1282
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1282 (MCCLXXXII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1282 година од новата ера, 282. од вториот милениум, 82. од XIII век и трета од 1280-тите.
Грегоријански календар | 1282 MCCLXXXII |
Ab urbe condita | 2035 |
Ерменски календар | 731 ԹՎ ՉԼԱ |
Асирски календар | 6032 |
Балиски календар | 1203–1204 |
Бенгалски календар | 689 |
Берберски календар | 2232 |
Будистички календар | 1826 |
Бурмански календар | 644 |
Византиски календар | 6790–6791 |
Кинески календар | 辛巳年 (мет. змија) 3978 или 3918 — до — 壬午年 (вод. коњ) 3979 или 3919 |
Коптски календар | 998–999 |
Етиопски календар | 1274–1275 |
Еврејски календар | 5042–5043 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1338–1339 |
- Сачка ера | 1203–1204 |
- Кали-југа | 4382–4383 |
Холоценски календар | 11282 |
Игбоански календар | 282–283 |
Ирански календар | 660–661 |
Исламски календар | 680–681 |
Јапонски календар | Коан 5 (弘安5年) |
Јавански календар | 1192–1193 |
Јулијански календар | 1282 MCCLXXXII |
Корејски календар | 3615 |
Мингуо-календар | 630 пред Р. Кина 民前630年 |
Нанакшахи | −186 |
Тајландски сончев календар | 1824–1825 |
Тибетски календар | 阴金蛇年 (женско железо-змија) 1408 или 1027 или 255 — до — 阳水马年 (машка вода-коњ) 1409 или 1028 или 256 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6790 и 6791 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6032 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5042 и 5043 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2035.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1282 година се протега во 3918 и 3919, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3978 и 3979 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1825. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 680 и 681 исламска година.
Настани
уредиПо област
уредиЕвропа
уреди- март - Давид III ап Грифид, брат на Принцот од Велс, Ливелин III ап Грифид, ја напаѓа Англија. Неговиот брат се чувствува принуден да го поддржи, и покрај тоа што е неподготвен за војна. Нивните постапки доведуваат до конечното освојување на англиски Велс, од страна на кралот Едвард I.
- 30 март - Побуна во Сицилија против владеењето на Карло I Анжујски. Во следните 6 недели, илјадници Французи се убиени. Востанието го принудува Карло да се откаже од крстоносната војна, додека сѐ уште е на пат кон целниот град Цариград, и му дозволува на Петар III Арагонски да го преземе владеењето на островот (што од своја страна доведува до изопштување од Папа Мартин IV на Петар]).
- 15 мај - Битката во Форли помеѓу Гвелфи и гибелини
- Јуни - Армијата на Петар III Арагонски се наоѓа во Северна Африка за поддршка на бунтовниот гувернер на Константин, Ибн Вазир[1].
- 26 јуни - Кралот Денис Португалски се венча со Елизабета Арагонска.
- 30 август - Петар III Арагонски, кој првично патува со својата флота во воена експедиција против Тунис, завршува во сицилијанскиот град Трапани, откако му било побарано од жителите на Палермо да помогне во борбата против Карло I Анжујски.
- 4 септември - Петар III Арагонски станува крал на Сицилија.
- 11 декември - Битка кај Орвински мост воВелс: Ливелин III ап Грифид е убиен.
- Декември - Царот Рудолф I ги прогласува своите синови Албрехт и Рудолф за ко-владетели на војводствата на Австрија и Војводство Штеарска, со што се основа Хабсбуршка династија на тие територии.
- Битката на Вронен: Флорис V ја поразува Фризија.
- Кралот Стефан Драгутин ја крши ногата додека лови и се разболува; тој го предава престолот на неговиот помлад брат Стефан Милутин.
- Кралот Петар III Арагонски, добива поддршка од Насридска Гранада во време кога Франција на чело со Филип IV Убавиот се подготвува за Арагонска крстоносна војна[2].
Родени
уреди- 2 февруари - Мод Каворт, графичарка од Лестер
- 1 април - Лудвиг IV, цар на Светото Римско Царство (п. 1347)
- 15 април - Фредерик IV, војвода од Лорен (п. 1329)
- 5 мај - Хуан Мануел (п. 1348)
- датум непознат
- Ошин, крал на Ерменија (п. 1320)
- Папа Инокентиј VI (п. 1362)
- Узбег-кан, монголски водач на Златна Орда (п. 1341)
Починале
уреди- 9 јануари - Абу Утман Саид ибн Хакам ел-Кураши, Раис од Манурка
- 1 април - Абака-кан, кан на Илканатот
- Април 10 - Ахмед Фанакати, монголски државник
- 19 јуни - Елеонора де Монтфорт, велшки принцеза, сопруга на Лливелин ап Груфорд (р. 1252, породување)
- 9 септември - Свети Ингрид Шенингенски, шведски светец
- 13 октомври - Ничирен
- 30 октомври - Роџер Мортимер, 1-в барон од Мортимер
- 11 декември
- датум непознат - Георги Акрополит, византиски историчар и државник
Наводи
уреди- ↑ Meynier, Gilbert (2010). L'Algérie cœur du Maghreb classique. De l'ouverture islamo-arabe au repli (658-1518). Paris: La Découverte. стр. 163. ISBN 978-2-7071-5231-2.
- ↑ Lourie, Elena (2004). Jews, Muslims, and Christians in and around the Crown of Aragon: essays in honour of Professor Elena Lourie. Brill. стр. 295. ISBN 90-04-12951-0. Архивирано од изворникот на 2016-11-07. Посетено на 2018-09-24.
- ↑ Lock, Peter (2013). The Routledge Companion to the Crusades. Routledge. стр. 120. ISBN 9781135131371.