1283
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1283 (MCCLXXXIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1283 година од новата ера, 283. од вториот милениум, 83. од XIII век и четвртта од 1280-тите.
Грегоријански календар | 1283 MCCLXXXIII |
Ab urbe condita | 2036 |
Ерменски календар | 732 ԹՎ ՉԼԲ |
Асирски календар | 6033 |
Балиски календар | 1204–1205 |
Бенгалски календар | 690 |
Берберски календар | 2233 |
Будистички календар | 1827 |
Бурмански календар | 645 |
Византиски календар | 6791–6792 |
Кинески календар | 壬午年 (вод. коњ) 3979 или 3919 — до — 癸未年 (вод. коза) 3980 или 3920 |
Коптски календар | 999–1000 |
Етиопски календар | 1275–1276 |
Еврејски календар | 5043–5044 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1339–1340 |
- Сачка ера | 1204–1205 |
- Кали-југа | 4383–4384 |
Холоценски календар | 11283 |
Игбоански календар | 283–284 |
Ирански календар | 661–662 |
Исламски календар | 681–682 |
Јапонски календар | Коан 6 (弘安6年) |
Јавански календар | 1193–1194 |
Јулијански календар | 1283 MCCLXXXIII |
Корејски календар | 3616 |
Мингуо-календар | 629 пред Р. Кина 民前629年 |
Нанакшахи | −185 |
Тајландски сончев календар | 1825–1826 |
Тибетски календар | 阳水马年 (машка вода-коњ) 1409 или 1028 или 256 — до — 阴水羊年 (женска вода-коза) 1410 или 1029 или 257 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6791 и 6792 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6033 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5043 и 5044 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2036.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1283 година се протега во 3919 и 3920, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3979 и 3980 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1826. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 681 и 682 исламска година.
Настани
уредиПо област
уредиАфрика
уреди- Владетелот на Хафсидската династија, Ибрахим I, е соборен со побуна од Бедуините, предводена од Абд ел-Азиз I[1].
Азија
уреди- 22 септември - Започнува Првата монголска инвазија на Бурма.
- Кралот Рам Камхенг го создава Тајландското писмо, според традицијата.
- Кубај-кан од Јуенска династија го напаѓа Царство Кмер во денешна Камбоџа. Кралот Џајаварман VIII одлучува да му оддаде почит, наместо да се бори против инвазијата.
- Изградбата на северниот дел од Големиот кинески канал е завршена.
- Градот Гуејанг е основан во Јуенската династија.
Европа
уреди- 1 јуни - Младиот Рудолф II е принуден да ги предаде Австрија и Војводство Штаерска на својот постар брат, Алберт I.
- 8 јули - Битката за Малта во Валета: Анжујската флота е поразена од флотата на Роцер Лаурија.
- Земјотрес уништува две третини од пештераниот град Вардзија, Грузија.
- Изградбата на замокот Карнарвон, Замокот Конви и Замокот Харлех во Велс започнува по наредба на кралот Едвард I, како систем на одбрана против можни идни велшки востанија.
- Кралот Филип III Убавиот предизвикува масовна миграција на Евреите, кога го забранува нивното престојувалиште во малите села и руралните средини во Франција.
- Даниел Московски ја обединува западната страна на Русија, со кое завршува ерата на Киевска Русија по 301 година, а започнува онаа на Големото Московско Кнежевство.
- Кодексот Cantigas de Santa Maria, колекција на португалски музички ракописи, е датиран меѓу 1280 и 1283 година.
- Григориј II Цариградски станува Вселенски патријарх.
Родени
уреди- 9 април - Маргарета Норвешка, Кралица на Шкотска (п. 1290)
Починале
уреди- 9 април - Маргарета Шкотска (р. 1261)
- 3 октомври - Давид III ап Грифид, Принц од Велс
- 15 декември - Филип I, цар на Латинско Царство (р. 1243)
- Јосиф I Цариградски - Вселенски патријарх.
Наводи
уреди- ↑ Meynier, Gilbert (2010). L'Algérie cœur du Maghreb classique. De l'ouverture islamo-arabe au repli (658-1518). Paris: La Découverte. стр. 161. ISBN 978-2-7071-5231-2.