Лига за демократија
Лигата за демократија — поранешна македонска политичка партија.
Лига за демократија | |
---|---|
Основана | 8 јануари 1990[1] |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | политички центар |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Историја и учество на избори
уредиОсновачкото собрание на партијата се одржало на 8 јануари 1990 година. Пратијата претставувала една од првите политички партии во Република Македонија. Лигата за демократија за првпат учествувала на првите парламентарните избори во Македонија, за време на постоењето на Југославија во 1990 година, каде што освоила 13.097 гласови во првиот круг (1,2% од вкупниот број на гласови), односно 2.707 гласови (0,3% проценти од вкупниот број на гласови) во вториот круг. Партијата не учествувала на наредните парламентарни избори. На парламентарните избори во 1998 година, партијата учествувала на изборите во некои подрачја во коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива на мнозинската листа каде што освоила 3.615 гласови (0,3% од вкупниот број на гласови) во првиот, односно 4.695 гласови (0,6%) во вториот круг.
На парламентарните избори во 2002 година партијата ја предводела коалицијата составена од Демократски сојуз на Србите во Македонија, Партија на Власите од Македонија, Демократска Муслиманска партија, Партија за демократско движење на Египќаните во Македонија и Странка на демократска акција на Македонија.
Парламентарните избори во 2006 година биле последниот изборен циклус на кој учествувала Лигата за демократија. На овие избори партијата освоила 2.663 гласови, односно 0,2% од вкупниот број на гласови.
Партијата во своето учество на парламентарните избори не успеала да освои пратеничко место.
Наводи
уреди- ↑ Емил Анастасов: Време е за изворните идеи на Лигата за демократија, МКД.mk, 01.10.2015