Хари Кејн
Хари Едвард Кејн (англиски: Harry Kane; р. 28 јули 1993 во Чингфорд) — англиски фудбалер, напаѓач на Тотенхем и на англиската репрезентација.
Хари Кејн | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Хари Едвард Кејн[1] | ||
Роден на | 28 јули 1993[1] | ||
Роден во | Чингфорд, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м[2] | 1,88||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Тотенхем | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Риџвеј Роверс | |||
Арсенал | |||
Риџвеј Роверс | |||
Вотфорд | |||
Тотенхем | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009- | Тотенхем | 300 | (199) |
2011 | → Лејтон Ориент | 18 | (5) |
2012 | → Милвол | 22 | (7) |
2012-2013 | → Норич Сити | 3 | (0) |
2013 | → Лестер Сити | 80 | (53) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | Англија 17 | 3 | (2) |
2010-2012 | Англија 19 | 14 | (6) |
2013 | Англија 20 | 3 | (1) |
2013-2015 | Англија 21 | 14 | (8) |
2015- | Англија | 45 | (32) |
* Ажурирано на: 15 февруари 2012 ** Ажурирано на: 15 февруари 2012 |
Неговиот прекар е Hurricane (превод на мак. Ураган) заради сличноста на зборот со неговото име и презиме.
Технички одлики
уредиМодерен разновиден напаѓач со интелигентни движења кој поседува одлично чувство за заземање позиција, што му овозможува да биде смртоносен во казнениот простор. Тој е комбинација на добра физичка сила и голем натпреварувачки дух, кој го доведува често да се жртвува за тимот.
Благодарение на неговите технички и тактички одлики во можност е подеднакво добро да ја игра улогата и на прв напаѓач, но и онаа на втор нешто поповлечен напаѓач; исто така, тој нуди големи капацитети во воздухот и трчање во простор.
Во 2014 Кејн бил вклучен во списокот на најдобрите фудбалери родени по 1992 година, изготвена од страна на Don Balon. Од многу експерти се смета за природен наследник на поранешниот англсики напаѓач Теди Шерингам, од кого Кејн вели дека е инспириран.
Клупска кариера
уредиТотенхем
уреди2009-2012; Рани години
уредиПочетоци
уредиОткако променил неколку клуба во детството, во 2004 година Кејн се приклучил на академијата на Тотенхем Хотспар. Во јули 2009, откако наполнил 16 години, го потпишал првиот договор со Тотенхем. Во сезоната 2009-2010 Кејн одиграл 22 натпревари за тимот на Тотенхем под 18 години и постигнал 18 гола, за по завршувањето на сезоната во јули 2010 да потпише професионален договор.
Заемот во Лејтон Ориент
уредиНа 7 јануари 2011 година, Кејн бил позајмен на Лејтон Ориент во Англиската Лига Еден до крајот на сезоната 2010-2011.[3] Своето професионално деби го направил на 15 јануари, влегувајќи од клупата како замена за Скот МекГлиш во 73-тата минута во ремито 1-1 против Рочдејл.[4] Една недела подоцна, Кејн го постигнал својот прв професионален погодок во кариерата во својот прв старт, при победата со 4-0 над Шефилд Венздеј.[5][6] На 12 февруари, тој постигнал два гола во победата со 4-1 над Бристол Роверс, и тоа откако влегол како замена во 70-тата минута.[7] На 26 февруари, во ремито 2-2 против Хадерсфилд Таун, Кејн влегол во игра уште во 19-тата минута поради повредата на Стивен Доусон и постигнал гол во 73-тата минута, но четири минути подоцна бил исклучен поради добивање на втор жолт картон.[8] Сезоната ја завршил постигнувајќи пет гола во 18 натпревари.[9]
Првите настапи за првиот тим
уредиНа 25 август 2011 година, Кејн го имал својот прв настап за Тотенхем, започнувајќи го реваншот од квалификациите за Лигата на Европа против Хартс, натпревар во кој петлите излегле во изменет состав по победата во првиот натпревар со 5-0. Неговото деби завршило без голови, иако тој заработил пенал, откако бил фаулиран од страна на противничкиот голман Џејми Мекдоналд, кои потоа го одбранил ударот од белата точка на Кејн.[10] Тој продолжил да игра и направил шест настапи во Лигата на Европа во сезоната, постигнувајќи го својот прв гол за Тотенхем во победата со 4-0 над ирскиот Шамрок Роверс на 15 декември 2011 година.[11]
Заемот во Милвол
уредиНа 29 декември 2011 година, Кејн и неговиот соиграч од Тотенхем Рајан Мејсон се согласиле да му се приклучат на Милвол во Чемпионшип лигата на заем од 1 јануари 2012 година до крајот на сезоната.[12] Откако го направил своето деби против Бристол Роверс, менаџерот Кени Џекет рекол дека тој имал "многу добро деби", но и "несреќа да не постигне гол". Тој исто така додал дека Кејн "ќе биде добро засилување" за клубот во втората половина од сезоната. Неговите предвидувања се оствариле откако Кејн постигнал седум гола во последните 14 натпревари од сезоната,[13] вкупно девет гола во 27 натпревари, што резултирало тој да биде прогласен за Млад играч на сезоната на Милвол за 2011-2012.[14]
2012-2013; Дебито во Премиер лигата, и заемите во Норич Сити и Лестер Сити
уредиПред почетокот на сезоната 2012-2013, Кејн се вратил во Тотенхем и го одработил подготвителниот пред-сезонски период со нив. На 18 август, тој го направил своето деби во Премиер лигата, против Њукасл Јунајтед во поразот со 2-1,[15] влегувајќи од клупата за резерви на местото на Сандро во 86-тата минута.[13]
На 31 август 2012 година, Кејн му се приклучил на премиерлигашот Норич Сити на заем до крајот на сезоната,[16] правејќи го своето деби против Вест Хем Јунајтед.[17] Во својот втор настап за канаринците Кејн претрпел повреда, кршење на метатарзалната коска, во натпреварот од Лига купот против Донкастер Роверс.[18] За време на неговата рехалибитација 19-годишниот напаѓач се вратил во Тотенхем, но откако се опоравил се вратил во акција за Норич на 29 декември 2012 година. Сепак, откако Тотенхем не успеал да купи напаѓач за време на преодниот рок во јануари, се одлучиле да ја искористат опцијата да го вратат Кејн на 1 февруари 2013 година, четири месеци порано пред него што првично било договорено тој да се врати.
Дваесет дена подоцна откако тој бил отповикан од Тотенхем, Кејн му се приклучил на Лестер Сити за остатокот од сезоната за да помогне во напорите на клубот да избори автоматска промоција од Чемпионшип во Премиер лигата.[19] Тој го одбележал своето деби пред домашната публика со гол против Блекбурн Роверс, во победата со 3-0 на 26 февруари 2013 година.[20] Тој направил 13 настапи за лисиците, од кои осум од клупата, и стигнал со клубот до полуфиналето на плејофот каде биле елиминирани од страна на Вотфорд.[21]
2013-2014; Пробивот во првиот тим
уредиВо текот на сезоната 2013-2014 на Кејн му била укажана шанса да остане во Тотенхем и да не оди повеќе на позајмици. Тој го постигнал својот прв погодок за Тотенхем во кариерата на Вајт Харт Лејн, во натпревар од Лига купот против Хал Сити што завршил 2-2, постигнувајќи израмнувачки погодок во продолженијата;[22] Тотенхем победил со 8-7 на пенали, а Кејн бил успешен во петтата серија.[22]
На 7 април 2014, Кејн го имал својот прв старт во Премиер лигата за Тотенхем, во победата со 5-1 над Сандерленд и во него го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во 59-тата минута од натпреварот.[23] Тој исто така постигнал гол во следниот натпревар, помагајќи му на Тотенхем да се опорави од 3-0 дефицит против Вест Бромвич Албион и да дојде до нерешен резултат 3-3.[24] Кејн бил стрелец во трет натпревар по ред во низа, откако на 19 април ја затресол мрежата на Фулам во победата со 3-1 на домашен терен.[25]
Следната сезона Кејн го направил својот прв настап за Тотенхем во првото коло од новата сезона во Премиер лигата против Вест Хем Јунајтед, асистирајќи за победоносниот гол на Ерик Дајер.[26] Потоа тој постигнал гол и во двата натпревари против кипарскиот противник АЕЛ Лимасол во Плејоф рундата од Лигата на Европа; победничкиот во 80-тата минута од првиот натпревар (во Лимасол, Тотенхем победил 1-2), но и првиот во реваншот во Лондон во кој Тотенхем победил со 3-0.[27] На 24 септември 2014, тој постигнал гол во завршницата од натпреварот против Нотингем Форест во Лига купот за да ја завери победата на својот тим (3-1).[28] На 23 октомври 2014 година, Кејн го постигнал својот прв професионален хет-трик во кариерата во победата на Тотенхем со 5-1 над грчкиот клуб Астерас Триполис во групната фаза од Лигата на Европа.[29] Интересно, тој бил принуден да застане на голманската позиција за последните три минути од натпреварот, откако Иго Лорис бил исклучен добивајќи црвен картон а менаџерот на петлите Маурисио Почетино немал право на замена, и примил гол откако бил совладан од слободен удар од Херонимо Баралес.[29] Тој влезе во игра во второто полувреме во победата на Тотенхем со 2-1 над Астон Вила на 2 ноември 2014, и го постигнал победничкиот гол во 90-тата минута.[30] Набргу потоа тој постигнал уште еден важен гол за Тотенхем во победата со 2-1 на гости против Хал Сити, спроведувајќи ја одбиената топка од стативата во празната мрежа по слободниот удар на Кристијан Ериксен, за да го изедначи резултатот.[30]
Серијата добри игри и постигнати голови во куповите му донеле на Кејн место во почетниот тим на Тотенхем и за натпрварите од Премиер лигата во декември 2014, а тој постигнал три гола на шестте натпревари тој месец. На 1 јануари 2015 година, Кејн постигнал два гола и го заработил пенал, во фантастичната победа на Тотенхем со 5-3 над водачот во лигата Челси,[31] и два гола во победата над Вест Бромвич Албион со 3-0 на гости што довеле до тоа да биде избран за Играч на месецот во Премиер лигата за јануари 2015. На 2 февруари 2015 година, Кејн потпишал нов пет и пол годишен договор со клубот.[32] Само пет дена подоцна, тој ги постигнал двата гола во победата на Тотенхем над Арсенал во Северно-лондонското дерби со 2-1.[33] Откако бил стрелец и во останатите два натпревари на Тотенхем, против Ливерпул и Вест Хем Јунајтед, повторно бил избран за Играч на месецот во Премиер лигата овојпат за февруари 2015,[34] си што станал само четвртиот играч кој ја добил наградата во два месеци едноподруго.[35] На 21 март 2015, го постигнал својот прв хет-трик во Премиер лигата во победата со 4-3 на домашен терен над Лестер Сити.[36] На 5 април, Кејн за првпат бил капитен на Тотенхем во ремито 0-0 против Барнли на Трф Мор.[37] Две недели подоцна, тој го постигнал својот 30-ти гол во сезоната во победата со 3-1 против Њукасл Јунајтед на Сент Џејмс Парк, што го направило првиот играч на Тотенхем кој успеал да достигне таа бројка уште од Гари Линекер во сезоната 1991-1992.[38] Подоцна тој месец, Кејн бил вклучен во ПФА Тимот на годината како еден од двајцата напаѓачи, заедно со Диего Коста од Челси.[39] Тој исто така бил избран за ПФА млад играч на годината.[40] На 24 мај 2015 година, тој го постигнал единствениот гол во натпреварот на гости кај Евертон (0-1) во последното коло од сезоната за да го потврди петтото место на Тотенхем, со што им донел директна квалификација за групната фаза на Лигата на Европа за следната сезона. Тоа бил неговиот 21-ви гол во лигата за сезоната 2014-2015, со што го изедначил клупски рекорд за најмногу постигнати голови од играч на Тотенхем во една сезона од Премиер лигата, заедно со Теди Шерингам, Јирген Клинсман и Гарет Бејл.[41] На крајот на сезоната, Кејн, истакнал дека тој сторил повеќе во една кампања отколку што очекувал да направи во целата негова кариера.[42]
2015-2017; Најдобар стрелец во Премиер лигата
уредиПред почетокот на сезоната 2015-2016 Кејн го сменил бројот на дресот од 18 на 10, откако десетката останала слободна по заминувањето на Емануел Адебајор. Во едно интервју за The Daily Telegraph, тој рекол дека го променил бројот на дресот бидејќи сака да стане клупска легенда.[43] Откако Адебајор и Роберто Солдадо биле продадени, тој ја започнал сезоната како единствениот напаѓач на клубот.[42] По слабиот старт во кој 748 минути не успеал да ја затресе мрежата, Кејн конечно го постигнал својот прв гол за сезоната на 26 септември во седмото коло од Премиер лигата - победата со 4-1 на домашен терен над моменталниот водач на табелата Манчестер Сити.[44] Осум дена подоцна, постигнал автогол по корнерот на Џонџо Шелви во ремито 2-2 против Свонзи Сити.[45] На 25 октомври 2015 година, постигнал хет-трик во победата со 5-1 на гости против Борнмут на Дин Корт.[46] Во март 2016, Кејн за третпат во кариерата ја добил наградата за Играч на месецот во Премиер лигата, откако постигнал 5 гола во 4 натпревари.[47]
На 2 април во ремито 1-1 против Ливерпул на Енфилд, Кејн го постигнал својот 22-ри првенствен гол за сезоната, со што станал играчот на Тотенхем кој постигнал најголем број на голови во рамките на една сезона во Премиер лигата, на шест кола до крајот.[48] Кејн ја завршил сезоната освојувајќи ја наградата Златна копачка на Премиер лигата на Англија, завршувајќи со 25 гола еден гол повеќе од Серхио Агуеро и Џејми Варди.[49] Тој бил избран во ПФА Тимот на годината за втора сезона едноподуго,[50] откако му помогнал на Тотенхем да заврши на третото место, и да се квалификува за Лигата на шампионите.[51]
Во отсуство на Иго Лорис, Кејн бил капитен на Тотенхем во нивиот прв натпревар на домашен терен од сезоната 2016-2017 против Кристал Палас, забележувајќи асистенција за победничкиот гол на Виктор Вањама со кој Спарс победиле со минимални 1-0.[52] Својата голгетерска сметка ја отворил во четвртото коло од сезоната во Премиер лигата, реализирајќи го последниот гол за Тотенхем во победата со 4–0 над Стоук Сити.[53] На 14 септември 2016 година, Кејн го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот на Спарс со 1-2 од Монако на Вембли.[54] Четири дена подоцна, тој го постигнал победничкиот гол против Сандерленд во Премиер лигата, но морал да биде потпомогнат за да излезе надвор од теренот, откако го извртел десниот глужд обидувајќи се да стигне прв до топката во двобојот со Папи Џилобоџи.[55] Според извештаите, лигаментите во глуждот на Кејн биле оштетени, поради што морал да отсуствува од шест до осум недели.[56] Откако пропуштил пет натпревари во лигата и три во Лигата на шампионите, Кејн се вратил на фудбалскиот терен на гостувањето кај градскиот соперник Арсенал на 6 ноември, постигнувајќи гол од пенал за да го изедначи резултатот во натпревар што завршил 1–1.[57] На 22 ноември, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во кариерата во вториот натпревар против Монако во групата одигран на Луј Втори, во кој Спарс биле елиминирани од натпреварувањето со пораз од 2-1.[58]
На 1 декември 2016 година, Кејн потпишал нов договор со Тотенхем, кој треба да го сочува во клубот до 2022 година.[59] На 1 јануари 2017 година, го направил својот 100-ти настап во Премиерлигата,[60] постигнувајќи го првиот гол во Премиер лигата во новата календарска година против Вотфорд во 27-мата минута од натпреварот, придодавајќи на тоа уште еден гол во 33-тата минута во успехот на Спарс со 4-1 на Викариџ Роуд.[61] Во првиот натпревар по раѓањето на неговата ќерка, Кејн постигна хет-трик во победата со 4-0 над Вест Бромвич на 14 јануари.[62] Во петтото коло на ФА Купот на 19 февруари 2017 година, Кејн ги постигна сите три гола за Тотенхем во победата над Фулам со 3-0, што бил неговиот петти хет-трик во кариерата.[63] На 26 февруари 2017 година, Кејн повторно постигнал хет-трик кога Тотенхем го совладал Стоук со 4-0.[64] Првиот од овие погодоци бил неговиот 100-ти во клупскиот фудбал.[65] Тој бил прогласен за играч на месецот по четврти пат во кариерата во февруари 2017 година.
Во март 2017 година, тој го повредил глуждот во натпреварот од ФА Купот против неговиот поранешен клуб Милвол.[66] На 15 април, Кејн го постигнал својот 20-ти гол во Премиер лигата за сезоната против Борнмут во својот прв старт по враќањето од повредата. Со тоа станал само четвртиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 20 голови во три последователни сезони, по Алан Ширер, Тјери Анри и Руд ван Нистелрој.[67]
На 20 април, Кејн бил избран во ПФА Тимот на годината за трета последователна сезона.[68] Исто така, тој бил вклучен во кратките списоци од по шест играчи номинирани за наградите ПФА играч на годината и ПФА Млад играч на годината.[69][70] Два дена подоцна, тој постигнал гол во поразот со 4-2 од Челси во полуфиналето на ФА Купот играно на Вембли.[71] Во последниот натпревар во историјата одигран на Вајт Харт Лејн на 14 мај, Кејн го постигна голот за 2-0 со кој му помогнал на Тотенхем да го победи Манчестер Јунајтед со 2-1.[72] На две кола до крајот на сезоната, Кејн на својата сметка имал 22 гола, два помалку од Ромелу Лукаку. Сепак, со вкупно седум гола во последните два натпревари, победата со 6-1 над актуелниот шампион Лестер Сити[73] и победата со 7-1 над Хал Сити[74] Кејн завршил како најдобар стрелец во Премиер лигата со 29 гола, и со тоа ја освоил својата втора последователен златна копачка, со што станал само петтиот играч што го сторил тоа.[75]
2017-2018; Година на кршење на рекорди
уредиОткако неуспеал да го пронајде патот на топката до мрежата во првите три натпревари на Тотенхем, Кејн постигнувал по два гола на три од неговите четири следни настапи за клубот во сите натпреварувања.[76][77][78] Неговиот прв гол со кој ја отворил својата голгетерска сметка за сезоната дошол против Евертон на 9 септември, негов вкупно 100-ти гол за клубот, во 169-тиот настап.[79] На 26 септември, Кејн го постигнал својот прв хет-трик во Лигата на шампионите во победата со 3-0 во групната фаза против кипарскиот шампион АПОЕЛ.[80] Тој бил награден со наградата Играч на месецот во Премиер лигата по петти пат во кариерата, а септември 2017 година - во кој постигнал 13 голови на 10 клупски и репрезентативни натпревари - го прогласил како најдобар месец во неговата кариера.[81]
Репрезентативна кариера
уредиМладински репрезентации
уредиКејн ја претставувал англиската репрезентација во неколку младински селекции почнувајќи од онаа под 17 години, па преку оние под 19 години и под 20 години до селекцијата под 21 година.
На своето деби за репрезентацијата под 19 години против Албанија, постигнал два гола.[82] Потоа со репрезентацијата под 20 години, тој учествувал на Светското првенство за играчи по 20 години во 2013 во Турција, каде што постигнал еден гол во фазата по групи против Чиле. Во втората половина на 2013 година, тој постигнал три гола во четири настапи во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година. Во јуни 2015 и покрај спротивставувањата на менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино, Кејн учествувал на Европското првенство под 21 година во Чешка, но Англија била елиминирана уште во групната фаза.[83][84][85]
Сениорска репрезентација
уредиДа излезам на Вембли и да постигнам гол е она за што сонував како дете. Имав толку многу добри моменти во оваа година и тешко е да се избере омилен, но мислам дека овој ги победи сите.
Кејн исто така имал право да настапува за репрезентацијата на Република Ирска преку потеклото на неговиот татко, кој е роден во Голвеј,[87] но во август 2014 година тој ја отфрлил таа можност, велејќи дека сака да заигра за сениорскиот тим на Англија.[88]
По одличната сезона со Тотенхем во која завршил како трет стрелец во Премиер лигата (веднаш зад Диего Коста и Серхио Агуеро) со постигнати 16 гола, на 19 март 2015 година, Кејн бил повикан од селекторот Рој Хоџсон во репрезентацијата на Англија за квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2016 против Литванија и пријателскиот натпревар против Италија.[89] Тој го направил дебито на Вембли, влегувајќи на местото на Вејн Руни во второто полувреме од натпреварот против Литванија и постигнал гол само 80 секунди подоцна, стрелајќи прецизно со глава по центаршутот на Рахим Стерлинг.[90] На 30 март 2015 година, ден пред натпреварот против Италија, Хоџсон најавил дека Кејн ќе започне заедно со Руни во нападот,[91] и тој ги одиграл сите 90 минути во ремито 1-1 на Стадион Јувентус.[92]
Во неговиот следен настап на 5 септември 2015 година, Кејн влагол како замена и го постигнал петтиот гол за Англија во победата со 6-0 на гости над Сан Марино, со која се квалификувале за Европското првенство 2016.[93] Три дена подоцна Кејн го постигнал својот трет гол за англиската репрезентација во победата со 2-0 во друг квалификациски натпревар против Швајцарија.[94]
На 23 март 2023 година, во натпреварот меѓу репрезентациите на Англија и Италија, одигран во рамките за квалификациите за Европското првенство во фудбал во 2024 година, Кејн го постигнал 54. гол за својата репрезентација и така станал најдобриот стрелец во историјата на англиската фудбалска репрезентација, соборувајќи го дотогашниот рекорд на Вејн Руни.[95]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 18 април 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2010.-јан. 2011 | Тотенхем | ПЛ | 0 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | ЛШ | - | - | - | - | - | 0 | 0 |
јан.-јун. 2011 | Лејтон Ориент | АЛЕ | 18 | 5 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 5 |
авг.-јан. 2012 | Тотенхем | ПЛ | 0 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | ЛЕ | 6 | 1 | - | - | - | 6 | 1 |
јан.-јун. 2012 | Милвол | ЧЛ | 22 | 7 | ФАКУп+ЛК | 5+0 | 2+0 | - | - | - | - | - | - | 27 | 9 |
авг. 2012 | Тотенхем | ПЛ | 1 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | - | 1 | 0 |
сеп. 2012-фев. 2013 | Норич Сити | ПЛ | 3 | 0 | ФАКУп+ЛК | 1+1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 |
фев.- јун. 2013 | Лестер Сити | ЧЛ | 13+2[96] | 2+0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 15 | 2 |
2013-2014 | Тотенхем | ПЛ | 10 | 3 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | 0+1 | ЛЕ | 7 | 0 | - | - | - | 19 | 4 |
2014-2015 | ПЛ | 34 | 21 | ФАКуп+ЛК | 2+6 | 0+3 | ЛЕ | 9 | 7 | - | - | - | 51 | 31 | |
2015-2016 | ПЛ | 38 | 25 | ФАКуп+ЛК | 4+1 | 1+0 | ЛЕ | 7 | 2 | - | - | - | 50 | 28 | |
2016-2017 | ПЛ | 30 | 29 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | 4+0 | ЛШ+ЛЕ | 3+2 | 2+0 | - | - | - | 38 | 35 | |
2017-2018 | ПЛ | 36 | 30 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | 4+0 | ЛШ | 6 | 7 | - | - | - | 48 | 41 | |
2018-2019 | ПЛ | 13 | 7 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | ЛШ | 4 | 4 | - | - | - | 17 | 11 | |
Вкупно Тотенхем | 162 | 115 | 21 | 13 | 44 | 23 | - | - | 230 | 151 | |||||
Вкупно во кариерата | 218+2 | 129 | 28 | 15 | 44 | 23 | - | - | 292 | 167 |
Најмногу голови на еден натпревар
уреди3. гола
уреди10 октомври 2013 Квал. за евро под 21 година | Сан Марино | 0 – 4 | Англија | Стадион Олимпико ди Серавале, Серавале |
---|---|---|---|---|
20:30 ЦЕВ |
Извештај | Кин 5' Кејн 45+3' (пен..), 65', 89' |
Судија: Еико Саар |
23 октомври 2014 Лига Европа | Тотенхем | 5 – 1 | Астерас Триполи | Вајт Харт Лејн, Лондон |
---|---|---|---|---|
21:05 ЦЕВ |
Кејн 13', 75', 81' Ламела 30', 66' |
Извештај | Баралес 89' | Судија: Иван Крузлиак |
21 март 2015 Премиер лига | Тотенхем | 4 – 3 | Лестер Сити | Вајт Харт Лејн, Лондон |
---|---|---|---|---|
16:00 ЦЕВ |
Кејн 6', 13', 64' (пен..) Шлуп 85' (а.г.) |
Извештај | Варди 38' Морган 50' Нуџент 90' |
Судија: Мајк Дин |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Hary Kane“. Barry Hugman's Footballers. Посетено на 31 March 2016.
- ↑ „Player profile“. Tottenham Hotspur F.C. Посетено на 9 January 2015.
- ↑ „Leyton Orient sign Harry Kane & Andrew Whing“. BBC Sport. 7 January 2011.
- ↑ „Rochdale 1–1 Leyton Orient“. BBC Sport. 15 January 2011.
- ↑ „Leyton Orient 4–0 Sheffield Wednesday“. BBC Sport. 22 January 2011.
- ↑ „Four-star Orient stun Owls“. Sky Sports. Посетено на 18 August 2015.
- ↑ „Leyton Orient 4–1 Bristol Rovers“. BBC Sport. 12 February 2011.
- ↑ „Huddersfield Town 2-2 Leyton Orient“.
- ↑ „Harry Kane timeline: How has the Spurs starlet gone from peripheral figure to England goalscorer?“. Daily Mirror. Посетено на 18 August 2015.
- ↑ Lyon, Sam (24 August 2011). „Tottenham 0–0 Hearts“. BBC Sport. Посетено на 11 January 2015.
- ↑ Higginson, Marc (15 August 2011). „Shamrock Rovers 0–4 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 11 January 2015.
- ↑ „Millwall agree loans for Tottenham's Ryan Mason and Harry Kane“. BBC Sport. 29 December 2011. Посетено на 11 January 2015.
- ↑ 13,0 13,1 „From Leyton Orient to Tottenham's first team via Millwall: Charting the rise of Harry Kane“. Sky Sports. Посетено на 18 August 2015.
- ↑ „KENNY Jackett has revealed that he has handed Millwall's Young Player of the Year award to Tottenham loanee Harry Kane“. News at Den. Архивирано од изворникот на 2017-12-16. Посетено на 21 March 2015.
- ↑ „Losing start for Villas-Boas“. Sky Sports. 18 August 2012. Посетено на 24 October 2014.
- ↑ „From Leyton Orient to Tottenham's first team via Millwall: Charting the rise of Harry Kane“. Sky Sports. Посетено на 21 March 2015.
- ↑ Smallwood, Jimmy (15 September 2012). „Norwich 0–0 West Ham“. BBC Sport. Посетено на 24 October 2014.
- ↑ „Canaries suffer Kane blow“. The Sun. 27 September 2012. Посетено на 24 October 2014.
- ↑ „Harry Kane: Leicester City sign Tottenham striker“. BBC Sport. 21 February 2013. Посетено на 12 May 2013.
- ↑ Self, Janine (26 February 2013). „Leicester 3 Blackburn 0: Wood turns a slump into a bump with a little help from Kane and King“. Daily Mail. Посетено на 24 October 2014.
- ↑ Sanghera, Mandeep. „Watford 3–1 Leicester (agg 3 – 2)“. BBC Sport. Посетено на 21 March 2015.
- ↑ 22,0 22,1 „Tottenham 2–2 Hull (8–7 on pens)“. BBC Sport. 30 October 2013. Посетено на 23 October 2014.
- ↑ Chowdhury, Saj (7 April 2014). „Tottenham 5–1 Sunderland“. BBC Sport.
- ↑ Cryer, Andy (12 April 2014). „West Bromwich Albion 3–3 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 19 April 2014.
- ↑ Sanghera, Mandeep (19 April 2014). „Tottenham Hotspur 3–1 Fulham“. BBC Sport. Посетено на 19 April 2014.
- ↑ Rose, Gary (16 August 2014). „West Ham 0–1 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 16 August 2014.
- ↑ Jurejko, Jonathan (28 August 2014). „Tottenham 3–0 AEL Limassol (agg 5–1)“. BBC Sport. Посетено на 23 October 2014.
- ↑ „Tottenham Hotspur 3–1 Nottingham Forest“. BBC Sport. 24 September 2014. Посетено на 23 October 2014.
- ↑ 29,0 29,1 Canavan, Steve (23 October 2014). „Tottenham Hotspur 5–1 Asteras Tripolis“. BBC Sport. Посетено на 23 October 2014.
- ↑ 30,0 30,1 Cryer, Andy. „Hull City 1–2 Tottenham Hotspur“. BBC Sport.
- ↑ Shemilt, Stephan (1 January 2015). „Tottenham 5–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 2 January 2015.
- ↑ „Harry Kane signs new five-year deal with Tottenham“. BBC Sport. 2 February 2015. Посетено на 2 February 2015.
- ↑ Dawkes, Phil (7 February 2015). „Tottenham 2–1 Arsenal“. BBC Sport. Посетено на 7 February 2015.
- ↑ „Kane and Pulis claim Barclays monthly awards“. Premier League. 13 March 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 13 March 2015.
- ↑ „Tottenham: Harry Kane wins second Player of the Month award“. BBC Sport. 13 February 2015. Посетено на 13 March 2015.
- ↑ Sanghera, Mandeep (21 March 2015). „Tottenham 4–3 Leicester“. BBC Sport. Посетено на 21 March 2015.
- ↑ „Battling Burnley blunt Tottenham's edge to deny captain Harry Kane“. The Guardian. 6 April 2015.
- ↑ „Newcastle 1 Tottenham 3, match report: Harry Kane takes goal tally to 30 for the season“. The Daily Telegraph. 19 April 2015.
- ↑ „PFA Team of the Year: Chelsea have six players selected“. BBC Sport. 26 April 2015. Посетено на 26 April 2015.
- ↑ „Tottenham striker Harry Kane named PFA Young Player of the Year“. Goal.com. 26 April 2015. Посетено на 26 April 2015.
- ↑ Magowan, Alistair (24 May 2015). „Everton 0–1 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 24 May 2015.
- ↑ 42,0 42,1 Hytner, David (7 August 2015). „Harry Kane: I achieved so much ... stuff I wanted to do in a career, I did in a season“. The Guardian. Посетено на 27 August 2015.
- ↑ „Harry Kane: 'I want to become a Tottenham legend and change the image of players representing England'“. The Daily Telegraph. Посетено на 25 August 2015.
- ↑ Sanghera, Mandeep (26 September 2015). „Tottenham 4-1 Man City“. BBC Sport. Посетено на 26 September 2015.
- ↑ Dawkes, Phil (4 October 2015). „Swansea 2-2 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 4 October 2015.
- ↑ „Bournemouth 1-5 Tottenham“. BBC Sport. 25 October 2015. Посетено на 25 October 2015.
- ↑ „Claudio Ranieri and Harry Kane win Premier League manager and player awards for March“. Daily Express. 8 April 2016. Посетено на 9 April 2016.
- ↑ „Harry Kane joins elite group of Premier League goalscorers“. Sky Sports. 4 April 2016. Посетено на 4 April 2016.
- ↑ „Tottenham's Harry Kane clinches Premier League Golden Boot“. Sky Sports. 15 May 2016.
- ↑ „PFA awards: Leicester and Spurs dominate Premier League team“. BBC Sport. 21 April 2016. Посетено на 6 December 2017.
- ↑ Edwards, Luke (19 May 2016). „Spurs striker Harry Kane positive with progress despite end of season collapse“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 16 May 2016.
- ↑ „Harry Kane shows promising signs in a new role as Tottenham edge past Crystal Palace“. The Daily Telegraph. London. 21 August 2016.
- ↑ „Stoke City 0–4 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. 10 September 2016.
- ↑ Flanagan, Chris (14 September 2017). „Why Harry Kane's Dortmund brace could be a genuine watershed moment“. FourFourTwo. Посетено на 6 October 2017.
- ↑ „Harry Kane: Tottenham give no time frame over striker's ankle injury“. BBC Sport. 20 September 2016.
- ↑ „Tottenham's Harry Kane faces two months out with ankle injury – reports“. ESPN FC. 19 September 2016.
- ↑ Taylor, Daniel (6 November 2016). „Harry Kane spot-on to claim draw for Tottenham at Arsenal on return“. The Guardian. London.
- ↑ „Monaco 2 Tottenham 1: Spurs out of Champions League as superb Hugo Lloris let down badly by team-mates“. The Daily Telegraph. London. 22 November 2016.
- ↑ „New deal for Kane“. Tottenham Hotspur F.C. 1 December 2016. Посетено на 1 December 2016.
- ↑ „Harry Kane equals Thierry Henry's goal record after 100 Premier League games“. The Daily Telegraph. London. 1 January 2017.
- ↑ „Who scored the first Premier League goal of 2017? The answer is Harry Kane!“. Hertfordshire Mercury. Hertford. 1 January 2017. Архивирано од изворникот на 2023-01-20. Посетено на 2020-03-05.
- ↑ "Tottenham Hotspur 4–0 West Brom". BBC Sport. 14 January 2017. Retrieved 14 January 2017.
- ↑ „Fulham 0–3 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. 19 February 2017.
- ↑ „Tottenham Hotspur 4–0 Stoke City“. BBC Sport. 26 February 2017.
- ↑ „King Kane marches on – Tottenham boss in 100-goal salute to Harry the great“. The Standard. Hong Kong. 28 February 2017.
- ↑ Whaling, James (13 March 2017). „Harry Kane leaves White Hart Lane on crutches and in protective boot as Pochettino sweats over striker's injury“. Daily Mirror. London. Посетено на 19 June 2018.
- ↑ Kearns, Sean (15 April 2017). „Harry Kane becomes just the fourth player in Premier League history to score 20+ goals in three consecutive seasons“. Metro. London. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „PFA teams of the year: Chelsea and Tottenham dominate Premier League XI“. BBC Sport. 20 April 2017. Посетено на 16 December 2017.
- ↑ „Men's PFA Players' Player of the Year 2017“. Professional Footballers' Association. 13 April 2017. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „Men's PFA Young Player of the Year 2017“. Professional Footballers' Association. 13 April 2017. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „Chelsea 4–2 Tottenham“. BBC Sport. 22 April 2017.
- ↑ Chapman, Caroline (14 May 2017). „Tottenham Hotspur 2–1 Manchester United“. BBC Sport.
- ↑ Rostance, Tom (18 May 2017). „Leicester City 1–6 Tottenham Hotspur“. BBC Sport.
- ↑ Bysouth, Alex (21 May 2017). „Hull City 1–7 Tottenham Hotspur“. BBC Sport.
- ↑ Brown, Luke (21 May 2017). „Tottenham striker Harry Kane wins the Premier League's Golden Boot for the second season in a row“. The Independent. London. Посетено на 22 May 2017.
- ↑ „Everton 0–3 Tottenham“. BBC Sport. 9 September 2017.
- ↑ Ronay, Barney (14 September 2017). „Harry Kane's masterclass of craft and energy drags Tottenham to victory“. The Guardian. London. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ Law, Matt (23 September 2017). „West Ham 2 Tottenham 3: Harry Kane wins battle of the strikers as Mauricio Pochettino declares 'I am in love with him'“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ „Kane reaches 100 Spurs goals – in 12 games fewer than Henry for Arsenal“. FourFourTwo. 9 September 2017. Посетено на 2 February 2018.
- ↑ Hytner, David (26 September 2017). „Harry Kane's slick hat-trick smooths Tottenham's path past Apoel Nicosia“. The Guardian. London. Посетено на 26 September 2017.
- ↑ Rosser, Jack (14 October 2017). „Harry Kane hails September as his best ever month after Premier League award“. London Evening Standard. Посетено на 14 October 2017.
- ↑ „England U19 6 Albania U19 1“. england-mad.co.uk. 8 October 2010. Архивирано од изворникот на 2012-03-17. Посетено на 2016-04-21.
- ↑ „Portugal begin with win against England“. UEFA. 18 June 2015. Посетено на 23 August 2015.
- ↑ „England beat Sweden through late Lingard goal“. UEFA. 21 June 2015. Посетено на 23 August 2015.
- ↑ „Italy beat England but Sweden deny them semi spot“. UEFA. 24 June 2015. Посетено на 23 August 2015.
- ↑ Parker, Sam (3 June 2015). „Harry Kane: "To Score At Wembley Is What You Dream About As A Kid"“. Esquire. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 27 August 2015.
- ↑ „Ireland manager Martin O'Neill will target English youth stars for his Republic revolution“. Daily Mail. 12 November 2013.
- ↑ „Blow for Martin O'Neill as Harry Kane rules out playing for the Republic of Ireland“. Irish Independent. 29 August 2014.
- ↑ Bradbury, Jamie (19 March 2015). „Harry Kane earns first call-up to England senior squad“. The Football Association. Посетено на 19 March 2015.
- ↑ McNulty, Phil (28 March 2015). „England 4–0 Lithuania“. BBC Sport. Посетено на 29 March 2015.
- ↑ „Tottenham's Harry Kane to start for England against Italy“. BBC Sport. 20 March 2015. Посетено на 30 March 2015.
- ↑ „Italy 1–1 England“. BBC Sport. 31 March 2015. Посетено на 31 March 2015.
- ↑ McNulty, Phil (5 September 2015). „San Marino 0-6 England“. BBC Sport. Посетено на 5 September 2015.
- ↑ McNulty, Phil (8 September 2015). „England 2-0 Switzerland“. BBC Sport. Посетено на 1 October 2015.
- ↑ „Победа на Англија, рекорд на Кејн“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 8.
- ↑ Во плејофот за промоција.