Бермуда (англиски: Bermuda) или Бермуди, Бермудски Острови или Сомерски Острови — прекуморска територија на Обединетото Кралство во северен Атлантски Океан, која се наоѓа околу 975 км од брегот на САД. Територијата се состои од околу 138 острови, со вкупна површина од 58.8 км2. На најголемиот остров се наоѓа и главниот град Хамилтон. Бермудите се напредна економија, со јак финансиски сектор и развиен туризам.

Бермуда
Bermuda

Знаме Грб
Гесло"Quo Fata Ferunt"  (латински)
„Каде нè носи вербата“
Химна"God Save the King" (официјална)
"Hail to Bermuda" (неофицијална)
Местоположба на Бермуда
Главен градХамилтон
32°18′N 64°47′W / 32.300° СГШ; 64.783° ЗГД / 32.300; -64.783
Најголем општина
Сент Џорџес
Службен јазик Англиски1
Други јазици португалски1
Народности  54.8% Афро-карипци
34.1% Европејци
6.4% мешани
4.3% други
0.4% неодредени[1]
Демоним Бермудци

(Бермудец/Бермутка)

Уредување Британска прекуморска територија
 •  Монарх Елизабета II
 •  Гувернер Ричард Гозни
 •  Премиер Пола Кокс
Површина
 •  Вкупна 53,2 км2 (221st)
 •  Вода (%) 27%
Население
 •  проценка за 2009 г. 67,837[1] (199-та)
 •  Попис 2000 62,059 
 •  Густина 1,275 жит/км2 (8-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2009[2] г.
 •  Вкупен $5.85 милијарди[2] (149-та)
 •  По жител $97,000[2] (1)
Валута Бермудски долар2 (BMD)
Часовен појас АСВ (UTC-4)
НДД .bm
Повик. бр. +1-441
1. Според CIA World Factbook.
2. Приврзан со американскиот долар.

Географија

уреди
 
Карта на Бермуда.

Бермуда се наоѓа во Атлантскиот Океан, во близина на западната граница на Саргасовото Море или околу 1070 км источно од Северна Каролина, САД. Островите имаат вкупен брег од 103 километри и оваа територија има две инкорпорирани општини: Хамилтон и Сент Џорџес. Понатака, Бермуда е поделена на парохии, а како последна административна поделба се т.н. села.

Бермуда, иако често се именува во еднина, всушност е составена од 181 остров со вкупна површина од 53.3 квадратни километри. Најголем остров е „Главниот Остров“, кој понекогаш се нарекува и како „Бермуда“. Бермуда има вкупно население од 67,837 според проценките од 2009 година.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Central Intelligence Agency (2009). „Bermuda“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 23 January 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 Bermuda leads in GDP per capita, The Royal Gazette, 07/12/08

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди