1288
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1288 (MCCLXXXVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1288 година од новата ера, 288. од вториот милениум, 88. од XIII век и деветта од 1280-тите.
Грегоријански календар | 1288 MCCLXXXVIII |
Ab urbe condita | 2041 |
Ерменски календар | 737 ԹՎ ՉԼԷ |
Асирски календар | 6038 |
Балиски календар | 1209–1210 |
Бенгалски календар | 695 |
Берберски календар | 2238 |
Будистички календар | 1832 |
Бурмански календар | 650 |
Византиски календар | 6796–6797 |
Кинески календар | 丁亥年 (огн. свиња) 3984 или 3924 — до — 戊子年 (зем. стаорец) 3985 или 3925 |
Коптски календар | 1004–1005 |
Етиопски календар | 1280–1281 |
Еврејски календар | 5048–5049 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1344–1345 |
- Сачка ера | 1209–1210 |
- Кали-југа | 4388–4389 |
Холоценски календар | 11288 |
Игбоански календар | 288–289 |
Ирански календар | 666–667 |
Исламски календар | 686–687 |
Јапонски календар | Коан 11 / Шоо 1 (正応元年) |
Јавански календар | 1198–1199 |
Јулијански календар | 1288 MCCLXXXVIII |
Корејски календар | 3621 |
Мингуо-календар | 624 пред Р. Кина 民前624年 |
Нанакшахи | −180 |
Тајландски сончев календар | 1830–1831 |
Тибетски календар | 阴火猪年 (женски оган-свиња) 1414 или 1033 или 261 — до — 阳土鼠年 (машка земја-стаорец) 1415 или 1034 или 262 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6796 и 6797 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6038 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5048 и 5049 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2041.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1288 година се протега во 3924 и 3925, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3984 и 3985 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1831. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 686 и 687 исламска година.
Настани
уреди- 20 јануари - Замокот Њукасл во Велс е освоен од англиските сили.
- 22 февруари - Папа Никола IV го наследува Папа Хонориј IV, како 191-та папа.
- 5 јуни - Битката кај Воринген: Јован I го поразува војводство Гелдерн во една од најголемите битки во Европа од средниот век, со што го освоил Војводст Лимбург. Битката, исто така, го ослободува градот Келн од владеењето на Архиепископијата во Келн. По овој настан, Бон станува резиденција на келнските архиепископи.
- 8 август - Папа Никола IV прогласува крстоносна војна против кралот Ладислав IV Унгарски, кој го изгубил кредибилитетот со фаворизирање на неговите полупагански кумански субјекти, одбивајќи да одговара на социјалните стандарди на Западна Европа.
- Парламентот во Шкотска создава закон со кој ќе им се дозволи на жените да предложат брак на мажите за време на престапна година. Мажите кои одбиваат такви предлози се обврзани да платат парична казна на невестата.
- Изградена е најстарата преживеана камбана во часовниците на врвот од куполата на Базиликата Свети Петар во Рим.
- Ветин е доделен на надбискупот Магдебург, Ерик фон Бранденбург.
- Харбург добива општински права.
- Кеге добива градски права.
Родени
уреди- 5 април - Го-Фушими, цар на Јапонија (п. 1336)
- 26 ноември - Го-Дијаго цар на Јапонија (п. 1339)
- Иван I, голем кнез на Москва (п. 1340)
- Според османлиската традиција е роден Евренос-бег.
Починале
уреди- 24 април - Гертруда Бабенберг (р. 1226)
- 3 јули - Стефан де Фулборн, ирски свештеник и политичар
- 30 септември - Лешко II Црниот, полски принц