Фабио Капело
Фабио Капело (роден на 18 јуни 1946година) — пензиониран италијански фудбалер, тренер[1], а последниот ангажман го имаше како селектор на репрезентацијата на Русија, каде што беше отпуштен во 2015 година. Карактереистично за Капело е тоа што тој има освоено шампионска титула во домашните првенства со сите тимови кои ги водел во неговата кариера. Во првите сезони како менаџер тој освои четири скудета (шампионски титули во Италија) со Милан, и исто така ја освои Лигата на шампионите во 1993-94 година каде што ја порази Барселона со 4-0 во финалето што ќе се запамти. Потоа тој помина една година во Реал Мадрид, каде ја освои шампионската титула во домашното првенство[2] (Ла Лига), и во 2001 година тој премина во Рома и ја доведе до првата шампионска титула во Серија А. Капело исто така има освоено две титули со Јувентус (кои подоцна беа одземени со скандалот Калчополи), и во 2006 година се врати во Реал Мадрид, каде освои уште една домашна титула во Ла Лига. Сè на сè` тој има освоено титули во седум домашни првенства (девет ако ги сметаме и тие на Јувентус) во неговите 16 сезони како тренер, и е еден од малкуте менаџери кој освоил титули во четири големи градови во Европа: Милано, Мадрид, Рим и Торино. Откако беше назначен за селектор на Англија во декември 2008 година, тој изјави дека ова ќе биде последна улога во неговата кариера. Договорот на Капело со Англиската фудбалска федерација стапи на сила на 7 јануари 2008 година, и првенствено беше во план Капело да ја води репрезентацијата 2 и пол години. На 24 јануари 2008 година, Капело беше назначен за претседател на Асоцијацијата за менаџери на Англија, вообичаена улога на секој селектор на репрезентацијата. Во мај 2010 година беше објавено дека договорот со Капело беше продолжен до 2012 година .
Фабио Капело | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Фабио Капело | ||
Роден на | 18 јуни 1946 | ||
Роден во | Сан Канцијан д’Изонцо, Италија | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | средина | ||
Сегашен клуб | Англија | ||
Младинска кариера | |||
1963–1964 | СПАЛ | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст(Голови)† | |
1964–1967 1967–1970 1970–1976 1976–1980 |
СПАЛ Рома Јувентус Милан |
49 (3) 62 (11) 165 (27) 65 (4) | |
Репрезентација | |||
1972–1976 | Италија | 32 (8) |
Ран живот
уредиТој беше роден во Сан Канцијан д’Изонцо (Шкоцјан на Соча) близу Горица [3] , во североисточна Италија, тогаш попознато како Јулијската покраина во окупираната зона А. Неговиот вујко Марио Тортул[4] беше фудбалер, кој настапуваше за Тристина,Падова, Сампдорија и за Италијанската репрезентација во шеесеттите години.
Клупска кариера
уредиКако среден играч, Капело за првпат играше за локалниот младински клуб (Пјерис во околината на Бисјакарија, меѓу Соча и Тимаво) кој го предводеше неговиот татко, Гуерино. Тој потпиша договор со Паоло Маца, претседателот на СПАЛ, во вредност од две милиони лири и покрај интересот на ФК Милан. Во неговата втора сезона тој му помогна на младискиот тим да го освои италијанското младинско првенство и првпат заигра за првиот тим против Сампдорија на 29 март 1964 година. Тој имаше четири настапи за неговиот тим кој се бореше за опстанок во Серија А и на крајот испадна, што нему му беше и позитивно и негативно искуство во една сезона. Откако се вратија во првата лига наредната година тој беше клучен играч во сезоната 1965-66 година, тој ги изведуваше пеналите и му помогна на тимот да не испадне во Серија Б. Тој исто така беше повикан и во италијанската репрезентација под 23 години со неговиот соиграч Еди Реја. Сепак, повредата на левото колено го спречи да изигра повеќе од 16 натпревари во тековната сезона. Во 1967 година, тој премина во Рома каде што стана клучен играч за клубот. Во неговата прва сезона, тој му помогна на клубот да биде на првото место по само осум меча, вклучувајќи ја и победата со 10-9 против Јувентус. И покрај тоа, повторното појавување на повредата на левото колено го спречи да ја доигра таа сезона и ФК Рома заврши на десеттото место, со само повеќе 5 бода од испаѓање. Наредната сезона, со новиот менаџер Хеленио Херера, добро подготвениот Капело постигна 6 голови а тимот заврши на осмото место и ја освои првата титула во Купот на Италија. Со победата Рома се квалификува да игра во Англо-Италијанскиот Лига Куп, против Свидон Таун кој го победи Арсенал во Купот на лигата во Англија во 1969 година. Капело ги играше двата натпревара против Свидон, на домашен терен Рома победи со 2-1 а на гостинскиот меч загубија со 4-0 во Свидон на Каунти Граунд стадионот, што беше првпат да осети англиски фудбал. Потоа тој беше продаден во Јувентус каде беше главна потпора во седумдесеттите. Јувентус беше најуспешен италијански тим на декадата, и тој ја освои Серија А трипати со клубот. Капело ја заврши кариерата како играч на Милан во 1980 година, каде по четврти пат ја освои титулата на италијанската клупска лига во 1979 година.
Италијанска репрезентација
уредиКапело исто така има настапено 32 пати за репрезентацијата на Италија. Тој особено беше запаметен со голот против Англија каде Италија победи со 1-0 на Вембли за првпат во историјата (14 ноември 1973 година), тоа тој го смета за негов најголем блесок во неговата играчка кариера. Капело го постигна едиствениот гол против Полска каде Италија загуби со 2-1 и не се квалификува за втората рунда на натпреварувањето. Тој не беше повикан за Светското првенство во 1974 година и покрај тоа што имаше одлична сезона во Милан. Тогашниот селектор, Енцо Беарцот повеќе им даваше поддршка на дефанзивните средни играчи како Марко Тардели за разлика од напаѓачкиот Капело. По неколку години како фудблалски стручњак за италијанската телевизија СПВ ( TV SPW) набрзина беше формално назначен за менаџер на Милан во 1991 година.
Тренерска Кариера
уредиПред да стане менаџер, Фабио помина неколку сезони од 1987 година до 1989 година како тренер во ФК Аталанта со неговиот пријател менџерот Емилиано Мондрико.
Менаџерска кариера
уредиКако студент на Коверчијано, во 1984 година тој го промовираше написот со наслов „Системот за зонско маркирање“
Првпат во Милан
уредиНеговото прво искуство беше водењето на Милан во последните пет натпревари во сезоната 1986/87 година во Серија А, кога го заменуваше Нилс Лајдхолм и оствари квалификации во Купот на УЕФА во мечот против Сампдорија. И покрај тоа, наредната сезона, Аеиго Сачи стана нов менаџер на Росоњерите и Капело беше тргнат од позицијата, но тој сè уште работеше таму. Капело неговото второ и најдобро запаметено излагање го направи на почетокот на 1990 година повторно со Милан, кога го замени Ариго Саки и го водеше тимот со големи имиња како Марко ван Бастен, Руд Гулит, Паоло Малдини, Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан и Франко Барези до четири титули во пет години во италијанската Серија А и тимот го доби името „Непобедливите“. Во тоа време Милан беше финансиран од многу богатиот медиски тајкун Силвио Берлускони. Со Капело, Милан немаше пораз на 58 натпревари од 19 мај 1991 година до 21 март 1993 година, вклучувајќи ги и настапите во лигата без пораз во целата сезона. Најпосле тие беа поразени од Парма со 1-0 а голот го постигна Фаустино Асприлја. Со стил на игра кој го оспори италијанскиот стереотип на Катанаџото, во 1994 година Милан ја победи фаворизирината Барселона со 4-0 во Лигата на шампионите, и им даде репутација на една нова ера фудбалери. И покрај тоа Милан ја изгуби титулата во Серија А во 1995 годиина, завршувајќи на разочарувачкото четврто место, Капело го заврши шестгодишниот договор со Росоњерите откако пак ја освои титулата во лигата наредната година. На неговото место дојде Уругваецот Оскар Табарез кој беше избркан по само неколку натпревари во Серија А. До сега, Капело важи за еден од најдобрите менаџери во Европа. Тој исто така стана познат по неговата дисциплинираност, кој без страв ги казнува играчите, па дури и најголемите ѕвезди, ако осети дека тие не го даваат својот максимум за тимот. Пред неговиот крај во Милан тој имаше расправии со играчот Паоло Ди Канио кој потоа беше продаден на Селтик од Глазгов.
Првпат во Реал Мадрид
уредиКапело беше назначен за нов менаџер на Реал Мадрид. Неговата главна задача беше да ги комбинира напаѓачките таленти Давор Шукер, Предраг Мијатовиќ и Раул во една постава, што Капело го направи со тактиката со три напаѓачи, и го порекна неговиот углед како претпазлив и одбранбен менаџер. Тој беше на чело на клубот една сезона кога со Реал ја освои титулата на шпанското првенство во 1997 година. Само со два бодови повеќе од нивните вечни соперници Барселона. Без разлика на неговиот мандат од само една сезона со Кралевите, тој имаше придонес со донесуввањето на голем број на играчи како Шукер, Мијатовиќ, Роберто Карлос и Кларенс Сидорф кој подоцна му помогнаа на клубот да биде доминантен во Лигата на шампионите во наредните неколку години.
Вторпат во Милан
уредиИ покрај надевањата на сопственикот на Лацио Сергио Крањоти кој со Капело имаше вербален договор дека ќе го предводи клубот Фабио пак се врати во Милан за краток и помалку успешен временски период. Некои играчи од поранешниот состав беа заминати како Франко Барези кој ја заврши кариерата. Екипата имаше потреба од повторно ојакнување, и многу од новокупените играчи не се покажаа во добра форма. Екипата имаше само 11 победи во целата сезона, со особено слабиот натпревар против Јувентус во март 1998 година кога загубија со 4-1 и против Рома во мај кога Капело беше исклучен од натпреварот поради расправии со судијата а тимот загуби со 5-0. Во сезоната 1997-98 во Серија А Милан заврши на 10-то место, со 30 бодови заостанување од првакот Јувентус, и тоа беше времето кога Капело го напушти Милан. Некои од играчите се изјаснија дека Капело во таа сезона покажал по лабави тренинзи за разлика од првиот пак кога го предводеше Милан. Предводењето на Капело заврши кога Милан беше поразен од Лацио во италијанскиот куп со 3-2, иако на првиот меч Милан победи со 1-0. Капело си препиша придонес кога наредната сезона Милан беше шампион и тврдеше дека тој го зацврстил тимот и дека тоа бил „негов“ тим.
Менаџер на Рома
уредиПо неговото отпуштање во Милан, Капело зеде краток одмор од работата како менаџер. На еден репортер тој му рече „лежам на плажата и размислувам за фудбалот“. Тој исто така уживаше во улогата на коментатор за една италијанска телевизија, кој учествување во телевизиското покривање на американскиот куп во 1999 година. Во мај 1999 година тој премина во Рома, во клубот за кој и тој настапуваше пред 30 години. Неговото пристигнување беше поздравено од претседателот на Рома Франко Сенси, кој рече „Капело е победник и јас му верувам“. Капело беше во придружба на Франко Балдини кој стана спортски директор на клубот. Капело му покажа доверба на Марко Делвекио, и некогаш го оставаше Виченцо Монтела на клупата. Со верување дека на тимот му недостига светски напаѓач, Капело направи потег со тоа што сакаше да го купи Руд Ван Нистелрој, но овој договор пропадна бидејќи тој се соочи со сериозна повреда. Во неговата прва сезона тој ја доведе Рома на 6-то место, имаше особено разочарување бидејќи градскиот соперник Лацио ја освои титулата, и дека Рома отпадна од купот на УЕФА од Лидс Јунајтед. Пресвртот на Капело се случи кога тој ја освои италијанската титула во 2001 година, со купувањето на Валтер Самуел за зајакнување на одбраната и Габриел Батистута како голгетер. И покрај тоа што, високата плата на Габриел Батистута беше под знак прашалник, тој постигна многу клучни голови. Сезоната започна доста тешко кога Рома имаше лоша форма и со протестот на разлутените навивачи во тренинг-кампот Тригориа кој прерасна во насилство кога навивачите ги нападнаа автомобилите на играчите. Капело не сакаше да даде оставка, и резултатите на тимот видно се зголемија со играта на бразилскиот среден играч Емерсон Фереира. Титулата беше освоена со победа над Парма со 3-0 на стадионот Олимпико што доведе до инвазија на теренот од страна на навивачите на Рома. Тоа беше прва главна титула во декадата и само трета титула во италијанското првенство во целокупната историја. Капело доби пофални зборови за пуштањето на терен на последниот меч од сезоната на Виченцо Монтела со кого минатите денови имаа голема караница. После освојувањето на титулата во Италија исто така имаше широко-распространети верувања дека има таен договор помеѓу Капело и Сер Алекс Фергусон за негово преминување во Манчестер Јунајтед. Фергусон ја соопшти неговата желба за пензионирање и со Капело како негов следбеник наводно биле само со запознавањето на Капело со сопственикот на Манчестер Јунајтед Мартин Едвардс. Капело ги олади гласините кога изјави „го сакам духот на англискиот фудбал, и би сакал да работам во англискиот фудбал“ и додаде дека тој не бил прифатен од клубот. Договорот со Манчестер Јунајтед највероватно пропадна кога Сер Алекс Фергусон одлучи да не се пензионира и потшиша нов договор со Јунајтед, на тоа Мартин Едвардс изјави дека клубот бил само на два-три дена од назначување на нов менаџер односно Фабио Капело, но тоа пропаднало со одликата на Фергусон. Во сезоната 2002 година, имаше војна меѓу Рома и Јувентус. После омразата кај двата тимови, Капело во едно интервју ја нападна фамилијата Моџи кои го водат Јувентус, особено за нивните договори со агентите на играчите. Капело потпиша нов договор во април 2002 година, кој вредеше 2,37 милиони фунти по сезона. Одбраната на титулата беше главен приоритет но со нерешениот резултат против последната на табелата Венеција, и Рома заврши втора со само еден бод заостанување од Јувентус. Наредната сезона Рома не успеа да освои некој поголем предизвик и заврши на осмото место. Исто така амбициите во Лигата на шампионите пропаднаа кога Рома со еден нерешен и еден загубен натпревар против Арсенал заврши на последното место во групата. Тоа беше уште еднаш Рома да биде спречена да оди понатаму во Лигата на шампионите од страна на англиски клуб. Рома изгуби во финалето на италијанскиот куп против Милан, што придонесе за некои поддржувачи на Рома да бараат оставка од Капело. Последната година на Капело во Рома ја започна со многу добар фудбал. Пред Божиќ тие имаа победи на последните седум натпревари, вклучувајќи ги и убедливите победи против Јувентус и Интер. И покрај несогласувањата со Лучано Моџи, добриот резултат на Капело побуди шпекулации дека можеби ќе премине во Јувентус. Капело мислеше дека тој ја донесе Рома најдалеку што може, и почна сериозно да размислува за да го напушти клубот. Додека траеа расправиите формата на тимот опадна и тие завршија со 11 бодови помалку од шампионот Милан.
Јувентус
уредиВо 2004 година, Капело ја напушти задолжената Рома и потпиша договор со Јувентус. Неговиот потег беше изненадувачки, бидејќи тој одлучи да биде таен, и бидејќи тој беше во војна со семејството Моџи. Кога Капело изјави дека премина во Јувентус, Франко Балдини мислеше дека тоа е шега. Еден од ппрвите потези на Капело беше, купувањето на Емерсон Фереира од Рома, што потоа имаше голем број разлутени критики кои кажуваа дека тој ја предал Рома. Јувентус го освои Скудетото во сезоните 2004-5 и 2005-6 година под раководство на Капело, но подоцна овие титули му беа одземени за пресудите за нивна вмешаност во скандалот за италијански наместени натпревари. Скандалот го пропадна клубот во земја, и во 2006 година тие беа преместени во втората лига во Италија од страна на властите. Во јули 2006 година, за време на гореспоменатиот скандал со наместени натпреватри, Капело си даде оставка од позицијата менаџер на Јувентус. Медиумите постојано го поврзуваа со негово враќање во Реал Мадрид, новиот претседател на клубот Рамон Калдерон јавно изјави дека се надева за повторно враќање на Капело во клубот на 5 јули 2006 година, и официјалното мрежно место на Реал Мадрид го објави неговото назначување. Капело беше критикуван од капитенот на Јувентус Алесандро Дел Пјеро, бидејќи и главните играчи Фабио Канаваро и Емерсон Фереира преминаа во Реал Мадрид, со негово верување дека во приватни разговори тој ги убедил тие да го придружуваат во Реал Мадрид. Откако се помирија со реалноста дека се во втората лига, Јувентус се бореше да ги задржи играчите-водачи на клубот.
Вторпат во Реал Мадрид
уредиКапело пристигнаа во Реал Мадрид кога зад Реал беше најдолг период без никаква освоена титула. Тој одма ја заработи омразата на верните навивачи на Реал Мадрид за неговата одбранбена игра. Во интервјуата, Капело одговори на ова со изјавата дека убавината на напаѓачкиот фудбал е застарена. Тој изјави дека резултатите се многу поважни од убавата за око игра. Тој исто така додаде „тие времиња се завршени“. Негова обврска беше да ја врати титулата во Мадрид, задача која беше преголем залак за последните пет менаџери од 2003 година. Во Шпанија, тој често беше именуван како „Дон Фабио“. Во Реал Мадрид, Капело имаше неколку многу коментирани расправии. Тој беше критикуван за тоа што не му дозволуваше на Дејвид Бекам да игра поради несогласувањата во неговиот договор, и Роналдо кој се напорно се бореше да влезе во форма и кондиција. Тој исто така имаше и расправија со неговиот сонародник Антонио Касано, со кој имаше и претходни несогласувања во Рома. Во март, Реал Мадрид повторно беше рано исфрлен од Лигата на шампионите и завршија на незадоволителното четврто место во штанската лига и беа шест бодови зад Барселона. На 20 февруари 2007 година, Реал Мадрид ги отфрли гласините дека Капело ќе го напушти клубот после натпреварот на тој ден. И покрај несогласувањата, Капело го врати Бекам, чие враќање беше многу значајно за опоравувањето на клубот. Врзувањето на позитивни резултати за време на вториот дела од сезоната го донесе Реал Мадрид на врвот на табелата, додека резултатите на Барса не беа постојани. Реал Мадрид ја освоија нивната 30-та титула во шпанското првенство во последното коло победувајќи ја Мајорка со 3-1 на домашен терен. Победата беше обезбедена кога Капело го повлече на клупа повредениот Бекам, и го стави во игра Хосе Антоние Рејес. Реал губеше со 0-1 пред да влезе Рејес и да постигне два голови и да го сврти натпреварот во нивна корист. И покрај освојувањето на Ла Лига, Капело беше отпуштен на 28 јуни 2007 година што се должеше на фрагматичната игра на Реал со свежи сеќавања на поединечната и слободна, но крајно неуспешната ера Галактико.
Англијa
уредиНазначување
уредиПо заминувањето на Стив МекКларен по неуспехот да ја донесе Англија на Европското првенство во 2008 година, Капело беше поврзан, заедно со некои други менаџери како Жозе Мурињо, Марчело Липи и Мартин О Нил за раководење на англиската репрезентација, тој тогаш призна дека е заинтересиран за работната понуда. Откако Мурињо сам се откажа од трката за потенцијален кандидат за таа позиција, медиумите во тој момент го ставија Капело на врвното место како најпосакуван. Алекс Фергусон, Арсен Венгер и Рафаел Бенитез ја дадоа нивната поддршка за Капело и вестите во кои и самоит Капело имаше ангажман како ТВ-коментатор што се пренесуваа во Италија РАИ подоцна потврдија дека Капело е најпосакуваниот шеф на Англиската репрезентација. Беше спомнато и тоа дека слабото познавање на англискиот јазик може да претставува пречка за неговата позиција, но Фудбалскиот сојуз ја отфрли таа шпекулација. Тој формално беше назначен за селектор на англиската репрезентација на 14 декември 2007 година, и договорот стапи на сила на 7 јануари 2008 година, со трајност од четири и пол години. Проценето е дека неговиот годишен приход е 6 милиони фунти. Откако беше потврдена работата, тој изјави дека ќе биде последна во неговата фудбалска кариера. На денот на неговото свечено назначување тој изјави дека неговиот сон да биде селектор на англиската фудбалска репрезентација се оствари и дека се надева дека во наредниот месец ќе научи англиски на првиот официјален состанок со играчите. Добредојде на Капело му посакаа голем број на англиски навивачи и медиуми кои го објавија неговото назначување како победа, наглазувајќи го неговиот импресивни постигнувања и титули исто така и неговата репутација како дисциплинер за разлика од двата негови претходници кои беа многу попустливи. На пример тој во февруари 2010 му ја одзема капитенската лента на Џон Тери за неговиот едногодишен скандал. Тој исто така ги нарече членовите на англиската репрезентација „богати момчиња“ и рече дека секој од нив треба да жртвува нешто за време на светското првенство. Во Италија, веста за неговото назначување беше поздравена со чувство на гордост бидејќи човек од нивната земја беше назначен за селектор на елитната англиска репрезентација. Исто така, неговото пристигнување побуди и критики, особено од претседателот на ФИФА Сеп Блатер, кој рече „ќе кажам дека е малку изненадувачки дека родната земја од каде потекнува репрезентацијата го игнорираше неприкосновениот закон и верување дека селектор на репрезентација треба да биде од родната земја на играчите“. Италијанецот ја одведе англиската репрезентација на светското првенство со 9 победи на 10 натпревари во квалификацискиот период, со победи на сите домашни натпревари и само еден пораз од Украина, така што квалификацијата беше обезбедена во октомври 2009 година.
Пријателски натпревари
уреди2008 година
уредиПрвиот наптревар на Капело како селектор на Англија беше против Швајцарија на Вембли на 6 февруари 2008 година. Најголем дел од шпекулациите во врска со тој наптревар беа насочени кон тоа дали Капело ќе го почести Бекам со неговиот 100-ти натпревар за репрезентацијата. Другите осборувања беа за тоа кого Капело ќе го назначи за капитен. Неколкумина од постојаните прво-тимци беа загрижени за нивната понатамошна позиција во репрезентацијата. На 31 јануари 2008 година, беше потврдено дека некои повозрасни играчи како Сол Кемпбел и Бекам не се избрани за дебитанскиот настап на Капело, со оправдување на италијанецот дека не се „кондициски спремни“ што важеше за Бекам, кој немаше изиграно професионален натпревар од 21 ноември 2007 година. По непостојаната форма, Пол Робинсон исто така отпадна од списокот на играчи. Дебитанти на тој натпревар беа Куртис Дејвис и Габриел Агбонлахор, и двајцата од Астон Вила. Капело одлучи да му ја додели капитенската лента на Стивен Жерард на првиот натпревар, и ја започна неговата менувачка политика. Џермејн Џенас го постигна првиот гол за англиската репрезентација под водство на Капело во 40-тата минута против Швајцарија на Вембли. Шон Врајт-Филипс кратко откако беше пуштен во игра во 61-та минута го обнови водството. По слабиот почеток, Англија победи на натпреварот со 2-1, што му ја обезбеди на Капело првата победа на неговиот прв настап како селектор на Англија. Тој беше топло пречекан од навивачите пред почерокот на натпреварот. Во вториот пријателски натпревар против Франција, Капело конечно му го додели јубилејниот 100-ти настап на Бекам за Англија. Тој исто така ја промени и капитенската улога, и лентата му ја додели на Рио Фердинанд. Англија претрпе пораз на тој натпревар со 1-0, после постигнатиот пенал на Френк Рибери, што беше и првиот пораз на Капело како селектор. Третиот натпревар на Капело беше против САД на 28 мај 2008 година. Тој за капитен го назначи Џон Тери од Челзи. Англија победи на натпреварот со неоспорлив резултат 2-0. На 31 мај 2008 година, Капело за капитен го назначи Дејвид Бекам за натпреварот против Тринидат и Тобаго на 1 јуни 2008 година. Тоа претставуваше прв капитенски натпревар за Бекам после светското ппрвенство во 2006 година. Англија убедливо победи со 3-0. На 19 август 2008 година, Капело изјави дека го назначува Џон Тери за постојан капитен на англиската репрезентација за вторпат во неговата кариера. На 20 август 2008 година, Англија на натпреварот против Чешката Република на Вембли изигра со нерешен резултат 2-2. Англија ја заокружи 2008 година со победата над Германија во Берлин со 2-1, со постигнатиот погодок на Џон Тери со глава, и тоа беше прв пораз за Германија на домашен терен во последните 35 години.
2009 година
уредиВо пролетта 2009 година, Англија изигра уште два пријателски натпревари, со пораз од европскиот шампион Шпанија од 2-0, и со победа над Словачка со 4-0. Во летото во 2009 година Англија изигра уште еден пријателски натпревар против Холандија, на натпреварот тие се вратија со 2 постигнати погодоци за да го завршат нерешено 2-2 на гостински терен. Словенија беше поразена со 2-1 на Вембли истата година. Во ноември 2009 година, Англија претрпе пораз од Бразил со резултат 1-0 во Катар, третиот пораз на Капело како селектор на Англија.
2010 година
уредиВо март 2010 година, Англија играше пријателски натпревар со Египет и ги победи прваците на африканскиот куп со 3-1. Со ист резултат два месеци подоцна го добија и натпреварот со Мексико на домашен терен пред светското првенство.
Светско Првенство 2010
уредиКвалификации
уредиНатпреварувачкиот походот на Капело со Англија започна со победа пртив Андора со 2-0, во Барселона, на 6 септември 2008 година. Четири дена подоцна, на 10 септември, Англија играше против Хрватска, репрезентацијата што на нивна сметка се квалификува за европското првенство во 2008 година. Англија победи со 4-1, особено беше извонреден Тео Волкот од Арсенал кој постигна три погодоци. Наредниот квалификациски натпревар беше само еден месец подоцна на Вембли, на 11 октомври, против Казахстан. Првото полувреме беше без голови, но на крајот Англија победи со 5-1. Откако ја победија Белорусија со 3-1, беше четврта победа по ред што беше најдобар почеток на Англија на квалификациите на светските првенства. На 1 април 2009 година, Англија ја победи Украина со 2-1 на Вембли. На 6 јуни, тие патуваа во Алмати да го победат Казахстан со 4-0, и четири денови подоцна, тие се вратија на Вембли и јас победија Андора со 6-0, што ја направи Англија да има седум победи на седум одиграни натпревари на квалификациите. Значителен белег за овој поход беа 8-те постигнати погодоци на Вејн Руни на седум натпревари (односно во последните 6). Со неговите два голови против Словачка на пријателскиот натпревар во март 2009 година, Руни имаше десет погодоци на последните осум натпревари.
Првенство
уредиАнглија со Капело првиот натпревар го одигра нерешено 1-1 со САД, потоа тој изјави дека официјалната топка на Адидас Џабулани е „невозможно да се контролира“ . Потоа следеше разочарувачкиот настап против Алжир со краен резултат 0-0 и бројни критики за Капело и англиската репрезентација. На 23 јуни, Капело ја водеше Англија во осмина-финалето на првенството каде ја победија Словенија со 1-0. Сепак тие беа поразени од Германија со 4-1 на првиот испаѓачки натпревар и беа испратени дома. На 2 јули 2010 година, Фудбалскиот сојуз ги отфрли гласините дека Капело ќе биде разрешен од функцијата како селектор на англиската репрезентација
Европско првенство 2012
уредиКвалификации
уредиАнглија ги запошна квалификациите за европското првенство 2012 година со две победи, 4-0 со Бугарија и на гостински терен 3-1 со Швајцарија, но сепак не успеаја да постигнат гол на Вембли против водачот на табелата Црна Гора. Потоа Капело направи некои измени, и ги отфрли Фердинанд и Жерард. Традиционалната 4-4-2 формација беше променета во 4-3-3 со Дарен Бент како централен напаѓач и Вејн Руни како крилен напаѓач од левата страна. До сега резултатите се успешни, со победата на Англија против Велс со 2-0 на 26 март 2011 година.
Менаџер
уредиСтатистики како играч
уредиКлупски перформански | Лига | Куп | Континтално | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сезона | Клуб | Лига | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови |
Италија | Лига | Куп | Континетално | Вкупно | ||||||
1963-64 | СПАЛ | Серија А | 4 | 0 | ||||||
1964–65 | Серија Б | 9 | 0 | |||||||
1965–66 | Серија А | 20 | 1 | |||||||
1966–67 | 16 | 2 | ||||||||
1967–68 | Рома | Серија А | 11 | 1 | ||||||
1968–69 | 25 | 6 | ||||||||
1969–70 | 26 | 4 | ||||||||
1970–71 | Јувентус | Серија А | 27 | 5 | ||||||
1971–72 | 29 | 9 | ||||||||
1972–73 | 27 | 3 | ||||||||
1973–74 | 27 | 4 | ||||||||
1974–75 | 28 | 3 | ||||||||
1975–76 | 27 | 3 | ||||||||
1976–77 | ФК Милан | Серија А | 26 | 1 | ||||||
1977–78 | 28 | 3 | ||||||||
1978–79 | 8 | 0 | ||||||||
1979–80 | 3 | 0 | ||||||||
Вкупно | Италија | 341 | 45 | |||||||
Вкупно во Кариерата | 341 | 45 |
Статистика како менаџер
уредиТим | Земја | Од | До | Податоци | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Победи%! | |||||||
Милан | 1991 | 1996 | 170 | 97 | 57 | 16 | 57.06 | ||||
Реал Мадрид | 1996 | 1997 | 42 | 27 | 11 | 4 | 64.29 | ||||
Милан | 1997 | 1998 | 34 | 11 | 11 | 12 | 32.35 | ||||
Рома | 1999 | 2004 | 170 | 8 | 52 | 29 | 52.35 | ||||
Јувентус | 2004 | 2006 | 76 | 53 | 18 | 5 | 69.74 | ||||
Реал Мадрид | 2006 | 2007 | 50 | 28 | 12 | 10 | 56.00 | ||||
Англија | 2008 | 35 | 24 | 5 | 6 | 68.57 |
Личен живот
уредиКапело е роден во Сан Канцијан д’Изонцо (Шкоцјан на Соча), Фурланија-Јулиска Краина од родители Гверино и Евелина Капело. Капело е побожен католик и се моли двапати на ден. Неговиот татко кој е наставник и неговиот вујко беа фудбалери, и Капело целиот живот го помина со спортот. Тој се ожени со неговата сопруга Лаура, која како тинејџер ја сретнал во автобус пред повеќе од 40 години. Него го претставува неговиот син Пјерфилипо, кој ја има улогата како негов агент. За размислување е тоа што Англискиот фудбалски сојуз го прими Капело кој со себе на работата дојде со стабилен семеен живот, за разлика од неговите претходници кој беа во центарот на вниманието кај медиумите. Сепак, потенцирано е тоа дека Капело имаше неколку контроверзни коментари во изминатава година, како што е пофалбата на Франциско Франко, и тоа дека ФА мора да се надева дека тој ќе ги чува мислењата само за себе. Во јануари 2008 година, италијанската полиција објави дека тие водат истрага за затаен данок против Капело. Како и да е, оваа истрага беше отстранета кога гласноговорникот на Капело изјави дека се работи за рутинска контрола кај поголем број на богати италијанци. ФА изјави дека имале на ум кога му ја дале работата дека следи ваква истрага, и дека очекуваа дека ќе се разреши без тужби.
Уметничко колекционерство
уредиКапело е посветен собирач на ликовни уметности. Низ годините, тој има собрано голем број на дела, и неговата колекција е проценета на 17 милиони евра. Тој изјави дека негов омилен сликар е Василиј Кандински.
Одликувања
уредиКако играч
уреди- Рома
- Куп на Италија (1): 1968–69
- Јувентус
- Милан
- Серија А (1): 1978–79
- Куп на Италија (1): 1976–77
Како менаџер
уреди- Милан
- Серија А (4): 1991–92, 1992–93, 1993–94, 1995–96
- Суперкуп на Италија (3): 1992, 1993, 1994
- Лига на шампиони (1): 1993–94
- Европски Суперкуп (1): 1994
- Италијански младински куп (1): 1984–85
- Рома
- Серија А (1): 2000–01
- Суперкуп на Италија (1): 2001
- Јувентус
- Реал Мадрид
Лични
уреди- ↑ „Тренер“. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „првенство“. https://en.wikipedia.org/wiki/Championship. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Горица“. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%86%D0%B0_(%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8%D0%BD%D0%B0). Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Марио Тортул“. https://en.wikipedia.org/wiki/Mario_Tortul). Надворешна врска во
|work=
(help)