1700
< 16 век | 17 век | 18 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1700 (MDCC) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1700 година од новата ера, 700. од вториот милениум, последна од XVII век и прва од 1700-тите.
Грегоријански календар | 1700 MDCC |
Ab urbe condita | 2453 |
Ерменски календар | 1149 ԹՎ ՌՃԽԹ |
Асирски календар | 6450 |
Балиски календар | 1621–1622 |
Бенгалски календар | 1107 |
Берберски календар | 2650 |
Будистички календар | 2244 |
Бурмански календар | 1062 |
Византиски календар | 7208–7209 |
Кинески календар | 己卯年 (зем. зајак) 4396 или 4336 — до — 庚辰年 (мет. змеј) 4397 или 4337 |
Коптски календар | 1416–1417 |
Етиопски календар | 1692–1693 |
Еврејски календар | 5460–5461 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1756–1757 |
- Сачка ера | 1621–1622 |
- Кали-југа | 4800–4801 |
Холоценски календар | 11700 |
Игбоански календар | 700–701 |
Ирански календар | 1078–1079 |
Исламски календар | 1111–1112 |
Јапонски календар | Генроку 13 (元禄13年) |
Јавански календар | 1623–1624 |
Јулијански календар | грегоријанската без 10 или 11 дена |
Корејски календар | 4033 |
Мингуо-календар | 212 пред Р. Кина 民前212年 |
Нанакшахи | 232 |
Тајландски сончев календар | 2242–2243 |
Тибетски календар | 阴土兔年 (женска земја-зајак) 1826 или 1445 или 673 — до — 阳金龙年 (машко железо-змеј) 1827 или 1446 или 674 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7208 и 7209 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6450 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5460 и 5461 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2453.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1700 година се протега во 4336 и 4337, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4396 и 4397 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2243. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1111 и 1112 исламска година.
Настани
уреди- 1 јануари — протестантска Западна Европа, освен Англија, почнува да го користи грегоријанскиот календар.
- 1 јануари — Русија почнува да го користи јулијанскиот календар.
- 23 ноември — папата Климент XI го наследил папата Инокентиј XII како 243. папа.
- 30 ноември — шведската војска под команда на кралот Карл XII во Битката за Нарва ја поразила руската војска.
Непознат датум
- Со договорот од Цариград во 1700, на Русија ѝ бил отстапен Азов.
- Пиратот Емануел Вин прв на пиратско знаме употребил глава на костур.
- На престолот во Шпанија доаѓа првиот бурбонски владетел на Шпанија Филип V. Оваа гранка од бурбонската династија владее со Шпанија до денес.
- Грците ги заземале едни од највисоките функции во Отоманската држава. Фанариотите, како класа на најбогатите Грци, живееле во Фенер, Цариград и бројот на истите постепено се зголемувал.
- Завршила Руско-турската војна. Поголемиот дел од оваа војна е позната и како Голема турска војна.
Родени
уреди- Франческо Бартоломео Растрели, руски архитект со италијанско потекло, кој развил лесно препознатлив доцнобарокен стил на раскошна и величествена архитектура.
- 9 февруари - Даниел Бернули, швајцарски лекар, физичар и математичар, кој бил првиот што го употребил симболот „A.S“, за да ја означи функцијата arc sinus.
Починале
уреди- 1 мај - Џон Драјден, англиски поет, литературен критичар, преведувач и драмски писател кај кого доминира литературниот живот на обновената Англија до таа мера што периодот стана познат во литературните кругови како Време на Драјден.
- 15 септември - Андре Ле Нотр, пејзажен архитект и градинар на Луј XIV од 1645 до 1700 година, а негово најзначајно дело е паркот во Версај.
- 27 септември - Папа Инокентиј XII, познат по тоа што тој ја издал булата „Romanum decet Pontificem“ која го уништила непотизмот насекаде.