански

Состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Џанлуиџи Буфон  
2   СР Ромуло
3   ОД Џорџо Кјелини
4   ОД Мартин Касерес
5   ОД Анџело Огбона
6   СР Пол Погба
7   СР Симоне Пепе
8   СР Клаудио Маркизио
9   НП Алваро Мората
10   НП Карлос Тевес
11   НП Кингсли Коман
12   НП Себастијан Џовинко
14   НП Фернандо Љоренте
15   ОД Андреја Барцаљи
16   ОД Марко Мота
17   ОД Паоло де Чеље
19   ОД Леонардо Бонучи
Бр. Позиција Играч
20   СР Симоне Падоин
21   СР Андреја Пирло
22   СР Квадво Асамоа
23   СР Артуро Видал
24   СР Матија Витале
26   ОД Стефан Лихтштајнер
27   СР Стефано Стураро
30   ГМ Марко Сторари
32   НП Алесандро Матри
33   ОД Патрис Евра
34   ГМ Рубињо
37   СР Роберто Переира
38   СР Федерико Матиело
39   СР Лука Мароне
41   ОД Филипо Ромања
77   ГМ Емил Аудеро

играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната

Трансфери

уреди

Прикажани се само побитните операции

Дошле

уреди
 
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората бил купен од Реал Мадрид за сума од 20 милиони €, што претставува најскап трансфер на клубот за сезоната.
 
Фабио Кваљарела по четири сезони поминати во Јувентус, се преселил во градскиот соперник Торино за 3,5 милиони евра.
Дата Поз. Играч Од Начин и сума
2 февруари 2015 c НП   Алесандро Матри   Милан позајмен до јуни 2015 [1]
2 февруари 2015 c СР   Стефано Стураро   Џенова вратен од заем;
конечно (5,5 мил. €, купен во летото) [2]
30 јануари 2015 c ОД   Паоло де Чеље   Парма вратен од заем [3]
3 јули 2014 c СР   Лука Мароне   Сасуоло конечно (5,5 мил. €); откупен е само половина од договорот, другата половина клубот веќе ја поседувал [4] Архивирано на 18 мај 2015 г.
7 јули 2014 c СР   Кингсли Коман   Париз Сен Жермен Бесплатно [5]
19 јули 2014 c НП   Алваро Мората   Реал Мадрид конечно (20 мил. €) [6][мртва врска]
23 јули 2014 c ОД   Патрис Евра   Манчестер Јунајтед конечно (1.5 мил. €) [7]
25 јули 2014 c СР   Роберто Переира   Удинезе позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2015 [8] Архивирано на 8 август 2014 г.
2 август 2014 c СР   Ромуло   Верона позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2015 [9] Архивирано на 10 август 2014 г.

Заминале

уреди
Дата Поз. Играч Од Начин и сума
3 февруари 2015 c СР   Федерико Матиело   Кјево позајмица [10] Архивирано на 24 мај 2015 г.
2 февруари 2015 c НП   Себастијан Џовинко   Торонто Бесплатно [11]
7 август 2014 c ОД   Маурисио Исла   КПР позајмица (1.2 мил. €) [12] Архивирано на 24 мај 2015 г.
18 јули 2014 c НП   Фабио Кваљарела   Торино конечно (3.5 мил. €) [13] Архивирано на 24 мај 2015 г.
4 јули 2014 c НП   Мирко Вучиниќ   Ал Џазира конечно (6.3 мил. €) [14] Архивирано на 24 мај 2015 г.
3 јули 2014 c ОД   Федерико Пелузо   Сасуоло конечно (4.5 мил. €) [15] Архивирано на 18 мај 2015 г.
30 јуни 2014 c НП   Пабло Освалдо   Саутхемптон Вратен од заем

Натпреварувања во сезоната

уреди

Суперкуп на Италија

уреди

Серија А

уреди

Завршна табела

уреди
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
      1.   Јувентус 87 38 26 9 3 72 24 +48
  2.   Рома 70 38 19 13 6 54 31 +23
  3.   Лацио 69 38 21 6 11 71 38 +33
  4.   Фјорентина 64 38 18 10 10 61 46 +15
  5.   Наполи 63 38 18 9 11 70 54 +16
6.   Џенова 59 38 16 11 11 62 47 +15
  7.   Сампдорија 56 38 13 17 8 48 42 +6
8.   Интер 55 38 14 13 11 59 48 +11
9.   Торино 54 38 14 12 12 48 45 +3
10.   Милан 52 38 13 13 12 56 50 +6
11.   Палермо 49 38 12 13 13 53 55 −2
12.   Сасуоло 49 38 12 13 13 49 57 −8
13.   Верона 46 38 11 13 14 49 65 −16
14.   Кјево 43 38 10 13 15 28 41 −13
15.   Емполи 42 38 8 18 12 46 52 −6
16.   Удинезе 41 38 10 11 17 43 56 −13
17.   Аталанта 37 38 7 16 15 38 57 −19
  18.   Каљари 34 38 8 10 20 48 68 −20
  19.   Чезена 24 38 4 12 22 36 73 −37
  20.   Парма 19 38 6 8 24 33 75 −42
1 Парма била казнета со одземање на 7 бодови.
2 Џенова не добила лиценца од УЕФА за настап во европските натпреварувања па нејзиното место го зазела Сампдорија.

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016
      Се квалификува за плејоф рундата (од квалификациите) за УЕФА Лигата на шампионите 2015-2016
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2015-2016
      Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2015-2016
      Испаѓа во Серија Б 2015-2016

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните двобои
  • Гол-разлика во меѓусебните двобои
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Натпревари

уреди

Куп на Италија

уреди

Јувентус го започнал своето учество во Купот на Италија директно во осминафиналето, како една од осумтте најдобро рангирани екипи.

Лига на шампиони

уреди

Фаза по групи

уреди
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.     Атлетико Мадрид 6 4 1 1 14 3 +11 13
2.     Јувентус 6 3 1 2 7 4 +3 10
3.     Олимпијакос 6 3 0 3 10 13 -3 9
4.     Малме 6 1 0 5 4 15 -11 3

Нокаут фаза

уреди
Осминафинале
уреди
Четвртфинале
уреди
Полуфинале
уреди
Финале
уреди

Статистика

уреди

Список на стрелци

уреди

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
1 10 НП   Карлос Тевес 20 0 2 7 29
2 9 НП   Алваро Мората 8 2 0 5 15
3 6 СР   Пол Погба 8 1 0 1 10
4 14 НП   Фернандо Љоренте 7 1 0 1 9
5 23 СР   Артуро Видал 7 0 0 1 8
6 37 СР   Роберто Переира 4 2 0 0 6
7 21 СР   Андреја Пирло 4 0 0 1 5
8 19 ОД   Леонардо Бонучи 3 1 0 0 4
9 8 СР   Клаудио Маркизио 3 0 0 0 3
26 ОД   Стефан Лихтштајнер 3 0 0 0 3
11 12 НП   Себастијан Џовинко 0 2 0 0 2
32 НП   Алесандро Матри 0 2 0 0 2
13 4 ОД   Мартин Касерес 1 0 0 0 1
7 СР   Симоне Пепе 1 0 0 0 1
27 СР   Стефано Стураро 1 0 0 0 1
33 ОД   Патрис Евра 1 0 0 0 1
17 3 ОД   Џорџо Кјелини 0 1 0 0 1
11 НП   Кингсли Коман 0 1 0 0 1
Авто голови 1 0 0 1 2
ВКУПНО 72 13 2 17 104

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: Официјални натпревари

Асистенции

уреди

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
1 10 НП   Карлос Тевес 7 0 0 1 8
2 8 СР   Клаудио Маркизио 6 1 0 1 8
3 26 ОД   Стефан Лихтштајнер 5 2 0 0 7
4 6 СР   Пол Погба 3 0 1 3 7
5 9 НП   Алваро Мората 5 0 0 0 5
21 СР   Андреја Пирло 5 0 0 0 5
7 23 СР   Артуро Видал 4 0 0 0 4
20 СР   Симоне Падоин 4 0 0 0 4
9 37 СР   Роберто Переира 3 0 0 1 4
10 33 ОД   Патрис Евра 2 1 0 0 3
11 11 СР   Кингсли Коман 2 0 0 0 2
12 7 СР   Симоне Пепе 1 1 0 0 2
14 НП   Фернандо Љоренте 1 1 0 0 2
14 3 ОД   Џорџо Кјелини 1 0 0 0 1
14 22 СР   Квадво Асамоа 0 0 0 1 1
ВКУПНО 49 6 1 7 63

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: ESPNFC.com

Суви мрежи

уреди

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
1 1 ГМ   Џанлујџи Буфон 18 0 0 6 24
2 30 ГМ   Марко Сторари 1 2 0 0 3
ВКУПНО 19 2 0 6 27

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: Официјални натпревари

Дисциплина

уреди

Вклучени се сите официјални натпревари.

Ранг Бр. Поз Нац Име Серија А Куп на Италија Суперкуп УЕФА ЛШ Вкупно
                   
1 26 ОД   Стефан Лихтштајнер 8 1 0 0 0 0 3 0 11 1
2 8 СР   Клаудио Маркизио 9 0 2 0 0 0 1 0 12 0
3 23 СР   Артуро Видал 7 0 1 0 0 0 4 0 12 0
4 10 НП   Карлос Тевес 6 0 1 0 1 0 4 0 12 0
5 19 ОД   Леонардо Бонучи 8 0 1 0 0 0 2 0 11 0
6 3 ОД   Џорџо Кјелини 7 0 1 0 0 0 3 0 11 0
7 9 НП   Алваро Мората 6 1 0 1 0 0 2 0 8 2
8 6 СР   Пол Погба 4 0 1 0 0 0 3 0 8 0
9 33 ОД   Патрис Евра 4 0 1 0 0 0 0 0 5 0
10 37 СР   Роберто Переира 2 0 0 0 1 0 2 0 5 0
11 20 СР   Симоне Падоин 2 2 0 0 0 0 0 0 2 2
12 5 ОД   Анџело Огбона 4 0 0 0 0 0 0 0 4 0
13 15 ОД   Андреја Барцаљи 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0
22 СР   Квадво Асамоа 2 0 0 0 0 0 0 0 2 0
15 4 ОД   Мартин Касерес 1 0 1 0 0 0 0 0 2 0
27 СР   Стефано Стураро 1 0 1 0 0 0 0 0 2 0
17 7 СР   Симоне Пепе 0 1 0 0 0 0 0 0 0 1
18 32 НП   Алесандро Матри 0 0 1 0 0 0 0 0 1 0
19 12 НП   Себастијан Џовинко 0 0 0 0 0 0 1 0 1 0
ВКУПНО 73 5 11 1 2 0 25 0 111 6

Последен пат ажурирано: 6 јуни 2015
Извор: Официјални натпревари

Наводи

уреди
  1. Jacopo Gerna (15 јули 2014). gazzetta.it (уред.). „Clamoroso Juventus-Conte, addio consensuale. Agnelli: "Si riparte da zero".
  2. juventus.com, уред. (15 јули 2014). „Grazie Antonio“.
  3. juventus.com, уред. (16 јули 2014). „Allegri: «La Juve è un onore»“.
  4. Стефано Агрести (17 јули 2014). corrieredellosport.it (уред.). „Јуве, еве зошто Алегри не е најдобриот избор“. Архивирано од изворникот на 2015-04-17. Посетено на 2015-07-11. Луѓето од Јувентус е одлучен, компактен, против Алегри. Тоа е опозиција во стомакот, што е нормално и тоа треба да биде земено предвид кога навивачите донеле одлука, но, исто така, да се упатат. И ние сме повеќе од загрижени од изборот на новиот тренер на Јувентус.
  5. Ланфранко Паче (17 јули 2014). ilfoglio.it (уред.). „Aziendalista, senza gioco e poco simpatico. Adesso Allegri è tutto vostro, cari bianconeri. E io, milanista, godo“. Архивирано од изворникот на 2015-05-05. Посетено на 2015-07-11. E son contento! Siamo tutti contenti, rossoneri di cuore e di maglia. È la nemesi. Di mezzo c'è la cessione di Pirlo e "er go-non-gol de Muntari" che tolse uno scudetto a noi e lo dette a voi, juventini, una bestialità e tanto sano risentimento. Ma siamo uomini di mondo e ora soprattutto vogliamo vedere come andrà a finire. Da ieri è vostro. [...] Ci sarà da ridere
  6. Џакомо Валтолина (17 јули 2014). corriere.it (уред.). „No, cara Juve: c'è poco da stare Alégher“. ...la notizia di Allegri sulla panchina della squadra più scudettata d'Italia è un boccone troppo ghiotto per non avventarcisi sopra come un gatto siamese sul topolino di campagna. Innanzitutto va detto che i milanisti non sono felici. Di più. Se Allegri farà valere il suo curriculum, pronti via, alla decima giornata la Juventus si troverà nella parte destra della classifica [...] Insomma, contenti loro... Così noi tifosastri rossoneri non possiamo che cavalcare l'euforia
  7. Carlo Valentino (16 јули 2014). ilfattoquotidiano.it (уред.). „Juve, Conte via, arriva Allegri: da #agghiacciande a #noAllegri“.
  8. Алберто Мауро (16 јули 2014). gazzetta.it (уред.). „Allegri alla Juventus, contestazione a Vinovo: ultrà a colloquio coi dirigenti“.
  9. Андреа Тундо (2 мај 2015). ilfattoquotidiano.it (уред.). „Juventus campione d'Italia: cronaca di un successo non annunciato. Allegri da reietto a idolo dei tifosi“.
  10. Џовани Капуано (2 мај 2015). panorama.it (уред.). „La rivincita di Allegri: dagli insulti all'amore dei tifosi della Juve“.
  11. Алесандро Франкети (14 мај 2015). sportmediaset.mediaset.it (уред.). „La scalata di Allegri, l'ex indesiderato“.
  12. Jacopo Gerna (8 февруари 2015). gazzetta.it (уред.). „Juventus, Morata: assist, gol, colpi di tacco e recuperi. Che intesa con Tevez“.
  13. Enrico Turcato (13 февруари 2015). wired.it (уред.). „Morata-Tevez: la Juventus ha una coppia da Champions“.
  14. Timothy Ormezzano (8 ноември 2014). repubblica.it (уред.). „Juventus, Allegri non torna indietro: "Avanti col nuovo modulo".
  15. Alberto Mauro (8 ноември 2014). gazzetta.it (уред.). „Juventus, Allegri: "Il nuovo modulo porterà nuovi stimoli".
  16. Guido Vaciago (23 ноември 2014). tuttosport.com (уред.). „Ora è la Juve di Allegri. Tanti pregi e due dubbi“. Архивирано од изворникот на 2015-05-05. Посетено на 2015-07-11.
  17. Romeo Agresti (6 ноември 2014). goal.com (уред.). „Un trequartista per la nuova Juventus: oggi Vidal, domani Shaqiri o Berardi?“.
  18. Valerio Clari (5 октомври 2014). gazzetta.it (уред.). „Juventus-Roma 3-2 tra mille polemiche: risolve l'eurogol di Bonucci“.
  19. Roberto Perrone (11 јануари 2015). corriere.it (уред.). „Dopo 14 anni la Juve vince a Napoli“.
  20. Fabiana Della Valle (11 јануари 2015). gazzetta.it (уред.). „Napoli-Juventus 1-3, gol di Pogba, pari di Britos, rete di Caceres e Vidal“.
  21. Jacopo Manfredi (22 декември 2014). repubblica.it (уред.). „Juventus-Napoli 7-8 ai rigori, la Supercoppa è azzurra“.
  22. goal.com, уред. (14 декември 2014). „Ancora la Sampdoria di mezzo, Juventus fermata in casa dopo 25 successi di fila“.
  23. gazzetta.it, уред. (18 декември 2014). „Juventus, un 2014 da record. Allegri: "Ma a Cagliari troppi rischi...".
  24. Владимир Котуњо (9 декември 2014). tuttosport.com (уред.). „Champions, Juve-Atletico 0-0: bianconeri agli ottavi“. Архивирано од изворникот на 2015-02-24. Посетено на 2015-07-12.
  25. Гвидо Вачијаго (18 април 2015). tuttosport.com (уред.). „Juventus-Lazio 2-0, Tevez e poi l'eurogol di Bonucci portano i bianconeri a +15“. Архивирано од изворникот на 2015-04-21. Посетено на 2015-07-12.
  26. Стефано Канталупи (2 мај 2015). gazzetta.it (уред.). „Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal, è festa scudetto. La Signora cala il poker“.
  27. goal.com, уред. (4 мај 2015). „Storica Juventus: Scudetto mai così in anticipo, Allegri nel gotha allenatori“.
  28. fifa.com, уред. (6 мај 2015). „Captains, creators and domestic dominance“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 2015-07-12.
  29. Fabiana Della Valle (18 март 2015). gazzetta.it (уред.). „Dortmund-Juve 0-3: Tevez fa due gol e un assist, Allegri ai quarti di Champions“.
  30. Jacopo Manfredi (22 април 2015). repubblica.it (уред.). „Monaco-Juventus 0-0, bianconeri in semifinale dopo 12 anni“.
  31. Valerio Clari (13 мај 2015). gazzetta.it (уред.). „Juve da sogno: è finale! L'ex Morata gela il Real Madrid“.
  32. Федерико Сала (15 јануари 2015). repubblica.it (уред.). „Juventus-Verona 6-1: scaligeri travolti, bianconeri ai quarti“.
  33. Фабијана Дела Вале (28 јануари 2015). gazzetta.it (уред.). „Coppa Italia, Parma-Juve 0-1, Morata gol all'89': Allegri in semifinale“.
  34. Giacomo Luchini (7 април 2015). repubblica.it (уред.). „Coppa Italia, Fiorentina-Juventus 0-3: i bianconeri rimontano e volano in finale“.
  35. goal.com, уред. (7 април 2015). „Juventus potenziale 'Tripletista': come lei solo Barcellona, Bayern e PSG“.
  36. Јаопо Герна (20 мај 2015). „Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 20 мај 2015.