Фудбалска репрезентација на Фарски Острови

Фудбалска репрезентација на Фарски Острови (фарски: Føroyska fótbóltsmanslandsliðið; дански: Færøernes fodboldlandshold), ги претставува Фарските острови во фудбалот и е контролирана Фудбалската асоцијација на Фарски Острови. Фарските острови станале членка на ФИФА во 1988 година и УЕФА во 1990 година и е четврта најмала земја на УЕФА по население.[1]

Фудбалска репрезентација на Фарски Острови
Прекари(и)Landsliðið (Ландслитит; Репрезентацијата)
СојузФотболсамбанд Фороја
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторНакан Ериксон
КапитенГунар Нилсен
Најмногу натпревариФроти Бенјаминсен (94)
Најдобар стрелецРогви Јакобсен (10)
Домашен стадионТорсволур
ФИФА моментално рангирање110 (9 април 2020)
ФИФА највисоко рангирање74 (јули 2015, октомври 2016)
ФИФА најниско рангирање198 (септември 2008)
Ело моментално рангирање150 (2 април 2020)
Нaјвисоко Ело рангирање136 (Март 2018)
Нaјниско Ело рангирање173 (4 јуни 2008, 10 септември 2008)
Домашни бои
Гостински бои
Репрезентацијата на Фарски Острови во март 2013
Фарски Острови против Италија на 2 септември 2011. Натпреварот завршил со пораз од 1:0.

Фарските острови никогаш не учествувале на завршницата на Светското првенство или Европското првенство. Тие учествувале на Островските игри во 1989 и 1991 година и ги освоиле двата турнира. Тие, исто така, учествувале на Нордиското фудбалско првенство за првпат во периодот 2000/01 година, последен пат кога се играло натпреварувањето. На Фарските острови, репрезентацијата е позната како „Ланслитит“. Домашните натпревари ги играат на Стадионот Торсволур.

ИсторијаУреди

Рани години (1930-1988)Уреди

Од 1930 до 1988 година, пред меѓународното членство, Фарските острови играле само репрезентативни натпревари против Исланд, Шетланд, Оркниски Острови, Гренланд и Данска под 21 година. Ниту еден од овие натпревари не бил сметан за службен ниту од ФИФА, ниту од Фудбалската асоцијација на Фарски Острови.[2]

Фарските острови се најуспешниот состав на пријателскиот турнир познат како Гренландски Куп, со две победи во купот во 1983 и 1984 година.[3][4]

Времето на Хакан Ериксон (2019-)Уреди

На 16 декември 2019 година, Фудбалската асоцијација на Фарски Острови објавила дека потпишале четиригодишен договор со шведскиот селектор Хакан Ериксон.[5]

УспесиУреди

Островски игри:

  • Освојувачи: 1989, 1991

Гренландски куп:

  • Освојувачи: 1983, 1984

СтадиониУреди

Помеѓу 1999 и 2011 година, Фарските острови ги играле своите домашни натпревари на два различни стадиони, менувајќи ги Торсволур и Свангаскарт. Нивниот последен натпревар на Свангаскарт била победа од 2:0 во квалификацискиот натпревар на Европското првенство 2012 над Естонија на 7 јуни 2011 година.[6] Оттогаш било направено сеопфатно реновирање помеѓу натпреварите на Торсволур, кој го претворил стадионот во повеќефункционално место за концерти и спортови воопшто. Иако, меѓународниот фудбал е воглавен за користење. Рефлектори биле воведени во 2011 година, а поставени биле и 6,000 нови седишта под покрив, површината била заменета со вештачка трева и стадионот сега ги исполнува сите барања на УЕФА и ФИФА.[7]

Историја на ФИФА ранкинготУреди

Извор:[8]

1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
115 133 120 135 117 125 112 117 117 114 126 131 132 181 194 184 117 136 116 153 170 104 97 83 95 94 110

ПодржувачиУреди

 
Скансин, фарски фудбалски подржувачи на натпреварот Фарски Острови-Грција на Торсволур во 2015 година.

Фарските острови имаат главна трибина за своите приврзаници на Торсволур, кои се познати како „Скансин“, што значи тврдина на македонски јазик. Скансин биле формиран во 2014 година, по нивната 1-0 гостинска победа против Грција во Пиреја и отворањето на нивниот ново реновиран стадион. Заклучно со април 2016 година, Скансин имале 400 членови на домашен терен, а трибините биле распродадени на секој натпревар на домашен терен. После победата на Северна Ирска со 3:1 против Фарски Острови за време на квалификациите за Евро 2016 на 4 септември 2015 година, напаѓачот на Северна Ирска, Кајл Лафрети изјавил дека е особено импресиониран од фарските приврзаници, бидејќи тие навивале за своите играчи во текот на целиот натпревар, дури и кога Фаровјаните потклекнале при веројатен резултат од 1-1. Тапаните и трубите се суштински дел од нивната поддршка.[9]

НаводиУреди

  1. „Member Association - Faroe Islands“. FIFA.com (англиски). Посетено на 14 април 2020.
  2. Courtney, Barrie (16 мај 2008). „Faroe Islands – List of International Matches“. RSSSF. Посетено на 14 април 2020.
  3. „Faroe Islands - List of International Matches“. www.rsssf.com. Посетено на 14 април 2020.
  4. „Greenland Cups 1980-84“. www.rsssf.com. Посетено на 14 април 2020.
  5. https://www.in.fo/itrottur/sport-detail/news/her-er-nyggi-landslidsvenjarin/
  6. uefa.com (7 June 2011). „UEFA EURO 2012 - History - Faroe Islands-Estonia – UEFA.com“. uefa.com. Посетено на 14 април 2020.
  7. „Útbygging: Seta spakan í“. fsf.fo. Посетено на 14 април 2020.
  8. FIFA.com. „The FIFA/Coca-Cola World Ranking - Associations - Faroe Islands - Men's - FIFA.com“. fifa.com. Посетено на 14 април 2020.
  9. (www.knassar.com), Knassar - the new media web partner. „Norðurírar vunnu 3-1 á Tórsvølli - Føroyski portalurin - portal.fo“. portal.fo. Посетено на 14 април 2020.

Надворешни врскиУреди