Лудвиг IV (Свето Римско Царство)
Лудвиг IV Баварски (германски: Ludwig IV, роден во 1 април 1282 во Минхен - починал на 11 октомври 1347 во Фирстенфелдбрук) — владетел од династија Вителсбах како германски крал (1314—1347) и Цар на Светото Римско Царство (1328—1347) и војвода од Баварија.
Лудвиг IV | |
---|---|
Крал на Римјаните до 1330 со Фридрих I | |
На престол | 20 октомври 1314 – 11 октомври 1347 |
Крунисување | 25 ноември 1314 (Ахен) |
Претходник | Хајнрих VII |
Наследник | Карло IV |
Крал на Италија | |
На престол | 31 May 1327 – 11 октомври 1347 |
Крунисување | 31 мај 1327 (Милано) |
Претходник | Хајнрих VII |
Наследник | Карло IV |
Цар на Светото Римско Царство | |
На престол | 1328 – 11 октомври 1347 |
Крунисување | 17 јануари 1328 (Рим) |
Претходник | Хајнрих VII |
Наследник | Карло IV |
Војвода од Баварија до 1317 со Рудолф I | |
На престол | 1301 – 11 октомври 1347 |
Претходник | Рудолф I |
Наследник | Лудвиг V, Стефан II, Лудвиг IV, Вилхем V, Албрехт I и Отон V |
Роден(а) | 5 април 1282 Минхен |
Починал(а) | 11 октомври 1347 Фирстенфелдбрук | (aged 65)
Почивалиште | |
Сопружник | Беатрикс Маргарита |
Деца | Матилда Лудвиг V Стефан II Лудвиг VI Вилхем V Албрехт Беатриса Баварска Отон V |
Династија | Династија Вителсбах |
Татко | Лудвиг II |
Мајка | Матилда |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Рани години
уредиЛудвиг IV бил син на Лудвиг II и Матилда, ќерка на германскиот крал Рудолф I. Лудвиг своето образование го добил во Виена и заедно со својот брат Рудолф I владеел со Баварија, а имал поддршка и од својата мајка и нејзиниот брат Албрехт I. Во 1307 година дошол во судир со Хабсбуршката династија околу териториите на Баварија. Хабсбуршката династија водела конфликт околу поделба на териториите против неговиот брат Рудолф I. Конфликтот завршил во 1313 година во Минхен[1].
Истата година Лудвиг го победил својот роднина Фридрих Убавиот. На 9 ноември 1313 година Фридрих бил поразен од Лудвиг кај Гамелсдорф и во 1314 година се повлечел.
Германски крал
уредиТака, Лудвиг во октомври 1314 година со четири од седум гласови бил избран за крал и крунисан од страна на келнскиот епископ во Бон, наместо во Ахен. Во исто време, останатите изборни кнезови го прогласиле Фридрих за крал, по кое Германија добила два крала и меѓусебен конфликт. Во текот на војната, Лудвиг во 1316 година ја признал независноста на Швајцарија, која се ослободила од Хабсбуршката контрола.
Папа Јован XXII за папа бил избран во 1316 година. Новиот папа ги поддржувал француските интереси. Најпрвин бил неутрален во судиирот, бидејќи неаполскиот крал Роберт сакал германските кралеви да немаат контрола над Италија. Папата го советувал да не признава ниту еден од кандидатите. По неколку години од крвавиот конфликт, Фридрих Убавиот бил поразен во Битката кај Милдров на реката Ин во септември 1322 година. Во таа битка биле заробени 1,300 австриски војници од Австрија и Салцбург. Лудвиг во затвор поминал три години. Неговиот брат продолжил да се бори против Лудвиг IV Баварски, но наеднаш баварските сили започнале да ги губат своите сојузници (Бохемија), а папата го екскомуницирал бидејќи го држал во затвор на Фридрих. Папата се вклучил во конфликтот бидејќи не му одговатало да победи ниту еден од двете страни.
Конечно, на 13 март 1325 година Лудвиг го пуштил на слобода на Фридрих, кој го признал за законски крал. Освен тоа, Фридрих се заколнал дека доколку не го убеди својот брат Леополд да го признае за законски крал на Лудвиг, тој повторно ќе се потчине на него. Бидејќи не успеал во тоа, Фридрих се вратил во заробеништво иако папата го ослободил од заклетвата што претходно ја дал на баварскиот крал. Лудвиг бил импресиониран од овој потег, па го обновил старото пријателство со Фридрих. Тие се сложиле да владеат заедно. Папата и изборните кнезови не се сложиле со овие договори. Така, на 7 јануари 1326 година бил склучен договор според кој Фридрих I станал крал на Германија, додека Лудвиг IV требало да биде прогласен за цар на Светото Римско Царство. По смртта на Леополд во 1326 година, Фридрих се повлечел од Германија и заминал да владее само со Австрија, каде починал во 1330 година.
Конфликт со папата
уредиКога Лудвиг го победил на Фридрих, папа Јован XXII одбил да го потврди неговиот избор за крал. Папата во 1324 година го екскомуницирал бидејќи во тоа време го држал како затвореник на Фридрих. Од друга страна, Лудвиг го прогласил на папата за еретик. Кога во 1326 година Лудвиг се смирил со Хабсбурзите, одлучил да се сврти кон папата. Папата тврдел дека тој го поседува авторитетот над кралевите. Во исто време во црквата се појавил Фрањевачкиот ред кој прогласил изворно сиромаштво на црквата. Тие тврдиле дека Христос и неговите апостоли биле сиромашни. Папата ја осудил оваа доктрина и побарал објаснување.
Во овој судир Лудвиг видел можен сојузник во монашкиот ред во неговата борба против папата. Бидејќи папата и свештенстото биле корумпирани, овој чин претставувал силно оружје против папата, кој своето седиште претходно го пренесел во Авињон. Лудвиг заминал во Италија каде во 1327 година во Милано бил крунисан. Претходно во 1323 година ја пуштил својата армија на помош во Милано, кое војводство било нападнато од Неаполското кралство и папски сојузник.
Крунисување за цар
уредиВо 1328 година, Лудвиг заминал во Рим каде бил прогласен за цар на Светото Римско Царство. По три месеци го обвинил на папа Јован XXII за ерес и го соборил од неговата функција а на негово место поставил антипапа Никола V. Но по напуштањето на Рим, новиот папа бил соборен. По враќањето од Италија, седиште= на царот станал графот Минхен.
Во 1337 година направил сојуз со Едвард III против францускиот крал Филип VI Валоа, кој бил заштитник на папа Бенедикт XII во Авињон. Но сојузот пропаднал во 1341 година кога францускиот крал и светоримскиот цар се договориле.
Лудвиг бил заштитник на Тевтонскиот ред. Во 1337 година, тевтонските витези побарале од царот одобрување за напад на три мали територии[2], а Лудвиг им дал благослов да ги нападнат Русија и Литванија. Подоцна Лудвиг забранил да тевтонските витези одговараат пред други судови кога станувало збор за странски територии.
Надворешна политика
уредиЛудвиг во 1323 година го дал Браденбург на својот најстар син Лудвиг V, Корушка во 1335 година ја преотстапил на хабсбуршкиот војвода Албрехт II. Во 1340 година успеал повторно да ја обедини Баварија, во 1342 година го добил Тирол.
По овие настани, Лудвиг создал многу непријатели преку својата надворешна политика. Карло IV бил избран како сопернички цар во 1346 година со помош на папа Климент VI. Лудвиг поддршка добил од слободните царски градови и витезите, кои го сметале на Карло IV за обична папска марионета. Хабсбуршките војводи останале верни кон Лудвиг. Во Битката кај Креси ан Понтје меѓу француските и англиските сили бил убиен Јован Луксембуршки, татко на Карло IV. По битката, Карло побегнал од бојното поле.
Лудвиг починал во 1347 година. Неговите синови дале поддршка на Карло IV, а по неговата смрт, синовите на Лудвиг ги поделиле териториите на династија Вителсбах.
Семејство
уредиВо 1308 година царот Лудвиг се оженил за Беатриса. Тие имале шест деца:
Во 1324 година се оженил по вторпат за Маргарита Холандска. Тие имале десет деца:
- Маргарита
- Ана
- Лудвиг VI
- Елизабета
- Вилхем V
- Албрехт
- Беатриса Баварска
- Агнес
- Отон V
- Лудвиг
Наводи
уреди- ↑ Rogers, Clifford J. (2010). The Oxford Encyclopedia of Medieval Warfare and Military Technology, Volume 1. Oxford: Oxford University Press. стр. 190. ISBN 978-0195334036.
- ↑ Urban, William. The Teutonic Knights: A Military History. Greenhill Books. London, 2003, p. 136. ISBN 1-85367-535-0
Надворешни врски
уреди- Лудвиг IV (Свето Римско Царство) на Ризницата
- Charter given by Louis to the Hospital of the Holy Spirit in Nuremberg taken from the collections of the LBA Marburg
Лудвиг IV (Свето Римско Царство) Роден(а): 1282 Починал(а): 1347
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Јохан I |
Војвода од Баварија 1340–1347 |
Наследник Лудвиг V со Стефан II, Лудвиг VI, Вилхем V, Албрехт I, Отон V |
Претходник Рудолф I |
Војвода од Баварија 1301–1347 | |
Изборно Кнежевство Пфалц 1319–1329 |
Наследник Рудолф II | |
Претходник Хајнрих II |
Маркгрофовија Браденбург 1320–1323 |
Наследник Лудвиг I |
Претходник Вилхем |
Гроф од Ено, Гроф од Холандија, и Гроф од Зеланд 1345–1347 со Маргаита II |
Наследник Margaret II & Вилхем V |
Претходник Хајнрих VII |
Крал на Германија (формално Крал на Римјаните) 1314–1347 со Фридрих I |
Наследник Карло IV |
Крал на Италија 1327–1347 | ||
Цар на Светото Римско Царство 1328–1347 |