Едвард I
Едвард I (17 јуни 1239 — 7 јули 1307; англиски: Edward I of England; француски: Édouard Ier d'Angleterre) — крал на Англија во периодот од 1272 до 1307 година, наследувајќи го својот татко Хенри III. Едвард учествувал во Осмата крстоносна војна, која не била успешна за христијаните од 1271-1272 година.
Едвард I Долгоногиот Edward I of England Édouard Ier d'Angleterre | |
---|---|
Портрет на Едвард во Вестминстерската капела | |
Крал на Англија | |
На престол | 16 ноември 1272 – 7 јули 1307 ( | 34 години и 233 дена)
Крунисување | 19 август 1274 |
Претходник | Хенри III |
Наследник | Едвард II |
Почивалиште | |
Сопруга | Елеонора Кастиљска 1254-1290 Маргарита Француска 1299; 1307 |
Деца останати | Елеонора Јована Алфонсо Маргарита Марија Елизабета Едвард II Томас Едмунд |
Династија | Плантагенети |
Татко | Хенри III |
Мајка | Елеонора Провансалска |
Едвард е познат и како “Законодател“, главно поради големите реформи кои ги вовел во кралството, како и Долгоногиот, според својата височина. Тој се смета за еден од најуспешните европски владетели од средниот век. Во негово врее, во 1277 година бил освоен Велс, а голем дел од велшките востанија биле крваво задушувани. Во 1296 година ја освоил и Шкотска, но подоцна Шкотска ја повратила својата независност. Во 1290 година ги протерал евреите од Англија.
Неговиот план да ја задржи власта над Шкотска не се остварила. Тој починал во 1307 година во Камберленд, на границата со Шкотска. И покрај неговата желба, неговите коски и тело да бидат носени во Шкотска во време на идните напади, а неговото срце во Светите земји, сепак тоа не се остварило. Тој бил погребан во Вестминстерската капела.
Тој бил наследен од неговиот син Едвард II.
Едвард I Роден(а): 17 јули 1239 Починал(а): 7 јули 1307
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Хенри III |
Крал на Англија Војвода од Аквитанија Владетел на Ирска 1272–1307 |
Наследник Едвард II |
Претходник Јован |
Грофовија Понтеу 1279-1290 со Елеонора | |
Претходник Ричард, Прв Ерл од Кронвел |
Наследник Хенри | |
Почесни титули | ||
Претходник Матеј де Хастингс |
Наследник Матеј де Безил |