24 февруари — 55-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар. Остануваат 310 денови до крајот на годината (311 во престапна).

Настани:

1525  Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1582  Воведен е грегоријанскиот календар.
1819  Американскиот конгрес го ратификувал договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1882  Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија.
1887  Воспоставена е телефонска врска меѓу Париз и Брисел.
1920  Во пивницата „Хофбројхаус“ во Минхен претставена е програмата на Националсоцијалистичката германска работничка партија (НСДАП).
1942  Во рамките на пропагандната војна, Министерството за информации на САД започнало со емитување на меѓународната програма „Гласот на Америка (Voice of America)“.
1945  Втора светска војна: Војската на САД го ослободила главниот град на Филипините, Манила кој бил под окупација од страна на Јапонија.
1946  Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
1968  Борците на Виетконг го зазеле Хуе, третиот по големина град во Виетнам.
1971  Алжирските власти соопштиле дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата.
1974  Властите во Пакистан соопштиле дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава.
1987  Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
1998  Францускиот парламент едногласно го ратификувал Договорот за сеопфатна забрана за јадрени проби.
2005  Римскиот папа Јован Павле II бил подложен на сложена операција со која во дишникот му бил вграден катетер.

Родени:

1536  Климент VIIIримски папа.
1786  Вилхелм Грим — германски филолог, писател и собирач на народни умотворби.
1850  Мари Јасаи — унгарска глумица.
1866  Петар Лебедевруски научник, физичар.
1923  Михаило Марковиќ — југословенски и српски филозоф.
1931  Славе Македонскипоет, раскажувач, публицист, драмски автор, литературен преведувач.
1940  Денис Ло — шкотски фудбалер.
1946  Ратомир Дујковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1955  Алан Прост — француски автомобилист, првак во трките на „Формула 1“.
1955  Стив Џобс — соосновач и директор на „Епл“.
1957  Рафаел Гордиљо — шпански фудбалер.
1959  Александар Белостењи — украински и советски кошаркар.
1965  Ханси Флик — германски фудбалер и тренер.
1967  Љупчо Марковски — македонски фудбалер.
1977  Флојд Мејведер — американски боксер.
1981  Лејтон Хјуит — австралиски тенисер.
1992  Стефан Ашковски — македонски фудбалер.
1994  Рајан Фрејзер — шкотски фудбалер.
1995  Игор Алексовски — македонски фудбалер.
2002  Лазар Самарџиќ — српски фудбалер.

Починале:

1815  Роберт Фултон — американски инженер и пронаоѓач, конструктор на паробродот.
1952  Христо Татарчев — основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација.
1974  Синиша Станковиќ — српски биолог.
1976  Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик.
1990  Сандро Пертини — претседател на Италија.
1993  Боби Мур — англиски фудбалер.
2001  Клод Шенон — американски математичар и компјутерски инженер, „татко“ на информациската теорија.
2006  Томе Саздов — доајен на спикерската професија во Македонија.
2010  Момчило Грошев — македонски фудбалер.
2022  Луан Старова — македонски писател.
2022  Сали Келерман — американска глумица.