Рудолф I (Германија)
Рудолф I (германски: Rudolf von Habsburg, роден на 1 мај 1218 - починал на 15 јули 1291 во Шпајер) — владетел од хабсбуршката династија како крал на Германија (1273—1291), војвода од Корушка (1276—1291), војвода на Австрија и Штаерска (1276—1291).
Рудолф I | |
---|---|
Рудолф I Хабсбуршки | |
Крал на Германија | |
На престол | 29 септември 1273 – 15 јули 1291 |
Крунисување | 24 октомври 1273 Ахенска катедрала |
Претходник | Ричард Корнвол Интеррегнум |
Наследник | Адолф |
Војвода од Корушка | |
На престол | 1276 – 1 февруари 1286 |
Претходник | Отокар II |
Наследник | Мајнхард II |
Војвода на Австрија и Војвода од Штаерска | |
На престол | 26 август 1278 – 27 декември 1282 |
Претходник | Отокар II |
Наследник | Албрехт I |
Роден(а) | 1 мај 1218 |
Починал(а) | 15 јули 1291 Шпајер | (возр. 73)
Почивалиште | |
Сопружник | Гертруда фон Хоенберг Изабела Бургундска |
Деца more... | Албрехт I Рудолф II Матилда Катарина Хабсбуршка |
Татко | Албрехт IV |
Мајка | Хедвиг |
Рудолф одиграл клучна улога во промовирањето на династијата на Хабсбурговците, успевајќи да ја направи една од водечките германски феудални династии во средниот век.
Рани години
уредиКога неговиот татко Албрехт IV починал во 1239 година, Рудолф ги наследил Алзас и Аргау. Во раните години од својот живот, Рудолф често го посетувал дворот на својот кум, царот Фридрих II, а за својата лојалност кон царевиот син Конрад IV бил награден со имоти. Папа Инокентиј IV во 1254 година го екскомуницирал поради својата поддршка кон Конрад IV.
Во текот на овој период, во Германија владееле нереди по падот на династија Хоенштауфен. На Рудолф му се отворила прилика да ги зголеми своите имоти. Од својата сопруга наследил една територија, додека друга добил по смртта на својот вујко. Имал имоти и на територијата на денешна Швајцарија. Во тоа време, Рудолф станал еден од најмоќните меѓу германските династии, и покрај тоа што сè уште немал титула на војвода.
Германски крал
уредиВо Германија по падот на династијата Хоенштауфен, и по смртта на Ричард Корнвол бил свикан собор од германските изборници. Рудолф бил избран за крал на Германија во Франкфурт на 29 септември 1273 година. На 24 октомври 1273 година бил крунисан во Ахен. Рудолф за да ја добие поддршката од страна на папата, се откажал од сите царски права во Рим, од папските територии и Сицилија и освен тоа на римскиот папа му ветил организирање на крстоносна војна. Папата Григориј X не само што го признал за германски крал, туку го наговорил и Алфонсо X да го стори истото, кој бил внук на Филип Швапски и кој бил избран за крал на Германија во 1257 година.
Борба за Австрија
уредиВо 1274 година во Нирнберг бил одржан собор на кој било одлучено да бидат вратени сите територии кои биле одземени по смртта на Фридрих II. Освен тоа била донесена и одлука чешкиот крал Отакар II Пшемисл да мора да го признае новиот крал. Но Отокар овој предлог го одбил и одбил да ги врати териториите на Австрија, Штаерска, Корушка и Крањска. Австрија и овие провинции до 1248 година биле управувани од страна на династија Бабенберг, која останала без машки наследник. Отокар успеал да ги заземе овие провинции во името на својата прва сопруга. Кралот Рудолф ги прогласил за свои овие територии по машка линија. Но оваа кралска интерпретација не била во склад со законите за наследство, па дошло до судир меѓу двете страни.
Против чешкиот крал била прогласена војна во 1276 година. Чешкиот крал ги изгубил своите сојузници, како војводата од Баварија кој поминал на страната на Рудолф. Поради тоа, Отокар бил принуден да ги отстапи провинциите. Кога го сторил тоа, Отокар бил прогласен за крал на Бохемија, додека неговиот син Вацлав V Пшемисл се свршил со ќерката на германскиот крал. Набргу по овој настан, Отокар повторно започнал да се премислува околу предавањето на провинциите, па направил сојуз со неколку германски и полски кнежевства. Рудолф направил сојуз со унгарскиот крал Лавислав IV. Двете војски се судриле на 26 август 1278 година во Битката на Моравско поле. Во битката Отокар бил убиен, додека неговата армија поразена. По оваа битка Рудолф ја покорил Моравија.
Основање на династија
уредиВо следните години, Рудолф целосно се посветил во зацврстување на својата власт во новите територии. Тој потрошил неколку години додека потполно не ја зацврсти својата власт. Но Рудолф и понатаму се соочувал со тешкотии овие провинции да ги претвори во наследни територии на своето семејство. Во декември 1282 година успеал да го совлада отпорот на четирите провинции. По ова, тој ги поставил своите синови: Албрехт I и Рудолф II на чело на Војводството Австрија и Војводството Штаерска, со што биле поставени темелите на хабсбуршката династија.
Во 1291 година Рудолф направил обид да го осигури изборот на својот син Албрехт за крал на Германија, но кнезовите го одбиле под изговор дека не можат да поддржуваат два крала. Во суштина, кнезовите се плашеле од големата моќ која Рудолф ја имал.
Семејство
уредиОд првиот брак со: Гертруда фон Хоенберг имал 14 деца (6 синови, 8 ќерки):
- Матилда (1253-1304)
- Албрехт I (1255-1308)
- Катарина (1256-1282)
- Агнес Гертруда (1257-1322)
- Хедвига (1259-1303)
- Клеменција (1262-1293)
- Хартман (1263-1281)
- Рудолф II (1270-1290)
- Гута (1271-1297)
- Карл (* / † 1276)
Од вториот брак со Изабела Бургундска (1270-1323) немал потомци.
Литертура
уреди- Abbott, John S. C. (1877). Austria: It's Rise and Present Power. World's Best Histories. New York: The Cooperative Publication Society.
- Chisholm, Hugh (уред.). Rudolf I King of Germany. Encyclopædia Britannica. Cambridge: Cambridge University Press.
- Coxe, William (1847). History of the House of Austria. 1. London: Henry G. Bohn.
- Kohlrausch, Frederick (1847). History of Germany. New York: D. Appleton & Co.
Надворешни врски
уреди„Рудолф I (Германија)“ на Ризницата ? |
Рудолф I (Германија) Роден(а): 1218 Починал(а): 1291
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Ричард Корнвол и Алфонсо како сопернички кралеви |
Крал на Германија 1273 – 1291 со Алфонсо (1273–1275) |
Наследник Адолф |
Претходник Отокар II |
Војвода од Корушка 1276–1286 |
Наследник Мајнхард II |
Војвода на Австрија и Војвода од Штаерска 1278–1282 |
Наследник Албрехт I Рудолф II |