Роберт Ковач (роден на 6 април 1974, во Берлин) — хрватски фудбалски тренер и поранешeн играч, кој играл на позицијата централен одбранбен играч.

Роберт Ковач
Лични податоци
Роден на 6 април 1974(1974-04-06)(50 г.)
Роден во Берлин, Германија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Сегашен клуб  Хрватска (пом. тренер)
Повлекување 1 јуни 2010 - (37 години)
Младинска кариера
Рапид Вединг
Херта Зелендорф
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991–1995 Херта Зелендорф 112 (12)
1995-1996 Нирнберг Нирнберг 33 (1)
1996–2001 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 127 (1)
2001-2005 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 94 (1)
2005-2007 Јувентус Јувентус 35 (1)
2007-2009 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 26 (0)
2009-2010 Динамо Загреб Динамо Загреб 22 (0)
Репрезентација
1999-2009 Хрватска Хрватска 84 (0)
Раководител на екипите
2013 Хрватска Хрватска 21 (пом. тренер)
2013-2015 Хрватска Хрватска (пом. тренер)
2016–2018 Ајнтрахт Франкфурт (асистент)
2018–2019 Баерн Минхен (асистент)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Неговиот постар брат Нико исто така бил поранешен репрезентативец на Хрватска.

Играчка кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Роберт Ковач ја започнал својата фудбалска кариера во Германија (каде што и е роден) играјќи за клубови од низок ранг како Рапид Вединг и Херта Зелендорф. Во првата германска лига дебитирал во 1995 година играјќи за Нирнберг. По завршувањето на сезоната 1995-1996 бил купен од страна на Бајер Леверкузен каде одиграл пет сезони без да освопи ниту еден трофеј, иако, во тој период клубот дури трипати завршувал на второто место. Гладен за освојување тројеи, Роберт се преселил во Бајерн Минхен во 2001 година. Веќе следната сезона била одлична за клубот, откако Бајерн ги освоил првенството и купот, како и Интерконтинанталниот куп. Ковач одиграл четири сезони во Бајерн освојувајќи два наслова во Бундеслигата и два во Купот на Германија. На 15 јули 2005 потпишал за Јувентус. Во својата првата сезона во Италија постигнал еден гол за Јувентус, стрелајќи прецизно со глава во победата над Лече со 3-1 (во 27-мото коло од Серија А 2005-2006). Тој му помогнал на клубот да го освои скудетото на крајот на сезоната, но оваа титула на Јувентус подоцна му била одземена. Со администрацијата на Јувентус во понизок ранг, Ковач бил еден од малкуте играчи кој решил да остане со клубот во Серија Б, но неговата сезона била обележана со многубројни повреди кои го спречиле да игра на највисоко ниво. Во 2007 година се вратил назад во Германија, потпишувајќи за Борусија Дортмунд но тука не успеал да се избори за стандарден играч. Во јануари 2009 година потпишал договор со Динамо Загреб на година и пол. Оштетата која ја добила Борусија изнесувала 450.000 евра.[1]

По завршувањето на сезоната 2009-2010, на 2 јуни Ковач го најавил своето повлекувње од фудбалот со следнава изјава: "Готово е, јас доволно играв. Уморен сум, во 37 години не можете да направите некои работи како пред тоа, а јас немам ни мотивација повеќе ".[2]

Репрезентативна кариера

уреди

За репрезентацијата на Хрватска дебитирал во 1999 година во натпревар против Италија, а до почетокот на квалификацискиот циклус за Евро 2008 собрал 58 настапи. Учествувал на Светските првенства во 1998, 2002 и 2006 година и на Евро 2004 и Евро 2008. За хрватската репрезентација вкупно одиграл 84 натпревари, со што е втор на списокот на играчи со најмногу настапи зад Дарио Шимиќ, играчот кој има најмногу настапи за хрватската репрезентација, додека трет е неговиот брат Нико, од кого после неговото повлекување ја преземал капитенската лента. Од репрезентацијата се опростил на 14 октомври 2009, во натпревар од квалификациите за Светското првенство против Казахстан.

Тренерска кариера

уреди

Пред крајот на својата играчка кариера, како активен играч отишол на Фудбалската академија на ХНС во програмата за образование за УЕФА Про тренер.

На почетокот на 2013 година, Роберт како помошен тренер на својот брат Нико ја преземале функцијата во хрватската репрезентација под 21 година.

По заминувањето на Игор Штимац од функцијата селектор на сениорската репрезентација, на 16 октомври 2013, Роберт станал помошен тренер на својот брат Нико во "A" репрезентацијата.[3]

Титули

уреди

  Бајерн Минхен

уреди

  Јувентус

уреди

  Динамо Загреб

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. transfermarkt.de - Transfers 08/09 Архивирано на 9 јануари 2010 г. (германски)
  2. Kleine Zeitung, уред. (2 јуни 2010). „Kroate Robert Kovac beendete seine Karriere“ (германски). Архивирано од изворникот на 2014-09-16. Посетено на 19 декември 2012. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  3. „Niko Kovač novi izbornik A reprezentacije, Robert pomoćnik“. jutarnji.hr. Архивирано од изворникот на 2015-06-10. Посетено на 16. октомври 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)