Фабио Канаваро

италијански фудбалер

Фабио Канаваро, (роден на 13 септември 1973 година) — италијански поранешен професионален фудбалер и моментално тренер на кинескиот клуб Тијанџин Куанјиан. Канаваро се смета за еден од најголемите дефанзивци на сите времиња. Тој го поминал најголемиот дел од својата кариера во Италија. Ја започнал својата кариера во Наполи, пред да помине седум години во екипата на Парма, со која освои два трофеа во Купот на Италија, Супер куп на Италија и Купот на УЕФА. По добрите настапи во Интер и Јувентус, тој се сели заедно со менаџерот Фабио Капело од Јувентус во Реал Мадрид во 2006 година, со кои ја освои двапати по ред Ла лигата во 2007 и 2008 година. По враќањето во Јувентус во сезоната 2009-10, наредната година тој се приклучи на Ал-Ахли во Дубаи, каде што се повлече од фудбалот во 2011 година, по една сезона поради повреди. По неговото пензионирање, тој стана член на тренерите на Ал-Ахли, особено како глобален амбасадор и технички директор во 2011-2013 година, и како асистент тренер од 2013 до 2014 година. Во ноември 2014 година, тој беше назначен за тренер на кинескиот клуб Гуангжу Евергранде. На 9 јуни 2016 година, тој потпиша договор со кинескиот клуб Тијанџин Куанјиан како менаџер.

Фабио Канаваро
Канаваро во 2015 година
Лични податоци
Полно име Фабио Канаваро[1]
Роден на 13 септември 1973(1973-09-13)(51 г.)
Роден во Наполи, Италија
Висина &100000000000001760000001,76 м[2]
Позиција централен одбранбен
Клупски податоци
Сегашен клуб Тијанџин Куанјиан (тренер)
Младинска кариера
1988–1992 Наполи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1995 Наполи 58 (1)
1995–2002 Парма 212 (5)
2002–2004 Интер 50 (2)
2004–2006 Јувентус 74 (6)
2006–2009 Реал Мадрид 94 (0)
2009–2010 Јувентус 27 (0)
2010–2011 Ал-Ахил 16 (2)
Вкупно 531 (16)
Репрезентација
1993–1996 Италија 21 21 (0)
1997–2010 Италија 136 (2)
Тренер на екипи
2013–2014 Ал-Ахил (assistant)
2014–2015 Гванџу Евергранде
2015–2016 Ал-Наср
2016– Тијанџин Куанјиан

Канаваро исто така, постигна успех со националениот тим на Италија. Тој беше дел од тимот на Италија, кој го освои двапати по ред УЕФА Европското првенство во фудбал под-21 во 1994 и 1996 година.Првиот свој настап за сениорската репрезентација го забележува во 1997 година, и беше еден од најсзаслужните кој помогна на својот репрезентација да стигне до финалето на Евро 2000, и беше дел од најдобриот тим на турнирот. Подоцна тој стана капитен во 2002 година, по завршувањето на репрезентативната кариера на Паоло Малдини. Канаваро ја доведе Италија до освојување на ФИФА Светско Првенство во Германија, и му беше даден прекарот "Ил Муро ди Берлино" ( "Берлинскиот ѕид") од страна на италијанските поддржувачи поради неговите одбранбени настапи, што се виде по резултатите на Италија која не прими гол на пет натпревари, и на целото првенство прими само два гола, кои не беа во отворена игра. По освојувањето на Светското првенство тој ја освои Златната топка, откако беше именуван како втор најдобар играч на првенството. Во 2009 година, тој успеа да го стигне Малдини со најмногу настапи во историјата на репрезентацијата. Тој се повлече од репрезентацијата на 25 јуни 2010 година по неуспехот на Италија да се квалификува меѓу 16те најдобри на Светското првенство 2010. Канаваро вкупно одигра 136 пати за Италија и постигна два гола за сениорската репрезентација.[3] Севкупно, тој ја претставувал Италија на четири ФИФА Светски првенства, два УЕФА Европски првенства, Летните олимписки игри во 1996 година, и ФИФА Купот на Конфедерации во 2009 година. Тој во моментов е втор на сите времиња според настапи за репрезентацијата на Италија, зад Џанлуиџи Буфон, и направи најмногу настапи за Италија, како капетан (79).

Тој беше именуван за најдобар играч на ФиФа, и ја освои наградата Ballon d'Or во 2006 година, кој го направи единствениот одбранбен играч кој ја има освоено таа награда во деценијата и единствен дефанзивец после Франц Бекенбауер и Матиас Замер, двајцата од Германија.[4][5] Во 2007 година, тој беше на листата од 6 спортисти за наградата Светски спортист на годината. Неговиот помлад брат Паоло Канаваро е исто така професионален фудбалер кој настапува за калчолигашот Сасуоло.

Наводи

уреди
  1. „FIFA World Cup South Africa 2010 – List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 5 June 2013.
  2. „Player Profile: Fabio Cannavaro“. UEFA. Посетено на 25 May 2012.
  3. „Cannavaro quits Italy duty“. Sky Sports. 25 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 28 June 2010. Посетено на 5 July 2010.
  4. "Cannavaro discusses highs and lows" Архивирано на 16 декември 2013 г.. Football Federation Australia. Retrieved 18 November 2013.
  5. „Cannavaro only third defender to win coveted Ballon d'Or“. The Guardian. 27 November 2006. Посетено на 15 February 2014.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Спортски позиции
Претходник
Паоло Малдини
Капитен на италијанската репреззентација
2002–2010
Наследник
Џанлуиџи Буфон