Руско-турска војна (1828-1829)
Руско-турската војна (1828-1829) претставува дел од Грчката војна за независност. Војната од страна на Османлиското Царство била објавена во декември 1827 година, прогласувајќи света војна против Руската Империја. Војната се водела на два фронта, на Балканот и Кавказ.
Руско-турска војна | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Руско-турски војни | |||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Руска Империја Франција Обединето Кралство | Отоманско Царство |
Балкански фронт
уредиВоените дејства започнале во 1828 година кога руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра. Кон крајот на септември, Русите ја зазеле Варна. Во 1829 година била заземена Силистра, по кое Русите ја преминале Стара Планина и ја окупирале Тракија. На 20 август 1829 година руските војници влегле во Едрене.
Одрински договор
уредиВојната завршила со потпишување на договор во Едрене според кој:
- Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот (во 1830 година била ослободена од данок и прогласила независност)
- биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ
- Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија
- бил даден рок на 18 месеци според кој христијаните во Османлиската импетија имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.