ФК Јувентус сезона 2015-2016

Сезоната 2015-16 за фудбалскиот клуб Јувентус била 118-та од неговото основање и деветта последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.

Јувентус
сезона 2015–2016
СопственикИталија Андреја Ањели
ТренерИталија Масимилијано Алегри
Серија АСкудето 1-ви
(32. титула)
Суперкуп на ИталијаСуперкуп на Италија шампиони
(7. титула)
Куп на ИталијаКуп на Италија шампиони
(11. титула)
Лига на шампиониосминафинале
Најдобар стрелецЛига:
Аргентина Пауло Дибала (19)
Вкупно:
Аргентина Пауло Дибала (23)
Домаќин
Гост
Трети

Преглед на сезоната

уреди
 
Новото засилување аргентинецот Пауло Дибала, и покрај неговата млада возраст, тој набргу станал еден од камен-темелниците на обновениот тим на Јувентус.

Летото 2015 година во историјата на Јувентус било забележано како период во кој клубот направил значително обновување на играчкиот кадар.[1][2] Сметајќи дека во клубот е завршен еден циклус кој започнал во 2011 година, кој му донел четири последователни титули првак на Јувентус, управата на клубот се одлучила за робустно подмладување на играчкиот кадар: со оглед на заминувањето на некои од протагонистите во успесите од претходните сезони, Љоренте, Пирло, Тевес и Видал, како и на оние помалку запазените но кој исто така дале голем придонес од клупата како што се Огбона, Пепе и Сторари. Како нивни замени клубот на Алегри на трансфер пазарот донел неколку играчи со големо интернационално искуство, како колумбиското крило Квадрадо, германскиот репрезентативец и светски шампион од 2014 Хедира и хрватскиот напаѓач Манџукиќ, но и помалку познати играчи како бразилскиот бек Алекс Сандро, или младиот ветувачки аргентински напаѓач Дибала[3] - најскапиот трансфер на Јувентус во оваа година[4] - и двоецот млади италијански фудбалери, дефанзивецот Ругани и напаѓачот Ѕаѕа.[3]

Новиот Јувентус официјално ќе дебитира на 8 август 2015 година во Шангај, освојувајќи ја својата седма титула во Суперкупот на Италија, победувајќи го Лацио со 2-0 благодарение на головите на новите напаѓачи Манџукиќ и Дибала.[5] Меѓутоа почетокот на новата сезона во Серија А бил далеку од позитивен, бидејќи Јувентус ги загубил својте први два натпревари во првенството од Удинезе и Рома, што им се случило за вторпат во историјата на Старата Дама[6] за првпат уште од сезоната 1912-1913.[7] Следните два месеци екипата од Торино - како резултат на неуиграноста на новата група на играчи,[3] и многуте физички проблеми со кои се соочувала екипата[8][9] – има големо непостојанство во резултати и не можела да го смени курсот: првата победа во оваа сезона ја остваруваат во четвртото коло, на гостувањето кај Џенова,[10] a овој тренд на променливи резултати кулминирал со поразот на 28 октомври во Реџо Емилија против Сасуоло,[11] кога по десет кола се нашле на единаесеттото место на табелата со -11 бода од врвот, по што веќе во оваа фаза разни експерти ги исклучиле однапред од борбата за титулата, и набрзина го отфрлиле проектот за обновување одлучен од страна на клубот.[12][13][14]

 
Помеѓу 19-тото и 30-тото коло од сезоната Џанлујџи Буфон, со 974 минути, постави нов рекорд во Серија А за број на минути без примен гол надминувајќи го рекордот од 929 минути на некогашниот голман на Милан Роси стар 22 години; капитенот на бјанконерите по 43 години вече го надминал клупскиот рекорд на Ѕоф, како и оној што било кога во историјата на првата италијанска лига бил поставен од друг голман на Јувентус Комби, со 934 минути без примен ггол во текот на сезоната Прима дивизионе 1925-1926.

Сепак, само клубот од Пиедмонт ги затворил редовите биле неколку дена во карантин како би се подигнала атмосферата во соблекувалната, но и тактички да напредуваат, по неуспешните експерименти, за потоа да се потпрат на формацијата 3-5-2 која во основата се користела во претходните четири години на успеси[9][15][16] - почнувајќи да се движат нагоре на табелата со серија на победи, за веќе до Божиќ да бидат меѓу претендентите за титулата;[3][15][17] со победата на Мараси над Сампдорија Јувентус го затворил првиот круг од првенството (во Италија познат како андата) на второто место,[18] со два бода помалку од зимскиот шампион Наполи,[19] а потоа ја продолжиле својата низа на победи до директната пресметка со наполитанците на Сари на 13 февруари во Торино, кога со голот на Ѕаѕа на две минути пред крајот домаќините победиле со 1-0 достигајќи ја својата петнаесетта последователна победа[20] - што е најдолгата победничка низа во историјата на Јувентус[21] - која ги води, за првпат во сезоната, на врвот на табелата.[22][23] Во следните неколку недели екипата од Пиедмонто ја легитимизира надмоќта благодарение на цврстата одбрана[24] потпирајќи се на фантастичниот голман Буфон и одбранбената тројка позната како BBC (Би-Би-Си, изведено од првата буква од презимињата) (Барцалји - Бонучи - Кјелини), кој е најпозната во историјата на Јувентус[25][26] - и ако оваа тројка била помалку компактна отколку во минатото поради повреди, сепак со квалитетни алтернативи како Алекс Сандро и Ругани[24] - му овозможуваат на капитенот да го воспостави новиот рекорд за најмногу минути без примен гол од еден голман во италијанската лига (974'),[27] и заедно со тим да запишат 10 последователни натпревари без примен гол, што не и успеало на ниту една друга екипа во највисоката лига на италијанскиот фудбал.[28]

Момците на Алегри го продолжиле својот пат кон титулата во април, искористувајќи ја кризата во резултатите на Наполи за да избегаат на врвот на поголем дистанца од својте главни соперници,[29][30] приближувајќи се многу блиску до наловот италијански шампион со успехот на гостувањето во Фиренца на 24 април со 2-1 - натпревар кој бил решен во последните минути, со голот на Мората и одбранетиот пенал од страна на Буфон -[31] a математички титулата била прославена следниот ден, благодарение на поразот на Наполи во Рим од Рома:[32] со скудетото клубот поставил неколку рекорди како журналистички така статистички - «"Никој во историјата досега не се искачил на врвот од бездната во која беше потонат Јуве на почетокот на сезоната; никој никогаш не поставил стратосферска серија од 24 победи во 25 натпревари, и никој, па дури и великан како Дино Ѕоф, не бил во можност така да ја запечати својата мрежа како Буфон во оваа сезона"» - по осумдесет години Јувентус ги повторил своите Quinquennio d'oro од златните 1930-ти години со што исто така, успеа да стане првата екипа во историјата на италијанскиот фудбал, која во две различни победнички серии успеала да освои по пет последователни првенства.[33]

Паралелно Јувентус се натпреварувал и во куповите. Во Лигата на шампионите,[34] финалистите од претходното издание добиле доста квалитетна избалансирана група со шампионот на Англија, Манчестер Сити, шпанската екипа Севиља освојувачи на Лигата на Европа и германската Борусија Менхенгладбах.[35] Торинезите обезбедиле математичка квалификација за нокаут-фазата на едно коло пред крајот, благодарение на победата со 1-0 на 25 ноември над Ман Сити;[36] сепак поразот во последното коло на гости против Севиља го потиснува Јувентус на второто место во нивната група[37] и пресметка, во осминафиналето, со Бајерн Минхен.[38] Во двата натпревари, бјанконерите биле речиси рамоправни со баварците кој влегле како фавортити, но сепак, неуспеале да минат понатаму иако успеале да се опорават после два гола негатива во првиот натпревар на Јувентус Стедиум,[39] во реваншот на Алијанц Арена момците на Алегри го имале пласманот понатаму во својте раце сè до првата минута од судиското продолжение кога во 91-вата минута примиле гол за 2-2 и дополнителни двапати по петтнаесет минути, каде што тимот на Гвардиола бил подобар со 4-2 и на тој начин го елиминирал минатогодишниот вицешампион од натпреварувањето.[40]

Во Купот на Италија Јувентус ја започна својата кампања за одбрана на трофејот од осминафиналната рунда, каде на својот стадион го декласира својот градски соперник Торино со 4-0,[41] за потоа да избори пласман во полуфиналето преку успехот над Лацио во четврт-финалето на гости со 1-0, со голот на Лихтштајнер признат благодарение на технологијата на гол-линијата (која покажа дека топката со целиот обем ја минала гол линијата по ударот на швајцарскиот десен бек на Јувентус).[42] Многу покомплицирано се покажало полуфиналето, каде бјанконерите одиграле двомеч Дерби на Италија со Интер: И покрај победата со 3-0 во првиот натпревар на домашен терен,[43] тие не успеале да се справат со одржувањето на предност во реваншот на Сан Сиро, дозволувајќи им на играчите на Манчини да одговорат на ист начин (победа со 3-0) по што следувало изведување на пенали во кој Јувентус бил подобар со 5-3 и се изборил за ново финале во натпреварувањето, втора година по ред[44] - нешто што не се случило уште од времето на Трио маџико , педесеттина години пред тоа.[45] Во решавачкиот натпревар одигран на 21 мај на Олимпико во Рим, Јувентус ја освоил својата единаесетта титула во италијанскиот куп, втора по ред, победувајќи го Милан со 1-0 благодарение на голот на Мората кој дошол во второто продолженије:[46] со тоа торинезите се првиот клуб во историјата на италијанскиот фудбал, кој успеал да ја освои двојната круна во двапати по ред во две години едноподруго; конечно затворањето на сезоната со освојување на сите три сезонски домашни трофеи (Лигата, Купот и Суперкупот на национално ниво) во организација на Lega Serie A, за Јувентус значи нивниот прв национален требл (тројна круна).[47]

Дресови

уреди

Спортска опрема: Адидас
Главен спонзор: Jeep

 
 
 
 
 
 
 
 
 
Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Гостински
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Резервен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Прв голмански
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Втор голмански
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Трет голмански
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Четврти голмански

Состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Џанлуиџи Буфон (капитен)
3   ОД Џорџо Кјелини
4   ОД Мартин Касерес
6   СР Сами Хедира
7   НП Симоне Ѕаѕа
8   СР Клаудио Маркизио
9   НП Алваро Мората
10   СР Пол Погба
11   СР Ернанес
12   ОД Алекс Сандро
15   ОД Андреја Барцаљи
16   СР Хуан Квадрадо
17   НП Марио Манџукиќ
18   СР Марио Лемина
19   ОД Леонардо Бонучи
Бр. Позиција Играч
20   СР Симоне Падоин
21   НП Пауло Дибала
22   СР Квадво Асамоа
24   ОД Даниеле Ругани
25   ГМ Нето
26   ОД Стефан Лихтштајнер
27   СР Стефано Стураро
33   ОД Патрис Евра
34   ГМ Рубињо
37   СР Роберто Переира
38   ГМ Емил Аудеро [48]
39   НП Андреја Фавили [48]
46   ОД Филипо Ромања [48]
47   СР Лука Клеменца [48]
49   СР Франческо Касата [48]

Трансфери

уреди

Прикажани се само побитните операции

Дошле

уреди
 
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ бил купен од Атлетико Мадрид за сума од 19 милиони евра. Тој во текот на сезоната оформил одлично партнертство во нападот со уште едно ново засилување на Јувентус, аргентинецот Пауло Дибала, и двајцата заедно постигнале преку 30 голови кој бил од фундаментално значење за клубот.
 
Чилеанецот Артуро Видал по четири шампионски сезони поминати во Јувентус, го напуштил клубот и се преселил во германскиот Бајерн Минхен за сума од 37 милиони евра. Продажбата на Видал е највисокиот излезен трансфер на Јувентус во последните шест години, откако претседателската функција ја презел Андреја Ањели.
Дата Поз. Играч Од Начин и сума
4 јуни 2015 c НП   Пауло Дибала   Палермо конечно (32 мил. €) плус бонуси (8 мил. €)[1] Архивирано на 16 март 2016 г.
9 јуни 2015 c СР   Сами Хедира   Реал Мадрид Бесплатно [2]
22 јуни 2015 c НП   Марио Манџукиќ   Атлетико Мадрид конечно (19 мил. €) плус бонуси (2 мил. €) [3][мртва врска]
1 јули 2015 c ОД   Даниеле Ругани   Емполи вратен од заем [4]
3 јули 2015 c ГМ   Нето   Фјорентина Бесплатно [5]
7 јули 2015 c НП   Симоне Ѕаѕа   Сасуоло конечно (18 мил. €) [6]
13 јули 2015 c НП   Гвидо Вадала   Бока Хуниорс позајмица до јули 2017 (3.5 мил. €) [7]
20 август 2015 c ОД   Алекс Сандро   Порто конечно (26 мил. €) [8] Архивирано на 27 јануари 2016 г.
25 август 2015 c СР   Хуан Квадрадо   Челси позајмица (1.5 мил. €) до јуни 2016 [9]
31 август 2015 c СР   Марио Лемина   Олимпик Марсеј позајмица (0.5 мил. €) плус бонуси (1 мил. €) до јуни 2016, со право на откуп за 9.5 мил. € [10]
31 август 2015 c СР   Ернанес   Интер конечно (11 мил. €) плус бонуси (2 мил. €) [11]

Заминале

уреди
Дата Поз. Играч Од Начин и сума
30 јуни 2015 c СР   Ромуло   Верона вратен од заем [12]
30 јуни 2015 c НП   Алесандро Матри   Милан вратен од заем [13]
3 јули 2015 c ГМ   Марко Сторари   Каљари Бесплатно [14]
6 јули 2015 c СР   Андреја Пирло   Њујорк Сити Бесплатно [15]
8 јули 2015 c СР   Лука Мароне   Карпи позајмица до јуни 2016 [16]
10 јули 2015 c ОД   Анџело Огбона   Вест Хем Јунајтед конечно (11 мил. €) [17][мртва врска]
13 јули 2015 c НП   Карлос Тевес   Бока Хуниорс конечно (6.5 мил. €) [18]
28 јули 2015 c СР   Артуро Видал   Бајерн Минхен конечно (37 мил. €) плус бонуси (3 мил. €) [19]
11 август 2015 c СР   Симоне Пепе   Кјево Бесплатно [20] Архивирано на 5 март 2016 г.
27 август 2015 c НП   Фернандо Љоренте   Јувентус Бесплатно [21]
30 август 2015 c НП   Кингсли Коман   Бајерн Минхен позајмица (7 мил. €) до 2017, со право на откуп за уште 21 мил. € [22]
31 август 2015 c ОД   Маурисио Исла   Олимпик Марсеј позајмица до јуни 2016, со право на откуп за 7 мил. € [23]
31 август 2015 c ОД   Паоло де Чеље   Олимпик Марсеј позајмица до јуни 2016 [24]

Натпреварувања во сезоната

уреди

Суперкуп на Италија

уреди

Серија А

уреди

Завршна табела

уреди
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
      1.   Јувентус 91 38 29 4 5 75 20 +55
  2.   Наполи 82 38 25 7 6 80 32 +48
  3.   Рома 80 38 23 11 4 83 41 +42
  4.   Интер 67 38 20 7 11 50 38 +12
  5.   Фјорентина 64 38 18 10 10 60 42 +18
  6.   Сасуоло 61 38 16 13 9 49 40 +9
7.   Милан 57 38 15 12 11 49 43 +6
8.   Лацио 54 38 15 9 14 52 52 0
9.   Кјево 50 38 13 11 14 43 45 −2
10.   Емполи 46 38 12 10 16 40 49 −9
11.   Џенова 46 38 13 7 18 45 48 −3
12.   Торино 45 38 12 9 17 52 55 −3
13.   Аталанта 45 38 11 12 15 41 47 −6
14.   Болоња 42 38 11 9 18 33 45 −12
15.   Сампдорија 40 38 10 10 18 48 61 −13
16.   Палермо 39 38 10 9 19 38 65 −27
17.   Удинезе 39 38 10 9 19 35 60 −25
  18.   Карпи 38 38 9 11 18 37 57 −20
  19.   Фрозиноне 31 38 8 7 23 35 76 −41
  20.   Верона 28 38 5 13 20 34 63 −29

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2016-2017
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2016-2017
      Се квалификува за плејоф рундата (од квалификациите) за УЕФА Лигата на шампионите 2016-2017
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2016-2017
      Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2016-2017
      Испаѓа во Серија Б 2016-2017

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните двобои
  • Гол-разлика во меѓусебните двобои
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Натпревари

уреди

Куп на Италија

уреди

Јувентус го започнал своето учество во Купот на Италија директно во осминафиналето, како една од осумтте најдобро рангирани екипи.

Лига на шампиони

уреди

Фаза по групи

уреди
Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.     Манчестер Сити 6 4 0 2 12 8 +4 12
2.     Јувентус 6 3 2 1 6 3 +3 11
3.     Севиља 6 2 0 4 8 11 -3 6
4.     Б. Менхенгладбах 6 1 2 3 8 12 -4 5

Нокаут фаза

уреди
Осминафинале
уреди

Статистика

уреди

Список на стрелци

уреди
Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
1 21 НП   Пауло Дибала 19 1 2 1 23
2 17 НП   Марио Манџукиќ 10 1 0 2 13
3 9 НП   Алваро Мората 7 0 3 2 12
4 10 СР   Пол Погба 8 0 1 1 10
5 7 НП   Симоне Ѕаѕа 5 0 2 1 8
6 6 СР   Сами Хедира 5 0 0 0 5
16 СР   Хуан Квадрадо 4 0 0 1 5
8 19 ОД   Леонардо Бонучи 3 0 0 0 3
9 12 ОД   Алекс Сандро 2 0 0 0 2
18 СР   Марио Лемина 2 0 0 0 2
26 ОД   Стефан Лихтштајнер 0 0 1 1 2
27 СР   Стефано Стураро 1 0 0 1 2
33 ОД   Патрис Евра 2 0 0 0 2
14 3 ОД   Џорџо Кјелини 1 0 0 0 1
11 СР   Ернанес 1 0 0 0 1
15 ОД   Андреја Барцаљи 1 0 0 0 1
20 СР   Симоне Падоин 1 0 0 0 1
Авто-голови 3 0 0 0 3
Вкупно 75 2 9 10 96

Последен пат ажурирано: 21 мај 2016

Асистенции

уреди
Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
1 10 СР   Пол Погба 12[49] 1 0 2 15
2 9 НП   Алваро Мората 7 0 2 2 11
3 21 НП   Пауло Дибала 9 0 0 0 9
4 16 СР   Хуан Квадрадо 5 0 1 0 6
5 17 НП   Марио Манџукиќ 4 0 0 1 5
6 12 ОД   Алекс Сандро 3 0 0 1 4
6 СР   Сами Хедира 4 0 0 0 4
8 33 ОД   Патрис Евра 3 0 0 0 3
9 8 СР   Клаудио Маркизио 2 0 0 0 2
22 СР   Квадво Асамоа 1 0 1 0 2
11 37 СР   Роберто Переира 1 0 0 0 1
11 СР   Ернанес 1 0 0 0 1
19 ОД   Леонардо Бонучи 1 0 0 0 1
26 ОД   Стефан Лихтштајнер 1 0 0 0 1
27 СР   Стефано Стураро 0 1 0 0 1
15 ОД   Андреја Барцаљи 0 0 0 1 1
Вкупно 54 2 4 7 67

Последен пат ажурирано: 25 мај 2016

Суви мрежи

уреди
Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
1 1 ГМ   Џанлујџи Буфон 21 1 0 3 25
2 25 ГМ   Нето 1 0 4 0 5
Вкупно 22 1 4 3 30

Последен пат ажурирано: 21 мај 2016

Дисциплина

уреди
Бр. Поз Нац Играч Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
                                       
1 ГМ   Џанлујџи Буфон 1 1 0 0
25 ГМ   Нето 0 0 0
34 ГМ   Рубињо 1 0 0 1
3 ОД   Џорџо Кјелини 4 1 2 1 7 1 0
4 ОД   Мартин Касерес 0 0 0
12 ОД   Алекс Сандро 5 1 1 6 1 0
15 ОД   Андреја Барцаљи 2 1 3 0 0
19 ОД   Леонардо Бонучи 6 2 1 9 0 0
24 ОД   Даниеле Ругани 2 1 3 0 0
26 ОД   Стефан Лихтштајнер 5 1 6 0 0
33 ОД   Патрис Евра 5 1 5 1 0
6 СР   Сами Хедира 3 1 1 4 0 1
8 СР   Клаудио Маркизио 8 1 1 10 0 0
10 СР   Пол Погба 10 2 12 0 0
11 СР   Ернанес 6 1 6 0 1
16 СР   Хуан Квадрадо 2 1 1 4 0 0
18 СР   Марио Лемина 4 1 5 0 0
20 СР   Симоне Падоин 2 2 0 0
22 СР   Квадво Асамоа 1 1 0 0
27 СР   Стефано Стураро 6 1 3 10 0 0
37 СР   Роберто Переира 1 1 0 0
7 НП   Симоне Ѕаѕа 6 1 3 9 0 1
9 НП   Алваро Мората 6 1 2 9 0 0
17 НП   Марио Манџукиќ 5 5 0 0
21 НП   Пауло Дибала 1 1 1 3 0 0
Вкупно 90 3 3 0 0 0 17 0 0 14 0 1 121 3 4

Последен пат ажурирано: 21 мај 2015

Наводи

уреди
  1. Enrico Turcato (16 јули 2015). „Vidal e la rivoluzione rischiosa, ma necessaria, della Juventus“. eurosport.com.
  2. Lorenzo Vendemiale (16 јули 2015). „Juventus, la rivoluzione dopo l'exploit. Per non ripetere l'Inter post triplete“. ilfattoquotidiano.it.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Giorgio Crico (18 декември 2015). „Il rischio calcolato della Juventus“. contropiede.ilgiornale.it.
  4. „Dybala-Juve, ora è ufficiale: al Palermo 32 milioni + 8 di bonus“. gazzetta.it. 4 јуни 2015.
  5. Stefano Cieri (8 август 2015). „Juventus-Lazio 2-0: Mandzukic-Dybala, Allegri fa festa con i nuovi“. gazzetta.it.
  6. Mirko Graziano (23 август 2015). „Serie A, Juventus-Udinese 0-1: decide Thereau, i Campioni d'Italia cadono“. gazzetta.it.
  7. „L'ultima volta che la Juventus perse le prime due giornate di campionato“. ilpost.it. 31 август 2015.
  8. Enzo Bucchioni. „Sarri umilia Allegri, Juve senza gioco né cuore. E' già addio allo scudetto“. quotidiano.net.
  9. 9,0 9,1 „Cos'è cambiato nel gioco della Juventus?“. ilpost.it. 5 декември 2015.
  10. Filippo Grimaldi (20 септември 2015). „Genoa-Juventus 0-2: autogol Lamanna e rigore di Pogba, primi 3 punti per Allegri“. gazzetta.it.
  11. „Sassuolo-Juventus 1-0: Sansone riapre la crisi bianconera“. repubblica.it. 28 октомври 2015.
  12. „Juve, ciao scudetto a октомври. Nessun leader e pochi gol. E Mandzukic...“. gazzetta.it. 28 октомври 2015.[мртва врска]
  13. Giovanni Capuano (28 октомври 2015). „La resa della Juventus: addio scudetto“. panorama.it.
  14. Simone Eterno (29 октомври 2015). „Dentro la crisi della Juventus: quando la storia di Allegri si ripete“. eurosport.com.
  15. 15,0 15,1 Fabio Barcellona (24 декември 2015). „La rincorsa della Juventus“. ultimouomo.com.
  16. Fabio Barcellona (11 мај 2016). „I segreti di Allegri“. ultimouomo.com.
  17. „La Juventus punta alla storia“. tuttosport.com. 22 декември 2015.
  18. Antonio Farinola (10 јануари 2016). „Sampdoria-Juventus 1-2: nona vittoria in fila, bianconeri al secondo posto“. repubblica.it.
  19. Timothy Ormezzano (11 јануари 2016). „Juventus, Allegri: "C'è sempre da soffrire, ma ora ci divertiamo". repubblica.it.
  20. Marco Gaetani (13 февруари 2016). „Juventus-Napoli 1-0: Zaza segna il gol sorpasso, bianconeri in testa“. repubblica.it.
  21. Fabio Russo (14 февруари 2016). „La Juve e il record: se batte l'Inter la eguaglia“. gazzanet.gazzetta.it. Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 2016-05-28.
  22. Ivan Palumbo (13 февруари 2016). „Juve da scudetto: rimonta da sogno, da -11 alla vetta in 3 mesi e mezzo“. gazzetta.it.
  23. Massimo De Luca (13 февруари 2016). „Juve Stadium, Piazza dei Miracoli“. circomassimo.corriere.it.
  24. 24,0 24,1 Valerio Clari (25 април 2016). „Juve, scudetto nato in difesa. Buffon, Bonucci & co: non solo numeri“. gazzetta.it.
  25. „Buffon, Barzagli, Bonucci, Chiellini: i colossi bianconeri che si fanno spazio tra la leggenda“. sports.yahoo.com. 29 февруари 2016.
  26. „I due quinquenni“. juventus.com. Ieri Rosetta-Caligaris-Monti, oggi Bonucci, Barzagli e Chiellini. Paragone impossibile, ma suggestivo. Giorgio Chiellini, a sinistra, è la versione moderna e meno romantica di Umberto Caligaris, difensore da tempesta e assalto. tutto impeto e forza fisica. [...] Accostare Andrea Barzagli a Virginio 'Viri' Rosetta è rendere omaggiad una leggenda dei nostri tempi: Barzagli viene, si capisce, da un mondo diverso e lontano, ma di Rosetta riproduce, oltre alla grandezza, anche la juventinità. [...] Leonardo Bonucci ha la classe che richiede l'arduo compito di tamponare e subito proporre gioco. Un regista arretrato, giusto il ruolo (fatte tutte le distinzioni del caso) che Luis Monti interpretava negli anni Trenta
  27. „Record di imbattibilità per Buffon: 974'. legaseriea.it. 20 март 2016. Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 2016-05-28.
  28. Ivan Palumbo (12 март 2016). „Juve, 10 gare consecutive senza subire gol: è record nella storia della Serie A“. gazzetta.it.
  29. Massimo De Luca (3 април 2016). „La domenica dei verdetti“. circomassimo.corriere.it.
  30. Lorenzo Vendemiale (4 април 2016). „Serie A, grazie Napoli ma ci eravamo solo illusi: il campionato è finito 7 giornate prima“. ilfattoquotidiano.it.
  31. Fabiana Della Valle (24 април 2016). „Fiorentina-Juventus 1-2: decide Morata, scudetto già domani?“. gazzetta.it.
  32. Timothy Ormezzano (25 април 2016). „Juventus campione d'Italia: a Vinovo esplode la festa. Allegri: "Sono ancora più orgoglioso". repubblica.it.
  33. Andrea Tundo (25 април 2016). „Juventus campione d'Italia per la quinta volta consecutiva. Solo due precedenti: sempre la Signora e il Grande Torino“. ilfattoquotidiano.it.
  34. Gianluca Oddenino (27 ноември 2015). „Barzagli elogia la difesa: "Il 3-5-2 è una certezza della Juve". lastampa.it.
  35. „Champions: girone di ferro per la Juve, la Roma pesca il Barça“. sportmediaset.mediaset.it. 27 август 2015.
  36. Jacopo Gerna (25 ноември 2015). „Juve-Manchester City 1-0: Mandzukic gol, Allegri agli ottavi di Champions“. gazzetta.it.
  37. Jacopo Manfredi (8 декември 2015). „Siviglia-Juventus 1-0, Llorente condanna i bianconeri al secondo posto. Ora rischiano una big“. repubblica.it.
  38. „Champions League, sorteggio durissimo: negli ottavi Roma-Real Madrid e Juventus-Bayern“. repubblica.it. 14 декември 2015.
  39. Jacopo Manfredi (23 февруари 2016). „Juventus-Bayern 2-2, Dybala e Sturaro firmano la rimonta bianconera“. repubblica.it.
  40. Jacopo Manfredi (16 март 2016). „Bayern-Juventus 4-2, Coman e Alcantara spengono il sogno bianconero“. repubblica.it.
  41. Stefano Cantalupi (16 декември 2015). „Coppa Italia, Juve ai quarti: 4-0 al Torino nel derby“. gazzetta.it.
  42. Nicola Berardino (20 јануари 2016). „Coppa Italia, Lazio-Juventus 0-1: decide Lichtsteiner, ora l'Inter in semifinale“. gazzetta.it.
  43. Francesco Carci (27 јануари 2016). „Juventus-Inter 3-0: si risveglia Morata, i bianconeri ipotecano la finale“. repubblica.it.
  44. Jacopo Manfredi (3 март 2016). „Coppa Italia, Inter a un soffio dall'impresa: Juventus in finale solo ai rigori“. repubblica.it.
  45. Alessandro Dinoia (2 март 2016). „Juventus: tra Coppa Italia e Serie A un record tira l'altro nel segno della famiglia Agnelli“. eurosport.com.
  46. Matteo De Santis (21 мај 2016). „La Juve si prende anche la Coppa Italia, Milan battuto 1-0 ai supplementari“. lastampa.it.
  47. „I numeri di un'ennesima impresa“. juventus.com. 22 мај 2016.
  48. 48,0 48,1 48,2 48,3 48,4 Се приклучиле на тренинг со првиот тим од Примавера тимот.
  49. Најдобар асистент во Серија А 2015-2016 со 12 асистенции, заедно со Миралем Пјаниќ од Рома.