Стадионот Јувентус (англиски: Juventus Stadium) е фудбалски стадион во Торино кој е изграден во септември 2011 година на местото на стариот Деле Алпи. На него своите домашни натпревари ги игра екипата на Јувентус, која воедно е и сопственик на стадионот. Стадионот има сместивост од 41.000 гледачи, а димензиите на теренот се 105 × 68 метри.

Стадион Јувентус
Место Str. Com. di Altessano 131
Торино
Италија
Изграден 2011
Отворен 8 септември 2011
Сопственик Јувентус Јувентус
Игра Јувентус Јувентус
Гледачи 41.000

Историја

уреди

Стадионот бил отворен на 8 септември 2011 кога Јувентус одиграл пријателски натпревар со најстариот клуб на светот, англискиот Нотс Каунти. Првиот официјален натпревар на овој стадион се одиграл на 11 септември во рамките на второто коло од сезоната 2011-2012 во Серија А, кога Јувентус со резултат 4-1 ја совладал екипата на Парма. Првиот погодок на стадионот го постигнал швајцарецот Стефан Лихтштајнер во 17. минута од натпреварот.

Надворешни врски

уреди