1234
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1234 (MCCXXXIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1234 година од новата ера, 234. од вториот милениум, 34. од XIII век и петта од 1230-тите.
Грегоријански календар | 1234 MCCXXXIV |
Ab urbe condita | 1987 |
Ерменски календар | 683 ԹՎ ՈՁԳ |
Асирски календар | 5984 |
Балиски календар | 1155–1156 |
Бенгалски календар | 641 |
Берберски календар | 2184 |
Будистички календар | 1778 |
Бурмански календар | 596 |
Византиски календар | 6742–6743 |
Кинески календар | 癸巳年 (вод. змија) 3930 или 3870 — до — 甲午年 (дрв. коњ) 3931 или 3871 |
Коптски календар | 950–951 |
Етиопски календар | 1226–1227 |
Еврејски календар | 4994–4995 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1290–1291 |
- Сачка ера | 1155–1156 |
- Кали-југа | 4334–4335 |
Холоценски календар | 11234 |
Игбоански календар | 234–235 |
Ирански календар | 612–613 |
Исламски календар | 631–632 |
Јапонски календар | Тенпуку 2 / Бунрјаку 1 (文暦元年) |
Јавански календар | 1143–1144 |
Јулијански календар | 1234 MCCXXXIV |
Корејски календар | 3567 |
Мингуо-календар | 678 пред Р. Кина 民前678年 |
Нанакшахи | −234 |
Тајландски сончев календар | 1776–1777 |
Тибетски календар | 阴水蛇年 (женска вода-змија) 1360 или 979 или 207 — до — 阳木马年 (машко дрво-коњ) 1361 или 980 или 208 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6742 и 6743 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5984 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4994 и 4995 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1987.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1234 година се протега во 3870 и 3871, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3930 и 3931 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1777. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 631 и 632 исламска година.
Настани
уредиАфрика
уреди- Регионот каде живееле Мандените, кренале востание против Царство Сосо. Ова е почеток на процесот кој ќе доведе до подем на Царство Мали.
Европа
уреди- По смртта на Кнут II Шведски, соборениот Ерик XI Шведски се враќа на престолот на Шведска.
- Папа Григориј IX повикува на Босанска крстоносна војна, и го заменува Поп Богомил со католичкиот доминикански германски епископ со име Јохан.
- Кралот Андреј II Унгарски се прогласува за бан на Босна, и покрај тоа што Матеј Нинослав бил законски наследник.
- Саншу II Португалски ги освојува градовите на Алжуштрел и Мертола[1].
- Основан е градот Итерзен.
- Основан е градот Штралзунд.
По тема
уредиРелигија
уреди- Свети Доминик е канонизиран.
- Папата Грегориј IX го издава Decretales Gregorii IX.
- Од страна на Теодор Грифита била изградена дрвена црква посветена на Пресвета Богородица во Луџмјеш, Полска.
- веројатно
- Јоаникиј станува охридски архиепископ.
Родени
уреди- Калиман I Асен, бугарски цар
- Абака-кан, монголски цар на Персија (п. 1282)
- Ипен, јапонски монах (п. 1289)
Починале
уреди- 16 април - Ричард Маршал (р. 1191)
- 7 мај - Отон I, војвода од Меранија (р. 1180)
- 7 август - Хју Фолиот, епископ на Херефорд (р. 1155)
- 31 август - Го-Хорикава, цар на Јапонија (р. 1212)
- непозната дата
- Алан, благородник од Галовеј
- Кнут II Шведски, узурпатор на шведскиот престол од 1229 година.
- Стефан Радослав, српски крал.
Наводи
уреди- ↑ Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN 2-7068-1398-9.