1253
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1253 (MCCLIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1253 година од новата ера, 253. од вториот милениум, 53. од XIII век и четвртта од 1250-тите.
Грегоријански календар | 1253 MCCLIII |
Ab urbe condita | 2006 |
Ерменски календар | 702 ԹՎ ՉԲ |
Асирски календар | 6003 |
Балиски календар | 1174–1175 |
Бенгалски календар | 660 |
Берберски календар | 2203 |
Будистички календар | 1797 |
Бурмански календар | 615 |
Византиски календар | 6761–6762 |
Кинески календар | 壬子年 (вод. стаорец) 3949 или 3889 — до — 癸丑年 (вод. вол) 3950 или 3890 |
Коптски календар | 969–970 |
Етиопски календар | 1245–1246 |
Еврејски календар | 5013–5014 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1309–1310 |
- Сачка ера | 1174–1175 |
- Кали-југа | 4353–4354 |
Холоценски календар | 11253 |
Игбоански календар | 253–254 |
Ирански календар | 631–632 |
Исламски календар | 650–651 |
Јапонски календар | Кенчо 5 (建長5年) |
Јавански календар | 1162–1163 |
Јулијански календар | 1253 MCCLIII |
Корејски календар | 3586 |
Мингуо-календар | 659 пред Р. Кина 民前659年 |
Нанакшахи | −215 |
Тајландски сончев календар | 1795–1796 |
Тибетски календар | 阳水鼠年 (машка вода-стаорец) 1379 или 998 или 226 — до — 阴水牛年 (женска вода-вол) 1380 или 999 или 227 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6761 и 6762 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6003 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5013 и 5014 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2006.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1253 година се протега во 3889 и 3890, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3949 и 3950 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1796. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 650 и 651 исламска година.
Настани
уредиПо место
уредиЕвропа
уреди- 18 јануари - Анри I Кипарски умира и е наследен како крал од неговиот новороден син Хју II Кипарски.
- Јули - Вилијам II, гроф од Холандија, ја поразува војската на Фландрија во Весткапеле.
- 6 јули - Миндовг е крунисан како единствен крал на Литванија.
- 6 август - Експедиција од кралот Хенри III до Гаскоњ за да се спречи евентуалната инвазија од Кралство Кастиља[1]. Симон Монфортски се враќа од Гаскоњ во Англија, каде што се сојузува со бароните кои му се спротивставуваат на Хенри[2].
- Октомври - Папа Иннокентиј IV се враќа во Рим, откако заминал 9 години порано во 1244 за да го отстрани Фридрих II од престолот.
- Отфрлајќи ги вооружените сили на Конрад IV, Иннокентиј IV ја нуди Сицилија на Едмунд, син на кралот Хенри III.
- Серија поморски војни започнува помеѓу италијанските град-држави Џенова и Венеција, кои ќе продолжат до 1371.
- Хенри III се состанува со англиски благородници и црковни водачи за да ја потврди валидноста на Големата повелба.
- Галиција-Волинија станува вазална држава на Монголското Царство.
- Матеј Париски го комплетира најголемиот дел од неговата „Chronica Majora“, хроника на англиската историја.
- Изградена е опатијата во Слајго е изграден во Слајго, Ирска.
- Изградена е Domus Conversorum, зграда и институција во Лондон за Евреите кои го прифатиле христијанството.
- Раниеро Зено станува дужд на Венеција.
- За првпат се споменува градот Аренсфелде.
- За првпат се споменува градот Браунлаге.
- Свендборг ги добива своите градски права.
Азија
уреди- 28 април - Ничирен, јапонски будистички монах, ја објавува својата намера да ја проповеда „Lotus Sutra“ и „Namu Myōhō Renge Kyō“.
- мај - Кралот Луј IX го испраќа Вилхелм де Рубрук од Цариград, на мисионерско патување за прифаќање на христијанството на Татарите од централна и источна Азија. Подоцна истата година, Вилхелм ја запишува првата средба меѓу европските христијани и будисти.
- Монголското Царство започна напади врз муслиманските градови Багдад и Каиро.
- Монголското Царство го уништува Кралство Дали во денешен Јунан, и го вклучува регионот во составот на нивното царство.
- Кублај Хан го претставува „baisha xiyue“.
- Монголското Царство го поразува Тајланд.
Родени
уреди- 17 октомври - Свети Иво Кермартински, (п. 1303)
- Карло II Неаполски
- Јован I, војвода од Брабант
- Хју II Кипарски (п. 1267)
- Стефан Урош II Милутин
Починале
уреди- 18 јануари - Анри I Кипарски (р. 1217)
- 3 април - Свети Ричард Чичестерски
- 24 јуни - Амадеј I, гроф од Савоја (р. 1197)
- 8 јули - Теобалд I Наварски (р. 1201)
- 11 август - Клара Асишка, италијански светец, следбеник на Франциси Асиси (р. 1194)
- 22 септември - Доген, јапонски основач на школото Сото
- 23 септември - Вацлав I
- 9 октомври - Роберт Гросетест, англиски државник и теолог.
Наводи
уреди- ↑ Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 84–86. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 141–144. ISBN 0-304-35730-8.