Отвори го главното мени

ФК Јувентус сезона 2018-2019

Сезоната 2018-2019 за фудбалскиот клуб Јувентус била 121-та од неговото основање и дванаесетта последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.

Јувентус
сезона 2018–2019
ПретседателИталија Андреа Ањели
ТренерИталија Масимилијано Алегри
Серија А1-ви
Скудето (35. титула)
Суперкуп ИталијаШампиони
Суперкуп на Италија (8. титула)
Куп на ИталијаЧетвртфинале
Лига на шампиониЧетвртфинале
Најдобар стрелецЛига:
Португалија Кристијано Роналдо (21)
Вкупно:
Португалија Кристијано Роналдо (28)
Домакин
Гост
Трети

Преглед на сезонатаУреди

Почетокот на летото 2018 во клубот го одбележал планот за недвижен имот, според кој бил додаден уште еден дел во J-Village, каде првиот тим од 9 јули бил префрлен да тренира од Виново во новиот Јувентус тренинг центар во Континаса.[1][2] За време на сезоната, клубот, исто така, направил значителна структурна реорганизација, така што својот мандат во клубот го завршил генералниот директор Џузепе Марота[3] и било воспоставено ново управно тело, кое меѓу другото донело и порелевантната улога за спортски директор Фабио Паратичи.[4][5]

 
Португалецот Кристијано Роналдо, пристигнал во Торино за 100 милиони евра, со што станал најскапиот трансфер во историјата на италијанскиот фудбал.[6]

На фудбалски план, летната трансфер кампања била една од највпечатливите во историјата на Јувентус. Иако се разделиле со две "икони" на клубот како што се Буфон[7] и Маркизио,[8] Јувентус се залагал и понатаму за големи промени во составот, во кој биле вклучени и заминувањата на различни протагонисти од претходните години како Лихтштајнер,[9] Асамоа[10] и Игуаин.[11] За да ги заменат овие играчи, во Јувентус дошле неколку нови засилувања меѓу кој посебно се истакнува доаѓањето на португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, доведен од Реал Мадрид за сума од 100 милиони евра[12][13] - еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот и најскапиот во историјата на италијанскиот фудбал.[14] Покрај Роналдо, во текот на летото 2018 во Торино пристигнале и голманот Перин,[15][16] португалскиот бек Жоао Кансело,[17][18] и играчот од средниот ред германецот Емре Џан,[19] додека од позајмици во црно-белиот дрес се вратиле и бекот Спинацола[20] и напаѓачот Кен[21]. За крај на летниот преоден рок како големо изненадување во Јувентус се вратил Бонучи, по скандалозното заминување од клубот само дванаесет месеци претходно, во размена по која овој пат во Милан заминал Калдара.[22][23]

На почетокот од сезоната Јувентус понудил многу добри "перформанси"; во Серија А постигнале 8 последователни победи во низа, а во Лигата на шампионите освоиле максимални 9 бода во првите три натпревари.[24][25][26] Квалификацијата во нокаут фазата од Лигата на шампионите била обезбедена на едно коло пред крајот на групната фаза, после победата на домашен терен со 1-0 над Валенсија;[27] Јувентус исто така на крајот го освоил првото место во групата пред Манчестер Јунајтед и заедно со англичаните се пласирале во осминафиналето.[28] Во исто време лидерското место во лигата никогаш не било доведено во прашање, а титулата зимски шампион била освоена со импресивни 53 бода (17 победи, 2 нерешени) и без ниту еден пораз по првиот дел од шампионатот[29] нешто што веќе претходно му успеало на клубот во сезоната 2011-2012 иако со значително помал број на бодови.[30]

Во јануари, клубот ја започнал својата авантура во Купот на Италија, елиминирајќи ја Болоња во осминфиналето.[31] По победата во Саудиска Арабија - по избор на Италијанската фудбалската федерација да се игра натпреварот на неутрален терен - над Милан со 1-0 во Суперкупот на Италија, бјанконерите го освоиле осмиот наслов во Суперкупот со што станале осамени рекордери (претходно со Милан имале по 7). Меѓутоа, многу брзо потоа момците на Алегри претрпеле големо разочарување откако биле поразени со 3-0 од Аталанта во Купот на Италија.[32] Во осминафиналето на Лигата на шампионите, бјанконерите ги вкрстиле копјата со шпанскиот Атлетико Мадрид, освојувач на Лигата на Европа во сезоната 2017-2018. Во првиот натпревар одигран во Мадрид, Јувентус бил целосно надигран од шпанците и загубил со 2-0; сепак во реваншот прикажуваат многу подобра и поубедлива игра и со хет-трикот на Роналдо го свртеле исходот, победа од 3-0 за пласман во четвртфиналето.[33] За тоа исто време, во првенството Јувентус нема проблеми ниту во пролетниот дел од шампионатот, од коло во коло ја зголемува предноста во однос на конкурентите и ја продолжувува својата серија без пораз. Сепак, само 4 дена по фантастичната победа над Атлетико и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, клубот го доживеал првиот сезонски пораз во првенството на гостувањето кај Џенова со што била прекината серијата на натпревари без пораз која траела речиси една цела година започната на 22 април 2018 година (кога Јувентус загубил дома од Наполи).[34] Патот на клубот во Европа завршил во следниот круг, кога "аутсајдерот" каков што претставувал холандскиот Ајакс ги елиминира италијанските шампиони со победа од 2-1[35] во Торино по нерешените 1-1 во Амстердам.[36]

Веднаш по елиминацијата од Лигата на шампионите, Јувентус го освоил скудетото на 5 кола пред крајот на шампионатот победувајќи ја Фјорентина со 2-1 во Торино.[37] Победата над виолетовите од Фиренца го остава Наполи — единствениот ривал во оваа сезона — без математичката можност да ги стигне, завршувајќи го првенството со 11 бода предност пред ривалите од југот на Италија (90 на спрема 79).[38] На крајот на сезоната, дошло до разделба помеѓу Јувентус и тренерот Алегри,[39] кој по пет успешни години му кажал збогум на клубот. Како тренер на Јувентус, Алегри освоил 5 скудета (со кој го надминал легендарниот Карло Каркано, тренер на Јувентус во 1930-тите), 4 Купа на Италија и 2 Суперкупа на Италија.

ДресовиУреди

Спортска опрема: Адидас
Главен спонзор: Jeep

СоставУреди

ТрансфериУреди

Прикажани се само побитните операции

ДошлеУреди

Дата Поз. Играч Години Од Сума Начин Извор
1 јули 2018 ОД, ОД   Матија Калдара 24     Аталанта N/A вратен од заем [1] [2]
ОД, ОД   Леонардо Спинацола 25 [3]
НП, НП   Моизе Кен 17     Верона [4]
ГМ, ГМ   Матија Перин 25     Џенова €12M конечно, плус €3M бонуси [5]
СР, СР   Емре Џан 24     Ливерпул бесплатно конечно, дополнителни трошоци €16M платени во две рати [6]
ОД, ОД   Жоао Кансело 24     Валенсија €40.4M конечно [7]
10 јули 2018 НП, НП   Кристијано Роналдо 33     Реал Мадрид €100M конечно [8]
2 август 2018 ОД, ОД   Леонардо Бонучи 31     Милан €35M конечно [9]
29 јануари 2019 ОД, ОД   Мартин Касерес 31     Лацио €0.6M на заем до јуни 2019 [10]

ЗаминалеУреди

Дата Поз. Играч Години Од Сума Начин Извор
1 јули 2018 ОД, ОД   Бенедикт Хеведес 30     Шалке 04 Бесплатно крај на заем [11]
ОД, ОД   Стефан Лихтштајнер 34     Арсенал истечен договор [12]
c СР   Квадво Асамоа 29     Интер [13]
6 јули 2018 ГМ, ГМ   Џанлујџи Буфон 40     Париз Сен Жермен [14]
2 август 2018 ОД, ОД   Матија Калдара 24     Милан €35M конечно [15]
НП, НП   Гонсало Игуаин 30 €18M на заем до крајот на сезоната, со опција за откуп за уште €36M [16]
7 август 2018 НП, НП   Марко Пјаца 23     Јувентус €2M €2M заем, со опција за откупа за уште €20M [17]
11 август 2018 c СР   Стефано Стураро 25     Спортинг Лисабон N/A на заем до јуни 2019 [18]
16 август 2018 c СР   Клаудио Маркизио 32     Зенит Ст. Петербург Бесплатно раскинат договор [19]
28 јануари 2019 ОД, ОД   Меди Бенатија 31     Ал-Духаил €8M €2M бонуси [20]

Натпреварувања во сезонатаУреди

ВкупноУреди

Натпреварување Прв натпревар Последен натпревар Почетна рунда Конечен пласман Скор
ОН П Н И ДГ ПГ ГР Победи %
Серија А 18 август 2018 26 мај 2019 Прво коло Победник &1000000000000003800000038 &1000000000000002800000028 &100000000000000060000006 &100000000000000040000004 &1000000000000007000000070 &1000000000000003000000030 +40 0&1000000000000007368000073.68
Куп на Италија 12 јануари 2019 30 јануари 2019 Осминафинале Четвртфинале &100000000000000020000002 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &100000000000000020000002 &100000000000000030000003 −1 0&1000000000000005000000050.00
Суперкуп на Италија 16 јануари 2019 16 јануари 2019 Финале Победник &100000000000000010000001 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 +1 &10000000000000100000000100.00
Лига на шампиони 19 септември 2018 16 април 2019 Фаза по групи Четвртфинале &1000000000000001000000010 &100000000000000050000005 &100000000000000010000001 &100000000000000040000004 &1000000000000001400000014 &100000000000000090000009 +5 0&1000000000000005000000050.00
Вкупно &1000000000000005100000051 &1000000000000003500000035 &100000000000000070000007 &100000000000000090000009 &1000000000000008700000087 &1000000000000004200000042 +45 0&1000000000000006862999968.63

Последно ажурирање: 26 мај 2019

Извор: Натпреварувања

Суперкуп на ИталијаУреди

  Главна статија: „Суперкуп на Италија 2018.

Серија АУреди

  Главна статија: „Серија А 2018-2019.

Завршна табелаУреди

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
  1.   Јувентус 90 38 28 6 4 70 30 +40
2.   Наполи 79 38 24 7 7 74 36 +38
3.   Аталанта 69 38 20 9 9 77 46 +31
4.   Интер 69 38 20 9 9 57 33 +24
5.   Милан 68 38 19 11 8 55 36 +19
6.   Рома 66 38 18 12 8 66 48 +18
7.   Торино 63 38 16 15 7 52 37 +15
[46] 8.   Лацио 59 38 17 8 13 56 46 +10
9.   Сампдорија 53 38 15 8 15 60 51 +9
10.   Болоња 44 38 11 11 16 48 56 –8
11.   Сасуоло 43 38 9 16 13 53 60 −7
12.   Удинезе 43 38 11 10 17 39 53 −14
13.   СПАЛ 42 38 11 9 18 44 56 −12
14.   Парма 41 38 10 11 17 41 61 −20
15.   Каљари 41 38 10 11 17 36 54 −18
16.   Фјорентина 41 38 8 17 13 47 45 +2
17.   Џенова 38 38 8 14 16 39 57 −18
  18.   Емполи 38 38 10 8 20 51 70 −19
  19.   Фрозиноне 25 38 5 10 23 29 69 −40
  20.   Кјево (-3) 17 38 2 14 22 25 75 −50

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2018-2019.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2018-2019.
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2018-2019.
      Се квалификува за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2018-2019.
      Испаѓа во Серија Б 2018-2019.

Санкции:

На Кјево му се одземени три бода.[47]

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните дуели
  • Гол-разлика во меѓусебните дуели
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

НатпревариУреди

Куп на ИталијаУреди

  Главна статија: „Фудбалски куп на Италија 2018-2019.

Лига на шампиониУреди

Фаза по групиУреди

Мес Team Одиг О Н З Бд Квалификации ЈУВ МЈ ВАЛ ЈБ
1     Јувентус 6 4 0 2 9 4 +5 12 Продолжува во нокаут фазата 1–2 1–0 3–0
2     Манчестер Јунајтед 6 3 1 2 7 4 +3 10 0–1 0–0 1–0
3     Валенсија 6 2 2 2 6 6 0 8 Се сели во Лига Европа 0–2 2–1 3–1
4     Јанг Бојс 6 1 1 4 4 12 −8 4 2–1 0–3 1–1
Извор: UEFA
Правила за класификација: Групна фаза правила

Нокаут фазаУреди

ОсминафиналеУреди
ЧетвртфиналеУреди

СтатистикаУреди

Настапи и головиУреди

Бр. Поз Нац Играч Вкупно Серија А Суперкуп на Италија Куп на Италија Лига на шампиони
Наст Гол Наст Гол Наст Гол Наст Гол Наст Гол
Голмани
1 ГМ   Војчех Шченсни 41 0 28 0 1 0 2 0 10 0
21 ГМ   Карло Пинсољо 1 0 1 0 0 0 0 0 0 0
22 ГМ   Матија Перин 9 0 9 0 0 0 0 0 0 0
Одбрана
2 ОД   Матија Де Шиљо 28 0 19+3 0 0 0 2 0 4 0
3 ОД   Џорџо Кјелини 34 1 22+3 1 1 0 2 0 6 0
4 ОД   Мартин Касерес 9 0 7+2 0 0 0 0 0 0 0
12 ОД   Алекс Сандро 41 1 27+2 1 1 0 1+1 0 8+1 0
15 ОД   Андреја Барцаљи 9 0 3+3 0 0 0 0 0 1+2 0
19 ОД   Леонардо Бонучи 40 3 26+2 3 1 0 1 0 10 0
20 ОД   Жоао Кансело 33 1 21+2 1 1 0 1+1 0 5+2 0
24 ОД   Даниеле Ругани 20 2 15 2 0 0 1 0 3+1 0
37 ОД   Леонардо Спинацола 12 0 6+4 0 0 0 1 0 1 0
43 ОД   Паоло Гоци 1 0 1 0 0 0 0 0 0 0
Среден ред
5 СР   Миралем Пјаниќ 43 4 26+4 2 1 0 1+1 0 10 2
6 СР   Сами Хедира 17 2 8+2 2 0+1 0 2 0 2+2 0
14 СР   Блез Матуиди 41 3 28+2 3 1 0 1 0 8+1 0
23 СР   Емре Џан 36 4 19+9 4 0+1 0 1 0 2+4 0
30 СР   Родриго Бентанкур 39 2 21+9 2 1 0 1 0 6+1 0
34 СР   Маноло Портанова 1 0 0+1 0 0 0 0 0 0 0
35 СР   Матеус Переира 3 0 1+2 0 0 0 0 0 0 0
39 СР   Григорис Кастанос 1 0 1 0 0 0 0 0 0 0
41 СР   Ханс Николуси 3 0 0+3 0 0 0 0 0 0 0
Напаѓачи
7 НП   Кристијано Роналдо 42 28 29+1 21 1 1 1+1 0 9 6
10 НП   Пауло Дибала 41 10 23+6 5 1 0 1+1 0 6+3 5
11 НП   Даглас Коста 25 1 7+10 1 1 0 1+1 0 1+4 0
16 НП   Хуан Квадрадо 22 1 13+4 1 0 0 0 0 4+1 0
17 НП   Марио Манџукиќ 32 10 23+1 9 0 0 0 0 7+1 1
18 НП   Моизе Кен 16 7 5+7 6 0 0 1 1 0+3 0
33 НП   Федерико Бернардески 38 3 14+13 2 0+1 0 2 1 6+2 0
40 НП   Стефи Мавидиди 1 0 0+1 0 0 0 0 0 0 0
Играчи кој го напуштиле клубот во текот на сезоната
4 ОД   Меди Бенатија 7 0 5 0 0 0 1 0 1 0

Last updated: 26 мај2019
Source: Натпреварувања

Листа на стрелциУреди

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
1 7 НП   Кристијано Роналдо 21 1 0 6 28
2 10 НП   Пауло Дибала 5 0 0 5 10
17 НП   Марио Манџукиќ 9 0 0 1 10
4 18 НП   Моизе Кен 6 0 1 0 7
5 5 СР   Миралем Пјаниќ 2 0 0 2 4
23 СР   Емре Џан 4 0 0 0 4
7 14 СР   Блез Матуиди 3 0 0 0 3
19 ОД   Леонардо Бонучи 3 0 0 0 3
33 НП   Федерико Бернардески 2 0 1 0 3
10 6 СР   Сами Хедира 2 0 0 0 2
24 ОД   Даниеле Ругани 2 0 0 0 2
30 СР   Родриго Бентанкур 2 0 0 0 2
13 3 ОД   Џорџо Кјелини 1 0 0 0 1
11 НП   Даглас Коста 1 0 0 0 1
12 ОД   Алекс Сандро 1 0 0 0 1
16 НП   Хуан Квадрадо 1 0 0 0 1
20 ОД   Жоао Кансело 1 0 0 0 1
Автогол 4 0 0 0 4
Вкупно 70 1 2 13 86

Последно ажуририање: 17 јули 2019

Суви мрежиУреди

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
1 1 ГМ   Војчех Шченсни 11 1 1 5 18
2 22 ГМ   Матија Перин 5 0 0 0 5
Вкупно 16 1 1 5 23

Последно ажурирање: 17 јули 2018

ДисциплинаУреди

Бр. Поз Нац Играч Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
                                       
1 ГМ   Војчех Шченсни 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0 1 0 0
22 ГМ   Матија Перин 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0
2 ОД   Матија Де Шиљо 2 0 0 0 0 0 1 0 0 0 0 0 3 0 0
3 ОД   Џорџо Кјелини 2 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0 3 0 0
4 ОД   Мартин Касерес 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0
12 ОД   Алекс Сандро 6 0 0 1 0 0 0 0 0 3 0 0 10 0 0
19 ОД   Леонардо Бонучи 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0
20 ОД   Жоао Кансело 5 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 5 0 0
24 ОД   Даниеле Ругани 2 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0 3 0 0
5 СР   Миралем Пјаниќ 5 1 0 1 0 0 1 0 0 0 0 0 7 1 0
14 СР   Блез Матуиди 3 0 0 0 0 0 1 0 0 2 0 0 6 0 0
16 СР   Хуан Квадрадо 2 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0 3 0 0
23 СР   Емре Џан 6 0 0 0 0 0 1 0 0 0 0 0 7 0 0
30 СР   Родриго Бентанкур 7 1 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0 8 1 0
7 НП   Кристијано Роналдо 2 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 2 0 1
10 НП   Пауло Дибала 2 0 0 1 0 0 0 0 0 1 0 0 4 0 0
11 НП   Даглас Коста 2 0 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0 2 0 1
17 НП   Марио Манџукиќ 3 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 3 0 0
18 НП   Моизе Кен 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 1 0 0
33 НП   Федерико Бернардески 3 0 0 0 0 0 1 0 0 2 0 0 6 0 0
Играчи кој го напуштиле клубот во текот на сезоната
4 ОД   Меди Бенатија 2 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0 2 0 0
Вкупно 58 2 1 3 0 0 5 0 0 13 0 1 79 2 2

Последно ажурирање: 17 јули 2018

НаводиУреди

  1. „Il primo allenamento al JTC!“. 9 luglio 2018. 
  2. Prvi tim napusta Vinovo“, 2 јуни 2018 (посет. 16 јули 2019 г).
  3. „La Juventus saluta Giuseppe Marotta“. 25 октомври 2018. 
  4. „Comunicato stampa“. 23 novembre 2018. 
  5. Agnelli: "Model ostaje isti"“, ju1897.net, 1 октомври 2018 (посет. 16 јули 2019 г).
  6. РОНАЛДО ПОТПИША ЗА ЈУВЕНТУС, РЕАЛ ЌЕ ДОБИЕ 105 МИЛИОНИ ЕВРА“, sdk.mk, 10 јули 2018 (посет. 16 јули 2019 г).
  7. „Un applauso infinito“. 17 мај 2018. 
  8. „Grazie di tutto Claudio!“. 17 август 2018. 
  9. „Vielen Dank, Swiss Express!“. 5 giugno 2018. 
  10. „Grazie di tutto, Asa!“. 2 luglio 2018. 
  11. „Accordi con il Milan“ (PDF). 2 agosto 2018. 
  12. ACCORDO CON IL REAL MADRID PER L’ACQUISIZIONE DEFINITIVA DEL CALCIATORE CRISTIANO RONALDO juventus.com
  13. Zvanicno: Cristiano Ronaldo je novi igrac Juventusa“, ju1897.net, 10 јули 2018 (посет. 16 јули 2019 г).
  14. Alessandro Bocci; Giampiero Timossi (10 јули 2018). „Cristiano Ronaldo alla Juve per 100 milioni: è l'affare del secolo“. 
  15. „Accordo con il Genoa per l'acquisizione definitiva del calciatore Mattia Perin“ (PDF). 8 јуни 2018. 
  16. Zvanicno: Mattia Perin je golman Juventusa“, ju1897.net, 8 јуни 2018 (посет. 16 јули 2019 г).
  17. „Accordo con il Valencia per l'acquisizione definitiva del calciatore João Pedro Cavaco Cancelo“ (PDF). 27 јуни 2018. 
  18. Zvanicno: Joao Pedro Cavaco Cancelo je igrac Juventusa“, ju1897.net, 27 јуни 2018 (посет. 16 јули 2019 г).
  19. + 16 milioni € di oneri accessori, cfr. „Emre Can“ (PDF). 21 јуни 2018. 
  20. „Spinazzola: «Essere qui è un sogno»“. 19 јули 2018. 
  21. Lorenzo Bettoni (1º settembre 2018). „Kean resta alla Juve: tra Raiola e dirigenza, i motivi della scelta“. 
  22. „AGREEMENTS WITH MILAN“ (PDF). 2 август 2018. 
  23. Zvanicno: Bonucci u Juventusu, Higuain i Caldara u Milanu“, ju1897.net, 2 август 2018 (посет. 16 јули 2019 г).
  24. Maurizio Crosetti. „La Coppa senza Var fa piangere Ronaldo, ma la Juve è d'acciaio“, 20 септември 2018.
  25. Juve, arbitro e rissa“, la Repubblica, 30 settembre 2018.
  26. Maurizio Crosetti. „La libertà di Dybala“, la Repubblica, 3 октомври 2018.
  27. Emanuele Gamba. „Il rigorino e la magia“, la Repubblica, 28 октомври 2018.
  28. Emanuele Gamba. „Un disastro all'italiana, scivola anche la Juve“, la Repubblica, 13 dicembre 2018.
  29. Emanuele Gamba. „Il salvagente di Ronaldo e l'avvelenata di Allegri“, la Repubblica, 27 декември 2018.
  30. Emanuele Gamba. „La tripletta del Var nel giorno della Juve, collezionista di record“, la Repubblica, 30 декември 2018.
  31. Filippo Conticello (12 јануари 2019). „Coppa Italia, Bologna-Juve 0-2: decidono Bernardeschi e Kean“. 
  32. Emanuele Gamba. „Allora si può battere“, la Repubblica, 31 јануари 2019.
  33. Maurizio Crosetti. „Ronaldo mostruoso, la Juve è nella storia“, la Repubblica, 13 март 2019.
  34. Filippo Conticello (17 март 2019). „Serie A, Genoa-Juve 2-0: gol di Sturaro e Pandev, capolista battuta“. 
  35. Federico Sala (16 aprile 2019). „Juventus-Ajax 1-2: non basta Cristiano Ronaldo, van de Beek e de Ligt eliminano i bianconeri“. 
  36. Luca Bianchin (10 април 2019). „Ajax-Juve 1-1: CR7 regale, poi pari di Neres. Un buon pari“. 
  37. Filippo Conticello (20 април 2019). „Serie A, Juve-Fiorentina 2-1: festa bianconera, ottavo scudetto di fila“. 
  38. „Le foto della festa per lo scudetto della Juventus“.  Unknown parameter |data= ignored (помош)
  39. „Juve-Allegri, è divorzio: l'annuncio del club“. 17 мај 2019. 
  40. Приклучен во првиот тим од Јувентус У23, cfr. „Supercoppa Italiana, i convocati“. 14 јануари 2019. 
  41. Приклучен во првиот тим од Јувентус У23, cfr. „I convocati per Samp-Juve“. 25 мај 2019. 
  42. Приклучен во првиот тим од Јувентус У23, cfr. „Inter-Juve, i convocati“. 26 април 2019. 
  43. Приклучен во првиот тим од Јувентус У23, cfr. „Atalanta-Juve, i convocati“. 25 декември 2018. 
  44. 44,0 44,1 Приклучен во првиот тим од Јувентус У23, cfr. „Juve-Udinese, i convocati“. 8 март 2019. 
  45. Приклучен во првиот тим од Јувентус У23, cfr. „SPAL-Juve, i convocati bianconeri“. 12 април 2019. 
  46. Се пласирале во групната фаза на Лигата на Европа 2019-2020 како победник на Купот на Италија 2018-2019.
  47. „TFN: 3 PUNTI DI PENALIZZAZIONE AL CHIEVO VERONA“. Архивирано од изворникот на 13 септември 2018. конс. 13 септември 2018. 

Надворешни врскиУреди