1229
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1229 (MCCXXIX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1229. година од новата ера, 229. од вториот милениум, 29. од 13 век и последна од 1220-тите.
Грегоријански календар | 1229 MCCXXIX |
Ab urbe condita | 1982 |
Асирски календар | 5979 |
Бахајски календар | -615–-614 |
Бенгалски календар | 636 |
Берберски календар | 2179 |
Будистички календар | 1773 |
Бурмански календар | 591 |
Византиски календар | 6737–6738 |
Еврејски календар | 4989–4990 |
Ерменски календар | 678 ԹՎ ՈՀԸ |
Етиопски календар | 1221-1222 |
Игбоански календар | 229–230 |
Ирански календар | 607–608 |
Исламски календар | 626–627 |
Јулијански календар | 1229 MCCXXIX |
Кинески календар | 戊子年月日 (3865/3925) — до — 己丑年月日(3866/3926) |
Коптски календар | 945–946 |
Корејски календар | 3562 |
Календар Мингуо | 683 пред РК 民前683年 |
Селевкидски календар | 1540–1541 |
Тајландски сончев календар | 1772 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 1285–1286 |
- Шака самват | 1151–1152 |
- Кали југа | 4330–4331 |
Холоценски календар | 11229 |
Џуче-календар | нема (пред 1912) |
Содржина
Други календариУреди
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6737 и 6738 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5979 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4989 и 4990 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1982.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1229. година се протега во 3865 и 3866, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3925 и 3926 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1772. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 626 и 627 исламска година.
НастаниУреди
- 18 февруари - Шеста крстоносна војна: Фридрих II потпишува десетгодишно примирје со ел-Камил, враќајќи го Ерусалим, Назарет и Витлеем.
- 6 март] - 2-годишен штрајк на Универзитетот во Париз започнува со студентски немири.
- 18 март - Шеста крстоносна војна: Фридрих II се крунисува за Крал на Ерусалим.
- Април 12 - Парискиот договор доведува до крај на Катарската крстоносна војна.
- 23 април - Алфонсо IX Леонски го освојува Касерес.
- 12 септември - Армијата, на чело со Јаков I, започнува напади на Мајорка.
- 13 септември Огатај-кан е прогласен за кан на Монголското Царство.
- 28 ноември или 29 ноември - Ерик XI Шведски е поразен од Кнут II Шведски, кој се прогласува за нов крал.
- Католичката црква трајно ја воспоставува инквизицијата.
- Изграден е Замок Беверстон, Глостершир.
- Следејќи го ќор-сокакот во изборот на венецијански дожд, бројот на избирачите се зголемува од 40 на 41, со цел да се спречат таквите идни појави.
- Универзитет Тулуз е основан во Франција.
- Основан е градот Турку, Финска.
- Основан е градот Раперсвил.
- Прво споменување на градот Бенц (Узедом).
- Прво споменување на градот Глинде.
- Прво споменување на градот Мјелец.
- Прво споменување на градот Камник (Словенија).
- Прво споменување на градот Жлковце.
- Прво споменување на градот Бад Закса.
- Висмар добива градски права.
- Еслинген на Некар добива градски права.
- Силите на Папската држава навалиле во Неапол каде папата наредил да бидат разрешени сите поданици кои имаат верност кон царот.
- Венеција потпишува трговски договори со султанот на Алеп.
- Започнува да се гради Катедрала Ла Сеу.
РодениУреди
- 13 април - Лудвиг II, војвода од Баварија (п. 1294)
- Беатриса Прованска, грофица на Прованса (приближен датум, п. 1267)
- Теобалд Годен, Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
ПочиналеУреди
- 17 јануари - Алберт Буксгевден, германски бискуп од Рига, крстоносец
- Март - Бјанка Наварска, регент на Шампањ и Навара
- непозната дата - Јакут ел-Хамави, арапски биограф и географ (р. 1179)