Алвар Алто

Фински архитект и дизајнер

Хуго Алвар Хенрик Алто (фински: Hugo Alvar Henrik Aalto) (3 февруари 1898, Куортане - 11 мај 1976, Хелсинки) — фински архитект, урбанист и дизајнер, понекогаш се нарекува „Таткото на модернизмот во нордиските земји“. Неговите најпознати дела се од архитектурата, но и од дизајнот на мебел и стакларија.

Алвар Алто
Алто во 1960 г.
Роден(а)3 февруари 1898
Куортане, Финска
Починал(а)11 мај 1978
Хелсинки, Финска
НационалностФинец
НаградиКралски златен медал
Златен медал на Американскиот институт на архитекти
ЗданијаСанаториумот во Паимио

Библиотеката во Виборг
Вила Мариеја
Студентски дом на MIT (Бејкер Хаус)

Палата Финландија
ПроектиГрадски центар на Хелсинки
НацртиВазна Савој
Столица Паимио

Приврзаник е на функционализмот и органската архитектура. Најчесто неговите згради на хармоничен начин се вклопуваат со околниот пејзаж, со кој образуваат една архитектурна целина. Во склад со традицијата на неговата земја, посебна наклоност имал кон дрвото и тулите како градежен материјал. За повеќе негови згради, тој го има дизајнирано и мебелот.

Работел во Финска, Шведска, САД и други земји. Во родната земја познати негови згради се и зградата на Хелсиншкиот технолошки универзитет на Хелсинки, општинскиот дом во Сјајунатсјало и концертната хала Финландија во Хелсинки. Бил професор на Масачусетскиот институт за технологија (MIT) во Кембриџ, каде и проектирал еден од студентските домови.

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди