1252
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1252 (MCCLII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1252 година од новата ера, 252. од вториот милениум, 52. од XIII век и трета од 1250-тите.
Грегоријански календар | 1252 MCCLII |
Ab urbe condita | 2005 |
Ерменски календар | 701 ԹՎ ՉԱ |
Асирски календар | 6002 |
Балиски календар | 1173–1174 |
Бенгалски календар | 659 |
Берберски календар | 2202 |
Будистички календар | 1796 |
Бурмански календар | 614 |
Византиски календар | 6760–6761 |
Кинески календар | 辛亥年 (мет. свиња) 3948 или 3888 — до — 壬子年 (вод. стаорец) 3949 или 3889 |
Коптски календар | 968–969 |
Етиопски календар | 1244–1245 |
Еврејски календар | 5012–5013 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1308–1309 |
- Сачка ера | 1173–1174 |
- Кали-југа | 4352–4353 |
Холоценски календар | 11252 |
Игбоански календар | 252–253 |
Ирански календар | 630–631 |
Исламски календар | 649–650 |
Јапонски календар | Кенчо 4 (建長4年) |
Јавански календар | 1161–1162 |
Јулијански календар | 1252 MCCLII |
Корејски календар | 3585 |
Мингуо-календар | 660 пред Р. Кина 民前660年 |
Нанакшахи | −216 |
Тајландски сончев календар | 1794–1795 |
Тибетски календар | 阴金猪年 (женско железо-свиња) 1378 или 997 или 225 — до — 阳水鼠年 (машка вода-стаорец) 1379 или 998 или 226 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6760 и 6761 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6002 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5012 и 5013 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2005.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1252 година се протега во 3888 и 3889, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3948 и 3949 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1795. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 649 и 650 исламска година.
Настани
уредиПо место
уредиЕвропа
уреди- 6 април - Свети Петар Веронски е убиен од Карино Балсамо.
- 15 мај - Папа Инокентиј IV издава ја папската була Ad extirpanda, давајќи дозвола на мачење на кривоверците за време на инквизицијата. Тортурата брзо добива широко распространета употреба во католичка Европа.
- 1 јуни - Алфонсо X Кастилски е прогласен за крал на Кастиља и Леон.
- Јули - Основан е градот Стокхолм во Шведска.
- 25 декември - Кристофер I Дански е крунисан за крал на Данска.
- Основан е градот Клајпеда во Литванија од страна на Тевтонските витези.
- Градот и манастирот на Орвалската опатија во Белгија се изгорени до темел. Нивната обнова трае 100 години.
- Тома Аквински заминува во Париз, каде ги продолжува своите студии.
- Кралот Бела IV ја дава земјата Зек на комитата Винченциу, син на Акадаш.
- Гертруда Бабенберг се омажува за кнезот Роман Даниловиќ, помал брат на кнезот Лав I Рурикович.
- Името на паричната единица форинт, како ковани златници се споменува во Фиренца.
- Основан е Манстирот Морача.
- Бреда ги добива своите градски права.
- Клагенфурт ги добива своите градски права.
- Нортхајм ги добива своите градски права.
- За првпат се споменува градот Хузум.
- За првпат се споменува градот Слоним.
- Ашерслебен станува главен град на Анхалт-Ашерслебен.
Азија
уреди- Завршен е класичниот јапонски текст Jikkunsho.
- Монголците ја одземаат најзападната провинција на Сунг.
Родени
уреди- 25 март - Конрадин, војвода од Швабија (п. 1268)
- Сафи-ад-дин Ардабили, персиски учен
- Елеанора де Монфортска, принцеза од Велс (п. 1282)
Починале
уреди- Јануари - Боемунд V Антиохиски
- 23 јануари - Изабела Ерменска
- 3 февруари - Свјатослав III (р. 1196)
- 6 април - Свети Петар Веронски
- 3 мај или 4 мај - Гинтер фон Вилерслебен, Големиот мајстор на Тевтонските витези
- 30 мај - Кралот Фердинанд III Кастилски и Леонски
- 9 јуни - Отон I, војвода од Брансвик-Линебург
- 29 јуни - Абел Дански (р. 1218)
- 1 август - Џовани Плано Карпини, италијански хроничар на Монголскито Царство
- 27 ноември - Бланка Кастиљска, сопруга на Луј VIII и регент на Франција (р. 1188)
- непозната дата
- Хајнрих I, гроф од Анхалт
- Света Здислава