Европско првенство во фудбал 2020
Европско првенство во фудбал 2020 (УЕФА Евро 2020) — 16-то Европско фудбалско првенство, меѓународно европско фудбалско натпреварување кое се одржува еднаш на секој четири години во организација на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА).[1]
Европско првенство во фудбал 2020 Европско првенство во фудбал 2020 | |
---|---|
![]() | |
Општо за првенството | |
Домаќин(и) | |
градови | 11 |
стадиони | 11 |
Период на одржување | 11 јуни — 11 јули 2021 |
Број на учесници | 24 |
Распределба на медалите | |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() ![]() |
Статистички податоци за првенството | |
Посетеност | 1.099.278 (21.554 по натпревар) |
Одиграно натпревари | 51 |
Дадено голови | 142 (2.78 по натпревар) |
Најдобар стрелец | ![]() ![]() |
Најдобар играч | ![]() |
Најдобар млад играч | ![]() |
← 2016 2024 →
|
Турнирот, се одржал во 11 различни градови во 11 различни земји членки на УЕФА, а првично бил закажан да се одигра од 12 јуни до 12 јули 2020 година. Сепак, истиот бил одложен поради пандемијата на КОВИД-19 во Европа и презакажан за периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Натпреварувањето било одложен за да се намали притисокот врз јавните служби во земјите погодени од вирусот и да се овозможи завршување на домашните лиги кои биле суспендирани неколку месеци.[2] И покрај промената на календарската година на одигрување, турнирот сепак го задржал името „Европско првенство во фудбал 2020“ или „УЕФА Евро 2020“.[3]
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во 2012 година изјавил дека турнирот требало да биде организиран од повеќе нации како „романтичен“ еднократен настан за прослава на 60-тиот „роденден“ на натпреварувањето - Европско првенство во фудбал.[4] Со поголем капацитет од кој било друг стадион пријавен како организатор на настанот, стадионот Вембли во Лондон треба да биде домаќин на полуфиналето и финалето по вторпат во својата историја, откако на него претходно било одиграно финалето на првенството во 1996, но на поранешна инкарнација на стадионот. Стадионот Олимпико во Рим, пак ќе биде домаќин на воведниот натпревар на турнирот, во кој ќе играат репрезентациите на Турција и еден од домаќините Италија.
Првенството го освоила Италија, која во финалето ја победила Англија по изведување пенали, откако во регуларниот дел и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.[5]
Избор на домаќиниУреди
Некои земји веќе изразиле интерес за поднесување на кандидатура за добивање на домаќинство на турнирот,[6][7][8][9][10][11][12][13] но тогашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, предложил за време на прес-конференција на 30 јуни 2012 година - на еден ден пред финалето на Европското првенство 2012 - наместо да има една земја домаќин (или заедничко домаќинство на две или повеќе земји), турнирот да може да се рашири низ „12 или 13 градови“ низ целиот континент.[14] Во тоа време, УЕФА веќе користела сличен систем за одигрување на Елитната рунда на Европското првенство за играчи под 17 години, каде секоја од седумте групи имала различна земја-домаќин.
На 6 декември 2012 година, УЕФА објавила дека турнирот ќе се одржи во повеќе градови низ Европа по повод 60-годишнината од одржувањето на турнирот.[15][16] Изборот на градовите домаќини не гарантирало автоматски пласман на репрезентацијата на таа земја. УЕФА образложила дека пан-европското поставување на турнирот е логична одлука ако се има предвид времето на финансиски потешкотии низ цела Европа.[17][18] Планот на УЕФА бил дочекан со помешани реакции.[19] Критичарите навеле дека проширениот формат (од 31 натпревар со 16 репрезентации на 51 натпревар со 24 репрезентации) и неговите дополнителни трошоци биле решавачки фактор само една нација (Турција) да претстави сериозна понуда за организирање на првенството.[20]
КандидатуриУреди
Конечниот список на понуди за организаторство бил објавен од УЕФА на 26 април 2014 година, а одлуката за домаќинство била донесена од Извршниот комитет на УЕФА на 19 септември 2014 година. Имало две понуди за финалниот пакет (од кои едната била успешна, обележана со виолетово за полуфинале и финале) и 19 понуди за стандарден пакет (од кои 12 првично биле успешни, обележани со зелена боја за четвртфинале и групна фаза, и жолта за осминафинале и групна фаза); Брисел, обележан со црвена боја, првично бил избран, но подоцна бил отстранет од списокот на места за одржување на првенството од страна ан УЕФА на 7 декември 2017 година.[21][22][23] Истото важи и за Даблин, исто така обележан со црвена боја, кој бил избришан од списокот на 23 април 2021 година. Истиот ден, УЕФА исто така објавила дека натпреварите во Шпанија ќе бидат преместени од Билбао во Севиља.
Држава | Град | Стадион | Капацитет | Пакет | Резултат |
---|---|---|---|---|---|
Азербејџан | Баку | Олимписки стадион | 68,700 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Англија | Лондон | Вембли | 90,000 | Финален пакет | Полуфинале и финале Групна фаза и осминафинале (подоцна додадени) |
Белгија | Брисел | Евростадион (нов национален стадион) | 50,000 (62,613 потенцијално) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) |
Белорусија | Минск | Стадион Динамо | 34,000 (да се прошири на 39,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
Бугарија | Софија | Национален стадион Васил Левски | 43,000 (да се прошири на 50,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
Велс | Кардиф | Милениум | 74,500 | Стандарден пакет | Елиминирано |
Германија | Минхен | Алијанц Арена | 70,000 | Стандарден пакет, Финален пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Данска | Копенхаген | Паркен | 38,065 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Израел | Ерусалим | Стадион Теди | 34,000 (да се прошири на 53,000) | Стандарден пакет | Одбиено |
Ирска | Даблин | Авива | 51,700 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна откажан) |
Италија | Рим | Олимпико | 70,634 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Македонија | Скопје | Филип Втори Арена | 33,460 | Стандарден пакет | Одбиено |
Романија | Букурешт | Арена Национала | 55,600 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Русија | Санкт Петербург | Крестовски | 68,134 | Стандарден пакет | Групна фаза и четвртфинале |
Унгарија | Будимпешта | Пушкаш Арена | 56,000 (предложен нов стадион 67,215) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Холандија | Амстердам | Амстердам Арена[б 1] | 54,990 (да се прошири на околу 56,000) | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Шведска | Солна, Стокхолм | Френдс Арена | 54,329 | Стандарден пакет | Елиминирано |
Шкотска | Глазгов | Хемпден Парк | 51,866 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале |
Шпанија | Билбао | Сан Мамеш | 53,289 | Стандарден пакет | Групна фаза и осминафинале (подоцна преместено на Ла Картуха во Севиља) |
- ↑ Преименувана во Јохан Кројф Арена во 2018 година.
КвалификацииУреди
Овојпат немало екипи кои автоматски се квалификувале за натпреварувањето, и сите 55 репрезентации членки на УЕФА, вклучувајќи ги и 12-те репрезентации во чии земји се наоѓаат стадионите кои биле избрани да организираат натпревари, морале да се натпреваруваат во квалификациите за 24-тите места на завршниот турнир.[24][25] Бидејќи градовите домаќини биле назначени од УЕФА во септември 2014 година, пред квалификациите, било можно репрезентациите од градовите домаќини да не се квалификуваат на завршниот турнир.
Ждрепката за квалификациите била извлечена на 2 декември 2018 година, во Даблин, Ирска.[26]
Главниот квалификациски процес започнал во март 2019 година, наместо веднаш во септември 2018 година по Светското првенство, и завршил во ноември 2019 година. Форматот останал главно ист, иако само 20 од вкупно 24 места за финалниот турнир биле решени од главниот квалификациски процес, оставајќи уште четири места слободни кои требало да се определат подоцна. По приемот на Косово во УЕФА во мај 2016 година, било објавено дека 55-те членови во тоа време ќе бидат поделени во десет групи по завршувањето на УЕФА Лигата на нации (пет групи од пет екипи и пет групи од шест екипи, со тоа што четирите репрезентации кои учествувале во завршницата на УЕФА Лигата на нации, загарантирано ќе бидат извлечени во групи од по пет екипи), каде што пласман на Евро 2020 ќе изборат најдобрите две екипи во секоја група. Квалификациите се играа во двојни кола во месеците март, јуни, септември, октомври и ноември 2019 година.[27]
Со создавањето на УЕФА Лигата на нации почнувајќи од 2018 година,[27][28][29][30] ова натпреварување било директно поврзана со квалификациите за Европското првенство, давајќи им на екипите уште една шанса да се пласираат на турнирот. Четири екипи од секоја дивизија кои веќе не беа квалификувани на Европското првенство се натпреварувале во баражот за секоја дивизија. Победниците во баражите за секоја дивизија, играни во полуфиналиња на еден натпревар (најдобро рангирана екипа против најслабо рангирана екипа, и второ најдобро рангирана екипа против трето рангираната екипа, играни на домашен терен на повисоко рангираните екипи) и финале исто така во еден натпревар (со однапред извлечено место каде ќе се игра меѓу двете победнички екипи во полуфиналето), им се придружиле на дваесетте екипи кои веќе се квалификувале на турнирот.[30]
Квалификувани репрезентацииУреди
Од 24 екипи кои се пласирале на турнирот, 19 се истите од изданието во 2016. Меѓу нив биле Белгија и Италија, двете забележале максимален учинок во квалификациски кампањи (10 победи во 10 натпревари),[31][32] бранителот на титулата европски шампион Португалија, светскиот шампион Франција, како и Германија, која исто така се квалификувала, за нивното рекордно 13-то по ред Европско првенство.[33] Финска и Македонија биле репрезентациите кои дебитирале на Европското првенство во ова издание, тие никогаш претходно не се квалификувале за некој голем турнир.[34][35] Шкотска, како една од земјите домаќини на првенството, се квалификувала на прв голем меѓународен турнир уште од Светското првенство 1998 и првото Европско првенство од 1996.[36] Холандија и Данска се вратиле во завршните турнири на Европското првенство откако го пропуштиле првенството во 2016 година, а за холанѓаните ова било прво појавување на голем турнир уште од Светското првенство 2014 на кое освоиле бронзен медал.[37][38] За прв пат во историјата на првенствата, Австрија, Велс, Словачка и Унгарија се квалификувале последователно на две Европски првенства едноподруго.[39][40] Репрезентацијата на Грција, победник на Европското првенство 2004, била единствената репрезентација поранешен шампион која не успеала да се квалификува, пропуштајќи го своето второ по ред Европско првенство и третиот последователен голем турнир.[41] Во однос на претходниот завршен турнир во 2016, на овој ги немало ниту Албанија, Ирска, Исланд, Романија и Северна Ирска кои исто така не успеале да се квалификуваат.[42]
Од единаесетте земји домаќини, седум успеале да се пласираат директно на турнирот, додека Унгарија и Шкотска се пласирале преку баражот. Романија била елиминирана во полуфиналето од плејофот,[43] додека Азербејџан ги загубиле шансите по квалификациската групна фаза.[44] Ирска, првично избрана за домаќин на турнирот, исто така била елиминирана во полуфиналето од баражот,[43] но подоцна им биле одземени правата за домаќинство.
Екипа | Начин на квалификување | Дата на квалификување | Претходни првенства1 2 |
---|---|---|---|
Белгија | Победник на групата И | (5) (1972, 1980, 1984, 2000, 2016) | |
Италија (Д) | Победник на групата Ј | (9) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Русија[б 1] (Д) | Второпласирани во групата И | (5) (1996, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Полска | Победник на групата Г | (3) (2008, 2012, 2016) | |
Украина[б 2] | Победник на групата Б | (2) (2012, 2016) | |
Шпанија (Д) | Победник на групата Ф | (10) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Франција | Победник на групата Х | (9) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Турција | Второпласирани во групата Х | (4) (1996, 2000, 2008, 2016) | |
Англија (Д) | Победник на групата А | (9) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012, 2016) | |
Чешка[б 3] | Второпласирани во групата А | (6) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Финска | Второпласирани во групата Ј | (0) (дебитант) | |
Шведска | Второпласирани во групата Ф | (6) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Хрватска | Победник на групата Е | (5) (1996, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Австрија | Второпласирани во групата Г | (2) (2008, 2016) | |
Германија[б 4] (Д) | Победник на групата Ц | (12) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Холандија (Д) | Второпласирани во групата Ц | (9) (1976, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012) | |
Португалија | Второпласирани во групата Б | (7) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012, 2016) | |
Швајцарија | Победник на групата Д | (4) (1996, 2004, 2008, 2016) | |
Данска (Д) | Второпласирани во групата Д | (8) (1964, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012) | |
Велс | Второпласирани во групата Е | (1) (2016) | |
Македонија | Победник во баражот (Пат Д) | (0) (дебитант) | |
Унгарија (Д) | Победник во баражот (Пат А) | (3) (1964, 1972, 2016) | |
Словачка[б 5] | Победник во баражот (Пат Б) | (1) (2016) | |
Шкотска (Д) | Победник во баражот (Пат Ц) | (2) (1992, 1996) |
|
|
ЖдрепкаУреди
Ждрепката за завршниот турнир се одржала на 30 ноември 2019 година, во 18:00 часот CET (19:00 часот по месно време, EET) во Ромекспо во Букурешт, Романија.[44][45][46][47] Така 24 екипи биле извлечени и распоредени во шест групи од по четири екипи. Бидејќи победниците на баражите за време на ждрепката не биле познати тие биле означени и влечени како "победници на баражите од A до Д".[48] Доколку постоеле групи кои што не би можеле да се склопат за време на оваа ждрепка, би се одржало уште едно извлекување на 1 април 2020 година,[1] но УЕФА потврдила дека дополнителното ждребање нема да биде потребно откако бил познати 20-те директно квалификувани репрезентации и 16-те учесници во баражите.
Следното на репрезентациите по шешири при извлекувањето (напомена: две репрезентации од ист шешир не можат да се паднат во иста група) изгледал вака:
Тим | Ранг |
---|---|
Белгија | 1 |
Италија | 2 |
Англија | 3 |
Германија | 4 |
Шпанија | 5 |
Украина | 6 |
Тим | Ранг |
---|---|
Франција | 7 |
Полска | 8 |
Швајцарија | 9 |
Хрватска | 10 |
Холандија | 11 |
Русија | 12 |
Тим | Ранг |
---|---|
Португалија | 13 |
Турција | 14 |
Данска | 15 |
Австрија | 16 |
Шведска | 17 |
Чешка | 18 |
Тим | Ранг |
---|---|
Велс | 19 |
Финска | 20 |
Победник во баражот Пат A | Н/П |
Победник во баражот Пат Б | |
Победник во баражот Пат Ц | |
Победник во баражот Пат Д |
Со ждрепката биле извлечени следниве групи:
Поз. | Репрезентација |
---|---|
А1 | Турција |
А2 | Италија |
А3 | Велс |
А4 | Швајцарија |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Б1 | Данска |
Б2 | Финска |
Б3 | Белгија |
Б4 | Русија |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Ц1 | Холандија |
Ц2 | Украина |
Ц3 | Австрија |
Ц4 | Македонија |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Д1 | Англија |
Д2 | Хрватска |
Д3 | Шкотска |
Д4 | Чешка |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Е1 | Шпанија |
Е2 | Шведска |
Е3 | Полска |
Е4 | Словачка |
Поз. | Репрезентација |
---|---|
Ф1 | Унгарија |
Ф2 | Португалија |
Ф3 | Франција |
Ф4 | Германија |
- Позициите (1, 2, 3 или 4) се извлечени и не го одразуваат бројот на шеширот од кои се извлечени репрезентациите.
- Со закосени букви се репрезентациите кои се пласирале на првенството по извлекувањето на ждрепката, преку баражите.
Промена на правилаУреди
На 31 март 2021 година, Извршниот комитет на УЕФА одобрил употреба на максимално пет замени на натпреварите на турнирот (со дозволена и шеста ако се играат продолженија), наместо досегашните три.[49] Сепак, секоја екипа ќе има само три можности да ги направи петте замени, а четврта ќе биде дозволена доколку се играат продолженија: исклучок претставуваат замените направени на полувремето, пред почетокот на продолжението и на паузата меѓу двете продолженија.[50] Употребата на пет замени била дозволена претходно за време на појавата на пандемијата од КОВИД-19 поради метежот што се создал со густиот распоред на одигрување на натпреварите, што создало поголем товар за играчите.[51]
На почетокот на април 2021 година, УЕФА исто така објавила дека размислуваат да дозволат проширување во составите пријавени за турнирот од вообичаените 23 играчи, по барање на раководните лица на репрезентациите во случај на можна епидемија на КОВИД во екипата, како и да се намали заморот на играчите предизвикан од тешката претходната сезона одиграна во многу густ распоред..[52] На 27 април, било објавено дека Националниот комитет за натпреварувања на УЕФА го одобрил проширувањето на составите на 26 играчи, што претставувало предмет на потврда и од Извршниот комитет на УЕФА. Сепак, секој селектор за еден натпревар на располагање повторно ќе треба да избере 23 играчи од кои тројца мораат да бидат голмани, што значи дека за секој натпревар тројца играчи ќе бидат исклучени од можноста да играат во даден натпревар.
СтадиониУреди
Лондон | Рим | Минхен | ||
---|---|---|---|---|
Вембли | Олимпико | Алијанц Арена | ||
Капацитет: 90,000 | Капацитет: 70,634 | Капацитет: 70,000 | ||
Баку | Санкт Петербург | Будимпешта | ||
Олимписки стадион | Крестовски | Пушкаш Арена | ||
Капацитет: 68,700 | Капацитет: 68,134 | Капацитет: 67,215 | ||
Севиља | Букурешт | Амстердам | Глазгов | Копенхаген |
Ла Картуха | Арена Национала | Јохан Кројф Арена | Хемпден Парк | Стадион Паркен |
Капацитет: 60,000 | Капацитет: 55,600 | Капацитет: 54,990 | Капацитет: 51,866 | Капацитет: 38,065 |
Групна фазаУреди
Позициите на табелата се одредуваат на следниов начин:
- Освоени бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (3 бода за победа, 1 за нерешено, 0 за пораз);
- Гол-разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза;
- Меѓусебен скор помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
- Гол-разлика помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
- Вкупен број на постигнати голови помеѓу екипите кои се изедначени на табелата;
Ако и понатаму екипите се изедначени тогаш се следат следниве параметри:
- Гол-разлика во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Поголем број на постигнати голови во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Поголем број на победи во сите одиграни натпревари од групната фаза;
- Ако се работи за две екипи кои се изедначни и играат меѓу себе во последното коло тогаш може да се изведуваат пенали. Доколку не играат меѓу себе, тогаш се следат следните параметри.
- Фер плеј бодови во сите одиграни натпревари од групната фаза (само едно одземање на бодови за фер плеј листата може да се примени на еден играч на еден натпревар):
- Жолт картон: −1 бод;
- Индиректен црвен картон (втор жолт картон): −3 бода;
- Директен црвен картон: −3 бода;
- Жолт картон, а потоа директен црвен картон: −4 бода;
- Повисока позиција во квалификациите.
Од секоја група понатаму одат првопласираната и второпласираната репрезентација, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.
Група AУреди
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Италија | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 0 | +7 |
2. | Велс | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 2 | +1 |
3. | Швајцарија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 5 | -1 |
4. | Турција | 0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 8 | -7 |
11 јуни 2021 | Турција | 0–3 | Италија | Рим |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Турција - Италија |
Извештај | Стадион: Олимпико Гледачи: 12,916[53] Судија: Дани Макели |
12 јуни 2021 | Велс | 1–1 | Швајцарија | Баку |
---|---|---|---|---|
15:00 (17:00 UTC+4) Историја на досегашните натпревари Велс - Швајцарија |
|
Извештај |
|
Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 8,782[54] Судија: Клеман Тирпен |
16 јуни 2021 | Турција | 0–2 | Велс | Баку |
---|---|---|---|---|
18:00 (20:00 UTC+4) Историја на досегашните натпревари Турција - Велс |
Извештај |
|
Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 19,762[55] Судија: Артур Соарес Дијас |
16 јуни 2021 | Италија | 3–0 | Швајцарија | Рим |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Италија - Швајцарија |
Извештај | Стадион: Олимпико Гледачи: 12,445[56] Судија: Сергеј Карасев |
20 јуни 2021 | Швајцарија | 3–1 | Турција | Баку |
---|---|---|---|---|
18:00 (20:00 UTC+4) Историја на досегашните натпревари Швајцарија - Турција |
Извештај |
|
Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 17,138[57] Судија: Славко Винчиќ |
20 јуни 2021 | Италија | 1–0 | Велс | Рим |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Италија - Велс |
|
Извештај | Стадион: Олимпико Гледачи: 11,541[58] Судија: Овидиу Хацеган |
Група БУреди
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Белгија | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 1 | +6 |
2. | Данска | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 5 | 4 | +1 |
3. | Финска | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 |
4. | Русија | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 7 | -5 |
12 јуни 2021 | Данска | 0–1 | Финска | Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Данска - Финска |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 15,200[59] Судија: Антони Тејлор |
12 јуни 2021 | Белгија | 3–0 | Русија | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Белгија - Русија |
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 26,264[60] Судија: Антонио Матеу Лаос |
16 јуни 2021 | Финска | 0–1 | Русија | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
15:00 (16:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Финска - Русија |
Извештај |
|
Стадион: Крестовски Гледачи: 24,540[61] Судија: Дани Макели |
17 јуни 2021 | Данска | 1–2 | Белгија | Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Данска - Белгија |
|
Извештај | Стадион: Паркен Гледачи: 23,395[62] Судија: Бјорн Кајперс |
21 јуни 2021 | Русија | 1–4 | Данска | Копенхаген |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Русија - Данска |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 23,644[63] Судија: Клеман Тирпен |
21 јуни 2021 | Финска | 0–2 | Белгија | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Финска - Белгија |
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 18,545[64] Судија: Феликс Брих |
Група ЦУреди
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Холандија | 9 | 3 | 3 | 0 | 0 | 8 | 2 | +6 |
2. | Австрија | 6 | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 3 | +1 |
3. | Украина | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 5 | 6 | -1 |
4. | Македонија | 0 | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 8 | -6 |
13 јуни 2021 | Австрија | 3–1 | Македонија | Букурешт |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Австрија - Македонија |
|
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 9,082[65] Судија: Андреас Екберг |
13 јуни 2021 | Холандија | 3–2 | Украина | Амстердам |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Холандија - Украина |
Извештај |
|
Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 15,837[66] Судија: Феликс Брих |
17 јуни 2021 | Украина | 2–1 | Македонија | Букурешт |
---|---|---|---|---|
15:00 (16:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Украина - Македонија |
|
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 10,001[67] Судија: Фернандо Рапалини |
17 јуни 2021 | Холандија | 2–0 | Австрија | Амстердам |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Холандија - Австрија |
Извештај | Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 15,243[68] Судија: Орел Гринфелд |
21 јуни 2021 | Македонија | 0–3 | Холандија | Амстердам |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Македонија - Холандија |
Извештај | Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 15,227[69] Судија: Иштван Ковач |
21 јуни 2021 | Украина | 0–1 | Австрија | Букурешт |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Украина - Австрија |
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 10,472[70] Судија: Џунејт Чакир |
Група ДУреди
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Англија | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 2 | 0 | +2 |
2. | Хрватска | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 3 | +1 |
3. | Чешка | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 2 | +1 |
4. | Шкотска | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 5 | -4 |
13 јуни 2021 | Англија | 1–0 | Хрватска | Лондон |
---|---|---|---|---|
15:00 (14:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Англија - Хрватска |
|
Извештај | Стадион: Вембли Гледачи: 18,497[71] Судија: Даниеле Орсато |
14 јуни 2021 | Шкотска | 0–2 | Чешка | Глазгов |
---|---|---|---|---|
15:00 (14:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Шкотска - Чешка |
Извештај |
|
Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 9,847[72] Судија: Даниел Зиберт |
18 јуни 2021 | Хрватска | 1–1 | Чешка | Глазгов |
---|---|---|---|---|
18:00 (17:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Хрватска - Чешка |
|
Извештај | Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 5,607[73] Судија: Карлос дел Серо Гранде |
18 јуни 2021 | Англија | 0–0 | Шкотска | Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Англија - Шкотска |
Извештај | Стадион: Вембли Гледачи: 20,306[74] Судија: Антонио Матеу Лаос |
22 јуни 2021 | Хрватска | 3–1 | Шкотска | Глазгов |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Хрватска - Шкотска |
Извештај |
|
Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 9,896[75] Судија: Фернандо Рапалини |
22 јуни 2021 | Чешка | 0–1 | Англија | Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Чешка - Англија |
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 19,104[76] Судија: Артур Соарес Дијас |
Група ЕУреди
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Шведска | 7 | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 2 | +2 |
2. | Шпанија | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 6 | 1 | +5 |
3. | Словачка | 3 | 3 | 1 | 0 | 3 | 2 | 7 | -5 |
4. | Полска | 1 | 3 | 0 | 1 | 2 | 4 | 6 | -2 |
14 јуни 2021 | Полска | 1–2 | Словачка | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Полска - Словачка |
|
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 12,862[77] Судија: Овидиу Хацеган |
14 јуни 2021 | Шпанија | 0–0 | Шведска | Севиља |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Шпанија - Шведска |
Извештај | Стадион: Ла Картуха Гледачи: 10,559[78] Судија: Славко Винчиќ |
18 јуни 2021 | Шведска | 1–0 | Словачка | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
15:00 (16:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Шведска - Словачка |
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 11,525[79] Судија: Даниел Зиберт |
19 јуни 2021 | Шпанија | 1–1 | Полска | Севиља |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Шпанија - Полска |
|
Извештај |
|
Стадион: Ла Картуха Гледачи: 11,742[80] Судија: Даниеле Орсато |
23 јуни 2021 | Словачка | 0–5 | Шпанија | Севиља |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Словачка - Шпанија |
Извештај | Стадион: Ла Картуха Гледачи: 11,204[81] Судија: Бјорн Кајперс |
23 јуни 2021 | Шведска | 3–2 | Полска | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Шведска - Полска |
Извештај |
|
Стадион: Крестовски Гледачи: 14,252[82] Судија: Мајкл Оливер |
Група ФУреди
Поз. | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Франција | 5 | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 3 | +1 |
2. | Германија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 6 | 5 | +1 |
3. | Португалија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 7 | 6 | +1 |
4. | Унгарија | 2 | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 6 | -3 |
15 јуни 2021 | Унгарија | 0–3 | Португалија | Будимпешта |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Унгарија - Португалија |
Извештај | Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 55,662[83] Судија: Џунејт Чакир |
15 јуни 2021 | Франција | 1–0 | Германија | Минхен |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Франција - Германија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 13,000[84] Судија: Карлос дел Серо Гранде |
18 јуни 2021 | Унгарија | 1–1 | Франција | Будимпешта |
---|---|---|---|---|
15:00 Историја на досегашните натпревари Унгарија - Франција |
|
Извештај |
|
Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 55,998[85] Судија: Мајкл Оливер |
18 јуни 2021 | Португалија | 2–4 | Германија | Минхен |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Португалија - Германија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 12,926[86] Судија: Антони Тејлор |
23 јуни 2021 | Португалија | 2–2 | Франција | Будимпешта |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Португалија - Франција |
Извештај | Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 54,886[87] Судија: Антонио Матеу Лаос |
23 јуни 2021 | Германија | 2–2 | Унгарија | Минхен |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Германија - Унгарија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 12,413[88] Судија: Сергеј Карасев |
Поредок на третопласираните екипи во групитеУреди
Поз. | Група | Репрезентација | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Ф | Португалија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 7 | 6 | +1 |
2. | Д | Чешка | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 2 | +1 |
3. | А | Швајцарија | 4 | 3 | 1 | 1 | 1 | 4 | 5 | -1 |
4. | Ц | Украина | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 4 | 5 | -1 |
5. | Б | Финска | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 |
6. | Е | Словачка | 3 | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 7 | -5 |
Нокаут фазаУреди
Во нокаут фазата, ако натпреварот заврши нерешено по регуларните 90 минути игра, ќе се играат продолженија (двапати по 15 минути), каде што секоја екипа има право да направи шеста замена.[49] Ако резултатот остане изедначен и по продолженијата, натпреварот ќе биде решен по изведување пенали.
Како и на секој претходен турнир почнувајќи од Европското првенство 1984, и на ово првенство нема да се игра натпревар за трето место.
Наведените времиња се според Средноевропско летно време (UTC+2). Ако местото на одигрување се наоѓа во друг часовен појас, во заграда ќе биде прикажано и месното време.
РезултатиУреди
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
27 јуни 2021 – Севиља | ||||||||||||||
Белгија | 1 | |||||||||||||
2 јули 2021 – Минхен | ||||||||||||||
Португалија | 0 | |||||||||||||
Белгија | 1 | |||||||||||||
26 јуни 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Италија | 2 | |||||||||||||
Италија (прод.) | 2 | |||||||||||||
6 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Австрија | 1 | |||||||||||||
Италија (п) | 1 (4) | |||||||||||||
28 јуни 2021 – Букурешт | ||||||||||||||
Шпанија | 1 (2) | |||||||||||||
Франција | 3 (4) | |||||||||||||
2 јули 2021 – Санкт Петербург | ||||||||||||||
Швајцарија (п) | 3 (5) | |||||||||||||
Швајцарија | 1 (1) | |||||||||||||
28 јуни 2021 – Копенхаген | ||||||||||||||
Шпанија (п) | 1 (3) | |||||||||||||
Хрватска | 3 | |||||||||||||
11 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Шпанија (прод.) | 5 | |||||||||||||
Италија (п) | 1 (3) | |||||||||||||
29 јуни 2021 – Глазгов | ||||||||||||||
Англија | 1 (2) | |||||||||||||
Шведска | 1 | |||||||||||||
3 јули 2021 – Рим | ||||||||||||||
Украина (прод.) | 2 | |||||||||||||
Украина | 0 | |||||||||||||
29 јуни 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Англија | 4 | |||||||||||||
Англија | 2 | |||||||||||||
7 јули 2021 – Лондон | ||||||||||||||
Германија | 0 | |||||||||||||
Англија (прод.) | 2 | |||||||||||||
27 јуни 2021 – Будимпешта | ||||||||||||||
Данска | 1 | |||||||||||||
Холандија | 0 | |||||||||||||
3 јули 2021 – Баку | ||||||||||||||
Чешка | 2 | |||||||||||||
Чешка | 1 | |||||||||||||
26 јуни 2021 – Амстердам | ||||||||||||||
Данска | 2 | |||||||||||||
Велс | 0 | |||||||||||||
Данска | 4 | |||||||||||||
ОсминафиналеУреди
26 јуни 2021 | Велс | 0–4 | Данска | Амстердам |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Велс - Данска |
Извештај | Стадион: Јохан Кројф Арена Гледачи: 14,645[89] Судија: Даниел Зиберт |
26 јуни 2021 | Италија | 2–1 (прод.) | Австрија | Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Италија - Австрија |
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 18,910[90] Судија: Антони Тејлор |
27 јуни 2021 | Холандија | 0–2 | Чешка | Будимпешта |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Холандија - Чешка |
Извештај | Стадион: Пушкаш Арена Гледачи: 52,834[91] Судија: Сергеј Карасев |
27 јуни 2021 | Белгија | 1–0 | Португалија | Севиља |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Белгија - Португалија |
|
Извештај | Стадион: Ла Картуха Гледачи: 11,504[92] Судија: Феликс Брих |
28 јуни 2021 | Хрватска | 3–5 (прод.) | Шпанија | Копенхаген |
---|---|---|---|---|
18:00 Историја на досегашните натпревари Хрватска - Шпанија |
Извештај |
|
Стадион: Паркен Гледачи: 22,771[93] Судија: Џунејт Чакир |
28 јуни 2021 | Франција | 3–3 (прод.) (4–5 пен.) |
Швајцарија | Букурешт |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Франција - Швајцарија |
Извештај |
|
Стадион: Арена Национала Гледачи: 22,642[94] Судија: Фернандо Рапалини | |
Пенали | ||||
29 јуни 2021 | Англија | 2–0 | Германија | Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (22:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Англија - Германија |
Извештај | Стадион: Вембли Гледачи: 41,973[95] Судија: Дани Макели |
29 јуни 2021 | Шведска | 1–2 (прод.) | Украина | Глазгов |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Шведска - Украина |
|
Извештај | Стадион: Хемпден Парк Гледачи: 9,221[96] Судија: Даниеле Орсато |
ЧетвртфиналеУреди
2 јули 2021 | Швајцарија | 1–1 (прод.) (1–3 пен.) |
Шпанија | Санкт Петербург |
---|---|---|---|---|
18:00 (19:00 UTC+3) Историја на досегашните натпревари Швајцарија - Шпанија |
|
Извештај | Стадион: Крестовски Гледачи: 24,764[97] Судија: Мајкл Оливер | |
Пенали | ||||
2 јули 2021 | Белгија | 1–2 | Италија | Минхен |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Белгија - Италија |
Извештај | Стадион: Алијанц Арена Гледачи: 12,984[98] Судија: Славко Винчиќ |
3 јули 2021 | Чешка | 1–2 | Данска | Баку |
---|---|---|---|---|
18:00 (20:00 UTC+4) Историја на досегашните натпревари Чешка - Данска |
|
Извештај | Стадион: Олимписки стадион Гледачи: 16,306[99] Судија: Бјорн Кајперс |
3 јули 2021 | Украина | 0–4 | Англија | Рим |
---|---|---|---|---|
21:00 Историја на досегашните натпревари Украина - Англија |
Извештај |
|
Стадион: Олимпико Гледачи: 11,880[100] Судија: Феликс Брих |
ПолуфиналеУреди
6 јули 2021 | Италија | 1–1 (прод.) (4–2 пен.) |
Шпанија | Лондон |
---|---|---|---|---|
21:00 (20:00 UTC+1) Историја на досегашните натпревари Италија - Шпанија |
|
Извештај |
|
Стадион: Вембли Гледачи: 57,811[101] Судија: Фелиск Брих |
Пенали | ||||