Рудолф II (војвода на Австрија)

Рудолф II (германски: Rudolf II, роден на 1271 во Рајнфелден - починал на 10 мај 1290 во Прага) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода од Швабија (1273—1290), војвода на Австрија и Штаерска (до 1282-1283 со Албрехт I).

Рудолф II
Војвода на Австрија
Владеење1282 – 1283
ПретходникРудолф I
НаследникАлбрехт I
Роден(а)1270
Рајнфелден
Починал(а)10 мај 1290(1290-05-10)
Прага
Закопан(а)Катедрала „Св. Вид“, Прага
Сопружник(ци)Агнес
Деца
ТаткоРудолф I
МајкаГертруда фон Хоенберг

Рани години

уреди

Рудолф II бил син на Рудолф I, основач на Хабсбуршката династија. Во 1282 година Рудолф ги поставил своите синови на чело на Војводство Австрија и Војводство Штаерска. Така Рудолф станал прв владетел на Австрија од Хабсбуршката династија заедно со неговиот брат Албрехт I.

На 1 јуни 1283 година, според Договорот од Рајнфилд Рудолф II се откажал од овие територии во корист на Албрехт I и бил поставен за војвода на Предна Австрија. Рудолф починал на само 19 години во 1290 година без да ги добие договорените надоместоци од својот брат. Како одмазда за недобивањето на наследство, неговиот син Јохан Парицида, роден по неговата смрт, го убил во 1308 година Албрехт, поради кое се нарекува „Родоубиец“.

Семејство

уреди

Рудолф се оженил во 1289 година во Прага за Агнес, ќерка на Отокар II и имале еден син:

Надворешни врски

уреди
  • Johann Loserth, Rudolf II. (Herzog von Österreich und Steiermark). In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 29, Duncker & Humblot, Leipzig 1889, S. 542–544.
  • Constantin von Wurzbach, Habsburg, Rudolph II., Herzog von Schwaben. In: Biographisches Lexikon des Kaiserthums Oesterreich. Band 7. Verlag L. C. Zamarski, Wien 1861, S. 135 f.
  • Rudolf II. (Österreich), Datenbank „Gedächtnis des Landes“ zur Geschichte des Landes Niederösterreich (Landesmuseum Niederösterreich)
Рудолф II (војвода на Австрија)
Роден(а): 1270 Починал(а): 10 мај 1290
Претходник
Рудолф I
Војвода на Австрија и Војвода од Штаерска
со Албрехт I

1282-1283
Наследник
Албрехт I