Волтер Рoли

англиски аристократ, истражувач, писател и војник

Волтер Роли (понекогаш и Волтер Рали; англиски: Sir Walter Raleigh, IPA: /ˈrɔ:li/, /ˈrɑ:li/ /; ок. 1552 – 29 октомври 1618) бил англиски истражувач, војник, писател, и миленик на кралицата Елизабета I. Тој е една од најзначајните фигури од елизабетанската ера, одиграл главна улога во англиската колонизација на Северна Америка, го потиснал бунтот во Ирска, помогнал Англија да се одбрани од шпанската армада и за време на Елизабета I имал политичка функција.

Сер
Волтер Роли
Портрет на Роли, 1588
Лични податоци
Роден(а) ок.  22 јануари 1552 (или 1554)
Девон, Англија
Починал(а) 29 октомври 1618(1618-10-29) (на возраст од околу 65 г.)
Лондон, Англија
Потпис

Волтер Роли е роден во протестантско семејство во Девон, син на Волтер Роли и Кетрин Шампернаун. За неговиот ран живот е малку познато, но во доцните тинејџерски години извесно време поминал во Франција, каде учествувал во религиозните граѓански војни.[1] Во своите 20-ти години учествувал во задушувањето на бунтот во Ирска; учествувал и во опсадата на Смервик.[2][3]

Подоцна, добил имот во Ирска и станал градоначалник на Југал во Источен Манстер, каде што во Миртл Гроув сè уште се наоѓа неговата куќа.[4] Брзо станал миленик на кралицата Елизабета I и во 1585 година бил прогласен за витез. Роли добил писмо со кралска повелба со која се овластува да ја истражува Вирџинија, за да го подготви местото за идни англиски населби. Во 1591 година, без дозвола од кралицата, тајно се оженил со Елизабет Трокмортон, една од дворските дами на кралицата, поради што тој и неговата сопруга биле испратени во Лондонската кула. По неговото ослободување, сопружниците се повлекле на неговиот имот во Шерборн, Дорсет.

Во 1594 година, Рoли слушнал за „Златен Град“ во Јужна Америка и отпловил да го најде. За неговите искуства оттаму во 1596 година ја напишал книгата „Откривање на Гвајана“ [5] но ги преувеличил работите; книгата придонела за легендата за „Ел Дорадо“. По смртта на кралицата Елизабета во 1603 година, Рoли бил повторно затворен во кулата, овој пат затоа што бил вклучен во Големиот заговор против кралот Џејмс I, кој не бил благонаклонет кон него.[6]

Во 1616 година, Рoли бил ослободен за да ја води втората експедиција во потрага по Ел Дорадо. За време на експедицијата, неговите луѓе ограбиле шпанска испостава, со што го прекршил условното помилување и мировниот договор со Шпанија од 1604 година. Рoли се вратил во Англија и за да им се удоволи на Шпанците, бил уапсен и погубен во 1618 година.

Томас Хариот можеби го запознал со тутунот.[7] Тој бил меѓу оние кои го популаризирале пушењето тутун во Англија. Во неговата ќелија набргу по неговото погубување била пронајдена кесичка со тутун на која на латински пишувало: Comes meus fuit in illo miserrimo tempore („Тоа беше мој придружник во тоа најмизерно време“).[8]

Наследство

уреди
 
Статуа на Сер Волтер Роли во конгресниот центар Роли

Во 2002 година, по една анкетата од Би-Би-Си Роли бил вклучен на списокот на 100-те најголеми Британци.[9]

Френсис Катинг или Ричард Алисон во чест на Рали компонирале галијард.[10]

Главниот град на државата Северна Каролина, во 1792 година бил наречен Роли, по Сер Волтер Роли, спонзор на колонијата Роанок.[11]

Роли Каунти во Западна Вирџинија е именуван по него.[12]

По него е именувана Планината Роли во Британска Колумбија, Канада.[13]

Широко е прифатено гледиштето дека Роли го донел компирот во Европа и бил клучна фигура во неговото носење во Ирска. Но, денешните историчари го оспоруваат ова тврдење, наведувајќи дека било невозможно Роли да го открие компирот на местата кои ги посетил.[14]

Поради улогата на Рали во популаризацијата на пушењето, Џон Ленон во песната „I'm So Tired“ од албумот Битлси (1968) шегобијно го нарекува „колку глупав идиот“.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Black et al. 2011, стр. 724.
  2. St. John 1869, стр. 52-77.
  3. Nicholls & Williams 2011, стр. 15.
  4. „The Church and Town of Sir Walter Raleigh“. United Diocese of Cork, Cloyne and Ross. 2021-05-21. Посетено на 2021-06-15.
  5. Raleigh 1848.
  6. May 1989, стр. 19.
  7. Ley 1965.
  8. Borio 2007.
  9. „BBC – Great Britons – Top 100“. Internet Archive. Архивирано од изворникот на 4 December 2002. Посетено на 19 July 2017.
  10. „Mathew Holmes lute books: Sir Walter Raleigh's galliard“. Cambridge Digital Library. Посетено на 11 December 2014.
  11. „The Lost Colony – #1 OBX Attraction“. The Lost Colony.
  12. „Raleigh County history sources“. West Virginia Division of Culture and History. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 30 May 2015.
  13. "Mount Raleigh". BCNames/GeoBC
  14. Salaman & Burton 1985.
  15. The Beatles (The White Album) "I'm So Tired" website Архивирано на 24 септември 2018 г.. Retrieved 11 December 2014

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „si.edu“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „thelostworld.org“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „yale.edu“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Midddle Temple“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Walter Raleigh Biography“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „crimtrial“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „uark.edu“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „wallacecollection.org“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Надворешни врски

уреди