Константин (Алжир)

Константин или Квусантинах (арапски: قسنطينة ) е главен град на истоимената провинција во североисточен Алжир. Градот се наоѓа на околу 80 км од брегот на Средоземното Море.

Локација на Константин во Алжир
Константин

Сметан за главен град на источен Алжир, Константин има преку 500,000 жители (750,000 со агломерацијата), правејќи го третиот најголем град во земјата (по Алжир и Оран). Првобитно градот бил населен со феникиски мигранти. Бил именуван по Константин I од Римското Царство, кој наредил градот повторно да се изгради. Претходното име било Цирта.[1]

Наводи

уреди
  1. „General View, Constantine, Algeria“. World Digital Library. 1899. Посетено на 2013-09-26.