1203
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1203 (MCCIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1203 година од новата ера, 203. од вториот милениум, 3. од XIII век и четвртта од 1200-тите.
Грегоријански календар | 1203 MCCIII |
Ab urbe condita | 1956 |
Ерменски календар | 652 ԹՎ ՈԾԲ |
Асирски календар | 5953 |
Балиски календар | 1124–1125 |
Бенгалски календар | 610 |
Берберски календар | 2153 |
Будистички календар | 1747 |
Бурмански календар | 565 |
Византиски календар | 6711–6712 |
Кинески календар | 壬戌年 (вод. куче) 3899 или 3839 — до — 癸亥年 (вод. свиња) 3900 или 3840 |
Коптски календар | 919–920 |
Етиопски календар | 1195–1196 |
Еврејски календар | 4963–4964 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1259–1260 |
- Сачка ера | 1124–1125 |
- Кали-југа | 4303–4304 |
Холоценски календар | 11203 |
Игбоански календар | 203–204 |
Ирански календар | 581–582 |
Исламски календар | 599–600 |
Јапонски календар | Кенин 3 (建仁3年) |
Јавански календар | 1111–1112 |
Јулијански календар | 1203 MCCIII |
Корејски календар | 3536 |
Мингуо-календар | 709 пред Р. Кина 民前709年 |
Нанакшахи | −265 |
Тајландски сончев календар | 1745–1746 |
Тибетски календар | 阳水狗年 (машка вода-куче) 1329 или 948 или 176 — до — 阴水猪年 (женска вода-свиња) 1330 или 949 или 177 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6711 и 6712 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5953 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4963 и 4964 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1956.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1203 година се протега во 3839 и 3840, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3899 и 3900 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1746. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 599 и 600 исламска година.
Настани
уредиПо област
уредиЕвропа
уреди- 16 април - Филип II влегува во Руан, што доведува до обединување на Нормандија и Франција според Парискиот договор.
- Вилијам де Брасо станува чувар на Артур I, војвода од Бретања и веројатно е одговорен за неговата смрт.
- Династија Бурк е основана во Ирска.
- Битка кај Басијани: Грузија ја поразува муслиманската коалиција.
- Алмохадите започнуваат со освојување на Балеарските Острови.
- Војниците на Четвртата крстоносна војна стигнуваат до византиска територија:
- 23 јуни - Флотата на крстоносците влегува во Босфорот.
- 17 јули - Армијата на Крстоносците го окупираат Цариград. Византискиот цар Алексиј III Ангел побегнува од главниот град во егзил.
- 1 август - Крстоносците го поставуваат Алексиј IV Ангел како византиски цар, додека државниците на Цариград за цар го прогласуваат Исак II Ангел (татко на Алексиј IV).
По тема
уредиТрговија
уреди- Откриен е првиот доказ дека Темпларите во Лондон му дале пари на заем на англискиот крал Јован Безземниот. Сумите биле релативно мали, но често се користеле за критични операции, како што бил откупот на кралските војници заробени од Французите.[1]
Религија
уреди- 8 април - Конгрес во Зеница: банот Кулин официјално ја објавува својата верност кон Римокатоличката црква и го осудува ересот.
Родени
уреди- Петар II Савојски (п. 1268)
- Ева Маршал (п. 1246)
- Ибн Аби Усаибија, арапски историчар по медицина (п. 1270)
Починале
уреди- 21 јануари - Агнес II (р. 1139)
- 4 ноември - Дитрих VII, гроф од Холандија
- непознат датум - Алексиј Палеолог, византиски наследник на престолот
- веројатно -Артур I, војвода од Бретања (р. 1187)
Наводи
уреди- ↑ Ferris, Eleanor (1902). „The Financial Relations of the Knights Templars to the English Crown“. American Historical Review. 8 (1).