Отвори го главното мени

Унионе Калчо Сампдорија или ФК Сампдорија е италијански фудбалски клуб од градот Џенова. Клубот бил основан на 1 август 1946 година со спојување на два други клуба, Сампиердаренсе и Андреа Дорија. Моментално клубот се натпреварува во првата лига или Серија А. Боите на клубот се сина, бела, црвена и црна. Својте домашни натпревари Сампдорија ги игра на стадионот Луиџи Ферарис, кој е со капацитет од 36,536 гледачи. Стадионот го делат со нивниот градски ривал, екипата на Џенова 1893.

Сампдорија
Sampdoria badge.png
Целосно имеУнионе Калчо Сампдорија, СпА
ПрекарСамп
Основан1 август 1946
ЛокацијаЏенова, Италија
СтадионСтадион Луиџи Ферарис
Капацитет36,536
ПретседателИталија Масимо Фереро
ТренерИталија Марко Џампаоло
ЛигаСерија А Серија А
2017–18Серија А, 10-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ИсторијаУреди

Сампдорија го освои скудетото во сезоната 1990-91, и тоа до денес останува нивниот единствен наслов шампион на Италија. Клубот има четири наслови во италијанскиот куп освоени во 1985, 1988, 1989, и 1995 година. Истотака Сампдорија има една титула и во Купот на победниците на куповите освоена во 1990 година и има играно во финалето на Лигата на шампионите во 1992, каде биле поразени од Барселона со 1-0 по продолженијата откако натпреварот завршил нерешено во регуларниот тек.

Од последниов настан наваму, Сампдорија немала значејни успеси во следната деценија, дотолку повеќе што клубот во дури го загубил елитниот статус и испаднал во Серија Б во 1999 година.

Најголемите успеси на Сампдорија по враќањето во Серија А беа во сезоните 2004-05 и 2009-10. Во сезоната 2004-05 тие го освоија 5-тото место во Серија А и изборија настап во Купот на УЕФА. Истата таа сезона "за влакно" им побегна 4-тото место и настап во Лигата на шампионите по подолго време, но во последното коло неуспеаа да ја победат Болоња и ја загубија трката за четвртото место од Удинезе.

Но сепак, тоа што не им успеа тогаш им успеа 5 години подоцна кога Сампдорија го освои 4-тото место во Серија А во сезоната 2009-10. Тоа значеше настап во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, каде тие се сретнаа со германскиот Бундеслигаш Вердер Бремен. Во првиот натпревар во Германија, Вердер победи со 3-1, но во реваншот Сампдорија возврати со ист резултат по што се играа продолженија. Во нив одлучувачки беше голот на Клаудио Пизаро во 100-тата минута со кој Сампдорија беше елиминирана и неуспеа да стигне до групната фаза. Ова беше само најава за лошата сезона која следуваше, па по крајот на сезоната 2010-11 Сампдорија повторно испадна во Серија Б.

Во мај 2012 тимот се враќа во Серија А со победа во плеј-оф финалето против Варезе со 4-2 вкупен резултат.

ИграчиУреди

Познати поранешни играчиУреди

ТитулиУреди

Надворешни врскаУреди