1216
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1216 (MCCXVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1216 година од новата ера, 216. од вториот милениум, 16. од XIII век и седма од 1210-тите.
Грегоријански календар | 1216 MCCXVI |
Ab urbe condita | 1969 |
Ерменски календар | 665 ԹՎ ՈԿԵ |
Асирски календар | 5966 |
Балиски календар | 1137–1138 |
Бенгалски календар | 623 |
Берберски календар | 2166 |
Будистички календар | 1760 |
Бурмански календар | 578 |
Византиски календар | 6724–6725 |
Кинески календар | 乙亥年 (дрв. свиња) 3912 или 3852 — до — 丙子年 (огн. стаорец) 3913 или 3853 |
Коптски календар | 932–933 |
Етиопски календар | 1208–1209 |
Еврејски календар | 4976–4977 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1272–1273 |
- Сачка ера | 1137–1138 |
- Кали-југа | 4316–4317 |
Холоценски календар | 11216 |
Игбоански календар | 216–217 |
Ирански календар | 594–595 |
Исламски календар | 612–613 |
Јапонски календар | Кенпо 4 (建保4年) |
Јавански календар | 1124–1125 |
Јулијански календар | 1216 MCCXVI |
Корејски календар | 3549 |
Мингуо-календар | 696 пред Р. Кина 民前696年 |
Нанакшахи | −252 |
Тајландски сончев календар | 1758–1759 |
Тибетски календар | 阴木猪年 (женско дрво-свиња) 1342 или 961 или 189 — до — 阳火鼠年 (машки оган-стаорец) 1343 или 962 или 190 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6724 и 6725 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5966 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4976 и 4977 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1969.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1216 година се протега во 3852 и 3853, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3912 и 3913 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1759. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 612 и 613 исламска година. Годината 1216 (MCCXVI) била престапна година која започнала на ден петок според јулијанскиот календар.
Настани
уредиПо област
уредиЕвропа
уреди- Јануари - Прва баронска војна: Англиската армија го вратила Берик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска[1].
- 10 април - По смртта на Ерик Х Шведски, тој е наследен од неговиот соперник Јован I Шведски, како крал на Шведска.
- 22 април - Битката кај Липица: Мстислав Храбриот и Константин Ростовски ги победуваат своите соперници за владеењето на Владимир-Суздал.
- 21 мај - Првата баронска војна: Принцот Луј, идниот крал Луј VIII, ја напаѓа Англија за поддршка на бароните, пристигнувајќи во Танет. Влегувајќи во Лондон без отпор, тој е прогласен, но не и крунисан, за крал на Англија во катедралата Свети Павле.
- 24 јули - Француските Крстоносци од замокот змокот Борке му се предаваат на Ремон VII Тулушки[2]
- 18 октомври или 19 октомври - Умира Јован Безземниот. Тој е наследен од неговиот деветгодишен син Хенри III, со Вилијам Маршал, како регент. Младиот Хенри III е крунисан во Глостер на 28 октомври[3].
- 12 ноември - Вилијам Маршал и папскиот легат во Англија издаваат Повелба за слободи, врз основа на Големата повелба, во името на новиот крал на Англија. Со неа се ограничила моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија
- Димитар Хоматијан бил византиски свештеник и избран за архиепископ на Охридската архиепископија, сè до 1234 година.
- Дрезден добива градски права.
По тема
уредиРелигија
уреди- 24 јули - Папа Хонориј III го наследува Папа Инокентиј III, како 177-тиот папа.
- 22 декември - Папа Хонориј III официјално го одобрува Доминиканскиот ред.
Родени
уредиПочинале
уреди- 31 јануари - Теодор II Цариградски, патријарх
- Април 10 - Ерик Х Шведски (р. 1180)
- 11 јуни - Хенрик Фландриски, цар на Латинското Царство (отруен) (р. 1174)
- 16 јули - Папа Инокентиј III, римски папа
- 19 октомври - Јован Безземниот, крал на Англија во периодот од 1199 до 1216 година, наследувајќи го својот брат Ричард I. Прекарот го добил поради тоа што не добил никаква земја од страна на својот татко, сè до смртта на своите постари браќа, но и поради загубата на голем дел од француските територии.
- Ида Булонска (р. 1160)
Наводи
уреди- ↑ Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 77–79. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Dell'Umbria, Alèssi (2006). Histoire universelle de Marseille. De l'an mil à l'an deux mille. Marseille: Agone. стр. 27. ISBN 2-7489-0061-8.
- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 133–135. ISBN 0-304-35730-8.